Дома Берза за вработување
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
Германија 2006
Flowershop

  Ваш став
  Како Македонија ја доживува фудбалската треска?

  Интервју
  Јаневска: Ќе освоиме сигурно многу повеќе од 0,8% гласови

  Фото
  Чета на АРМ заминува за Авганистан

  Сторија
  Орде Костовски остана без својот основен извор на егзистенција: тутунот
 

 Дома > Вести > Македонија > Интервју

 

Јаневска: Ќе освоиме сигурно многу повеќе од 0,8% гласови

Нина Кепеска
12.06.2006
 Видео: 56K | Dual ISDN
 
Весна Јаневска
 

Ќе освоиме сигурно многу повеќе од 0,8% гласови на изборите, вели Весна Јаневска в.д. претседател на ВМРО-НП.

На што се темели вашиот оптимизам дека од политичка партија со маргинален рејтинг ќе бидете дури победници на овие избори?

Значи дали рејтингот е маргинален може да се види вечерва во Охрид. Овде сигурно има повеќе од 0,8%, а вистинскиот исход ќе го видиме на 5 јули. Длабоко сум убедена дека на 6 јули некој од директорите на анкетните куќи ќе мораат да дадат оставка. Значи нашите анализи се темелат на сериозни истражувања на нашите големи искуства од минатите 15 години и без дилема ќе биде сигурно ама апсолутно сигурно многу повеќе од 0,8%.

Многумина велат околу овие предизборни разговори дека фракционерството во ВМРО-ДПМНЕ и на Народна партија по изборите ќе заврши со заедничка влада. Кој е вашиот коментар?

Значи не би шпекулирала во однос на владата. Влада сигурно ќе има, оваа земја мора да има влада затоа што ја очекуваат сериозни задачи кои ни ги даде ЕУ и ВМРО-НП партија е сосема свесна за она што треба да се направи по изборите. Но, како ќе изгледа владата зависи од бројот на пратеници кои ќе ги освојат партиите.

Дали се уште важи тезата која што ја пласираше Љупчо Георгиевски во времето кога беше премиер, дека тогаш имало и за џебовите на политичарите но и за народот?

Значи во владеењето на владата на господин Љупчо Георгиевски имаше првенствено за народот и денес по улиците на Охрид особено но, не само тука секаде ширум земјата можете да ја чуете тезата дека најдобра влада во владеењето на овие 15 години демократија била владата на Љупчо Георгиевски.

Можеби е контрадикторно но, граѓаните знаат да кажат дека најдобар премиер на оваа земја во овие 15 години бил Љупчо Георгиевски. Значи ние со својата работа знаевме, за разлика од другите кои штедат, да направиме пари и тие пари да ги понудиме во мајорни проекти и да ги понудиме на располагање на нашите граѓани.

Нашите граѓани токму сега знаат да ја направат разликата од тоа време и ова време и сосема очигледно дека ова влада која не успеа да направи ништо ќе ги изгуби овие избори, а граѓаните ќе знаат кому да го дадат својот глас.

Кои се вашите адути?

Имаме многу адути. Значи имаме постојана постојана политика и многу успешна политика, имаме познати и докажани политичари, имаме млади сили кои се борат за иднината на ова земја, имаме професионалци, стручњаци, значи се она што треба за да добро функционира една влада која ќе обезбеди иднина на сопствената земја.

Верзија за печатење Верзија за печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот

Вести поврзани со оваа
• Груевски ветува намалување на данокот за земјоделците [11.06.2006]
• Економија, едукација, Европа - три столба на програмата на СДСМ [11.06.2006]
• ДОМ и ДА се спремаат за изборите [11.06.2006]
• Советот за радиодифузија апелира за коректно известување [09.06.2006]

Најнови вести од Македонија
•  ДОМ ја започна изборната кампања од Струга
•  ДУИ вечерва ја започна кампањата
•  ПЕО ја започна изборната кампања
•  Изборната кампања од денеска и официјално е почната
•  Со булдожер во партиски штаб започна кампањата
•  Младенов казнет со 30.000 евра за клевета на Црвенковски
•  Три момчиња од домот 11-ти октомври од денеска живеат во нов стан
•  18 починати во очекување на центрите за зависници
 
 A1 mail листа
 A1 на SMS
 A1 на PDA
 A1 на WAP
 A1 RSS канали
 A1 на сателит
 A1 на денешен
 ден

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk