Дома Пријавете се за добивање американска иселеничка виза
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
Pogodok.com.mk
Вестите на А1 во Real Video формат

  Ваш став
  Како Македонија ја доживува фудбалската треска?

  Интервју
  Јаневска: Ќе освоиме сигурно многу повеќе од 0,8% гласови

  Фото
  Чета на АРМ заминува за Авганистан

  Сторија
  Орде Костовски остана без својот основен извор на егзистенција: тутунот
 

 Дома > Вести > Македонија

 

Изборната кампања од денеска и официјално е почната

Коле Чашуле
15.06.2006

И тоа се случи. Изборната кампања од денеска и официјално е почната. Но, не дека некоја од политичките партии беа во исчекување или пак, рокот ги спречуваше да се промовираат.

Таа е веќе одамна во полн ек сепак, официјално од денеска па се до 3 јули партиите ќе сторат се да ги придобијат гласачите на своја страна.

Но, останува отворено прашањето дали пораките на партиите воопшто ќе допрат до граѓаните, особено ако се има в предвид дека кампањата оди паралелно со светското фудбалско првенство. Еве го одговорот на граѓаните што повеќе ги интересира фудбалот или политичките кампањи.

„Фудбалот дефинитивно. Фудбал апсолутно, фудбал многу повеќе фудбал. Фудбалот е многу по интересен од политиката“, изјавија граѓаните.

Овие пораки можеби ги натераа партиите на овие избори кампањите да им бидат по различни. Секоја партија стартува од таму каде што смета дека е најсилна.

Така СДСМ, својата кампања официјално ја почна од градскиот стадион, популистички. Опозициските партии го одбраа туристичкиот Охрид. Од овој град стратува ВМРО ДПМНЕ, обидувајќи се да ги потсети граѓаните што се тие сторија за охриѓани додека беа на власт.

Од истите мотиви, таму стартуваше Георгиевски и неговата народна. Нивниот митинг беше во античкиот амфитеатар, реновиран додека Георгиевски беше премиер.

Од охридскиот регион стартува и Поповска. Таму беше најголемиот отпор против територијалната поделба и веројатно сака да ги потсети дека таа го поддржа референдумот.

Новите социјалдемократи на Петковски го одбраа Куманово и втората изборна единица. Место кое според анкетите им ветува најмногу гласови.

Најоригинална во стартот беше партијата за економска обнова. Тие својата конвенција ја одржаа на пољана под ведро небо, пред фармери и земјоделци, целна група на која типува оваа партија.

Верзија за печатење Верзија за печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот

Вести поврзани со оваа
• Изборна конвенција на СДСМ [15.06.2006]
• Со булдожер во партиски штаб започна кампањата [15.06.2006]
• ДОМ ја започна изборната кампања од Струга [15.06.2006]
• ПЕО ја започна изборната кампања [15.06.2006]
• ДУИ вечерва ја започна кампањата [15.06.2006]

Најнови вести од Македонија
•  Право и правда за сите ќе биде првиот приоритет на ДОМ
•  ДПА ја започна предизборната кампања во Тетово
•  Ахмети ги прозва ДПА за проектот „Делба на Македонија“
•  НСДП во Куманово вети нова социјална политика
•  Рамковски: Време е за подостоинствен живот
•  Митинг на ВМРО-НП во Кичево
•  Груевски: Нашата земја боледува од невработеност
•  Нема лекови и медицински материјал во Клинички
 
 A1 mail листа
 A1 на SMS
 A1 на PDA
 A1 на WAP
 A1 RSS канали
 A1 на сателит
 A1 на денешен
 ден

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk