Дома Фолк флеш - емисија за народна музика
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
Pogodok.com.mk
Flowershop

  Ваш став
  Како Македонија ја доживува фудбалската треска?

  Интервју
  Јаневска: Ќе освоиме сигурно многу повеќе од 0,8% гласови

  Фото
  Чета на АРМ заминува за Авганистан

  Сторија
  Орде Костовски остана без својот основен извор на егзистенција: тутунот
 

 Дома > Вести > Македонија

 

ПЕО ја започна изборната кампања

Миле А. Ристески
15.06.2006

15 години трае грабежот што власта го прави на народот. Неопходен е излез од длабоката криза и борбата за гола егзистенција. Ова се дел од размислувањата на земјоделците кажани вчера на конвенцијата на Партијата за економска обнова, одржана на отворено во центарот на Македонија, близу Чашка велешко.

„Постојаната криза е последица на економското предавство од досегашните влади врзани со ММФ и Светската банка. Направија да бидеме зависни од увоз на храна и тие да одлучуваат за користењето на нашите пари“, рече лидерот на ПЕО Велија Рамковски.

„ММФ и Светска банка, ќе ви кажам што ни направија, милијарда и 200 милиони евра годишно повеќе од кај нив отколку што им продаваме. Милијарда и 200 им носиме и нив им плаќаме милијарда и 500 мораме да издржиме. 3.000 евра од секоја фамилја таму да знаете дека имате“, изјави Велија Рамковски од ПЕО.

Го допревме дното. Неопходна е итна економска обнова. Земјата да се врати на земјоделците, да се инвестира во домашното производство, пишува во резолуцијата упатена до земјоделците.

„Земјоделци да им ја обновиме надежта. Да се обединиме за доброто на Македонија“, рече Иљо Малинов земјоделец.

Земјоделец, тутунар, овоштар, фармер се носителите на листи на ПЕО.

Ќе го развиеме земјоделството, ќе го вратиме животот во селата, ќе ја зајакнеме економијата беше истакнато на конвенцијата. Неопходен е излез од колапсот во кои се наоѓаат македонските земјоделци.

Слоганот со кој ПЕО настапува на парламентарните избори е „Гласај за себе“.

Верзија за печатење Верзија за печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот

Вести поврзани со оваа
• Изборна конвенција на СДСМ [15.06.2006]
• Со булдожер во партиски штаб започна кампањата [15.06.2006]
• ДОМ ја започна изборната кампања од Струга [15.06.2006]
• Изборната кампања од денеска и официјално е почната [15.06.2006]
• ДУИ вечерва ја започна кампањата [15.06.2006]

Најнови вести од Македонија
•  Право и правда за сите ќе биде првиот приоритет на ДОМ
•  ДПА ја започна предизборната кампања во Тетово
•  Ахмети ги прозва ДПА за проектот „Делба на Македонија“
•  НСДП во Куманово вети нова социјална политика
•  Рамковски: Време е за подостоинствен живот
•  Митинг на ВМРО-НП во Кичево
•  Груевски: Нашата земја боледува од невработеност
•  Нема лекови и медицински материјал во Клинички
 
 A1 mail листа
 A1 на SMS
 A1 на PDA
 A1 на WAP
 A1 RSS канали
 A1 на сателит
 A1 на денешен
 ден
Пријавете се за добивање американска иселеничка виза

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk