Дома Пријавете се за добивање американска иселеничка виза
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
Pogodok.com.mk
Flowershop

  Ваш став
  Како Македонија ја доживува фудбалската треска?

  Интервју
  Јаневска: Ќе освоиме сигурно многу повеќе од 0,8% гласови

  Фото
  Чета на АРМ заминува за Авганистан

  Сторија
  Орде Костовски остана без својот основен извор на егзистенција: тутунот
 

 Дома > Вести > Македонија

 

Со булдожер во партиски штаб започна кампањата

Билјана Стефковска
15.06.2006

Со булдожер во партиски штаб, украдени изборни материјали, обвинувања, партиски знамиња на јарболите за државни празници, вака започна изборната кампања.

Во Сарај ноќеска непознати со булдожер се обиделе да го урнат штабот на ДУИ. Ги украле сите знамиња кои ДУИ ги поставил на бандерите. Од партијата се сомневаат дека нивните политички конкуренти се вандалите.

„12 часа од свеченото потпишување на кодексот за фер однесување односно за фер и демократски избори, во многу места претежно во Тетово и тетовско и во Сарај скопско се случија тешки инциденти“, изјави Џавад Адеми.

ДПА пак тврди ДУИ сами си наштетуваат. Работат со полицијата за да создадат притисок врз гласачите.

„Присуството на специјалните единици на полицијата во овие предизборни случувања заедно со бандите и криминалните групи на ДУИ заеднички ставиле пропаганди материјали“, рече Џелил Бајрами од ДПА.

Албанските партии и нивната машинерија во агресивна кампања за добивање глас повеќе ги користат сите методи. Општина Чаир е преплавена со знамиња од ДУИ. Градоначалникот вели дека никој од него не побарал дозвола за поставување на знамињата.

„Се разбира тоа ако се коси со законот ќе превземеме содветни мерки“, изјави Иџет Меџити, градоначалник на општина Чаир.

Странците предупредуваат на фер избори. Како почна кампањата со низа инциденти и меѓупартиски препукување останува да се надеваме дека изборите ќе бидат демократски. Неопходниот услов за Македонија да влезе во Европа.

Верзија за печатење Верзија за печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот

Вести поврзани со оваа
• Изборна конвенција на СДСМ [15.06.2006]
• ДОМ ја започна изборната кампања од Струга [15.06.2006]
• Изборната кампања од денеска и официјално е почната [15.06.2006]
• ПЕО ја започна изборната кампања [15.06.2006]
• ДУИ вечерва ја започна кампањата [15.06.2006]

Најнови вести од Македонија
•  Право и правда за сите ќе биде првиот приоритет на ДОМ
•  ДПА ја започна предизборната кампања во Тетово
•  Ахмети ги прозва ДПА за проектот „Делба на Македонија“
•  НСДП во Куманово вети нова социјална политика
•  Рамковски: Време е за подостоинствен живот
•  Митинг на ВМРО-НП во Кичево
•  Груевски: Нашата земја боледува од невработеност
•  Нема лекови и медицински материјал во Клинички
 
 A1 mail листа
 A1 на SMS
 A1 на PDA
 A1 на WAP
 A1 RSS канали
 A1 на сателит
 A1 на денешен
 ден
MTnet - Web portal
 
Amerikanska zelena karta
 
Templum
 

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk