Дома Берза за вработување
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
Pogodok.com.mk
Вестите на А1 во Real Video формат

  Ваш став
  Како Македонија ја доживува фудбалската треска?

  Интервју
  Јаневска: Ќе освоиме сигурно многу повеќе од 0,8% гласови

  Фото
  Чета на АРМ заминува за Авганистан

  Сторија
  Орде Костовски остана без својот основен извор на егзистенција: тутунот
 

 Дома > Вести > Македонија

 

Три момчиња од домот 11-ти октомври од денеска живеат во нов стан

Емилија Јовановска
15.06.2006

Три момчиња, досегашни штитеници на домот за деца без родители 11-ти октомври од денеска живеат во нов стан. Џамал Поповски, Асан Јусуфи и Ибиш Џафери се вселија во станот кој за нив го обезбеди министерството за социјала. Велат дека требало да се вселат уште пред 6 месеци.

„Ради изборите да се каже на пример дали е ради изборите би требало тоа да е така по мое мислење. Јас чекам скоро шест седум месеци требаше ова порано да се случи“, изјави Џамал Поповски

Додека министерот им ги даваше клучевите за новиот стан на Џамал, Асан и Ибиш, пред владата штрајкуваа 13 поранешни штитеници на домот за деца без родители. Иако пред четири години добија станови во населбата бутел и веќе ги потпишале решенијата, се уште не можат да се вселат во новите домови.

„Мора во рок од 15 дена според законот. Треба да се вселиме ние веќе месец дена не можеме да се вселиме во становите поготово ние што сме домски деца веќе на улица сме“, рече Милислав Мијалчиќ

Но 13-те поранешни штитеници на домот за деца без родители денеска си заминаа без одговор. Зградата во која се нивните станови комплетно е готова веќе една година. инаку без кров над главата се повеќе од 50 деца кои по полнолетството ги напуштиле домовите за деца без родители.

Верзија за печатење Верзија за печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот

Најнови вести од Македонија
•  Право и правда за сите ќе биде првиот приоритет на ДОМ
•  ДПА ја започна предизборната кампања во Тетово
•  Ахмети ги прозва ДПА за проектот „Делба на Македонија“
•  НСДП во Куманово вети нова социјална политика
•  Рамковски: Време е за подостоинствен живот
•  Митинг на ВМРО-НП во Кичево
•  Груевски: Нашата земја боледува од невработеност
•  Нема лекови и медицински материјал во Клинички
 
 A1 mail листа
 A1 на SMS
 A1 на PDA
 A1 на WAP
 A1 RSS канали
 A1 на сателит
 A1 на денешен
 ден
Фудбалски резултати и статистики

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk