Дома Пријавете се за добивање американска иселеничка виза
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
Pogodok.com.mk
Flowershop

  Ваш став
  Како Македонија ја доживува фудбалската треска?

  Интервју
  Јаневска: Ќе освоиме сигурно многу повеќе од 0,8% гласови

  Фото
  Чета на АРМ заминува за Авганистан

  Сторија
  Орде Костовски остана без својот основен извор на егзистенција: тутунот
 

 Дома > Вести > Македонија

 

18 починати во очекување на центрите за зависници

Менче Атанасова Точи
15.06.2006

18 зависници од дрога годинава починале чекајќи министерот Димов да ги отвори центрите за лекување, тврдат од невладината ХОБС. 500 семјства очајно чекаат нивните деца конечно да бидат ставени на третман за лекување во центарот во Кисела Вода.

Лути му се на министерот бидејќи предизборно ветил дека за еден месец ќе бидат отворени центрите во Скопје.

„18 лица кои што ХОБС ги има исконтактирано починаа чекајќи слободно место. Само во последниве шест месеци 122 корисници од Скопје побараа да им се помогне и да бидат ставени на третман. Од нив успеавме да сместиме само 16, а за останатите 106 не постојат слободни места“, изјави Влатко Деков, невладина организација ХОБС.

4 милиони долари доби Македонија од глобалниот фонд на ОН. Крајниот рок да се потрошат парите е до октомври.

Димов дури завчера побарал од градоначалникот Костовски на наредната седница да побара од општините да предложат локации. Невладините организации бараат да присуствуваат на седницата, во спротивно ќе протестирале пред влезот.

„Да се отворат под итно центрите во Скопје и да се престане со манипулација со оваа маргинализирана група. Не радува што во изјавите и тие личности од локалната управа, кои беа повикувани како противници на центрите, еве читаме дека не се против центрите“, рече Кети Тодорова невладина организација „Доверба“.

Невладините не ги знаат причините зошто досега не се отворени центрите кога за тоа постојат сите услови.

Револтирани се на двајцата министри Димов и Јакимовски кои пред две години се обврзаа дека ќе работат на лекување и ресоцијализација на зависниците, но ништо не направија.

На државата невладините и дадоа рок до октомври да си ги среди сметките. Во спротивно ќе го изгуби образот пред европа.

Верзија за печатење Верзија за печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот

Вести поврзани со оваа
• Приватните центри за рехабилитација од дрога без контрола [31.08.2005]
• Рехабилитација од дрога со помош на Библијата [30.08.2005]

Најнови вести од Македонија
•  Право и правда за сите ќе биде првиот приоритет на ДОМ
•  ДПА ја започна предизборната кампања во Тетово
•  Ахмети ги прозва ДПА за проектот „Делба на Македонија“
•  НСДП во Куманово вети нова социјална политика
•  Рамковски: Време е за подостоинствен живот
•  Митинг на ВМРО-НП во Кичево
•  Груевски: Нашата земја боледува од невработеност
•  Нема лекови и медицински материјал во Клинички
 
 A1 mail листа
 A1 на SMS
 A1 на PDA
 A1 на WAP
 A1 RSS канали
 A1 на сателит
 A1 на денешен
 ден
MTnet - Web portal
 
UNET - Prv makedonski internet provider
 
Templum
 

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk