Дома
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
A1 вести на вашиот e-mail

  Ваш став
  Како Македонија ја доживува фудбалската треска?

  Интервју
  Јаневска: Ќе освоиме сигурно многу повеќе од 0,8% гласови

  Фото
  Чета на АРМ заминува за Авганистан

  Сторија
  Орде Костовски остана без својот основен извор на егзистенција: тутунот
 

 Дома > Вести > Македонија

 

МАКЕДОНИЈА

ДОМ ја започна изборната кампања од Струга

[15.06.2006] Под слоганот „Да се остане човек“, ДОМ вечерва изборната кампања ја започна од центарот на Струга, поради, како што се слушна на митингот, симболиката за победа на граѓанскиот отпор.

ДУИ вечерва ја започна кампањата

[15.06.2006] Eден ден после нивниот коалиционен партнер СДСМ, во Универзалната сала во Скопје ДУИ ја одржа својата изборна конвенција.

ПЕО ја започна изборната кампања

[15.06.2006] 15 години трае грабежот што власта го прави на народот. Неопходен е излез од длабоката криза и борбата за гола егзистенција. Ова се дел од размислувањата на земјоделците кажани вчера на конвенцијата на Партијата за економска обнова, одржана на отворено во центарот на Македонија, близу Чашка велешко.

Изборната кампања од денеска и официјално е почната

[15.06.2006] И тоа се случи. Изборната кампања од денеска и официјално е почната. Но, не дека некоја од политичките партии беа во исчекување или пак, рокот ги спречуваше да се промовираат.

Со булдожер во партиски штаб започна кампањата

[15.06.2006] Со булдожер во партиски штаб, украдени изборни материјали, обвинувања, партиски знамиња на јарболите за државни празници, вака започна изборната кампања.

Младенов казнет со 30.000 евра за клевета на Црвенковски

[15.06.2006] 30.000 евра, толку е казнет Никола Младенов затоа што напиша дека Бранко Црвенковски има тајни сметки во Швајцарија. Судијката Снежана Бајлозова која стана новиот рекордер по доделената сума смета дека е виновен за клевета.

Три момчиња од домот 11-ти октомври од денеска живеат во нов стан

[15.06.2006] Три момчиња, досегашни штитеници на домот за деца без родители 11-ти октомври од денеска живеат во нов стан. Џамал Поповски, Асан Јусуфи и Ибиш Џафери се вселија во станот кој за нив го обезбеди министерството за социјала. Велат дека требало да се вселат уште пред 6 месеци.

18 починати во очекување на центрите за зависници

[15.06.2006] 18 зависници од дрога годинава починале чекајќи министерот Димов да ги отвори центрите за лекување, тврдат од невладината ХОБС. 500 семјства очајно чекаат нивните деца конечно да бидат ставени на третман за лекување во центарот во Кисела Вода.

Граѓаните да излезат и да гласаат за да не им биде украден гласот

[15.06.2006] Граѓаните да излезат и да гласаат за да не им биде украден гласот. Ова е пораката од денешната трибина на неколку невладини организации. Нивните истражувања покажале дека високата апстиненција на граѓаните само ќе им помогне на политичките партии да ги фалсификуваат гласачките ливчиња. „Наша најголема шанса да имаме фер и демократски избори е ако граѓаните излезат и гласат. Висока апстиненција, заборавете на фер и демократски. Висока апстиненција ќе значи една апатија на граѓанството што ќе биде предизвикувачки за политичките партии да лажат малку и ќе значи делегетимизирање на процесот кој после ќе биде проблематичен од сите можни насоки“, изјави Сашо Клековски

Одредена е нова судијка за случајот Бачило

[15.06.2006] Одредена е новата судијка за случајот Бачило, Јасмина Блажевска го презема случајот од вчера иземената Снежана Попчевска.

Македонски лекари ќе се обучуваат да лекуваат со акупунктура

[15.06.2006] Македонските дипломирани лекари во иднина на Медицинскиот факултет во Скопје ќе имаат можност да посетуваат постдипломски мастер студии за акупунктура, како дел од кинеската традиционална медицина, кои ќе траат две години, а ќе вклучуваат и тримесечен престој во Кина, каде ќе имаат практична обука.

Обезбеден стан за тројца младинци без родители

[15.06.2006] Министерот за труд и социјална политика Стевчо Јакимовски на тројца младинци без родители и родителска грижа денеска им ги предаде клучевите од станот за кој закупнината во наредниот период ќе ја плаќа Министерството за труд и социјална политика.

Изборна конвенција на СДСМ

[15.06.2006] Социјалдемократите од изборната конвенција испратија порака дека тимот што во наредниве четири години и треба на Македонија се луѓето од коалицијата „За Македонија заедно“. Тимот што единствено може да го одработи, како што изјавија, европскиот проект кој, како што рече Бучковски, не се прави само за еден мандат.

Оркестрантите од операта и филхармонијата по достоинствени плати

[14.06.2006] Оркестрантите од операта и филхармонијата денеска пред министерството за култура, повторно во потрага по достоинствени плати.

Пронајдено телото на удавениот Кајнакчиев во Дојранско

[14.06.2006] Безживотното тело на 44 годишниот струмичанец денеска на пладне било пронајдено од припадниците на специјалната единица на МВР на 100 метри оддалеченост од таканаречената струмичка плажа каде последен пат бил виден со чамецот.

Тачи: Активисти на ДПА биле мачени во 2001-ва

[14.06.2006] ДПА и денеска покажа дека главна тема на нивната изборна кампања ќе биде војната во 2001-та година. Тачи денеска го обвини Ахмети дека за време на војната, неговите луѓе мачеле активисти на ДПА во еден таен затвор во Албанија.

МПЦ повика на демократско и достоинствено однесување на изборите

[14.06.2006] Светиот архиерејски синод на МПЦ преку соопштение ги повика политичките партии и сите православни граѓани во земјата на мирно, демократско и достоинствено однесување за време на изборите.

МВР забрзано вработува партиски кадри без конкурс

[14.06.2006] МВР забрзано вработува партиски кадри без конкурс, обвинуваат екс вработени во полицијата. Се користи старата шема, вработување на местото „овластено службено лице“ за што и не е потребен оглас. По шест месеци нововработените може да бидат распределени во било кој сектор на министерството.

Корупција во здравството

[14.06.2006] „Богови кои туѓите животи ги држат во раце“. Вака лекарите и сестрите во извештајот на Институтот за социолошки истражувања ги етикетираат своите колеги кои земаат мито. Како најкорумпирани испитаниците ги посочуваат министрите и нивните заменици.

Спикерот Јордановски се збогува од функцијата

[14.06.2006] Љупчо Jордановски е еден од ретките, ако не и единствен политичар кој со нескриена еуфорија е испратен од опозиицјата како амбасадор. Честитки, успеси, здравје, дури и по волја беше на дневен ред денеска во комисијата за надворешна политика.

Сменета судијката од случајот „Бачило“

[14.06.2006] Снежана Почевска нема да го суди повторно предметот Бачило, изземена е поради одолговлекување на судската постапка. Со експресна одлука на претседателката на судот Кацарска, по барање на заменик на јавниот правобранител Шуплиновски.

Мендух Тачи остана на американската црна листа

[14.06.2006] Мендух Тачи не успеа да се спаси од американската црна листа на непожелни личности. Неговото име остана на листата и по вчерашното обновување.

Седум европски земји вклучувајќи ја Македонија соработувале со ЦИА

[14.06.2006] Македонија е една од седумте европски земји, меѓу кои четири членки на ЕУ, кои соработувале со ЦИА при што ги прекршиле европските стандарди за човекови права, тврди „Амнести интернешнел“.

Прославен Светскиот ден на крводарителството

[14.06.2006] По повод Светскиот ден на крводарителството Црвениот крст на Република Македонија и Републичкиот завод за трансфузиологија, денеска пред платото на Домот на АРМ организираат крводарителска акција под мотото „Да го прославиме дарувањето на крв“.

Николиќ: Српската радикална партија се зацврстува и во Македонија

[14.06.2006] Српската радикална партија почна да ја зацврстува својата позиција во државите од поранешна СФРЈ, изјави потпретседателот на оваа партија Томислав Николиќ за подгоричкиот весник „Дан“.

Јордановски ги одбрани тезите за македонската политика во САД

[14.06.2006] Собранискиот спикер Јордановски се подготвува да замине во САД. Тој вчера во Министерството за надворешни работи пред шефот на дипломатијата Илинка Митрева ги одбрани тезите за македонската политика во Америка.

Пукано во објект на семејството на Хазби Лика

[14.06.2006] Утрово околу 4 часот со автоматско оружје бил изрешетан угостителски објект, сопственост на семејството на тетовскиот градоначалник Хазби Лика.

Почина ликовниот уметник Вангел Наумовски

[14.06.2006] По кусо боледување, на 82-годишна возраст синоќа во Охрид почина познатиот македонски ликовен уметник Вангел Наумовски.

„Миа дент“ нема да може да работи со Фондот за здравство


Не е прифатено барањето на Младенов за изземање на Бајлозова


По седум дена заложништво, ослободен Ибрахим Сефедини


Нема кривична пријава за Бекир Асани


Г.г.Стефан: Односите со СПЦ никогаш не биле полоши


Во тек е судски процес против Фекрет Дураки


Андов: Партиите на власт не можат да ветуваат во име на Владата


Антикорупциска откри нотарска шема за затајување данок


Одбележана 63-годишнината од смртта на Кочо Рацин


Чета на АРМ заминува за Авганистан


Партиите потпишаа кодекс за фер избори


АРМ испрати 90 војници во Авганистан


Ердоган побара правична застапеност на Турците во АРМ


  • Архива на вести од Македонија
  •  
     A1 mail листа
     A1 на SMS
     A1 на PDA
     A1 на WAP
     A1 RSS канали
     A1 на сателит
     A1 на денешен
     ден
    Фудбалски резултати и статистики

    Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


    (C) А1 Телевизија

    За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk