Дома Сопранови
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
   Македонија
   Економија
   Балкан
   Свет
А1 вести на вашиот e-mail

  Ваш став
  Дали да се воведе веронаука во училиштата?

  Интервју
  Дескоска: „Реформите во судството се еден од врвните приоритети“

  Фото
  Хуманитарен концерт на Тоше

  Сторија
  Се побројни оние кои се хранат во народните кујни
 

 Дома > Вести > Македонија > Сторија

 

Се побројни оние кои се хранат во народните кујни

Маја Јовановска
17.02.2005
Во моментов во Скопје има две народни кујни, a ќе се отвара уште една под скопско кале
 

Се побројни и подолги се колоните сиромашни кои секој ден чекаат на портите на народните кујни за парче леб и чинија манџа. Ги има од сите категории - невработени, социјалци, пензионери. Заедничко за сите е гладта и сиромаштијата.

Притиснати од неа некои пеш патуваат и по 10-тина километри за точно во 13 часот да седната на заедничката трпеза во кујните на црквите Свети Петар и Павле и Света Петка.

„Многу сме задоволни, се е средено“, велат луѓето.

Ручекот започнува со молитва и завршува брзо, зошто во еден ден тука треба да јадат околу 150 луѓе. На денешното мени - зелка со месо. За храната е задолжена Елица Ќаева. Седум година таа е главна во народната кујна. Вели иако е скромна, храната е разновидна.

„Во среда и петок имаме посно, а другите денови со месо“, вели Елица Ќаева.

Во моментов во Скопје има две народни кујни. Тие се прибежиште на стотици сиромашни. Бројката се зголемува - што е уште еден доказ дека граѓаните живеат се потежок и потежок живот. Овие луѓе се дел од армијата 600.000 сиромашни.

„Што има тоа ќе јадеме, така дојде државата“, велат луѓето.

Просторот во двете народни кујни станува претесен за да ги прими луѓето кои неможат да купат леб. Ќе се отвара уште една под скопско кале.

Верзија за печатење

Верзија за печатење

Прати ја оваа вест по e-mail

Прати по e-mail


Вести поврзани со оваа
• Сиромаштијата може сериозно да ја загрози државата [10.06.2004]
• 66% од граѓаните на државава велат дека се сиромашни [27.03.2004]
• Со новогодишната ноќ радоста влезе во домот на Анакиеви [02.01.2004]
• За Марија Плетар 31-ви е обичен ден [31.12.2003]
• 2003-та за некого солзи, сиромаштија, осаменсот [31.12.2003]

Најнови вести од Македонија
•  „Мадам Батерфлај“ од Пучини во Скопје
•  4 кандидати за градоначалничката фотеља во Велес
•  Македонска апсурдност на почитување на сопствените антиквитети
•  30% од граѓаните имаат потреба од ментално-здравствена грижа
•  Ромите живеат по најниските балкански стандарди
•  26% од граѓаните владата ја оценуваат со 1
•  Македонците од Љуботен и официјално ќе гласаат во Љубанци
•  Владата втор пат носи одлука за отварање конзулат во Подгорица
 

 A1 mail листа

 A1 на SMS

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 A1 RSS канали


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk