Дома Пристаниште на чудата
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
   Македонија
   Економија
   Балкан
   Свет
А1 вести на вашиот e-mail

  Ваш став
  Дали се срушија табуата за хомосексуалците?

  Интервју
  Џони Логан: „Македонската цивилизација постоела многу пред другите“

  Фото
  АРМ ги модернизира хеликоптерите Ми-24 и Ми-17

  Сторија
  Ромите на маргините на општеството
 

 Дома > Вести > Македонија > Интервју

 

Дескоска: „Реформите во судството се еден од врвните приоритети“

Елизабета Галевска
27.02.2005
 Видео: 56K | Dual ISDN
 
Рената Дескоска член на владиниот експертски тим
 

Мислам дека и политичките партии кои седат во парламентот треба да бидат свесни за значењето на овој процес не само од аспект на евроинтеграционите процеси, туку од аспект на потребата на граѓаните, заради тоа што граѓаните секој ден се соочуваат со политички зависни судии и се среќаваат со неефикасни судски постапки, изјави во интервјуто за А1 Рената Дескоска член на владиниот експертски тим.

Реформите во судството се еден од врвните приоритети во Македонија и она што е особено проблематично се два пункта. Едното е независноста на судството, другото е ефикасноста. Независноста на судството и гарантирањето на овој сегмент мора да оди преку уставни промени, затоа што независноста на судството ја гарантирана преку начинот на избор на судии , начинот на разрешување и начинот на напредување.

Сега како што е поставено РСС според уставот е орган кој што е во служба на Собранието, што значи на политичките гарнитури, а не на судиите. Оној кој треба да ги чува чуварите всушност е политички чувар, а не нивен стручен чувар. Така да главните уставни промени треба да одат во промена на начинот на избор и составот на РСС. Мора да се обезбеди овој орган, без оглед како ќе се вика, да биде орган кој најтесно поврзан со судството. Треба да се обезбеди самите судии, на непосредни избори да ги избираат мнозинството од членовите на РСС. Исто така да се задржи и принципот на рамнотежа, затоа што сепак и овој орган не смее да се остави без никаква контрола. Имам пример со корупција во овие органи, во Бугарија. Така да и тука мора да се најдат некои механизми и овој орган да влезе во системот на кочница и рамнотежа, да се има демократска контрола на овој орган, но не се политичко влијание.

Би требало да е направи една комбинација на членови кои се избираат од страна на судиите и од политичките органи. Начинот на избор на судии, дали овој орган ќе ги избира, дали ќе се избираат од собранието или ќе се именуваат од шефот на државата е можност која треба допрва да се разгледува. Мислам дека она што е клучно е изборот и начинот на составување на РСС. Исто така мора прецизно да се дадат принципите и критериумите кои треба да се исполнува лицето кое ќе биде избрано за судија, како и за членовите кои ќе бидат избрани надвор од судиите. Да дадете само истакнат правник е многу широк основ и широка карактеристика под кое што можете да подведете се.

Начинот на распределба на предметите во рамките на самите судови исто така мора законски и стриктно да се регулираат. Поради тоа што гледаме дека навистина е проблем како има многу малверзации околу тоа на кому му се даваат предметите за судење и како претседателот на судот ги насочува предметите. Така да и тоа мора да има еден критериум кој ќе биде објективен. Дали ќе се состави листа по азбучен ред ќе се делат случаите, значи да нема местење на предмети на определени судии. Принципот на разрешување на судии е исто така многу битно да се регулира со цел судиите да имаат сигурност дека не може тие заради тоа што се, условно речено политички неподобни да бидат разрешувани од некоја идна гарнитура на политичка власт.

При разрешувањето треба да се води сметка за ставот на нивната фела и тоа би требало да се избалансира преку улогата на новиот РСС. Има дури примери кае вие не можете да разрешите судија без да има судска одлука за тоа. Самите судии одлучуваат за тоа. Така да и тие варијанти треба да се разгледаат со цел да се дадат гаранции за независно вршење на судската функција. Системот на напредување исто така мора да се прецизира да немате вие судии почетници кои ви доаѓаат во Апелационен или во Врховен суд. Да имаат еден редовен систем на напредување, бидејќи тоа е гаранција за квалитет. Квалитетот треба да биде условот со кој судиите ќе седнуваат на своите столчиња.

Едукацијата на судството исто така примерен критериум во вршењето на функцијата е битно заради тоа што нашите судии ќе се соочат со ситуација да треба да применуваат и европско право, треба меѓународно право да применуваат, така да едукацијата во сите сфери е битна. Но едукацијата на судиите е битна не само на оние што веќе се судии, туку и на судии почетници. Треба да се обмисли околу тоа како ќе биде протокот на судиите кои што ќе ја поминат таа школа за едукација, дали сите кои што ќе ја поминат ќе бидат избирани за судии или ќе имаме и меѓу нив конкуренција па после тоа ќе се прави селекција, дали ќе има преод помеѓу адвокатурата и судството. Има бројни прашања кои што треба да се регулираат, но потребно е навистина да се разгледаат светски искуства и да се примени она што нас најмногу ни одговара.

Според вас оваа година се најавува дека треба да завршат тие уставни промени, како тоа би требало да заврши?

Самата уставна процедура на менување на уставот оптимално е 6 месеци. Треба да се планира дека најкраток можен рок, бидејќи уставот и во деловникот се предвидени фази за јавна расправа, не можеме да очекуваме пократко од 6 месеци. Целата постапка доколку има вистинска политичка волја и доколку се понудат алтернативи кои се прифатливи и за власта и за опозицијата, бидејќи сите знаеме дека уставните промени се гласаат со 2/3 мнозинство.

Мислам дека и политичките партии кои седат во парламентот треба да бидат свесни за значењето на овој процес не само од аспект на евроинтеграционите процеси, туку од аспект на потребата на граѓаните, заради тоа што граѓаните секој ден се соочуваат со политички зависни судии и се среќаваат со неефикасни судски постапки, така да политичките партии треба да размислат за интересите на граѓаните и да направат поширок консензус за усвојување на овие уставни измени.

Верзија за печатење

Верзија за печатење

Прати ја оваа вест по e-mail

Прати по e-mail


Вести поврзани со оваа
• Се најавуваат длабоки уставни измени за правосудството [27.02.2005]
• ВМРО-Народна против мешање на Црвенковски во судските реформи [25.02.2005]
• Експертите предлагаат засилена позиција на Претседателот во правосудството [24.02.2005]
• Црвенковски ќе ги помага реформите во правосудниот систем [22.02.2005]
• Основниот суд во Битола заплеткан во нерешени судски спорови [19.02.2005]

Најнови вести од Македонија
•  Заканата за бомба во авионот на Црвенковски сеуште мистерија
•  Промовиран проектот за обнова на родната куќа на Конески
•  Црвенковски: „Р.Македонија-Скопје е добро за билатералните односи со Грција“
•  Оли Рен се надева на наскоро решавање на спорот со името
•  Денес гласаат раселените, затворениците и изнемоштените лица
•  Локалните избори ја променија политичката карта на Струмица
•  Конститутивна седница на Советот на општина Прилеп
•  Кандидатите на ПДП не се откажуваат од третата рунда на изборите
 

 A1 mail листа

 A1 на SMS

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 A1 RSS канали

Најновите А1 вести на вашиот мобилен телефон

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk