Дома Пријавете се за добивање американска иселеничка виза
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
   Македонија
   Економија
   Агровести
   Балкан
   Свет
   Занимливости
А1 вести на вашиот e-mail

  Ваш став
  Ваши предлози за „Чуму“

  Интервју
  Јован Ристов: „Не може се да биде предмет на нормативата“

  Фото
  Реновиран одделот за гастроентерохепатологија на Детската клиника

  Сторија
  Приватниот живот на владиката Наум
 

 Дома > Вести > Македонија

 

МАКЕДОНИЈА

Скопските имами го напуштија кабинетот на првиот човек на ИВЗ

Скопските имами го напуштија кабинетот на првиот човек на ИВЗ [01.07.2005] Вечерва по 9 дена имамите го напуштија кабинетот на првиот човек на ИВЗ, откако досегашниот Реис Емини поднесе оставка. Нема решение на кризата.

Хомосексуалците бараат подобар статус во општеството

Хомосексуалците бараат подобар статус во општеството [01.07.2005] Законско регулирање на нивните заедници и подобар статус во општеството бараат македонските хомосексуалци. Предлогот требаше да се претстави на денешната трибина, но салата остана празна.

Мирослав Стојановски в понеделник ја презема должноста началник

[01.07.2005] Иако официјално не назначен, в понеделник генералот Мирослав Стојановски ја презема должноста началник. Ќе ја има првата официјална средба со италијанскиот колега. Адмиралот Џампаоло ди Паола нема да се сретне со досегашниот началник Ѓорѓи Бојаџиев.

Црвенковски остана сам на концертот на „Бијело дугме“ во Белград

Црвенковски остана сам на концертот на „Бијело дугме“ во Белград [01.07.2005] Претседателот Бранко Црвенковски и покрај најавите остана сам на концертот на „Бијело дугме“ во Белград, пишува белградски „Курир“.

Средба на Црвенковски и Амато

[01.07.2005] Македонија и другите држави од Западен Балкан да оформат лоби група која ќе притиска за прием на овие земји во Унијата. Во оваа група да учествуваат авторитетни членки на Унијата - Италија, Австрија, Португалија, Шпанија, Шведска, Финска и новите членки.

Рендал бара британско признавање на уставното име на Македонија

[01.07.2005] Британскиот пратеник од Конзервативната партија Џон Рендал бара британскиот премиер Блер да ја признае Македонија под своето уставно име.

Разрешен заменик директорот на затворот во Шутка

[01.07.2005] Енвер Барди е разрешен од функцијата заменик директор на затворот во Шутка. Тој слушнал, но не го добил решението. Ќе го замени Фаредин Мифтари, кој и порано бил на оваа функција.

Владини нацрт амандмани за уставните измени за судството

[01.07.2005] Концентрација на моќта во судската власт во една личност. Претседателот на Врховниот суд да стане и претседател на Државниот судски совет.

Наградата „Браќа Миладиновци“ за „Вратика“ од Петар Бошковски

[01.07.2005] Академик Ѓурчинов, претседателот на жирито, образложувајќи ја одлуката, наградата да му припадне на Петар Бошковски за стихозбирката „Вратика“, рече дека е таа вистински празник за душата во ова сегашно штиро и улогаво живеење.

Нема кој да раководи со ИВЗ

Нема кој да раководи со ИВЗ [01.07.2005] Кому да ја оставиме Исламската заедница, ги прашаа денеска скопските имами верниците. По заминувањето на Реисот Ариф Емини, велат, нема кој да раководи со ИВЗ.

Македонската полиција откри и заплени 20 килограми хероин

[01.07.2005] Македонската полиција откри и заплени 20 килограми хероин. Дрогата е откриена вчера попладне на влезот во Кичево, ја превезувал со своето „Ауди“ скопјанецот Мустафа А., соопшти МВР.

Странските претставници за почетокот на децентрализацијата

[01.07.2005] Трансферот на надлежностите на општините претставува реформа во јавната администрација, која вклучува неколку различни институции.

Средба меѓу ЗЕЛС и Владата во Битола

Средба меѓу ЗЕЛС и Владата во Битола [01.07.2005] Со половина Влада, премиерот Владо Бучковски денеска на средба со управниот одбор на ЗЕЛС во Битола го означи почетокот на децентрализацијата на власта, во кој општините стартуваат со долг од 42 милиони евра и блокирани сметки.

Тропски температури во Македонија

[01.07.2005] Полупразни улици и продавници, многу малку луѓе под дебелите сенки. Вака денеска беше на југот од земјата. Иако навикнати, граѓаните од валандовско-гевгелискиот регион тешко го поднесуваат првиот топлотен бран.

Големо количество оружје во куќата на Хамди Бајрамовски

Големо количество оружје во куќата на Хамди Бајрамовски [01.07.2005] Го бараа Хамди Бајрамовски-Бреза, не го фатија, но во неговата куќа во селото Брест го најдоа неговиот арсенал.

Георгиевски предложи договор за ново државно знаме

Георгиевски предложи договор за ново државно знаме [01.07.2005] Љубчо Георгиевски ги размрда денеска пратениците кога предложи, или Албанците со апликација да го издвојат етничкото знаме од државното на Албанија или да се постигне нов договор меѓу Македонците и Албанците, но овојпат за државното знаме на Македонија.

ОМД: Грција да ја запре дискриминаторската политика

[01.07.2005] Обединета Македонска Дијаспора денеска испрати писмо до американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, во кое бара САД да останат на признанието на официјалното име на Република Македонија.

Одобрени 3 милиони долари за Министерството за одбрана

[01.07.2005] Американската Влада го извести македонското Министерство за одбрана дека ќе добие 3 милиони американски долари од Солидарниот фонд на Коалицијата, соопшти денеска Амбасадата на САД во Скопје.

Рок од 15 дена за плаќање на комуналиите или следи уривање

[01.07.2005] Општината Охрид денеска им даде рок од 15 дена на фирмите кои имаат изградено објекти да ги платат комуналиите во спротивно, како што најави градоначалникот Александар Петревски, локалната самоуправа, со поддршка на градежната инспекција, ќе пристапи кон нивно уривање.

Командант Шпати - заменик градоначалник на Куманово

[01.07.2005] Членот на ДУИ, новинарот Хајрула Мисини, познат како „Командант Шпати“, од наредната недела ќе ја извршува функцијата заменик-градоначалник на општина Куманово, јавува Макфакс.

Градоначалниците може да станат моќници, сметаат експертите

Градоначалниците може да станат моќници, сметаат експертите [01.07.2005] Градоначалниците може да станат моќници, а граѓаните да не видат ништо од парите кои сега директно ќе одат во општините.

24.090 основци пријавени а место само за 19.197 од нив

[30.06.2005] 24.090 основци се пријавиле за упис во средните училишта, ама место имало само за 19.197 од нив. Ова се бројките на Министерството за образование.

Расправа на градскиот совет за ребалансот на буџетот

[30.06.2005] Не ден пред децентрализацијата, градскиот совет расправаше за ребалансот на буџетот, што треба да одговори на новите надлежности што треба да ги преземе градот.

Нервозен сопруг сакал да претепа докторка

[30.06.2005] Нервозен сопруг во Гинекологијата Чаир сакал да претепа докторка. Инцидентот се случил утрината, нешто пред 9 часот.

Поднесено обвинение против прилепскиот професор

[30.06.2005] Јавното обвинителство денеска поднесе обвинение против Блаже Јордановски, професор во прилепската гимназија. Тој пред основниод суд ќе одговара 2 сторени кривични дела - силување и обљуба и злоупотреба на својата положба.

Указот за Бојаџиев во среда

[30.06.2005] По тајната одлука за смена на началникот на АРМ Ѓорѓи Бојаџиев, денеска конечно се огласија и од кабинетот на претседателот Црвенковски, со соопштение дека указот за предвремено пензионирање ќе биде потпишан во среда.

Обвинителство на БиХ ја проверува веродостојноста на спорниот документ

[30.06.2005] Јавното обвинителство на БиХ сеуште ја проверува веродостојноста на документот кој беше објавен во „Фокус“, во кој стои дека 2-ца разузнавачи на тогашната федерална служба биле на вистинското место на несреќата уште првиот ден. Биле пресретнати од војници на СФОР и вратени назад.

Клинички центар во септември ќе штрајкува

[30.06.2005] Клинички центар во септември ќе штрајкува. Ќе бидат одложени сите операции освен итните. Ќе штрајкуваат и стоматолошката клиника, максилофацијалната и институтот за белодробни заболувања.

Абдурахман Алити нов амбасадор на РМ во Бугарија

[30.06.2005] Нов амбасадор на Република Македонија во Бугарија од денеска и официјално е Абдурахман Алити, поранешен пратеник и лидер на Партијата за демократски просперитет.

Пратенички прашања до Владата

[30.06.2005] Македонската Влада в понеделник ќе усвои пакет мерки за олеснување на состојбата на земјоделците, во делот на царинската политика, но, во моментов во екот на жетвата не може да им помогне со скапата нафта, изјави денеска премиерот Владо Бучковски одговорајќи на пратеничко прашање во рамките на 102. собраниска седница.

Поглаварот на ИВЗ поднесе оставка

[30.06.2005] Првиот човек на Исламската заедница Ариф Емини, си поднесе оставка. Повеќе не можел да ја извршува функцијата поради проблеми со здравјето. Признава дека немал поддршка за надминување на кризата во ИВЗ, но не и дека си оди поради закани и притисоци.

Во Белград „Бијело Дугме“ го отсвири својот последен концерт


„Автостоперски водич ...“ и на македонски јазик


Трката за индекс на двата државни Универзитети почна


Синдикалците од Градска и Воена не успеаа да го убедат Димов


Тајна средба на дел од муфтиите во Маврово


Донато Кјарини: Во Македонија сеуште има корупција


Побрзајте со реформите - порачаа либерал-демократите од Европскиот парламент


Началникот на Генералштабот во предвремена пензија


Потврден новиот американски амбасадор во Македонија


Жестока дебата за и против албанското знаме


Синоќа две убиства по семејни расправии


Престрелка во скопско Визбегово


Доживотен затвор за убијците на двајцата старци од Кичево


Џилиан А. Миловановиќ – нов американски амбасадор во Македонија


  • Архива на вести од Македонија
  •  

     A1 mail листа

     A1 на SMS

     A1 на PDA

     A1 на WAP

     A1 RSS канали

     A1 на сателит

    А1 видео вести во Real Video формат

    Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


    (C) А1 Телевизија

    За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk