Дома
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
Pogodok.com.mk
Flowershop

  Ваш став
  Како Македонија ја доживува фудбалската треска?

  Интервју
  Јаневска: Ќе освоиме сигурно многу повеќе од 0,8% гласови

  Фото
  Чета на АРМ заминува за Авганистан

  Сторија
  Орде Костовски остана без својот основен извор на егзистенција: тутунот
 

 Дома > Вести > Балкан

 

Барозо: Балканските земји ги чека долг пат до ЕУ

МИА
15.06.2006
Жозе Мануел Барозо
 

Балканските земји, со исклучок на Романија и Бугарија, ги чека долг пат до членството во Европската унија, оцени претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо, во интервјуто за австрискиот весник „Клајне цајтунг“.

Тој потсети дека одлуката за прием на Бугарија и Романија во ЕУ е веќе донесена, додека за Хрватска нема противење за нејзино членство во јавноста на ЕУ.

Сепак, тој смета оти е подобро земјите од Западен Балкан еден ден да бидат примени во Унијата, отколку Унијата да одвојува огромни средства за воена стабилизизација на регионот.

Барозо посочи дека постои отпор за прием на Турција, појаснувајќи оти тоа мора да се прифати, како и тоа дека Турција е таа која бара пристапување, а не обратно.

„Ќе биде тешко да се преземат понатамошни чекори за проширување без решавање на прашањето за уставот. Потребен ни е нов правилник за институциите затоа што проширена ЕУ бара и поголема ефикасност, демократија и кохерентност“, нагласи Барозо.

Претседателот на ЕК предложи да остане отворено прашањето за евроуставот, а истовремено да се работи на конкретни проекти.

Барозо подвлече дека во ЕУ владее демократијата, во која големо внимание се посветува на мислењето на граѓаните, предупредувајќи сепак на опасноста од популизам, што според него, би бил кобен ако Европа одлуките за стратешките прашања ги носи врз основа на истражувања.

Верзија за печатење Верзија за печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот

Вести поврзани со оваа
• Македонија во ЕУ по Бугарија, Романија и Хрватска [08.06.2006]
• Рен: Нема ново проширување до 2010-та [07.06.2006]
• Рен: Хрватска по 2010 година во ЕУ [07.06.2006]
• Станишев на средба со Бучковски во Скопје [03.06.2006]
• Бучковски: Проширувањето е проблем на ЕУ, а не наш [31.05.2006]

Најнови вести од Балкан
•  Неизвесни се шансите на Турција за влез во ЕУ
•  Словенија ќе стане дел од европската монетарна унија
•  Србија бара независност и за Република Српска
•  БиХ формира комисија за истражување на воени злосторства
•  Србија ја призна Црна Гора
•  Се поблиску наметнато решение за Косово
•  Најмалку четворица повредени при експлозија во Истанбул
•  БиХ призна дека во 2002 година им предала шест осомничени лица на САД
 
 A1 mail листа
 A1 на SMS
 A1 на PDA
 A1 на WAP
 A1 RSS канали
 A1 на сателит
 A1 на денешен
 ден

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk