Дома Пријавете се за добивање американска иселеничка виза
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
Pogodok.com.mk
Вестите на А1 во Real Video формат

  Ваш став
  Како Македонија ја доживува фудбалската треска?

  Интервју
  Јаневска: Ќе освоиме сигурно многу повеќе од 0,8% гласови

  Фото
  Чета на АРМ заминува за Авганистан

  Сторија
  Орде Костовски остана без својот основен извор на егзистенција: тутунот
 

 Дома > Вести > Агровести

 

Започна распределбата на земја во Светиниколско

Маре Стоилова
14.06.2006

По осум годишно експериментирање, една катастрофална поделба и две годишни анализи владата и Светиниколската локална самоуправа конечно ја започна поделбата на 4.000 хектари државна земја.

Денес се поделени најлошите земјоделски парцели. Во Светиниколското село Орел премиерот лично ги врачи првите договори на новите корисници.

„Да немаме како предходно злоупотреби и всушност да биде давање под закуп на дел од земјоделците кои условно речено ќе бидат аргати“, изјави премиерот Владо Бучковски

Наместо пред почетокот на сезоните, земјата се делеше пред жетва во очи на парламентарните избори. Невладиниот сектор, премиерот и локалната самоуправа се уверени дека сега е вистинскиот момент.

„Не е пред изборен маркетинг. Па тоа е проценка на комисијата“, рече Слободан Даневски, градоначалник на Свети Николе

Но жителите на овчеполскиот регион говорат од сопствено искуство.

„И првата поделба што ја даваа на телевизија беше катастрофа и сега истото ќе биде штом е пред избори“ , изјави Никола Наунов, земјоделец од с. Орел

Светиниколското село Орел одамна е иселено. Во него сега живеат само три домаќинства. Токму поради тоа дел од неговите некогашни жители се прашуваат во чии раце заврши земјата од овој атар која денес беше предмет на делба.

Верзија за печатење Верзија за печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот

Вести поврзани со оваа
• Антикорупциска се заинтересира за распределбата на државна земја [13.06.2006]
• Почна собирањето потписи против законот за земјоделско земјиште [12.06.2006]
• Земјоделците креваат глас против неправедната распределба на земјата [11.06.2006]
• Потписи за измена на моделот на распределба на земјата [09.06.2006]
• И земјоделците од Ерџелија протестираат поради поделбата на земјата [08.06.2006]

Најнови вести од Агровести
•  Со пари за земјоделска премија ДУИ купува партиски активисти
•  И годинава нема фајде од откупната цена на пченицата
•  Лозарите упаднаа во штабот на СДСМ во Неготино
•  ВМРО-НП против скратувањето на стимулациите за овоштарите и лозарите
•  Помина рокот што неготинските лозари го дадоа на Бучковски
•  Антикорупциска се заинтересира за распределбата на државна земја
•  Почна собирањето потписи против законот за земјоделско земјиште
•  Наместо вода свињите на виничките фармери пијат млеко
 
 A1 mail листа
 A1 на SMS
 A1 на PDA
 A1 на WAP
 A1 RSS канали
 A1 на сателит
 A1 на денешен
 ден
Време online

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk