Дома ФМ 04, од понеделник до петок
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
   Македонија
   Економија
   Балкан
   Свет
А1 вести на вашиот e-mail

  Ваш став
  Адвокатите дел од криминалот или бранители на правдата?

  Интервју
  Михајловски: „Кога ќе се создадат услови ќе го уапсиме Лека“

  Фото
  Реновиран одделот за гастроентерохепатологија на Детската клиника

  Сторија
  Приватниот живот на политичарите
 

 Дома > Вести > Македонија > Сторија

 

Приватниот живот на политичарите

Маја Јовановска
22.05.2005
Приватниот живот на јавните личности е скриен од љубопитните погледи на граѓаните
 

Во костум и кравата. Официјални, примерни, учтиви, затворени, лицемерни. Само во вакво светло пред камерите ги знаеме нашите политичари.

Приватниот живот на јавните личности е скриен од љубопитните погледи на граѓаните. Како се живее во резиденциите на Водно, каде е домот на поранешниот премиер Георгиевски, зошто ги нема Благовестие и Снешка, каде низ светот се сопругите на Ахмети и Џафери, колку е благодет да си во опозиција, каква е бизнис релацијата меѓу Бранко и Јасна Црвенковски, што прават младите сопружници Груевски?

Кој е спикер во домашниот парламент на Јордановски. Засега нема одговор на ниту едно од овие прашања.

„Не интересира приватниот живот на политичарите, со кого го поминуваат времето, дали се дружат меѓу себе, колку плата земаат, но тоа се тајни“, велат граѓаните.

Не е нормално е приватниот живот на политичарите да биде атрактивен само кога треба да им се додворат на избирачите.

„Разбирлива е таа љубопитност на граѓаните, бидејќи на политичарите им се придава статус на привилегирани, луѓе чии што ставови и поведение без оглед на личните перформанси се чинат важни за јавното внимание, затоа што го живеат нашиот мандат. Анџелина Џоли може да не зборне за себе и при тоа да остави многу мажи во кратки ракави, но на тие во политиката им требале наши ливчиња“, вели Линдита Кадриу асистент на факултетот за комуникологија при ЈИЕ.

Збор два за приватниот живот А1 извлече за време на претседателската кампања, кога на 4-цата кандидати им беше во интерес да се промовираат како луѓе од народот.

„Многу сум приврзан за семејството, не само со жената и со детето туку и со родителите и сестрата. Многу ми е битна нивната поддршка и мислење, секогаш кога донесувам крупни политички одлуки, а посебно одлуки кои ќе го променат и нивниот живот, сакам да го слушнам и нивното мислење. Тоа не значи дека нивното мислење е пресудно, меѓутоа многу ми значи кога ја имам и нивната поддршка“, вели Бранко Црвенковски.

„Имам едно, граѓаните го викаат виц. Па и мојата жена го вели. Дека таа ми е втора жена. Првата жена армијата и политиката, а втора жена. Жена која се грижи за мене семејството“, вели Гзим Острени.

Не е само морално, туку е и законски да се влезе во домовите на политичарите, вели професорот Иљо Трајковски. Според него последниве генерации на политичарите имаат напредок во тој поглед и имиџот го пресликуваат од нивните американски колеги. Но промените во Македонија одат бавно.

„Не само морално, туку понекогаш е и законска потреба. Јавноста секогаш сака да се заштити себеси од тајноста на приватната сфера. Но исто така и приватноста има право да биде заштитувана и тука границите треба да се постават сериозно. Логички е да очекуваме информации околу материјалната состојба затоа што тоа може сериозно да се одрази на она што се вика конфликт на интереси“, вели Иљо Трајковски професор на Филозовски факултет.

И меѓу политичарите има поатрактивни и помалку интересни. Но нема човек кој не сака да ѕирне во нивните дворови, да ги види релаксирани и во тренерки.

„Сакам да го видам Црвенковски со сопругата“, вели еден граѓанин.

„Мене најинтересен ми е Бучковски“, вели друг граѓанин.

Отворајќи ги портите на приватноста, камерите нема да влегуваат со папараци. Кој е шеф на работа, а кој дома. Колку имаат време за приватност и дали го трошат на семејството. Секоја недела во вестите на А1 ќе може да влезете во домовите на политичарите.

Верзија за печатење

Верзија за печатење

Прати ја оваа вест по e-mail

Прати по e-mail


Најнови вести од Македонија
•  Спортски натпревари на лицата со посебни потреби во Велес
•  Министерството за транспорт ќе консултира правници за социјалните станови
•  Директорот на Фондот за здравство воведува нови работни места
•  Се зголемуваат ингеренциите на претседателот на Врховниот суд
•  Жителите од штипско Селце крадат стари тенкови
•  Пополнети амбасадите во Пекинг и Париз, останува Хаг
•  Груевски ќе предложи 6 нови члена на Извршниот комитет
•  Ресуљ Бајрами вратен во тетовскиот затвор
 

 A1 mail листа

 A1 на SMS

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 A1 RSS канали

Пријавете се за добивање американска иселеничка виза

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk