Дома ФМ 04, од понеделник до петок
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
   Македонија
   Економија
   Балкан
   Свет

  Интервју
  Михајловски: „Кога ќе се создадат услови ќе го уапсиме Лека“

  Фото
  Реновиран одделот за гастроентерохепатологија на Детската клиника

  Сторија
  Приватниот живот на политичарите
 

 Дома > Вести > Ваш став

 

Адвокатите дел од криминалот или бранители на правдата?

[23.05.2005] Во Македонија над 1.500 адвокати се чувари на слободата и имотот. Дали тие се дел од криминализацијата на општеството или бранители на правата?
 
Неажурно судство, подмитливи судии - колку адвокатите учествуваат во ерозијата на правосудниот систем? Адвокатите работат во супстандардни услови. Поради нив и невини можат да лежат во затвор.

Како да им се верува, како се избираат, како изгледаат, колку и дали се ефикасни бранителите на правдата?


Напишете кој е вашиот став или претходно прочитајте ги правилата за модерирање.

Ставовите изнесени тука претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на А1 Телевизија.

Забрането е копирање или повикување на ставовите изнесени тука без писмено одобрение од А1 Телевизија.

Адвокатите се адвокати како во цел свет - колку платиш тоа ќе добиеш.

Проблемот е во судиите и вработените во судските институции - извршители, дактилографки, па дури и машината за пишување е важен елемент во добивање на пресудата.

Тоа е една огромна мафија. Како може судијка на која и е доставен исказ и доказ дека адвокат лажно се претставувал како застапник на фирма и во нејзино име извршувал пресуда, и тоа на криминален начин, да пресуди во корист на адвокатот-криминалец?

Да беше судијка на место, и крими-адвокатот ќе се најдеше на соодветно место. А не таа, уште го почастила.
Гоца Марковска, Прилеп, Македониjа

Не постои апсолутна правдина. Она што за едниот е правда, за другиот е кривда. Адвокатите се само едуцирани мангупи кои можат да манипулираат со правото (интерпретирање на правните норми), а не со правдината.

Во неразвиените правни системи, како нашиот, адвокатите манипулраат и со субјектите на правниот систем - судиите, судовите, законите, па дури и со Уставот. За нив се е релативно.
Симе Аврамовски, Детроит, САД

Да сме начисто – во природата на човекот како „животно на две нозе“ е секогаш да ја користи шансата да загризе од „забранетото јаболко“, надевајќи се дека „вишата сила“ нема да го испади од „рајот“.

На многумина тоа многупати им успеало, што сепак никако не значи дека треба да остане тренд.

И во Македонија адвокатите живеат и работат слично како останатите професионалци – се снаоѓаат кој како знае и умее, согласно споменатиот тренд.

Адвокатите не се ништо полоши ниту подобри од сите останати – единствено ја имаат таа (не)среќа да се занимаваат со професија во која моментално има услови неконтролирано и немилосрдно, но пак „легално“, да се заработува на сметка на туѓа несреќа.

Иако нашата правна регулатива, генерално земено, санкционира секаков тип импровизации и манипулации во рамките на целокупниот систем на функционирање на општеството, сепак, рака на срце, санкциите постојат декларативно – само на хартија.

Арно ама, не е џабе речено: „Кога мачката ја нема, глувците оро водат“.

Некој нека ја врати мачката оти црно ни се пишува!
Мане, Битолаж, Македониjа

Човек на умирање го прашуваат за последна желба. И тој вели дека сака да се слика помеѓу својот адвокат и доктор.

Го прашуваат зошто, а тој вели: „Сакам да бидам како Исус Христос, меѓу двајца разбојници“.
Петров, Лос Анџелес, САД

Најнапред се поставува прашањето какво е нашето судство? Неажурно, подмитливо и поставено на нездрава основа.

Е тогаш плевел колку сакаш расте. На ваква почва секој може да се протне. Не се работи за ерозија на ваквиот систем, бидејќи ерозија се случува на цврста подлога, а не на ровка.

За да се бара одговорност од надградбата потребно е таа да има стабилна основа и било каква критика упатена до адвокатите со право и леснотија ќе се одбранат од нападот.

Прашањето треба поинаку да се формулира. Што треба да се направи со судството за да биде ефикасно и да се сведе на минимум злоупотребата на адвокатите како бранители на правдата?
Бети, Детроит, САД

Јас мислам дека адвокатите во Македонија се поврзани со криминалот, бидејќи не видовме добра работа за Македонија.

Тие наместо да ги осудуваат криминалците и терористите, тие ги издадоа Македонците што сакаа да го спасат македонскиот народ од албанските терористи, а нашите ги осудуваат и ги испраќаат во Хаг.
Н.А., Њу Џерси, САД

Најголемите злосторници секогаш остануваат надвор од решетки, а постојат и невини кои поради оние другите можат да лежат во затвор.

Кој е одговорен за тоа, не може точно да се знае, бидејќи криминалот е застапен и кај судиите и кај адвокатите тој постои во голем процент, но има и такви кои добро и професионално си ја вршат работата.

Мое мислење е дека за повеќето случаи во кои не победила правдата пред се се виновни судиите, кои од различни причини (под влијание на власта, примање мито итн.) несовесно си ја вршат работата и во помала мерка адвокатите, кои се неефикасни и немоќни да влијаат на одлуките.

Со ваква власт и вакво судство луѓето тешко можат да се изборат за своите права и слободи.
Зоран, Кичево, Македониjа

На адвокатите не треба да им се верува во никој случај. Ова го кажувам од лично искуство.

Судството во Македонија не функционира воопшто, ги жалам сите оние што имаат потреба од адвокати.

Адвокатите не се бранители на правата, воопшто. Жалосно, но така е. Јас лично засекогаш ја изгубив довербата во адвокатите и судиите.
Буљугија, Бохум, Германија

Кој е вашиот став (1.500 знаци)?

Име и презиме (задолжително)

Град

Држава

E-mail

Забелешка: A1.com.mk не гарантира дека секој примен коментар ќе биде објавен.

 

MTnet - Web portal
 
UNET - Prv makedonski internet provider
 
Templum
 

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk