Дома Фолк флеш - емисија за народна музика
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
Pogodok.com.mk
Вестите на А1 во Real Video формат

  Ваш став
  Како Македонија ја доживува фудбалската треска?

  Интервју
  Јаневска: Ќе освоиме сигурно многу повеќе од 0,8% гласови

  Фото
  Чета на АРМ заминува за Авганистан

  Сторија
  Орде Костовски остана без својот основен извор на егзистенција: тутунот
 

 Дома > Вести > Свет

 

На самитот на ЕУ му се заканува неуспех

Горан Момировски
15.06.2006

Самитот на шефови на држави и влади на ЕУ е еден од најбесмислените досега и затоа му се заканува неуспех, оценува британскиот весник „Тајмс“.

Повикувајќи се на влијателни европски дипломати, весникот вели дека е грешка што 25 земји влегуваат во проект за заживување на Унијата по колапсот со отфрлениот устав, а притоа нема договор за начинот на кој би се реанимирала европската идеја.

Најголем проблем за надминување на растечката криза во Европската унија се гледа во францускиот претседател Ширак, кој нема да дозволи нов референдум за новиот Европски устав без разлика како тој ќе изгледа во иднина.

Се очекува на самитот Франција со поддршка на Холандија да побара повеќе време за размислување за иднината на европскиот устав.

Надежта сега е насочена кон Германија која од јануари ќе го преземе претседателство со унијата и која единствена би можела да посредува во компромис за иднината на Европа.

Претседателот на Европската Комисија свесен за се подлабоката криза во која влелгува унијата денеска побара поддршка од сите проевропски сили.

„Многу е важно сите релевнтни проевропски политички сили да работат заедно да излеземе од оваа ситуација на евро песимизам и да влееме доверба во европските проекти“, изјави Баросо претседател на ЕК.

Баросо предходно за германските медиуми изјави дека балканските земји со исклучок на Бугарија и Романија ги очекува долг пат до членство во унијата. Баросо смета дека е подобро еден ден балканот да влезе во унијата отколку унијата да дава огромни средства за воена стабилизација на регионот.

Западниот балкан и Србија ќе бидат една од темите за која денеска и утре ќе расправаат европските лидери.

Верзија за печатење Верзија за печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот

Вести поврзани со оваа
• Балкененде: Не е можен нов референдум за уставот на ЕУ [01.06.2006]
• ЕУ се подготвува времено да ги затвори вратите [29.05.2006]
• Туомиоја се заложи за отвореност на ЕУ [29.05.2006]
• ЕУ го продолжи неформалниот состанок за нејзината иднина [28.05.2006]
• ЕУ ќе одвои 11,6 милијарди евра за проширувањето [25.05.2006]

Дополнителни информации
•  Европскиот устав предвидува промени во функционирање на ЕУ
•  Историјат на проширувањето на ЕУ
•  10 нови членки во ЕУ во 2004

Најнови вести од Свет
•  Во напад на шиитска џамија во Багдад убиени 10 лица
•  Шпанскиот премиер тврди дека Владата не знаела за тајните летови на ЦИА
•  Индија предложи свој кандидат за наследник на Кофи Анан
•  САД издвои 94,5 милијарди долари за војните во Ирак и Авганистан
•  Експлозии во престолнината на Таџикистан
•  Оспорени тврдењата за самоубиство во Гвантанамо
•  Помеѓу 350.000 и 400.000 тони опасни отпадоци исчезнале во Италија лани
•  Нов закон за присуство на шерифи на летовите во ЕУ
 
 A1 mail листа
 A1 на SMS
 A1 на PDA
 A1 на WAP
 A1 RSS канали
 A1 на сателит
 A1 на денешен
 ден

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk