Дома Берза за вработување
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
Pogodok.com.mk
Flowershop

  Ваш став
  Како Македонија ја доживува фудбалската треска?

  Интервју
  Јаневска: Ќе освоиме сигурно многу повеќе од 0,8% гласови

  Фото
  Чета на АРМ заминува за Авганистан

  Сторија
  Орде Костовски остана без својот основен извор на егзистенција: тутунот
 

 Дома > Вести > Свет

 

Загинаа двајца војници на коалициските сили во Авганистан

МИА
14.06.2006

Двајца војници, припадници на меѓународните коалициски сили во Авганистан, загинаа вчера при судири со талибанците во авганистанските провинции Хелманд и Конар, соопшти денеска командата на американските сили во Кабул.

Едниот од убиените војници е припадник на Вооружените сили на САД, додека националноста на вториот загинат се уште не е позната.

Американскиот војник загинал кога бунтовниците со бомби и лесно пешадиско оружје нападнале патрола на коалициските сили која доставувала храна за војската во реонот на Муса Кала.

Во соопштението на американската команда се наведува дека другиот војник загинал при судир со бунтовниците во провинцијата Конар.

Над 11 илјади војници од меѓународната коалиција учествуваат во операцијата против талибанците во јужните и североисточните планински реони на Авганистан, што е најголема офанзива по падот на талибанскиот режим во 2001 година.

„Во операциите кои почнаа во средината на мај во јужните делови на Авганистан учествуваат и многу авганистански војници“, изјави портпаролот на коалициските сили Пол Фицпатрик, најавувајќи дека следбата фаза од операцијата ќе биде во северните провинции на јужен Авганистан.

Верзија за печатење Верзија за печатење Прати ја оваа вест по e-mail Прати по e-mail Порака до авторот

Вести поврзани со оваа
• Пронајдени тела на убиени работници во Авганистан [11.06.2006]
• Кабул:Самоубиствен напад во Авганистан, има повредени [06.06.2006]
• Безбедносните сили во тенкови околу Кабул [30.05.2006]
• Најмалку 20 загинати во судири во Кабул [29.05.2006]
• Над 60 загинати во судири во Авганистан [24.05.2006]

Најнови вести од Свет
•  Десет лица загинаа при експлозија во Кина
•  Повлекувањето од Ирак е спротивно на националните интереси на САД
•  Лабуристите за повлекување на Блер пред есента 2007-ма
•  Парламентарни избори во Словачка
•  Иран ќе даде „апсолутно јасен“ одговор на предложениот пакет
•  Најмалку десет загинати при експлозии во Багдад
•  САД со предупредување за ракетната програма на Северна Кореја
•  Птичји грип регистриран кај домашна птица во Унгарија
 
 A1 mail листа
 A1 на SMS
 A1 на PDA
 A1 на WAP
 A1 RSS канали
 A1 на сателит
 A1 на денешен
 ден

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk