Дома
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Економија > Архива > Maj 2003

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

А1 видео вести во Real Video формат
 

АРХИВА: Економија, Maj 2003


 

Синдикални протести по повод Први мај
[01.05.2003] ССМ, по повод Меѓународниот ден на трудот, Први мај, денеска во Скопје организираше симболичен протест под мотото „Единствени и солидарни за достоинството на трудот“. На протестот учествуваа неколку стотини работници и членови на ССМ од сите градови во земјата.

 

Прв ден од новиот брак меѓу Македонија и ММФ
[01.05.2003] Денеска и официјално е првиот ден од новиот брак меѓу Македонија и Меѓународниот монетарен фонд, склучен синоќа кога Бордот на директори на Фондот и` го одобри на Македонија новиот заем, наречен „стенд бај“.

 

Зголемен бројот на барања од работниците за заштита од ССМ
[02.05.2003] Според Одделението за работни односи и правна заштита при Сојузот на синдикатите на Македонија постојано се зголемува бројот на барањата од работниците кои побарале правна заштита од Синдикатот.

 

Банките бараат намалување на осигурувањето на штедни влогови
[02.05.2003] Трите најголеми банки во Македонија застанаа зад барањето за промена на начинот на кој се финансира Фондот за осигурување на штедните влогови. Станува збор за фонд кој ги обештетува штедачите во случај на пропаѓање на една банка.

 

Тутунарите незадоволни од цената
[03.05.2003] На крајот од откупот на тутунот од ланската реколта, производителите незадоволни од цената што им ја понудија тутунските комбинати за откуп на тутунот.

 

Гошев: „Следи извршување на обврските за аранжманот со ММФ“
[04.05.2003] „Бордот на директори на ММФ го одобри стенд-бај аранжманот за Македонија на 30 минатиот месец, како што беше најавено, а сега следи извршување на обврските од наша страна и зависно од тоа пристигнувањето на средствата од ММФ“, изјави министерот за финансии Петар Гошев.

 

ОКТА и официјално ќе го загуби ексклузивниот увоз
[05.05.2003] ОКТА наскоро и официјално ќе го загуби правото за ексклузивен безцарински увоз на нафтени деривати. Ова денеска во Скопје го договорија грчкиот министер за развој, Ахис Цохаsопулос и претстваниците на македонската влада.

 

Неготинчани собираат потписи против новите телефонски цени
[05.05.2003] Против зголемувањето на цените реагираат граѓаните. Први со конкретна акција се јавија неготинчани кои собираат потписи против најновото поскапување на телефонските услуги. Заштита од монополот на Телеком тие ќе бараат и од Народниот правобранител, а како крајна мерка најавуваат граѓанска непослушност со неплаќање на сметките.

 

ЕСМ останува под државна капа
[05.05.2003] Електростопанство нема да се продава, туку останува под државна капа. Според новиот концепт за преструктуирање на ЕСМ, кој денеска доби владина виза, компанијата најпрво ќе се санира.

 

Телеком ги „надувал“ цените за цели 35,5%
[05.05.2003] Поскапувањето на импулсот, заедно со укинувањето на бесплатните 80 импулси, ја здебелува просечната телефонска сметка за цели 35,5%, покажале испитувањата направени од владината Управа за телекомуникации.

 

Кредит на Светската банка за јавниот сектор во Македонија
[06.05.2003] Договор за кредит со Светската банка во износ од 16,7 милиони американски долари, наменет за Проектот за прилагодување на управувањето на јавниот сектор во Македонија, вчера беше потпишан во Вашингтон, официјално е соопштено синоќа во Скопје.

 

Народот против Телеком, власта пасивна
[06.05.2003] По неколкуте граѓански здруженија, организации на потрошувачи, како и жители на повеќе македонски градови што собираат потписи за намалување на цените на телефонските услуги, денеска против поскапите телефонски импулси реагираа Сојузот на синдикати на Македонија и Народниот правобранител.  

 

ММФ ќе бара зголемување на цената на струјата
[06.05.2003] Франeк Розвадовски, шeф на мисијата на ММФ во Македонија, повторно во Скопје. Овојпат во контрола како македонската Влада ја спроведува програмата договорена со ММФ.

 

Работниците на „Бучим“ ќе го блокираат патот Радовиш - Струмица
[06.05.2003] Министерството за финансии ќе изврши целосена контрола на финансиското работење во „Бучим“. Ова уследи по барање на Штрајкувачкиот одбор и претставници на гранковиот синдикат, кои тврдат дека новиот директор во последните две години направил долг од 12 милиони евра.

 

ФАС даден на меѓународен тендер
[06.05.2003] Имотот на скопската фабрика за автобуси „11-ти Октомври“ денеска е понуден на продажба на меѓународен тендер. Загубарот ФАС се продава без почетна цена, без обврска за враќање на работниците на работа и без барање за нови инвестиции во фабриката. Идниот сопственик на ФАС нема ниту обврска да ги плаќа долговите од 17 милиони евра.

 

Нова авикомпанија на македонското небо
[06.05.2003] Македонија наскоро ќе добие нова авикомпанија. Станува збор за „Ер Вардар“, која минатитот втроник побарала од Управата за цивилна воздушна пловидба да и даде согласност за работа.

 

Проблематичните банки ќе останат без дозвола за работа
[07.05.2003] Кон крајот на јуни ММФ ќе направи нова сериозна проценка на состојбата во проблематичните македонски банки. Не е исклучено некои банки да останат и без дозвола за работа. Станува збор за шест банки чии имиња не се соопштуваат.

 

Владата очекува нови вложувања во стопанството
[07.05.2003] Владата бара инвестиции, а не може да создаде вистинска клима да ги привлече. По првите 6 месеци од преземањето на власта, освен неколку подзаконски акти речиси ништо друго не е направено за да се создадат услови за привлекување на инвестициите.

 

240.000 граѓани живеат од социјална помош
[07.05.2003] Македонија е земја на социјалци. Сиромаштијата и берзаботицата во сите градови создадоа армија социјалци која во моментов брои 60.000  семејства или околу 240.000 лица.

 

Реформата во администрацијата блеф на Владата
[08.05.2003] Реформата во јавната администрација е само блеф на Владата, коментираат државните службеници, кои сметаат дека Владата нема јасен концепт како ќе ја спроведе реформата и дека овој чекор го презема притисната од стагнацијата на стопанството, лошите финансиски резултати во целокупната економија и зголемувањето на ДДВ, што резултираше со намалување на животниот стандaрд.

 

Отворени понудите за купување на „Годел“ и „Силика алумосиликати“
[08.05.2003] Отворени се понудите за купување на фирмите загубари „Годел“ од Скопје и „Силика алумосиликати“ од Гостивар. На меѓународните тендери распишани за овие две фирми не се јави ниту една странска компанија.

 

Телеком наплаќал услуги кои не ги давал
[08.05.2003] 9.000 корисници на Телеком, без да знаат, секој месец ја плаќаат т.н. конференциска врска, услуга која фиксниот оператор ја наплаќа, а не ја дава. По овој основ, Телеком, според проценките, последниве половина година, откако ја наплаќа услугата, инкасирал околу 50.000 евра.

 

И Штип и Свети Николе во борба против Телеком
[08.05.2003] По граѓаните на Неготино, и жителите на Штип и Свети Николе почнаа да собираат потписи против Телеком, со единствено барање да се намалат фрапантно високите цени на телефонските услуги. Како предупредување до Телеком граѓанските асоцијации најавуваат скоро организирање акција една недела без телефонски разговори.

 

Хрватска ќе ја тужи „ЛХБ“ за исчезнати девизни резерви од СФРЈ
[09.05.2003] Хрватска реши да ја тужи „ЛХБ“ банката од Франкфурт, која е во доминантна сопственост на „Љубљанска банка“ од Словенија, за да утврди каде се исчезнати девизните резерви од поранешна СФРЈ, јавија хрватските медиуми.

 

Вработените на „Нипот“ во обид да го преземат управувањето во свои раце
[09.05.2003] Вработените на „Нипот“ во обид да го преземат управувањето во свои раце. Откако по 11 месеци се без плата и неизвесност кога ќе се реши сускиот спор против словенечки „Југ услуги“, вработените, како сопственици на 23% од капиталот на „Нипот“ најавуваат одржување на вонредно акционерско собрание на кое треба да изберат нови органи на управување.

 

Охридски “ЕМО“ ги игнорира барањата на работниците
[09.05.2003] Раководството на охридски „ЕМО“ веќе месец и половина ги игнорира барањата на вработените кои се во штрајк. Освен социјалните, главни се и барањата за ревизија на приватизацијата и за смена на менаџерскиот тим.

 

Продолжува граѓанскиот револт против „Телеком“
[09.05.2003] Продолжува граѓанскиот револт против монополското однесување на „Телеком“. Денеска и жителите на Велес собраа повеќе од пет илјади потписи со кои бараат намалување на цените на телефонските услуги.

 

Тутунарите најавуваат протести
[09.05.2003] Tутуно производителите на кои сеуште не им е платен тутунот најавуваат протести пред Mинистерството за земјоделство и Бирото за стокови резерви, ако наскоро не ги добијат парите за продадениот тутун.

 

Во понеделник ќе се каже дали е законско поскапувањто на „Телеком“
[09.05.2003] Управата за телекомуникации на почетокот на наредната недела, најверојатно в понеделник ќе го каже својот дефинитивен став: дали поскапувањето што го изврши „Телеком“ е законско. Потоа ќе се знае и дали „Телеком“ ќе биде принуден да ги врати претходните цени.

 

Владата најавува отпуштања и вработува нови луѓе во администрацијата
[10.05.2003] Владата најавува реформи и отпуштања на државните службеници, а во исто време вработува нови луѓе во администрацијата и во јавните претпријатија, тврдат од новоформираното Здружение на државни и јавни службеници.

 

Телеком мора ги врати старите цени на телефонските услуги
[12.05.2003] Државата пресече, Телеком да ги врати старите цени на телефонските услуги. Управата за телекомуникации по направените анализи смета дека поскапувањето е незаконско, односно спротивно на договорот со кој Матав го купи Телеком.

 

Новиот авиопревозник под партиска закрила
[12.05.2003] Владата не направи ништо да го среди хаосот во авиобиснисот. Контроверзниот договор за редовен авиопревозник со МАТ сеуште ја чека најавената ревизија, но наместо средување на состојбите во авиосообраќајот на повидок е формирање на уште една авиокомпанија, под партиска закрила.

 

Фабриката за сијалици „Селена“ во ликвидација
[12.05.2003] Одлуката за ликвидација на единствената фабрика за сијалици, денеска ја донесе собранието на доверители на извештајното редовно рочиште. Краткото образложение на членовите на доверители се однесуваше на тоа, дека друг избор нема и оваа фабрика со вкупен долг од 156 милиони денари и 60 милиони загуба, мора да се ликвидира.

 

Неправилности во фабриката „Вера Јоциќ“
[12.05.2003] Сопственикот на доминантиот капитал во текстилната фабрика „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица, кој мнозинскиот пакет акции го купил преку берзата пред година ипол, денеска ја обвини групата работници кои штрајкуваат веќе седум месеци дека нивниот вистински интерес не е ревизија на приватизацијата како што бараат, туку со помош на локални политичари од актулената власта тие да станат сопственици на фабриката.

 

Тутунарите безуспешно бараат владина премија
[13.05.2003] Тутунарите веќе 6 месеци безуспешно се обидуваат да обезбедат од Владата премија од 30 денари за килограм продаден тутун, во услови кога откупна цена од 74,60 денари е само половина од ланската откупна цена.

 

Паничен молк за враќање на старите телефонски цени
[13.05.2003] Телеком денеска не одговори на одлуката на Управата за телекомуникации, која зголемувањето на цените на телефонските услуги го прогласи за незаконско и побара враќање на старите пониски цени. 

 

„Албатрос“ се откажа од „Астибо“
[13.05.2003] Фирмата „Албатрос“ се откажа од купување на „Астибо“. Одлуката е образложена со повлекувањето на еден од странските инвеститори кои требаа да ги обезбедат парите за влез во штипскиот текстилен комбинат.

 

Банката на Смиленски ниту во стечај, ниту се санира
[13.05.2003] Привремениот управник на „Експорт импорт банка“ за десетина дена до Советот на Народната банка ќе го достави првиот официјален тримесечен извештај за состојбата во банката. Тогаш Советот ќе треба да се изјасни дали банката на Смиленски оди во стечај или ќе добие уште нови три месеци за тнр. предсанациона постапка.

 

Канаѓаните не се откажуваат од Пошта
[13.05.2003] Претставници на Канадски пошти се повторно во Скопје да проверат каква е намерата на Владата во врска со договорот за нивно преземање на Македонски пошти. Досега, освен најавата за ревизија на договорот, Владата не направи ништо за да го реши статусот на јавното поштенско претрпијатие.

 

Во „Македонски железници“ најава за отпуштање на работници
[14.05.2003] Во „Македонски железници“ ниту раководството, ниту синдикатите имаат контрола над состојбата. Менаџерскиот тим, иако најави дека отпуштањето на вишокот вработени ќе почне во септември веќе испрати 100-тина работници на принуден одмор и дел како технолошки вишок.

 

Бизнисмените не обезбедуваат кредити преку деловните банки
[14.05.2003] Високите камати, ригорозните хипотекарни услови, долгата административна постапка и лошиот економско политички амбиент се причините зошто бизнисмените не се обидуваат да обезбедат кредитирање на сопствениот бизнис преку деловните банки, сметаат економските експерти.

 

За прилепски „Микрон“ можен е стечај
[14.05.2003] До крајот на неделава ќе биде познaта судбината на единствениот прилепски загубар „Микрон“, кога судот ќе донесе одлука дали „Микрон“ ќе оди во стечај?

 

Анализите ќе покажат дали струјата ќе поскапи и за СЦММ
[14.05.2003] Француско германскиот конзорциум „СЦММ“ ќе инвестира нови 30 милиони долари во „Фени“, а во „Југохром“, каде исто така е газда наскоро ќе ги исполни сите обврски.

 

ММФ и предложил на владата да ја поскапи струјата
[14.05.2003] ММФ и предложил на владата зголемувањето на ДДВ за струјата да се покрие дел со заштеди на јавното претпријатие, а дел со зголемување на цената на струјата.

 

Вториот мобилен оператор стартува утре
[15.05.2003] Вториот мобилен оператор во Македонија, МТС стартува утре, официјално е соопштено денеска. Првиот јавен повик преку новата мобилна мрежа „Космфон“ ќе го направи министерот за транспорт и врски Миљаим Ајдини.

 

Британија не е подготвена за еврото
[15.05.2003] Британија не е подготвена да и се приклучи на единствената европска валута, јави доцна синоќа BBC, повикувајќи се на извори од британската Влада.

 

Од 13. јуни аукциска продажба на државните акции и удели
[15.05.2003] Агенцијата за приватизација од 13. јуни и официјално ќе почне со аукциската продажба на акциите и уделите во фирмите кои не се доприватизирани. Во првиот оглас понудени се акции и удели во 49 фирми од вкупно 500, кои треба да бидат продаден најдоцна до крајот на оваа година.

 

Втор бран исклучување на струјата
[15.05.2003] Од утре ЕСМ стартува со исклучувања на села и региони каде наплатата на струјата е под 20%. Станува збор за 80-тина места низ целата земја. Досегашната акција резултираше со зголемување на наплатата за 10%.

 

Шверц пред очите на полицијата
[15.05.2003] Македонија е преплавена со нецаринета и неодданоечена стока. Пред очите на полицијата се продаваат шверцувани цигари, облека, прехранбени производи, па дури и техничка стока.

 

Тасева: „Кривична одговорност за продажбата на Телеком“
[15.05.2003] Државната антикорупциска комисија бара кривична одговорност за потписниците на договорот за продажба на Македонски телекомуникации. Членовите на Комисијата го повикаа Државниот јавен обинител да поведе кривична постапка.

 

Околу 400 камиони заглавени на Блаце
[15.05.2003] Околу 400 транспортни возила веќе цела недела се заглавени на царинскиот терминал Блаце. Натоварени со леснозапаллива и расиплива стока, камионите од засега непознати причини не можат да ја преминат границата и да влезат на Косово.

 

ММФ одобрува намалување на буџетот
[15.05.2003] Владата ја има поддршката на ММФ за намалување на буџетот на државата. Коментирајќи го порастот на буџет во последните пет години за дури 500 милиони евра, односно за 60%, шефот на мисијата на ММФ Франк Розвадовски признава дека нивниот притисок досега бил насочен главно кон креирање на буџет во кој расходите што ги планира Владата во најголем дел да се покриваат со даночни приходи, а не со нови задолжувања на државата во странство.

 

Дневно во Косово влегуваат само по триесетина камиони
[16.05.2003] Продолжува агонијата на камионџиите кои веќе неколку дена чекаат да ја преминат македонската граница кај Блаце натоварени со свежа и расиплива стока. Дневно во Косово се уште влегуваат само по триесетина камиони.

 

Владата има шанса за ребаланс на буџетот уште годинава
[16.05.2003] На фискален план приходите се обезбедени согласно предвидувањата, а на расходната страна имаме поголема заштеда од планираното, е оценката на министерот за финансии Петар Гошев за досегашниот тек на полнењето и на трошењето на парите од буџетот.

 

Инспекторите конечно почнаа со контрола по месарниците
[16.05.2003] Ветеринарната и пазарната инспекција дури денеска, речиси два месеца откако производителите на месо предупредија дека смрзнато свинско месо се продава како свежо, почнаа контрола по месарниците.

 

Ајдини го кажа првото „ало“ преку „Космофон“
[16.05.2003] Министерот за транспорт и врски, Милјаим Ајдини денеска го направи првиот телефонски повик преку „Космофон“, новата мрежа за мобилна телефонија во државава на вториот мобилен оператор „МТС услуги“.

 

Најавено намалување на цената на телефонот
[16.05.2003] Иако официјално не призна, првиот човек на Телеком Атила Сендреј најави намалување на цените на телефонските услуги. Сендреј вели дека Телеком ќе преговара со Управата за телекомуникации и потоа ќе се донесе решение за промена на цените кое ќе биде прифатливо и за граѓаните.

 

Во Скопје се одржа годишното собрание на холандската конституенца
[17.05.2003] Треба да и помогнеме на Македонија од програмата за оджување на мирот да премине во фаза на спроведување на законите и добро владеење внимавајќи на одржување на меѓуетничата стабилност.

 

„Хеленик Петролеум“ го одби предлогот за демоноплизација на „Окта“
[17.05.2003] Раководството на „Хеленик Петролеум“ го одби предлогот на македонската страна за демоноплизација на „Окта“. Поради тоа пропаднаа денешните преговори на заедничкиот грчко-македонски тим што треба да го измени договорот за продажба на скопската рафинерија.

 

Од утре испорака на струја од Бугарија за Македонија
[18.05.2003] Бугарската Национална компанија за електрична енергија соопшти дека од утре ќе почне да испорачува електрична енергија за Македонија и Грција.

 

Стотици страници за криминалот на Смиленски
[18.05.2003] Стотици страници документи и докази за криминалните бизниси на контроверзниот Методија Смиленски се доставени до МВР, до Јавниот обвинител и Комисијата за спречување на корупцијата.

 

Уставниот суд го „чешла“ имотот на политичките партии
[19.05.2003] По пет месеци од барањето на Уставниот суд, владините институции конечно започнаа со контрола на имотот на политичките партии. Даночните инспектори влегоа во седиштата на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, каде трет ден се контролира документација за имотот на овие партии.

 

Два нови погони на скопска „Пивара“
[19.05.2003] Со инвестицијата од 55 милиони евра, обезбедени од сопствени средства, скопска „Пивара“ го проширува бизнисот со два нови производни погони. Едниот за производство на пиво, а другиот за „Кока кола“ пијалаците. Оваа инвестиција се проценува дека е една од најголемите во Македонија, па и во регионот.

 

Од полноќ бензинот поевтин
[19.05.2003] Од ноќеска на полноќ нови, пониски цени на бензините. Владата денеска донела одлука бензините да поефтинат во просек за 12,6%, односно за 5,5 денари по литар.

 

Камионите на Блаце се движат со побрзо темпо
[19.05.2003] Камионџиите кои веќе еден месец со денови чекаа да ја минат македонската граница кај Блаце за влез на Косово, натоварени со свеж зеленчук и овошје, како и запаливи материјали, од изминатиов викенд се движат со многу побрзо темпо.

 

Aкционерите од тутунските фирми најавуваат протести
[20.05.2003] Aкционерите од „Македонија табак“, Тутунскиот комбинат Куманово, „Таља Бикова“ од Гевгелија и „Тетово табак“ ќе организираат протести пред надлежните владини институции и пред куќите на сите инволвирани во раскрчмувањето на имотот на овие тутунски претпријатија.

 

МРТ ќе ги замрзне сите договори за реклами
[20.05.2003] Раководството на Македонската радиотелевизија реши да ги замрзне сите договори за реклами. Целта на ваквиот потег е да се заштити јавното претрпијатие од финансиските злоупотреби кои ја доведоа МРТ пред можен колапс.

 

Нова нумерација на телефонските броеви
[20.05.2003] Од следниот месец Телеком воведува седмоцифрени броеви на подрачјето на Скопје, а шестоцифрени во градовите каде има петоцифрена нумерологија.

 

Стартуваа преговорите за поевтинување на телефонското „ало“
[20.05.2003] Доцна попладнево стратуваа преговорите меѓу Управата за телекомуникации и раководството на Телеком за намалување на цените на телефонските услуги.

 

Сорос ги продава американските долари
[21.05.2003] Милијардерот Џорџ Сорос во итервју за „CNBS“ рече дека ги продава американските долари и купува евра и канадски, австралијски и новозеландски долари. После оваа негова изјава еврото достигна вредност од 1,17 во однос на американскиот долар.

 

ССМ со свои кандидати на претстојните избори
[21.05.2003] Синдикланиот лидер Ванчо Муратовски веќе и јавно ги изнесе своите политички амбиции, кои досега срамежливо ги најавуваше.

 

Тамбурковски стечаен управник на МХК „Злетово“
[21.05.2003] Металуршко-хемискиот комбинат „Злетово“ А.Д. Велес е во стечај, а негов стечаен управник е Владислав Тамбурковски. Вака одлучи Апелациониот суд во Скопје, откако ја отфрли како неоснована жалбата на менаџментот на фирмата.

 

Бизнисменот Богдан Дамјановски со најдобра понуда за ФАС
[21.05.2003] Од деветте заинтересирани купувачи за скопската фабрика за автобуси „11 Октомври“, најдобра понуда достави бизнисменот Богдан Дамјановски. Тој за целиот имот на фабриката нуди 12 милиони евра.

 

Бесплатни „Маестро“ картички за матурантите
[22.05.2003] Најпопуларниот македонски пејач Тоше Проески и Интернационална Приватна Банка ќе им подарат бесплатни „Маестро“ картички на матурантите кои на 24 мај ќе дојдат во просториите на Банката во центарот на Скопје и со себе ќе носат лична карта или пасош и една фотографија.

 

Експресно акционерско собрание на „Табак осигурување“
[22.05.2003] Акционерското собрание на „Табак осигурување“, каде директор е Весна Таковска, сестра на контроверзниот Стевче Коцевски, кој се уште е во притвор, денеска заврши експресно за само еден час, а сите одлуки беа донесени едногласно, наспроти очекувањата за бурна седница и спротиставени мислења и ставови во оваа фирма, која е под директно партиско влијание од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Прекубројните од ЕСМ ќе си заминат во септември
[22.05.2003] Прекубројните од Електростопанство ќе си заминат во септември, а отпуштањето ќе се спроведе по претходно бодирање, при што како главни критериуми ќе бидат стажот и стручноста, соопшти денеска ЕСМ.

 

Увоз на шеќер само со одобрение од Министерството за економија
[22.05.2003] Успешно финишираше лобирањето на Битолската шеќерана која по влезот на Македонија во Светската трговска огранизација бараше државата да ја заштити од нелојалната конкуренција.

 

Изгубена битката за враќање на социјалните станови
[22.05.2003] 400 семејства на кои екс владата им додели станови, а оваа со образложение за незаконска поделба им ги одзеде, и дефинитивно ја изгубија битката пред македонските институции за враќање на становите.

 

Платите замрзнати, струјата поскапува, земјоделските субвенции намалени
[22.05.2003] Струјата да поскапи за 7% до 1. јули, за шесте проблематични банки да се преземат крајни мерки ако не се поправат до крајот на јули и да се скратат за 1/3 субвенциите во земјоделството. Ова се само дел од работите што Владата се обврзува да ги спроведе годинава како дел од нејзината политика, поддржана со аранжман со ММФ.

 

„Фершпед“ со најголема понуда за загубарот „Годел“
[23.05.2003] Скопски „Фершепед“ понуди најмногу пари 2,3 милиони евра за кожарскиот комбинат „Годел“ на меѓународниот тендер што беше објавен за продажба на оваа фирма загубар. По завршување на законскиот рок во кој треба и официјално да биде објавено која понуда е најдобра следува рок од 21 ден во кој купувачот ќе треба да ги уплати ветените пари.

 

Велешкиот мотел „Лозар“ го доби Марјан Ѓошев
[23.05.2003] Скопскиот апелационен суд му го потврди правото на владение со мотелот „Лозар“на велешкото езеро „Младост“на ново формираното АД „Лозар“, мотел во кој директор е екс финансовата директорка на велешкиот Агрокомбинат Трајанка Петровска, а член на Управниот одбор е поранешниот директор Марјан Ѓошев.

 

Загубарот „Руен“ нема купувач
[23.05.2003] За фирмата „Руен“ од Кочани ниту еден заинтересиран купувач не доставил понуда на меѓународниот тендер што беше обајвен пред еден месец, иако биле подигнати тендерски документи од повеќе заинтересирани лица.

 

„Хеленик Петролеум“ бара 170 милиони долари оштета
[23.05.2003] Како што се дознава последната рудна преговори пропандала поради барањето за отшета. Тимот на председателот на управниот одбор на „Хеленик Петролеум“, Атанасиос Карахаљас побарал тригодишен мораториум на бенифициите од договорот за „Окта“ и наплата на оштета.

 

Базните станици на „Оте“ блиски со „Мобимак“
[23.05.2003] Управата за телекомуникации ќе преиспита некои спорни локации на кои вториот мобилен оператор „Оте“ ги гради своите базни станици. Станува збор за неколку места каде базните станици на „Оте“ се премногу блиску до оние на „Мобимак“ што би можело да предизвика сериозни пречки во мобилните телефонски мрежи.

 

Тоше подели над 300 бесплатни „Маестро картички“
[24.05.2003] Најпопуларната македонска поп ѕвезда Тоше Проески и Интернационална приватна банка денеска во Скопје на повеќе од 300 матуранти бесплатно им подарија „Маестро картички“.

 

„Мајкрософт“ ќе инвестира во македонскиот пазар
[24.05.2003] Светскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ создава терен за директен влез на македонскиот пазар. Според потврдени информации, претставници на „Мајкрософт“ веќе се во преговори со македонската Влада за евентуално инвестирање во земјава. Тоа би значело не само трансфер на лиценци, туку и на знаење, велат доброупатените.

 

Неизвесна премијата за тутунарите
[25.05.2003] Продолжува неизвесноста на околу 200.000 луѓе кои живеат од тутунот, околу тоа дали државата ќе им додели по 30 денари премија за секој килограм продаден тутун, пред се поради ниската откупна цена што беше постигната годинава.

 

Од 1-ви јуни ќе се воведе скратена постапка на царинење
[26.05.2003] Од 1-ви јуни најголемите македонски фирми што ќе ги исполнат условите за тоа, ќе можат да ги користат бенифициите од тнр. скратена постапка на царинење.

 

Канаѓаните нема да се откажат од македонски пошти
[26.05.2003] Спорните делови од договорот за влез на канадски пошти во јавното поштенско претрпијатие се утврдени, на потег се Канаѓаните. Владата чека канадската страна да и одговори дали се согласува со измена на одредбите од договорот што кабинетот на Црвенскови ги оцени за штетни.

 

Даравелски буџетските пари ги трошел за приватни спонзорства
[26.05.2003] Екс директор на царинската управа, Драган Даравелски во 2001-ва година отворил специјална сметка на царината во Комерцијално инвестиционата банка во Куманово. Оваа сметка во која завршувале главно парите од транзитните такси, фукционирала се до заминувањето на Даравелски од царината.

 

Рударите на „Бучим“ денеска на штрјак
[26.05.2003] Бучим не работи, газдата заминал, владата пасивна, работниците денеска дојдоа во Скопје со барање од кабинетот на Црвенковски да ја прекине агонијата на радовишкиот рудник за бакар и злато. Рударите ги потсетија партиите на власт на ветувањата што им ги дале пред изборите.

 

Вработените на Транс Велес со обвинување до скопските судии
[26.05.2003] „Земи си ги парите - врати ни ја фирмата“, ваква порака испратија вработените на Транс Велес до скопските судии со обвинување дека тие го штитат криминалот на бизнисменот Илија Тепев, сегашен директор на велешката фирма.

 

Вработените во „Газела“ на протест пред Апелациониот суд
[27.05.2003] Околу 1.000 работници од скопска „Газела“ утре ќе протестираат пред Апелациониот суд во Скопје, незадолни што веќе еден месец судот не сака да отвори стечај на „Газела 2001“, фирма што ја регистрираше италијанецот Флориан Дос откако ја купи скопска „Газела“.

 

За ФАС најдобра понудата на бизнисменот Тодоровски
[27.05.2003] Одборот на доверители на ФАС „11 Октомври“ денеска ја оцени како најдобра понудата на бизнисменот Богдан Тодоровски за купување на целиот имот на фабриката за автобуси.

 

Во Македонија се легализирани само 15% од софтверите
[27.05.2003] Цели 85% од софтверското портфолио во Македонија функционира на црно, што значи дека само 15% од софтверите се легализирани.

 

„Ер Вардар“ не доби дозвола за летање
[27.05.2003] Воздухопловните власти денеска го одбија барањето на „Ер Вардар“ за добивање АОЦЕ сертификат неопходен за вршење на авиосообраќај, дознава А1.

 

Еврото ја зголемува вредноста во однос на доларот
[28.05.2003] До крајот на годинава европската валута ќе го достигне нивото од рекордни 1,24 долари, прогнозираат западноевропските аналитичари.

 

„Газела 2001“ нема да оди во стечај
[28.05.2003] „Газела 2001“, фирмата на Италијанецот Флориан Дос, кој ја купи скопската фабрика „Газела“, нема да оди во стечај, како што бараа работниците. Оваа одлука денеска ја потврди Апелациониот суд, прифаќајќи ја жалбата на сопственикот Дос да не се отвора стечај на „Газела 2001“.

 

Нема мајски сметки за телефон додека не се преиспита поскапувањето
[28.05.2003] Телеком нема да ги доставува телефонските сметки за мај пред да се знае дали и дефинитивно важи поскапувањето, дознава А1 од извори во Македонски телекомуникации.

 

Рашомонијада со акционерските гласови на „ЕМО“
[28.05.2003] Акционерите на охридски „ЕМО“, каде се штрајкува две години, денеска одржа акционерско собрание со силно полициско и приватно обезбедување. На акционерите кои поседуваат 25% од капиталот на фирмата им било одземено правото да учестуваат на собранието.

 

Милионска загуба на „Македонска банка“
[28.05.2003] „Македонска банка“ трета година по ред ја завршува со загуба. Наспроти наодите на банката за минимална добивка, ревизорската куќа „Прајс Ватерс Куперс“ во усната информација презентирана пред акционерите констатирала дека „Македонска банка“ 2002 година остварила загуба од 5,7 милиони евра.

 

Апел за меѓународно финансирање на Коридорот 8
[28.05.2003] Бугарија, Македонија и Албанија покренаа апел за меѓународно финансирање за изградба на пат и железничка линија меѓу Црното и Јадранското Море, проект кој беше нарушен поради конфликтот на Балканот.

 

„Комерцијална банка“ ги намалува каматите на кредитите
[28.05.2003] „Комерцијална банка“ објави дека ги намалува каматите на кредитите. За кредитите што се наменети за фирмите каматите ќе паднат меѓу два и три процентни поени во зависност од бонитетот на компаниите. 

 

„Астибо“ прoдаден на штипски конзорциум
[28.05.2003] По два неуспешни обиди за продажба на „Астибо“, денеска на жиро сметката на најголемата модна куќа легнаа 1.740.000 евра. Конзорциумот од 9 штипски конфекции кои произлегоа од „Астибо“, предводена од модната куќа „Модена“, исплата ја изврши со 40% сопствени и 60% средства банкарски кредит.

 

Штрајкувачите во „ЕМО“ со блокади на патни правци
[29.05.2003] Штрајкувачите во „ЕМО“ денеска од 10 до 12 часот ќе ги блокираат главните патни правци во градовите каде што има фабрики на оваа компанија - Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Македонски Брод, Крушево, Скопје, Гевгелија и Штип.

 

Постигнат договор меѓу владата и канадски пошти
[29.05.2003] Македонската влада и канадски пошти ги надминале недоразабирањата за нивно преземање на јавното поштенско претпријатие, соопшти денеска централата на канадски пошти.

 

Штрајк на вработените во фабриката „Треска“
[29.05.2003] Работниците од фабриката „Треска“ по повеќе од една година внатрешни превривања и несогласувања, денеска излегоа на штрајк во кругот на фабриката. Тие побараа смена на менаџерскиот тим и на претседателот на управниот одбор Петруш Стефанов кој веќе 5 години управува со фирмата.

 

Хидроцентралата „Козјак“ влегува во финална фаза
[29.05.2003] Една од поголемите инвестиции во македонското електростопанство хидроцентралата „Козјак“ влегува во финална фаза. Денеска почна полнењето со вода на акумулацијата. Во функција електраната ќе биде пуштена наредната година.

 

ВМРО ДПМНЕ поседува огромен имот
[29.05.2003] ВМРО ДПМНЕ поседува огромен имот, фирми, банки, вили, хотели, за што веќе се обезбедени докази, дознава А1 од извори во Управата за јавни приходи.

 

Малиот и средниот бизнис во Македонија блокирани
[30.05.2003] Сивата економија, скапите кредити и економско - политичката нестабилност го стопираат и блокираат развојот на малиот и среден бизнис во Македонија. Ова е оценка на домашни и странски експерти на експертскиот форум во Скопје, која ќе биде пренесена на годишниот самит на ЦЕИ во Варшава.

 

Во Македонија има 384.000 невработени
[30.05.2003] Невработеноста во Македонија и натаму расте. Според последните податоци на Заводот за вработување, бројот на невработени изнесува 384.000 лица.

 

Владината намера за 200 милиони евра во јавниот сектор дефектна
[30.05.2003] Владата планира да потроши повеќе од 200 милиони евра за проекти во јавниот сектор, во обид да поттурне нов инвестиционен циклус. Иако како бројка не станува збор за мали пари, оваа владина намера е дефектна од повеќе причини.

 

Пет државни компании 2002 ја завршиле со загуба
[30.05.2003] Пет од десетте македонски компании што 2002 година ја завршиле со најголема загуба се под јаслите на државата - „Македонски железници“, „Македонски шуми“, рудниците „Саса“ и „Злетово“ и скопска „Алумина“.

 

Економски и туристички промотивен центар во Охрид
[30.05.2003] Во Охрид денеска е отворен економски и туристички промотивен центар „Визија“, чија основна цел е организирана промоција на охридската туристичка понуда во национални или меѓународни рамки.

 

Од 01.06 Скопје со седумцифрени телефони
[30.05.2003] Претплатниците во фиксната телефонија во Скопје од задутре ќе добијат седумцифрена нумерација. Телефонските броеви кои почнуваат со 4, 5, 6 и 7, односно во Лисиче, Ченто, Чаир и Кисела Вода ќе почнуваат со 2.

 

Натпреварот за освојување на ирачкиот пазар почна
[31.05.2003] Натпреварот за освојување на ирачкиот пазар почна. Македонските градежни компании ќе се обидат таму да настапат како подизведувачи на американската компанија Бехтел. Контактите се остварени преку проектот за конкурентност на Македонија Ем Си Еј, финансиран од американската влада.

 

Арачиновци без струја, ЕСМ ги наплаќа своите долгови
[31.05.2003] Арачиновци синоќа пет часа останаа без струја. Тие со години не ги плаќале сметките  па на ЕСМ му борчат 65 милиони денари.

 

Групацијата на светска банка со помош за развој на претпријатијата
[31.05.2003] Групацијата при светската банка за развој на претпријатијата во југоисточна Европа - „Сеед“, повеќе од две години работи на програмата за развој на малите и средни претпријатија во Македонија, со примарна цел развој на претприемаштвото.

 

Изградбата на ХЦ „Лера“ во ХС „Стрежево“ неизвесна
[31.05.2003] Изградбата на хидроелектричната централа „Лера“ во хидросистемот „Стрежево“ е неизвесна. Договорените услови со шпанскиот кредитор се неповолни, а ја зголемуваат инвестицијата за осум милиони евра.

 

Новата телефонска нумерација стартува утре
[31.05.2003] Новата седумцифрена нумерација на фискините телефони во Скопје, како што соопшти македонскиот Телеком, стартува утре.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk