Дома Skrieni strasti - sekoj den vo 9 casot
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
   Македонија
   Економија
   Балкан
   Свет
А1 вести на вашиот e-mail

Македонска берза
 Бетон Скопје
1.330,00 -0,89% 
 Алкалоид
1.900,00 +4,35% 
 Земјод. К. Пелагонија Битола
325,00 +0,62% 
 Комерциална Банка Скопје
4.100,00 -3,18% 
 Комуна Скопје
222,00 -1,07% 
 Обврзници (денационализација) - I емисија
67,00% +0,75% 
 Обврзници (денационализација) - III
67,10% +0,84% 
 Макпетрол Скопје
12.150,00 +0,05% 
 Скопски Пазар Скопје
2.750,00 +1,86% 
 Топлификација Скопје
1.460,00 +1.47% 
Индекси
 Мак. берза МБИ
 1.293,88 +6,92 +0,54% 
Курс - менувачници
 EUR 61,60 +0,00% 
 USD 48,00 -1,19% 
 EUR / USD 1,2833  
Курс - НБРМ
 EUR 61,49 +1,64% 
 USD 48,27 -2,01% 
 EUR / USD 1,2738  
 

 Дома > Вести > Економија

 

Нова авикомпанија на македонското небо

Горан Петрески
06.05.2003
„Ер Вардар“ очекува дозвола за летање за 15 дена
 

Македонија наскоро ќе добие нова авикомпанија. Станува збор за „Ер Вардар“, која минатитот втроник побарала од Управата за цивилна воздушна пловидба да и даде согласност за работа.

Компанијата очекува во рок од 15 дена воздухопловните власти да и издадат дозволата за летање, за да се вклучи во македонскиот авиобизнис.

Според информациите на А1, основачи на новата авиокомпанија се македонско-косовската компанија „Раизебиро“ и една компанија од Катар.

„Раизбиро“ пред три месеци во весникот на албански јазик „Факти“ објави оглас дека почнала проект за формирање на нова авикомпанија за Косово и за Македонија.

Во огласот беа повикани сите заинтересирани поединци и фирми од Македонија, Косово и од албанската дијаспора да се вклучат во проектот.

Во тек е комплетирање на персоналот на новата авикомпанија и избор на осигурителна компанија за осигурување на изнајмените авинони со кои би се вклучила во авиосообраќајот.

„Ер Вардар“, според нашите информации, планира да почне да лета во средината на наредниот месец.

Првиот човек на македонските воздухопловни власти, Илир Мехмеди, најавувајќи ревизија на договорот со МАТ пред неколку месеци, изјави дека тоа ќе ги охрабри сите кои сакаат да се вклучат во домашниот авиобизнис.

„Можно е некој да побара да формира нова компанија која ќе има структура на професионални лица, а не оние кои веќе се експонирани“, рече тогаш Мехмеди.

Очигледно е дека Мехмеди уште тогаш бил запознаен со амбициите на основачите на „Ер Вардар“. Тој денеска не беше достапен за каков било коментар.

Верзија за печатење

Верзија за печатење

Прати ја оваа вест по e-mail

Прати по e-mail


Вести поврзани со оваа
• Пилотите целосно ја поддржуваат УЦВП [06.02.2003]
• МАТ нема да биде редовен авиопревозник [05.02.2003]
• Преиспитување на ексклузивниот статус на МАТ? [24.01.2003]
• Турците го актуелизираат стопанисувањето со скопскиот аеродром [13.12.2002]
• „Авиоимпекс“ бара укинување на монополот на МАТ [04.12.2002]

Најнови вести од Економија
•  Нема конкретни податоци за продажбата на Саса
•  Најзвучните компании против новиот закон за заштита на конкуренцијата
•  Владата предлага укинување на 4 државни институции
•  Работниците од „Трубарево“ наместо плата, ќе добијат отказ
•  Космофон ќе го смени сопственикот
•  „Трафалгар рисорсис“ била формирана специјално за купување на рудниците
•  Царината доби донација од КАРДС програмата
•  Поповски: „Царините се намалени заради намалените царински стапки“
 

 A1 mail листа

 A1 на SMS

 A1 на PDA

 A1 на WAP

A1 vesti na internet vo RealVideo format

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk