Дома А1 вести во real video формат
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Економија > Архива > Октомври 2002

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Најновите А1 вести на вашиот мобилен телефон
 

АРХИВА: Економија, Октомври 2002


 

Скопје претесно за продавачите на овошје и зеленчук
[01.10.2002] Градските власти утре ќе ги дислоцираат пазарџиите кои продаваат зеленчук и овошје од камиони и од населбата Кисела Вода, откако вчера беа предупредени да се тргнат од „Јужниот булевар“. Во меѓувреме, граѓаните од околните згради се закануваат дека ќе ја блокираат улицата каде се лоцирани камионите, се додека тие не бидат тргнати од оваа локација.

 

„Лозар“ стана фамилијарна фирма на директорот Ѓошев
[01.10.2002] Додека вработените на велешки „Лозар“ со потписи се обидуваат да си ги повратат акциите кои ги дадоа на управување на диреторот Маријан Ѓошев, тој имотот на комбинатот го пренесува на име на своите најблиски, на синот и на таткото, тврдат извори на А1.

 

Скопјани ги oчекуваат поголеми цени за парно греење
[01.10.2002] Граѓаните на Скопје денеска добија парно греење, а наскоро ќе добијат и нови, за 12% повисоки сметки. Во Топлификација очекуваат владата да им го одобри барањето за зголемување на цените на парното греење.

 

Зимава ќе нема со што да се чисти снегот
[01.10.2002] Околу 750 работници на „Македонија пат“ од скопската подружница и од единицата „Автопат“ најавуваат штрајк, поради, како што велат, катастрофалната состојба во која се наоѓа фирмата.

 

Рударите на „Саса“ утре на мирен протест
[02.10.2002] Синдикалната организација на рудници „Саса“ и „Злетово“ констатира безизлезна состојба во рударството, која, според нив, е наметната од владата во заминување.

 

Oдложено редислоцирањето на пазарџиите
[02.10.2002] Пазарџиите кои на диво продаваат зеленчук и овошје на новата локација во Кисела Вода, иако беше најавено, денеска не беа дислоцирани од оваа локација.

 

Работниците на „Македонија пат“ бараат плата најдоцна до петок
[02.10.2002] Загубите во „Македонија пат“ се бројат во милионски суми евра, платите доцнат, механизацијата за расчистување снег е во очајна состојба, а во фирмата само во последниов изборен период се вработени околу 300 луѓе, тврди иницијативниот одбор за преговори со раководството на ова јавно претпријатие, формиран денеска од сите 6 подружници од цела Македонија.

 

Упад на даночните инспекторите во синдикатот
[02.10.2002] Инспекторите на Управата за јавни приходи утрово влегоа во ССМ со налог да запленат дел од имотот на синдикалците како надомест за неплатениот данок во вредност од 5 милиони денари. Упадот како што велат во ССМ, следувал откако добиле негативен одговор на барањето за плаќање на данокот на рати.

 

„Саса“ бара исплата на плати и репроматријали
[03.10.2002] Рударите на Саса и Зелетово денеска од владата во заминување побараа таа да ја исполни својата последна одлука за овие два загубари - исплата на пари за плати и репроматријали. Наместо претставници на се уште актуелната влада, рударите добија ветување за решавање на проблемот од Тито Петковски, пратеник од коалицијата „За“ од изборната единица во која влегува Македонска Каменица.

 

Граѓаните се` посиромашни
[03.10.2002] Додека нашите пратеници на власта гледаат како на високопрофитабилен бизнис во кој до државните институции се испорачуваат надувани фактури, а државниот имот се расподава и подарува, сметката на крајот мора да се плати. А таа стига до граѓаните кои стануваа се посиромашни.

 

Пеце Наумовски од врвен кошаркар до пратеник преку профитирање
[03.10.2002] Новиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, кошаркарот Пеце Наумовски, два дена пред изборите, со скопската општина Центар склучил договор за закуп на два хектари земјиште на Водно. „Вест“ во утрешниот број објавува копии од имотниот лист, според кои Наумовски е закупец на екслузивното земјиште околу хотелот „Панорама“ до 2004-та година.

 

Фирмата на екс пратеникот Анушев под стечај
[03.10.2002] Фирмата на екс пратеникот Љупчо Анушев, „Термо Скопје“ отиде во стечај, откако остана должна околу 300 илјади евра, главно на неколку деловни банки во државава.

 

Освен Наумовски плацеви добиле и други луѓе на власта
[04.10.2002] Владата продолжува да дели локации за изградба со тоа што од реонот на Водно се префрла и на други парцели во потесното градско подрачје. Само во делот околу Буњаковец на луѓе блиски на поранешната власт изминатава недела се доделени 5 до 6 локации

 

Oпструкции на македонската берза
[04.10.2002] 40% од акцинерите, сопственици на македонски компании имаат ограничувања во акцинерството. Преку договори кои доброволно или под закана со отказ ги потпишале со менаџерските тимови, на акционерите им се ограничени правата на управување или на располагање, односно продавање на своите акции.

 

Само 300 работници од екс „Југохром“ социјално осигурани
[04.10.2002] 680 работници на некогашен „Југохром“ со продажбата на тетовскиот комбинат остануваат на улица. Спасот го гледаат единствено во враќање на фамозниот закон за загубарите кој на работниците со над 25 години стаж ќе им обезбеди надомест до нивното пензионирање или повторно вработување.

 

Пазарџиите но, и полицијата од понеделник на Кванташки
[04.10.2002] Oд понеделник по неколку месечно отсуство, на Кванташкиот пазар повторно се враќа полицијата, како предуслов за непречено функционирање на пазарот на големо, изјави Цветко Мицевски главен инспектор за патен сообраќај во Скопје.

 

Словенците задоволни од работата на директорот на „Нова Македонија“
[04.10.2002] По откупот на 69,8% од акциите на „Нова Македонија“, словенечката „Југ услуги“ денеска го одржа првото собрание на акционери. По седницата следуваат две контрадикторни информации.

 

Семејството Ѓошеви сопственик на атрактивните објекти на „Лозар“
[05.10.2002] Информацијата на А1 дека семејството Ѓошеви е сопственик на мотелот на влешкото езеро и продавниците на велешки „Лозар“ денеска ја потврди и директорот во фирмата Маријан Ѓошев но, тој вели дека акциите главно се водат на негово нме.

 

На Македонија и` се заканува глад
[06.10.2002] На Македонија и се заканува глад, бидејки обилните и континуирани дождови го оневозможија собирањето на индустриските домати и пиперки, на јаболките, грозјето и на останатите земјоделски производи, а под знак прашање е и престојната есенска сеидба.

 

И Ѕинго добил државен плац на Водно
[07.10.2002] Министерот за транспорт и врски Љупчо Балковски потврди дека се делени атрактивни локации на подножјето на Водно и во повеќе скопски населби, но според него тоа се правело законски и во интерес на граѓаните.

 

Мобимак и ОТЕ ја договорија цената на импулсите
[07.10.2002] Mобимак и OTE во среда ќе потпишат договр за меѓусебно поврзување на мрежите. Tоа практично значи дека се договорени цените на импулсите за разговорите од мобилен на мобилен телефон од едната во другата мрежа.

 

Падот на индустриското производство не запира
[07.10.2002] Падот на индустриското производство не запира. Овој тренд го потврдуваат и последните статистички податоци. Во август индустриското производство паднало во однос на минатогодишниот просек за цели 20%. Како последица на континуираниот пад на производството не е исклучено Македонија и годинава да ја заврши со пад на бруто домашниот производ.

 

Конфекционерките од „Вера Јоциќ“ на штрајк
[07.10.2002] Околу 300 вработени од конфекцијата „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица веќе пет дена се во штрајк. Работниците бараат редовна исплата на личниот доход согласно критериумите на државно ниво, исплата на заостанатиот и тековниот долг за придонеси во траење од пет години и дополнителна проценка на новиот машински парк кој не влегол во проценката.

 

Забранет влез за акционерите во „Македонија табак“
[07.10.2002] Акционерите на „Македонија табак“ денеска беа спречени во обидот да одржат акционерско собрание во кругот на фирмата. Раководството на „Табак 2000“ преку обезбедувањето им порача дека не можат да влезат во зградата. Акционерите бараат поништување на постапката со која пред две години имотот на „Македонија табак“ вреден 9 милиони евра нелегално беше префрлен на име на новоформираната „Македонија табак 2000“.

 

Полицијата ги дислоцира дивите пазарџии
[08.10.2002] Вечерва дивите пазарџии се дислоцирани од населбата Кисела Вода. Во текот на минатата ноќ полицијата ја блокираше улицата на која продаваат камионџиите.

 

Македонија ќе добие најмалку од златото на екс СФРЈ
[08.10.2002] Македонија со поделба на златото на екс СФРЈ, кое се наоѓа во банките во Швајцарија и Франција и кое вреди 84 милиони долари ќе добие 7,5%. Сите останати земји наследнички добиваат повеќе - СРЈ добива 38%, Хрватска 23%, Словенија 16% и БиХ 15,5%.

 

Репрограмирани долговите на претпријатијата кон ПИОМ
[08.10.2002] Со одлука на владата во оставка, донесена на претпоследната седница, на претпријатијата кои се во лоша финасиска состојба ќе им бидат репрограмирани долговите кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување по основ на неплатени придонеси за ПИО.

 

Арсов разрешен од функцијата директор на Агенцијата за спречување на перење пари
[08.10.2002] Два дена по изборите Дарко Арсов е разрешен од функцијата директор на Агенцијата за спречување на перење пари. Смената настанала на барање на Арсов, кој се вратил на старото работно место во Агенцијата за разузнавање.

 

Пилотите на протест на скопскиот аеродром
[09.10.2002] Mакедонските пилоти ќе протестираат на скопскиот аеродром, ако воздухопловните власти не им забранат на странските државјани да управуваат со авионите на MAT. Tие од повеќе државни инстутуции бараат веднаш да почне примената на законот за цивилна воздушна пловидба и се закануваат дека во спротивно нема да им дозволат на странските пилоти да влезат во македонските авиони.

 

Министерот за транспорт и врски го изиграл законот
[09.10.2002] Министерот за транспорт и врски го изигрува законот доделувајќи земјиште по пат на непосредна спогодба, вели главниот градски архитект Никола Велковски. Според него, државата е оштетена за милионски суми евра со на овој начин доделените локации.

 

Намалување на корупцијата треба да биде прва задача на новата влада
[09.10.2002] Македонија се соочува со висок степен на корупција и нејзиното намалување треба да биде прва задача на новата влада, порачаа денеска преставниците од македонскиот комитет при „СЕКИ“ - корпоративната иницијатива за Југоисточна Европа.

 

„Мобимак“ му посака добредојде на „ОТЕ“
[09.10.2002] „Мобимак“ му посака добредојде на својот конкурент во мобилната телефонија, грчки „ОТЕ“. Денеска двата оператори, по интервенција на Управата за телекомуникации, го потпишаа договорот за меѓусебно поврзување на мрежите.

 

Поврзувањето на ОТЕ и Мобимак не гарантира пониска цена на импулсот
[10.10.2002] Вчера потпишаниот договор за меѓусебно поврзување на мрежите на „ОТЕ“ и „Мобимак“ не гарантира дека цените на импулсите за разговор од мобилен на мобилен телефон од едната во другата мрежа ќе се намалат за 30%, како што вчера најави директорот на Управата за телекомуникации. Ова денеска го соопшти раководството на се уште единствениот мобилен оператор во земјава „Мобимак“.

 

Организацијата на потрошувачите незадоволна од услугите за граѓаните
[10.10.2002] Организацијата на потрошувачите на Македонија не е задоволна од начинот на кој досега беа заштитени граѓаните од разните услуги што ги добиваат и токму поради тоа оваа невладина организација ќе достави програма со приоритетни проблеми што треба да се решаваат до политичките партии што ја освоија власта.

 

Манолев: „Пилотите не се во право“
[10.10.2002] „Пилотите може и да протестираат ако сакаат, ама не се во право. Тие законот го толкуваат како што нив им одговара“, е реакцијата на директорот на Управата за цивилна воздушна пловидба Миле Манолев на барањето на македонските пилоти.

 

Бодигарди на директорот тепаа работници на „Оранжерии“
[10.10.2002] Денеска околу 13 часот во гевгелиски „Оранжерии“ се случи тежок инцидент при упадот на непознати рекетари, дојдени со два автомобила без регистарски таблички, донесени од самоименуваниот директор Тодор Кралев, пулен на екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски, при што во медицинскиот центар со тешки телесни повреди завршија двајца вработени. Едниот е со тежок потрес на мозокот, а другиот со повреди на вилицата.

 

Гошев: „Реформи со засилено темпо“
[10.10.2002] „Ќе работиме на три основни пункта за да обезбедиме подобар стандард за македонските граѓани“, вели идниот министер за финансии во македонската влада Петар Гошев.

 

Затворени рудниците „Саса“ и „Злетово“
[11.10.2002] Иако се свесни дека затворањето на рудното наоѓалиште од таков капацитет би можело да носи ризик дека воопшто и некогаш би можело и да проработи рентабилно управниот одбор на рудниците „Саса“ едноставно е принуден да го затвори рудникот.

 

Велешки „Лозар“ се распродава за бадијала
[11.10.2002] Распродажбата на имотот на велешки „Лозар“ со попуст од цели 80% интензивно продолжува. Неделава на берзата, преку блок трансакции беа продадени пакети акции од две друштва на „Лозар“ - големопродажбата и агросервисот.

 

Како договореното со СТО ќе влијае врз македонската економија?
[13.10.2002] Eкс министрите почнаа да летаат кон Женева, каде на 15-ти октомври ќе биде потпишан меморанудмот за зачленување на Македонија во Светската трговска организација. Во Женева одат Бесник Фетаи, Никола Груевски, Марјан Ѓорчев и Зоран Крстевски.

 

Загубарите ја чекаат новата власт
[14.10.2002] Решавањето на проблемите во фирмите загубари ќе биде статус кво се додека не биде формирана новата влада. Во меѓувреме, работниците од овие фирми се надеваат дека нивните проблеми ќе бидат решени во рамки на социјалната програма што треба да ја потпишат Сојузот на синдикатите и новата Влада.

 

Југохромци бараат раскинување на договорот за продажба
[14.10.2002] На утрешната седница на одборот на доверители на „Југохром“ синдикатот ќе побара раскинување на договорот за продажба на комбинатот на француската „СЦММ“. Синдикалниот лидер Стојче Крстевски ова барање ќе го образложи со тврдење дека Французите не се придржуваат кон договореното.

 

„Форд“ и „Фиат“ се соочуваат со големи проблеми
[14.10.2002] Американската компанија „Форд“ поради дефект мораше да повлече речиси половина милион произведени автомобили. Италијанскиот „Фиат“, пак, се соочува со големи протести по објавата дека ќе отпушти 8.100 вработени поради намалената продажба.

 

Пилотите бараат оставка на Манолев
[14.10.2002] Првиот човек на Управата за цивилна воздушна пловидба Миле Манолев го менува своето мислење според дневно политичките потреби, а не го гради со цел да се спроведе законот за воздушна пловидба, кој јасно регулира дека пилотите мора да се државјани на Македонија, реагира Здружението на пилоти на Македонија, по изјавата на Манолев дека нивната намера за протест е неисправна.

 

ОКТА доби уште едно зголемување на цената на нафтените деривати
[14.10.2002] На една од последните седници на Владата во заминување, рафинеријата ОКТА доби уште едно зголемување на цената на нафтените деривати. Ова зголемување не се одрази врз малопродажната цена, туку е направено на сметка на акцизата.

 

Македонија пристапи кон СТО
[15.10.2002] Генералниот совет на Светската трговска организација денеска на својот состанок во Женева го усвои пакетот документи потребни за пристапување на Република Македонија кон СТО, со што таа стана 145-та полноправна и постојана членка на организацијата, соопшти министерството за економија.

 

Министерството за земјоделство релаксирано кон штетите од дождовите
[15.10.2002] И додека земјоделците во паника од обилните дождови од ден во ден бележат се` поголеми штети на своите ниви, во министерството за земјоделство најрелаксирано констатираат дека нема елементи за прогласување на елементарна непогода, а во спротивно не сметаат дека треба да излезат на терен да ги проценат штетите како појдовна основа за барање решение.

 

Французите ќе останат без фабриката во Јегуновце
[15.10.2002] Доколку француски „СЦММ“, сопственик на „Силмак“, деновиве не ги исполни обврските кон вработените на „Југохром“, договорот за продажба ќе биде раскинат. За овој заклучок на Одборот на доверители писмено е известено раководството на „Силмак“.

 

Фасовци куртулија од Тамбурковски
[15.10.2002] По повеќемесечни настојувања, работниците на ФАС издејствуваа смена на контроверзниот стечаен управник Владислав Тамбурковски. Стечајниот судија пред неколку дена го разреши Тамбурковски од раководното место во ФАС, со образложение дека работел самоволно, неодговорно, земајќи си поголеми ингеренции од оние што му припаѓаат.

 

Манолев не се сретна со пилотите
[16.10.2002] Пилотите и денеска не се сретнаа со првиот човек на воздухопловните власти, Миле Манолев. Иако и пилотското здружение и директорот на управата за цивилна воздушна пловидба беа расположени за средба, состанокот не се одржа затоа што двете страни не се договорија каде да се сретнат.

 

Генерален штрајк на железничарите
[16.10.2002] Вработените на македонски железници утре во 7 часот наутро ќе стапат во генерален штрајк. Ова денеска го најави автономниот синдикат на машинскиот персонал и синдикатот на подружницата влеча од македонски железници.

 

Некоординираноста причина за несумираните штетите од дождовите
[16.10.2002] Има или нема инспекциски екипи на терен за проценка на штетите што ги трпат земјоделците поради обилните дождови? Додека висок функционер во министерството за земјоделство, кој сакаше да остане анонимен, вчера за А1 изјави дека инспекторите ќе одат на нивите само доколку земјоделците од нив тоа го побараат, денеска заменик министерот за земјоделство вели дека стручни екипи веќе работат на теренот. 

 

Стратегијата за намалување на сиромаштијата не функционира
[17.10.2002] Националната стратегија за намалување на  сиромаштијата што ја усвои владата на Георгиевски на заминување се уште не функционира, а Македонија има половина милион сиромашни кои живеат со само 50 евра месечно.

 

САД ги укина високите царини за увоз на челик
[17.10.2002] Америка ги укина високите царини за увоз на челик за 15 земји од светот. Со одлуката за укинување на царините се опфатени речиси сите позначајни производители на челик во Европа и во светот. Македонија уште претходно беше изземена од мерката на САД со која се воведоа царини повисоки и до 30 проценти.

 

Формирана Туристичка комора на Македонија
[17.10.2002] Постоењето еснафска организација од секторот на туризмот ќе придонесе за побрз развој на оваа стопанска гранка, која треба да биде носител на идниот просперитет на Македонија.

 

Уставниот суд забрани распаѓање на Стопанската комора
[17.10.2002] Уставниот суд со времена мерка го забрани распаѓањето на сегашната комора, поделбата на нејзиниот имот и вработените. Новиот закон за стопански комори, скроен од министерството за економија, вчера беше оспорен од судот кој поведе постапка за преиспитување на уставноста на главните одредби од законот и времено ја забрани нивната примена до донесување на конечна одлука.

 

Економските аналитичари претпазливи кон членството во СТО
[17.10.2002] „Македонските фирми ќе бидат под притисок на конкуренцијата од надвор, но ни заштита со високи царински стапки на долг рок не нуди ефекти“, вели Ирена Кикеркова од Економскиот факултет.

 

Продолжува штрајкот на железничарите
[17.10.2002] Штрајкот на македонските железничари продолжува и во наредните денови. По денешните неупспешни преговори со раководството на јавното претпријатие, синдикатот решил железничкиот сообраќај да биде максимално редуциран се додека вработените не ја добијат септемвриската плата и не им се платат придонесите.

 

Авион на НАТО го утна аеродромот
[18.10.2002] Ноќеска во еден часот по полноќ на скопскиот аеродром се случил невообичаен инцидент, во кој за среќа нема жртви, ниту повредени. Мал воен авион на НАТО, во кој имало тројца американски војници, за малку ќе се урнел откако ја загубил контролата, но сепак слетал во тревата покрај аеродромската писта.

 

Пиратите во Македонија годишно вртат 30 милиони долари
[18.10.2002] Продажбата на копии од софтвери, цедеа, филмови и другите права од интелектуална сопственост на пиратерите во Македонија им носи профит од околу 30 милиони долари годишно, додека во светски рамки профитот достигнува и до 20 милијарди долари за една година. Со зачленувањето во СТО, Македонија ќе мора да работи на елиминирање на пиратството, Во спротивно можни се меѓународни санкции, предупредуваат експертите.

 

Уставниот суд ќе пресече дали котирањето на берзата ќе биде задолжително
[18.10.2002] Уставниот суд ќе пресече дали македонските акционерски друштва и навистина ќе мораат од 1-ви декември годинава да котираат на берзата, што практично би значело да се отворат за јавноста.

 

Управата за телекомуникации го турка Телеком за поврзување со ОТЕ
[18.10.2002] Управата за телекомуникации најверојатно уште денеска ќе достави обврзувачки договор до ОТЕ и Македонски телекомуникации за цената на поврзување на двете фирми. Со тој договор, еднаш веќе одбиен од страна  на Телекомот, според информациите, се создаваат услови за значително намалување на цената на разговорите меѓу фиксен и мобилен телефон, но со тоа би  се намалил и ќарот на Телекомот.

 

Социјалните станови се делат на богати семејства
[19.10.2002] Социјалните станови не се делеле на социјални случаи, туку на богати семејства. Ова е оценката на народниот правобранител откако на негова адреса речиси во текот на целата мината година, кога се делеа становите, стасувале жалби за неправедната поделба.

 

„Гранит“ склучи инвестиција од 60 милиони евра
[20.10.2002] Македонската градежна компанија „Гранит“ вчера во Киев потпиша договор со украинската државна компанија за патишта за реконструкција на пат долг 210 километри, инвестиција вредна 60 милиони евра.

 

Работниците на „Македонија пат“ бараат плата
[21.10.2002] Не можеме да земеме плата, а директорот дели пари на приватни фирми и вработува партиски активисти на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат вработените на „Македонија пат“.

 

Владимир Мијалков останува директор на НПК
[21.10.2002] Владимир Мијалков, кој функцијата директор на Национална платежна картичка ја доби поради блиските роднински врски со екс министерот за финансии Груевски, ја задржа функција и по денешното прво акционерско собрание на НПК, како приватна институција.

 

„Југохром“ ќе го бојкотира потпишувањето договори за работа
[21.10.2002] Работниците на „Југохром“ ќе го бојкотираат утрешното потишување на договорите за работа во „Силмак“ бидејќи списоците кои денеска ги објавил газдата на комбинатот, според работниците, биле нереални. Луѓе без стручност и компетентност во команијата добиле добра позиција, а работници со искуство останале без работа.

 

Железничарите штрајкуваат веќе петти ден
[21.10.2002] Железничарите од погонот „Влеча на возови“ кои веќе петти ден штрајкуваат со делумна блокада на патничкиот и товарниот сообраќај, денеска презентираа документи со кои го обвинуваат директорот Соколовски за незаконско и ненаменско трошење пари од Македонски железници.

 

Социјалните станови се делеле регуларно
[22.10.2002] Социјалните станови министерството за транспорт ги делело по утврдени критериуми и регуларно. Ова било соопштено на претставниците на народното правобранителство на денешната средба, откако народниот правобранител Наумовски објави дека голем број семејства се жалеле на неправедна поделба на становите.

 

Тензиите во „Југохром“ и натаму под висок напон
[22.10.2002] По вчерашното незадоволство на работниците од списокот на првите 500 што ќе се вратат на работа, газдите на „Југохром“, претставници на француската „СЦММ“, децидни - списокот е дефинитивен, евентуалните жалби ќе бидат земени предвид при следните вработувања.

 

Железничарите не се откажуваат од штрајкот
[22.10.2002] Железничарите ќе штрајкуваат се додека директорот Соколовски не приложи документи за набавките што ги правел изминатите две години и додека не биде исплатена септемвриската плата. Ваквиот став на железничарите следува по неуспешните разговори што тие денеска ги имале со Соколовски.

 

Словенците докупуваат акции во Скопски саем
[22.10.2002] Денеска на Македонската берза се продадени 15% од акциите на Скопски саем по цена од околу 36 евра за една акција. Купувач на акциите, според информациите на А1, е актуелниот сопственик на Саемот, словенечката фирма „Ера“ од Велење.

 

Стопанствениците очекуваат нов закон за коморско здружување
[23.10.2002] Стопанствениците од новата влада очекуваат да донесе нов закон за коморско здружување, кој ќе го замени сегашниот кој од креаторот екс-министерот за економија Бесник Фетаи беше протежиран како закон за реформа, а од експертите и бизнисмените како закон за уништување на Комората.

 

Ќе се испитува уставноста на продажбата на ОКТА
[23.10.2002] Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на законот за ратификација на билатералниот договор меѓу Македонија и Грција за изградба и управување со нафтоводот, во чии составен дел влегува и договор за продажба на акциите на ОКТА на грчката „Хеленик петролеум“.

 

Земјоделците бараат годинава да се прогласи за елементарна непогода
[23.10.2002] Земјоделците ќе побараат од новата влада целата оваа година да биде прогласена за елементарна непогода, бидејќи според состојбите на теренот, има оштетување од 30% до 50% во квалитетот на речиси сите земјоделски производи, прво поради мразот во раната пролет, а сега и поради обилните есенски дождови.

 

Уште еден комплициран случај на денационализација
[23.10.2002] Две години од добивањето на решението за денационализација, фамилијата Пецеви се уште не го добила дуќанот во Струмица поради, како што велат, личната корист на корумпираните функционери. Фирмата „Југопромет“, што сега стопанисува со објектот, вели дека дуќанот не може да биде денационализиран бидејќи тие инвестирале во него и најавува дека нема намера да го враќа.

 

Товарниот железнички сообраќај под целосна блокада
[24.10.2002] Железничарите најавуваат дека од утре целосно ќе го блокираат товарниот сообраќај, бидејќи директорот Соколовски не го исполни нивното барање - да достави информација за набавките што ги правел во „Македонски железници“. Раководството на Железница, пак, тврди дека блокадата на товарниот сообраќај е спротивна на законот.

 

Продолжена важноста на летачката дозвола на МАТ
[25.10.2002] Управата за цивилна воздушна пловидба ја продолжи важноста на матовата летачка дозвола до почетокот на декември, до кога оваа авиокомпанија треба да ја заврши обуката за членови на екипаж.

 

Железница го продолжи штрајкот само со делумна блокада
[25.10.2002] И покрај најавите за целосна блокадата на железничкиот сообраќај, штрајкувачите од Железница денеска го продолжија штрајкот само со делумна блокада на патничкиот и товарниот сообраќај. До целосна блокада на товарниот железнички сообраќај не дојде бидејќи, согласно законот за штрајк, целосна блокада на сообраќајот може да се случи само доколку кон штрајкот се приклучат и останатите четири синдикати што функционираат во „Македонските железници“.

 

Кале станува трговска зона
[25.10.2002] Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти на фирмата „Рудине“ без тендер и даде под кирија дел од комплексот „Кале“. Група граѓани, кои се здружиле за да спречат и овој дел од Скопје да стане Кванташки пазар, велат дека бизнисменот сега бесправно гради магацини во дворот на спортската сала.

 

Мобимак и Телеком ќе останат без телефонска врска
[25.10.2002] Управата за телекомуникации ќе ги исклучи од меѓусебно поврзување мрежите на Мобимак и Телеком, доколку се утврди дека Македонски телекомуникации без основа денеска одбија да го потпишат договорот за интерконекција со грчки ОТЕ и со Мобимак.

 

Конфекционерките од Македонска Каменица продолжуваат со штрајкот
[26.10.2002] Вработените во конфекцијата „Вера Јосиќ“ од Македонска Каменица продолжуваат со штрајкот, кој започна пред речиси еден месец. На нивно барање во конфекцијата пристигна и полиција за стопански криминал.

 

Економскиот амбиент во земјава Швајцарија го оцени како лош
[27.10.2002] Економскиот амбиент во земјава со оглед на минатогодишната криза, но и со прoмените на политичката сцена, во моментов е лоша и мора да се преземат мерки кои ќе доведат до економска стабилност.

 

Трета недела од штрајкот на железничарите
[28.10.2002] Штрајкот на шестоте железничари продолжува веќе трета недела. Денеска се откажани три товарни воза, а патничкиот воз за Битола заминал без парно греење.

 

Размена на стока за фалсификат евра
[28.10.2002] Сточните пазар во источна Македонија е мета за растурање на фалсификувани евра. Во само 11 дена откриени 48 лажни банкноти од по 50 евра. Во МВР стравуваат дека бројот на фалсификатите банкноти е поголем бидејќи оштетените граѓани случајно дознале дека еврата за кои ги продале говедата се лажни.

 

Георгиевски и Циле му должат на Анте Марковиќ еден милион евра
[28.10.2002] Премиерот Љубчо Георгиевски и поранешниот вицепремиер Васил Тупурковски се повикани на суд како сведоци да кажат за колку пари Владата го ангажирала Анте Марковиќ како специјален економски советник. За двегодишниот ангажман Марковиќ сега на суд си го бара хонорарот од еден милион евра што му го ветил Георгиевски.

 

Проектот гасификација стагнира
[29.10.2002] По еуфоричните почетоци на гасификацијата во државава, „Макпетрол“ неколку години подоцна признава дека изградбата на гасоводот оди бавно затоа што чини многу пари, а нема доволно потрошувачи.

 

„Тетово табак“ вратен во рацете на акционерите
[29.10.2002] Акционерите вработени во „Тетово табак“ успеаа да ја оспорат сопственоста на фирмата „Три дент“ во тетовската тутунска компанија. По жалбата на работниците, „Три дент“ од Штип е избришан како сопственик на земјиштето во катастарската управа на Тетово и вратена е првобитната состојба.

 

Рудникот „Злетово“ не работи повеќе од еден месец
[29.10.2002] Рудникот „Злетово“ воопшто не работи повеќе од еден месец. Работниците предупредуваат дека рудникот се запушта, во дел од јамите веќе е навлезена вода од дождовите, а не работат ниту лифтовите што водат до ископите. Повторното пуштање во погон може да чини над 300 илјади евра.

 

Разнишана директорската фотеља во тутунскиот комбинат во Прилеп
[29.10.2002] Вработените акционери во тутунскиот комбинат во Прилеп се договараат да му го одземат на директорот Диме Момировски доделеното право за управување со акциите. Тие стравуваат дека директорот сака да го продаде имотот на компанијата во Белград.

 

Прекината телефонската врска мобилен - фиксен
[29.10.2002] Од утре телефонската врска мобилен - фиксен ќе биде прекината, со што практично нема да може да се зборува од мобилен на фиксен телефон и обратно. Решението за исклучување на мрежите на Мобимак и Телеком го донело Управата за телекомуникации и тоа требало да стапи на сила уште вчера.

 

ССМ бара полесно остварување на работничките права
[30.10.2002] Синдикатот ќе бара од новата влада измена на законот за стечај и на законот за работни односи, бидејќи овие законски прописи, сега го отежнуваат остварувањето на работничките права, велат во ССМ. Според нивните податоци, оваа година биле поднесени околу 1.200 тужби за наплата на заостанати придонеси и плати. За да им помогне на своите членови, синдикатот ја реактивира правната служба.

 

Вработените во НИП незадоволни од новите газди
[30.10.2002] Разочарани и револтирани од лошата економска состојба во „Нова Македонија“ и од работата на новите газди, „Југ сторитве“, кои веќе започнаа со распродажба на имотот, вработените во НИП-от од 6-ти ноември стапуваат во штрајк. Оваа одлука, велејќи дека е дефинитивна, денеска ја донесе синдикатот на 1.400-те вработени во „Нова Македонија“.

 

Оставка на „главниот“ во МРТВ
[30.10.2002] Директорот на МРТ Љупчо Јакимовски денеска поднесе неотповиклива оставка. Синдикалците од куќата, пак, го обвинуваат Јакимовски за повеќе штетни зделки и најавуваат дека ќе бараат отчет за неговото раководење

 

Врската меѓу фиксниот и мобилниот не се прекина
[30.10.2002] Телекомот не дозволи да се исклучи врската меѓу фиксната и мобилната телефонија, со образложение дека се загрозени националните интереси на државата. Управата за телекомуникации бара од судот да донесе времено решение со кое ќе го сопре телефонскиот сообраќај меѓу Мобимак и Телеком. Барањето за исклучување дојде откако фиксниот оператор Телеком одби да го потпише договорот за поврзување со грчки ОТЕ.

 

Градоначалникот на Њујорк најбогат политичар во САД
[31.10.2002] Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумерг е најбогат политичар во Америка, го пренесува МИА пишувањето на американското списание „Форбс“. Најголем дел од неговото богатство кое се проценува на 4,8 милијарди долари го сочинува компанијата „Блумерг“.

 

Ќе се испитува приватизацијата на тутунскиот комбинат „Куманово“
[31.10.2002] „Тутунскиот комбинат“ во Куманово го сопре производството, работниците во паника, сопственикот, фирма блиска на ВМРО-ДПМНЕ бара милост од новата власт.

 

„Саса“ остана без пари за репроматријали
[31.10.2002] Иако од утре, по 15 дена прекин, требаше да се обнови производството во рудникот „Саса“, тоа нема да се случи. Не само што „Саса“ остана без пари за репроматријали, поради што беше прекинат производниот процес, туку сега се кумулираа и три неисплатени плати, велат вработените во рудникот.

 

Светската банка бара рестартирање или ликвидација на 15 загубари
[31.10.2002] Нови 15 фирми загубари со 9.000 работници ќе треба да бидат продадени или рестартирани, за Македонија да може да ги добие 20-ете милиони долари од третата транша на аранжманот „Фесал два“ за реформа на стопанството.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk