Дома Premier liga na A1
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
   Македонија
   Економија
   Балкан
   Свет
А1 вести на вашиот e-mail

Македонска берза
 Бетон Скопје
1.330,00 -0,89% 
 Алкалоид
1.900,00 +4,35% 
 Земјод. К. Пелагонија Битола
325,00 +0,62% 
 Комерциална Банка Скопје
4.100,00 -3,18% 
 Комуна Скопје
222,00 -1,07% 
 Обврзници (денационализација) - I емисија
67,00% +0,75% 
 Обврзници (денационализација) - III
67,10% +0,84% 
 Макпетрол Скопје
12.150,00 +0,05% 
 Скопски Пазар Скопје
2.750,00 +1,86% 
 Топлификација Скопје
1.460,00 +1.47% 
Индекси
 Мак. берза МБИ
 1.293,88 +6,92 +0,54% 
Курс - менувачници
 EUR 61,60 +0,00% 
 USD 48,00 -1,19% 
 EUR / USD 1,2833  
Курс - НБРМ
 EUR 61,49 +1,64% 
 USD 48,27 -2,01% 
 EUR / USD 1,2738  
 

 Дома > Вести > Економија

 

Разнишана директорската фотеља во тутунскиот комбинат во Прилеп

29.10.2002

Вработените акционери во тутунскиот комбинат во Прилеп се договараат да му го одземат на директорот Диме Момировски доделеното право за управување со акциите. Тие стравуваат дека директорот сака да го продаде имотот на компанијата во Белград.

Момировски, чија фотеља е разнишана со промената на власта, денеска тврди дека наводната продажба е нечија измислица.

Делот од над две илјади акционери во прилепскиот тутунски комбинат, кои располагаат со 51% од акциите, се вознемирени откако разбраа од медиумите дека без нивно знаење се продава имот со кој располагаат во соседна Србија.

Директорот на комбинатот Момировски конечно се огласи со демант во кој вели дека работната продажба на имотот во Србија е нечија чиста измислица.

„Утрински весник“, од блиски извори на комбинатот, обелодени дека во Службениот весник на Србија било објавено оти тутунскиот комбинат во Прилеп понудува на продажба канцелариски простор во Белград и магацински објекти во Земун, без конкретна цена, а понудите да се испраќаат кај некој адвокат во Лесковац.

Извори од комбинатот тврдат дека наводно дел од акционерите веќе договараат одземање на досега даденото право на владеење со акциите кај луѓето блиски до директорот Момировски и нивнопренесување кај други, бидејќи се сомневаат дека некој сака да ги заработи во врска со објектите во Србија.

Така дел од акциите неформално се пренесени, со што практично се отвора простор на промена на раководниот состав.

Веќе се шпекулира дека на неколкумина од комбинатот им пораснале амбициите и дека времето е зрело за соборување на актуелниот директор Диме Момировски, кој се претставуваше дека е близок до власта на заминување.

Најчести имиња со кои се шушка за потенцијални наследници на Момировски се Љупчо Рибески, инжинер во комбинатот во Прилеп, економистот Диме Богданоски, а инженерот Миле Башески и поранешниот директор Диме Димески.

Верзија за печатење

Верзија за печатење

Прати ја оваа вест по e-mail

Прати по e-mail


Вести поврзани со оваа
• „Тетово табак“ вратен во рацете на акционерите [29.10.2002]
• Акционерското собрание на „Табак осигурување“ прогласено за нелегитимно [12.06.2002]
• „Табак 2000“ ги прикрива матните зделки во врска со „Македонија табак“ [10.06.2002]

Најнови вести од Економија
•  Од државните 8 милиони евра, ниту денар за градинарството
•  „Трафалгар ресурсис“ официјално сопственик на рудникот „Злетово“
•  Идната недела ќе почне распределбата на парите од солидарната дневница
•  Бензинските пумпи бензинот ќе го продаваат по највисока цена
•  Три економски фактори можат да ја дестабилизираат Македонија
•  За работниците помал годишен одмор и укинување на хранарина и превоз
•  Земјоделска техника: „Одлуката за поефтинување на бензините е нестручна“
•  Шивачките од „Супер хит“- Радовиш работат во неподносливи услови
 

 A1 mail листа

 A1 на SMS

 A1 на PDA

 A1 на WAP

MTnet - Web portal
 
UNET - Prv makedonski internet provider
 
Templum
 

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk