Дома Sporanovi
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
   Македонија
   Економија
   Балкан
   Свет
А1 вести на вашиот e-mail

Македонска берза
 Бетон Скопје
1.330,00 -0,89% 
 Алкалоид
1.900,00 +4,35% 
 Земјод. К. Пелагонија Битола
325,00 +0,62% 
 Комерциална Банка Скопје
4.100,00 -3,18% 
 Комуна Скопје
222,00 -1,07% 
 Обврзници (денационализација) - I емисија
67,00% +0,75% 
 Обврзници (денационализација) - III
67,10% +0,84% 
 Макпетрол Скопје
12.150,00 +0,05% 
 Скопски Пазар Скопје
2.750,00 +1,86% 
 Топлификација Скопје
1.460,00 +1.47% 
Индекси
 Мак. берза МБИ
 1.293,88 +6,92 +0,54% 
Курс - менувачници
 EUR 61,60 +0,00% 
 USD 48,00 -1,19% 
 EUR / USD 1,2833  
Курс - НБРМ
 EUR 61,49 +1,64% 
 USD 48,27 -2,01% 
 EUR / USD 1,2738  
 

 Дома > Вести > Економија

 

Уште еден комплициран случај на денационализација

23.10.2002

Две години од добивањето на решението за денационализација, фамилијата Пецеви се уште не го добила дуќанот во Струмица поради, како што велат, личната корист на корумпираните функционери. Фирмата „Југопромет“, што сега стопанисува со објектот, вели дека дуќанот не може да биде денационализиран бидејќи тие инвестирале во него и најавува дека нема намера да го враќа.

И двете страни го обвинуваат претседателот на Комисијата за денационализација Горан Трајковски.

Министерот за финансии Никола Груевски пред две години и предал на фамилијата Пецеви решение за денационализација, со кое во сопственост им се враќа дуќан во центарот на Струмица.

Но, со дуќанот и денеска стопанисува струмичката фирма „Југопромет“ по четирите неуспешни обиди на Пецеви да го преземат.

Виновни за тоа се членовите на Комисијата за денационализација. Овие државни службеници се корумпирани и затоа не' спречуваат да си го преземеме нашиот дуќан, обвинуваат наследниците.

Од друга страна, „Југопромет“, фирмата што во моментов го издава дуќанот под кирија, нема намера да им го отстапи на Пецеви, бидејќи според директорот Јордан Глигоров, денационализацијата на овој дуќан била извршена незаконски.

Во изјавата за А1 Глигоров вели дека дуќанот не може да биде предмет на денационализација бидејќи неговата фирма изградила дуќан од колибата што била национализирана пред педесетина години.

И Глигоров тврди дека претседателот на Комисијата за денационализација Горан Трајковски е виновен за овој спор меѓу наследниците на поранешниот сопственик и фирмата што сега стопанисува со дуќанот.

Трајковски за А1 изјави дека ако е донесен заклучок за извршување, дуќанот ќе биде присилно денационализиран, со асистенција на полицијата, но тоа ќе се случи откако судот, кој во меѓувреме се вмешал во спорот, ќе донесе конечна одлука.

Верзија за печатење

Верзија за печатење

Прати ја оваа вест по e-mail

Прати по e-mail


Вести поврзани со оваа
• Неготино и натаму не е сопственик на спортската сала [23.10.2002]
• Директорот на струмичката болница дели откази на непослушните кадри [22.10.2002]
• Бегалската криза за Глуво не е завршена [20.10.2002]
• Mери Ринџова прва жена активен офицер во АРМ [19.10.2002]
• Зграда во изградба ги поткопува темелите на соседните куќи [19.10.2002]

Најнови вести од Економија
•  Од државните 8 милиони евра, ниту денар за градинарството
•  „Трафалгар ресурсис“ официјално сопственик на рудникот „Злетово“
•  Идната недела ќе почне распределбата на парите од солидарната дневница
•  Бензинските пумпи бензинот ќе го продаваат по највисока цена
•  Три економски фактори можат да ја дестабилизираат Македонија
•  За работниците помал годишен одмор и укинување на хранарина и превоз
•  Земјоделска техника: „Одлуката за поефтинување на бензините е нестручна“
•  Шивачките од „Супер хит“- Радовиш работат во неподносливи услови
 

 A1 mail листа

 A1 на SMS

 A1 на PDA

 A1 на WAP


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk