1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Фратини се надева на датум за преговори во декември!

Не е интерес само на Скопје, туку и на ЕУ пристапните преговори конечно да започнат, изјави за ДВ Франко Фратини, кој учествуваше на 2. Берлински форум посветен на иднината на Европа.

„Сметам дека сите членки на ЕУ треба да се посветат на изнаоѓање конечно решение на приказната за името. Конечно да ја отворат вратата и на Македонија да и‘ дадат датум за почеток на пристапните преговори. Ова е моја лична, но и желба на владата на претседателот Монти. Се надевам дека ЕУ ќе успее да ја деблокира оваа тешка ситуација “, изјави за ДВ Франко Фратини, поранешен шеф на италијанската дипломатија, екс еврокомесар за правда и внатрешни работи и, како велат добро упатените, и можен иден генерален секретар на НАТО. Фратини учествуваше на Вториот берлински форум за надворешна политика на кој акцентот беше ставен на консолидирањето на ЕУ и односите со светските актери.
Со оглед на четирите позитивни оценки дадени од Европската комисија во извештајот за напредок на Македонија и можната опција - решавањето на спорот околу името со Грција да тече паралелно со пристапниот процес, го прашуваме Фратини: може ли Европскиот совет во декември на Македонија да и‘ даде датум за почеток на пристапните преговори?

Интерес и на ЕУ е преговорите со Македонија конечно да започнат!


„Се надевам... се надевам! Сега гледам повеќе можности, зашто кризните ситуации помагаат да се изнајдат решенија онаму каде истите се на дофат. Прашањето да се стави на маса верувам дека ќе биде добро и за Европа“, смета Фратини.

Не треба лобирање – туку разбирање од ЕУ

Македонија на својот европски пат чекори прилично „соло“. Има ли шанси да добие лобисти од некоја искусна и реномирана членка на ЕУ?
„На Македонија не и‘ треба лобирање туку и‘ треба општо разбирање. Не е во интерес само на Скопје, туку и на Европската унија, пристапните преговори конечно да започнат“, подвлече за Дојче веле Франко Фратини.
Инаку, учесниците во дискусијата, меѓу кои и министрите за надворешни работи на Германија и Велика Бритранија - Гидо Вестервеле и Вилијам Хејг подвлекоа дека до крајната цел: политичкатан унија, претстои долг пат. Иако проширувањето е значајна станица, должничката криза од последниве години целосно го потисна во втор план. Сепак, шефот на дипломатијата на Финска Александар Штуб даде неколку коментари кои беа нови и далеку од востановените клишеа:

Пред ЕУ се три стратешки проширувања - Александер Штуб, прв дипломат на Финска


„Европа пред себе има три клучни стратегиски проширувања: лесни проширувања со земјите како Исланд, Хрватска, но и Норвешка и Швајцарија. Второто е со земјите од Западниот Балкан - кое мора да се случи, и третото е со Турција - која е една од петте најзаначајни земји во светот и стратегиски клучна за Европската унија. Економски ќе биде извонредна работа Турција да биде дел од ЕУ, а гледано од политички аспект, дури и подобро, зашто станува збор за земја која ги има вредностите на модерната демократија, на муслиманска држава која има различни контакти со остатокот од светот. Ќе биде добра новина Турција да е дел од ЕУ, и тоа колку побрзо – толку подобро“, смета министерот Штуб, кој има разбирања за чувствителноста на Германија и Франција, но како вели, гледано долгорочно - членство на Турција ќе биде извонредно за Европската унија.

Фокус

Референдум, прогласена самостојност, прием во ОН, спогодба со Грција... Политичарите, дипломатите, културните дејци и спортистите за две децении