1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Мултимедијални содржини на едно место

Актуелности од Македонија, Германија, Европа и светот - слушнете

  • Еден човек, еден автомобил

    Легендата Џемс Бонд

    Еден човек, еден автомобил

    Шон Конери е првиот од шест глумци во улогата на Џемс Бонд. Сеедно кој глуми, агентот сака убави жени и радо вози брзи автомибили, како овој Астон Мартин. И еден германски автопроизводител се приклучи на култот на Џемс Бонд - БМВ Z3 од „Златното око“ стана легенда.

  • Сирената Хани Рајдер

    Легендата Џемс Бонд

    Сирената Хани Рајдер

    Првиот Бонд - филм, „Д-р. Но“ стартуваше на 5. 1962. година. Фигурата на Џемс Бонд ја смисли глумецот Јан Флеминг, веќе постоеја филмувања на неговите приказни. Но, дури кога продуцентската куќа „Еон“ ги откупи филмските права, во кината потекоа пари. Германската Швајцарка Урсула Андрес стана светски позната со настапот во бикини како сирена.

  • Златниот прст сака да завладее со светот

    Легендата Џемс Бонд

    Златниот прст сака да завладее со светот

    Германскиот актер Герд Фребе глуми злосторник кој сака да ги уништи златните резерви на САД, за неговото злато да вреди повеќе. „Златниот прст“ (1964) важи за класика меѓу филмовите на Џемс Бод. Познатиот дијалог: „Очекувате да зборувам? Не, господине Бонд, очекувам да умрете“, кај Фребе морал да биде насинхронизиран, поради неговиот лош англиски јазик.

  • Убавата, опасна Хелга Брант

    Легендата Џемс Бонд

    Убавата, опасна Хелга Брант

    Карин Дор е втората германска Џемс Бонд-девојка. Таа ја играше црвенокосата агентка Хелга Брант во „Човек живее само двапати“(1967). Брант е соработничка на злосторникот Блофелд, кој потоа се појавува во повеќе филмови со Џемс Бонд. Таа напротив умира на спектакуларен начин - паѓа во базенот на Блофелд полн со пирани и рибите ја изедуваат.

  • Лудиот Карл Стромберг

    Легендата Џемс Бонд

    Лудиот Карл Стромберг

    Во „Шпионот што ме сакаше“ (1977) Курд Јиргенс како лудак сака да создаде своја цивилизација и да го уништи со атомска бомба остатокот од светот. Џемс Бонд, во меѓуреме го игра Роџер Мур, тоа се разбира знае како да го спречи. Курд Јиргенс со своите 1,92 сантиметри височина во времето беше еден од најатрактивните мажи во Германија. Неговиот прекар: „Нормандиски шкаф“.

  • Некрос, убиецот

    Легендата Џемс Бонд

    Некрос, убиецот

    Во „Здив на смртта“ (1987) улогата на Џемс Бонд ја толкува Тимоти Далтон. Германскиот актер Андреас Вишњевски е Некрос, десната рака на руски ганстер. Бруталниот убиец своите жртви ги убива меѓу другото и со Вокмен слушалки. Вишњевски глумеше толку добро, што една година подоцна беше ангажиран за улогата на германскиот терорист Грубер во „Умри полека“.

  • Терористот генерал Оуромов

    Легендата Џемс Бонд

    Терористот генерал Оуромов

    Студената војна е одамна завршена, но постојат врски од минатото. Од него во „Златното око“ (1995) се појавува еден руски генерал, кој краде моќен систем оружје, со кој може да се парализираат компјутерите и електрониката. Глумецот Готфрид Џон стана светски познат преку оваа улога. Агентот 007 првпат го играше Рирс Броснан.

  • Штампер против Бонд

    Легендата Џемс Бонд

    Штампер против Бонд

    Гец Ото како негативецот Штампер во „Утрото никогаш не умира“(1997). Овојпат Џемс Бонд треба да ја спречи третата светска војна. Најмоќниот медиумски крал на сите времиња сака да предизвика војна за да го зголеми тиражот на својот весник „Утре“. Валканата работа ја врши неговиот германски помошник, кој не го преживува филмот, се разнесува во воздух.

  • Еден човек, еден автомобил

    Легендата Џемс Бонд

    Еден човек, еден автомобил

    Во меѓувреме агентот 007 го глуми Даниел Крег. Кон крајот на октомври во кината доаѓа 23-от Бонд-филм, „Скајфал“. Овојпат без германски автомобили, без германски девојки, без германски негативци. Но затоа ќе има многу акција и пиротехника. А за Џемс Бонд ќе има само еден автомобил: Астон Мартин. Многу британски.


    Автор: Силке Винш/Жана Ацеска | Редактор: Симе Недевски

ТВ магазин - Европанорама