Откријте нова димензија на учењето германски јазик! Бесплатниот интернет-курс Deutsch Interaktiv е наменет за сите – без разлика дали сте почетници или, пак, веќе имате одредени предзнаења на германскиот јазик. Со преку триесет лекции, курсот е наменет за самостојно изучување на јазикот и одговара на нивоата од А1 до Б1, според европскиот стандард. Во учењето ќе ви помогнат и работните листови, вежбите и тестовите. Интересните аудиоматеријали, фотогалерии и видеоклипови ќе ви пренесат автентични впечатоци од животот во Германија. Прегледот на граматиката, речникот со преку седум илјади зборови и помошникот за изговор уште повеќе ќе ви го олеснат учењето.
Hier findet ihr eine nach Themen sortierte Übersicht aller Grammatikübungen des interaktiven Online-Sprachkurses.