Првите повеќепартиски избори пред 20 г. беа почеток на крајот на поранешна Југославија. Заедничката држава се распаѓаше крваво, со години. Новонастанатите држави сега сакаат само едно - влез во ЕУ
Последиците од воените случувања, што го придружуваа распадот на некогашна Југославија, на многу начини ја забавија евроинтеграцијата на тој регион. Новонастанатите држави денес се на различен степен на напредок кон ЕУ.
Две децении по распадот на СФРЈ, воените рани во поранешните југословенски републики се’ уште не се во целост зараснати, што ги оптоварува меѓудржавните односи и го забавува процесот на соработка.
Тогашната Европска Заедница конфузно реагираше на распадот на Југославија. Германија беше предводник во признавањето на новонастанаите држави, но во меѓувреме дури и во Србија се здоби со респект и симпатии.
Распадот на Југославија во 90-тите години на минатиот век , имаше големо геополитичко влијание врз Европа, но и врз Африка. Со распадот на СФРЈ почнаа да избиваат безредија и во членките на Движењето на неврзаните.
Како се распаѓаше Социјалистичка Федеративна Република Југославија и кои се актерите во процесот на распадот? Од каде и како почна се‘ и што следуваше?