Една од најтешките одлуки за младите е на кој факултет да го продолжат образованието и кон која област да ја насочат кариератa. Во Германија стојат на располагање околу 13.000 студиски програми.
За разлика од високите школи кои се ориентирани кон практична примена на знаењата, универзитетите во Германија нудат студии со солидна научна основа и елитни истражувања.
Од вкупно четиристотини универзитети во Германија, околу една четвртина се приватни. Каква е нивната понуда и по што се разликуваат од државните универзитети?
Познавањето странски јазици е често предуслов за наоѓање работа. Кој вистински сака да го владее јазикот, најдобро е да си обезбеди престој во земјата каде што се говори јазикот.
За отпочнување докторски студии во Германија, кандидатите треба да имаат веќе завршени бачелор и мастер студии со исклучителни резултати.
Докторската титула е статусен симбол. Но, меѓу академската елита се кријат црни овци. Тие не ги пишуваат сами трудовите, туку т.н. тајни пишувачи ја извршуваат работата, и тоа за добри пари.
Во 1999 година, Германија ја потпиша Болоњската декларација со која вкупно 45 европски земји се обврзуваат да создадат единствен високообразовен систем.
Кој сака да стекне високо образование и притоа да добие увид во работното секојдневие нема да погреши ако одбере некоја од понудите на високите школи во Германија.
Теоретско потковување за време на часовите и практична примена на знаењата на обука во некоја компанија - ова го нудат т.н. академии за стручно усовршување низ Германија.
Универзитетот Алберхт Лудвиг во Фрајбург е еден од најстарите универзитети во Германија. Основан во 1457 година, овој универзитет го славеше својот 550 роденден во 2007 година.
Место меѓу деветте „елитни“ универзитети во Германија има и за Универзитетот во Констанц: мал, но мошне силен во својата наставно-научна работа.
Универзитетот „Рупрехт Карл“ во Хајделберг на реката Некар е основан во 1386 година. Во тоа време, во Хајделберг се образувала научната елита на доцниот среден век.
Во Гетинген може да се студира речиси се’. Повеќето од институтите на Универзитетот се сместени во два модерни кампуси на периферијата од градот.
На Универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен се застапени скоро сите студиски насоки. Освен тоа, странските студенти добиваат добра стручна помош, а и самиот град Минхен има што да понуди.
Најголемиот универзитет во Берлин, кој е надалеку познат по своите истражувања во општествените науки, е една од најатрактивните високообразовни институции за младите од Германија и од странство.
Техничкиот универзитет Рајна-Вестфалија во Ахен опфаќа мноштво научни области во својата понуда - од општествени до природни науки, но најпознат е по инжинерските студиски програми.
Техничкиот универзитет во Минхен беше меѓу првите елитни универзитети во Германија. Се студираат предмети од природно-техничките науки. Но, застапена се и економијата, медицината и факултетот за физичка култура.
Слушаш рок музика? Те интересира политика? - На овие прашања треба да одговорат студентите, кои бараат стан во виртуелната игра на ДААД „Студентски град“.