1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Студирање во Германија

Слободниот универзитет во Берлин

Најголемиот универзитет во Берлин, кој е надалеку познат по своите истражувања во општествените науки, е една од најатрактивните високообразовни институции за младите од Германија и од странство.

Во Берлин има три универзитети, четири уметнички академии и музички школи, 27 високи школи признати на државно ниво и бројни научни институти кои се финансираат со средства од државниот буџет. На сите овие високообразовни институции студираат околу 140.000 лица.

Најголем универзитет во Берлин

На Слободниот универзитет во Берлин се запишани околу 30.000 студенти, од кои 17% се од странство. Од 2007 година, Универзитетот им припаѓа на деветте „елитни“ државни универзитети во Германија. Овој универзитет особено голем углед ужива во областа на општествените науки. Тука се образуваат млади кадри чии компетенции поставуваат интернационални стандарди во медиумската и културната сфера. Универзитетот обрнува големо внимание и на соработката со други универзитети низ светот, па затоа се нарекува и „International Network University“.

На Слободниот универзитет во Берлин се запишани околу 30.000 студенти

Во понудата на Слободниот универзитет во Берлин се наоѓаат општествените, природните науки и медицината. Клиниката „Шарите“, чии носители се Слободниот универзитет и Универзитетот „Хумболт“ во Берлин, е најголемиот медицински факултет во Европа.

Основањето на Слободниот универзитет: знак на слобода

Слободниот универзитет е основан во 1948 година, од страна на научници и студенти, потпомогнати од американските сојузници и политичарите од Берлин. Основањето е еден вид реакција на политичкото гонење на студентите на Универзитетот „Unter den Linden“ кои го критикувале системот во тогашниот советски сектор на Берлин.

Практична помош за странските студенти

Од основањето до денес, Слободниот универзитет, како и сите останати берлински универзитети, склучува партнерства низ целиот свет и притоа она што се завршува е признато и во матичните земји од кои доаѓаат странските студенти. Универзитетот нуди свои ментори и ориентациони програми на почетокот од секоја академска година, со цел да им помогне на странските студенти. Вработените на Универзитетот не одговараат само на прашања за Универзитетот, туку помагаат и при бирократски процедури и при барањето стан.

Автор: Свенја Инг/ Далибор Стајиќ

Редактор: Александра Трајковска

Слушајте Дојче веле