1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

  • Ретки „примероци“

    Малку жени во раководните тела

    Ретки „примероци“

    Во раководните тела на германските концерни има многу мал број жени. Во 30-те најголеми концерни што се котираат на берзата ги има само седум. Може ли таквата состојба да ја промени некаков закон? Најголемиот дел од топ-менаџерите во земјата велат - не!

  • Клаудија Немат од „Дојче телеком“

    Малку жени во раководните тела

    Клаудија Немат од „Дојче телеком“

    По образование таа е физичар. Од 1 октомври 2011 го води одделот за Европа. Има 42 години и смета дека воведувањето квота за жените може да биде добро само како привремено решение – доколку раководствата на концерните не најдат друго решение.

  • Катрин Менгес од „Хенкел“

    Малку жени во раководните тела

    Катрин Менгес од „Хенкел“

    Таа има 46 години и од 2009 е раководител на персоналното одделение на концернот, кој има 48.000 работници ширум светот. Од неодамна е член на управниот одбор и со тоа прва жена во раководството на Хенкел од основањето пред 135 години. Таа смета дека жените мора да се докажат: „Одговорноста за кариерата ја носи секој за себе", уверена е Катрин Менгес.

  • Бригите Едерер од „Сименс“

    Малку жени во раководните тела

    Бригите Едерер од „Сименс“

    Таа е родум Австријка и е одговорна за персоналната политика, како и за зделките на концернот во Германија и во Европа. Таа не ја поддржува идејата за воведување општа квота за жените на раководни позиции: „Ни требаат жени на сите нивоа, почнувајќи одоздола", смета 55-годишната менаџерка.

  • Барбара Кукс од „Сименс“

    Малку жени во раководните тела

    Барбара Кукс од „Сименс“

    Таа е родум Швајцарка и во 2008 година влезе како прва жена во управниот одбор на „Сименс“. Таа е задолжена за набавките во концернот, како и за заштитата на природните ресурси. И таа ја отфрла идејата за квота за жените. Наместо тоа таа пледира за повеќе разноликост во претпријатијата.

  • Кристине Хоман-Денхард од „Дајмлер“

    Малку жени во раководните тела

    Кристине Хоман-Денхард од „Дајмлер“

    Таа има 60 години и во автоконцернот е одговорна за „владеењето на правото и интегритетот“ на фирмата и со тоа на пример за борба против корупцијата. Претходно беше судија во Уставниот суд. Таа се залага за квота за жените, но бара „јасно зацртани цели за тоа колкав треба да биде процентот на жени на раководни позиции“.

  • Регине Штахелхаус од „E.on“

    Малку жени во раководните тела

    Регине Штахелхаус од „E.on“

    Таа е правник и од јуни 2010 е шеф на персоналното одделение на „E.on“. Претходно 10 години беше на раководна позиција во компјутерскиот концерн „Хјулит-пакар“ и раководител на УНИЦЕФ за Германија. „Целиот живот се залагам за повеќе жени во управните одбори. Затоа не можев да одбијам такво место“, знае да каже Регине Штахелхаус.

  • Маргрет Сукале од „БАСФ“

    Малку жени во раководните тела

    Маргрет Сукале од „БАСФ“

    Таа има 55 години и е директорка на матичната фабрика на концернот во Лудвигсхафен. Таму има 33.000 вработени и со тоа е најголема хемиска фабрика во светот. Претходно Сукале работела како шеф на персоналното одделение на Германските железници. Таа ја отфрла идејата за законски определена квота за жените.

  • Осамени меѓу мажите

    Малку жени во раководните тела

    Осамени меѓу мажите

    Во повеќето раководни тела на германските концерни изгледа вака, како кај Дојче банк - само мажи. Во меѓународна споредба бројот жени во Германија е далеку зад просекот во другите европски земји, па дури и зад земји во подем, како што се Кина или Бразил. Тоа нема така брзо да се смени дури и ако се воведе законска квота за жените.


    Автор: Брита Вернер/Горан Чутаноски | Редактор: Борис Георгиевски