Дома IHT World - nedelen biznis magazin
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
   Македонија
   Економија
   Балкан
   Свет
А1 вести на вашиот e-mail

   Ваш став
  Договор со САД за МКС или не?

   Интервју
  Илинка Митрева: „Од стратешки интерес се и ЕУ и НАТО“

   Фото
  Свеченост по повод завршувањето на курсот за офицери и подофицери

   Сторија
  Во Македонија на улица се над илјада деца
 

 Дома > Вести > Свет

 

Дипломатска офанзива за решение на кризата во Кашмир

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Vasite mali oglasi na teletekstot na A1 Televizija
22.05.2002
Судирот уследи по убиството на кашмирскиот сепаратистички лидер Абдул Гани Лоне
 

Индиските сили во текот на изминатата ноќ разменуваа спорадичен оган со пакистанските сили во спорната покраина Кашмир, а истовремено растат стравувањата од можен воен судир меѓу двете соседни земји.

Премиерот на Индија, Атал Бехари Ваџпаи се обидува со посета на немирната сојузна држава Џаму и Кашмир да ги смири напнатостите.

Овој судир уследи откако во вторникот беше убиен кашмирскиот сепаратистички лидер Абдул Гани Лоне.

Европската унија изрази длабока загриженост поради влошените односи меѓу Индија и Пакистан и ги повика двете земји да сторат се што е во нивна моќ да се избегнат натамошни судири.

Во името на 15-те земји членки на Унијата овој повик го упати Шпанија, како претседавач со ЕУ, откако вчера беше убиен кашмирскиот сепаратистички лидер.

Најновите терористички напади во близина на Џаму и во Кашмир, како и воените инциденти во изминатите 48 часови, можат да се сфатат и како сериозна закана, не само за народите на Индија и Пакистан, туку и за стабилноста на целиот регион, се вели во изјавата на Европската унија.

Поради затегнатата ситуација во регионот на Кашмир каде веќе неколку дена траат престрелки меѓу индиските и пакистанските сили, следната недела таму ќе отпатува британскиот министер за одбрана Џек Строу.

Според Строу, ова е криза којашто светот не може да ја игнорира, бидејќи можноста од избивање војна меѓу двете атомски сили е реална и многу вознемирувачка. За него ова е поопасен конфликт од оној на Блискиот Исток.

За следната недела во регионот е најавена и посета на еврокомесарот Крис Патен и на американскиот заменик министер за надворешни работи Армитејџ.

Верзија за печатење

Верзија за печатење

Прати ја оваа вест по e-mail

Прати по e-mail

Вести поврзани со оваа

Најнови вести од Свет



Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk