Дома Ludiot grad, sekoja nedela vo 21:30
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
   Македонија
   Економија
   Балкан
   Свет
А1 вести на вашиот e-mail

Македонска берза
 Благој Ѓорев
569,00 +9,84 % 
 Алкалоид
1.649,69 -0.02 % 
 Жито Лукс
620,00 -1,59 % 
 Комерцијална Банка
1.770,00  
 Комерцијална Банка (приоритет)
780,00  
 Млаз Богданци
519,03  
 Технометал Вардар
682,00  
 РЖ Интер - Траншпед
30,00 +0% 
 Обврзници (девизи)
68,44 % +0.66 % 
 Обврзници (денационализација) - II емисија
65,27% +0,03 % 
  Јавор Ангротекстил
  60,00 
  Јавор Репроматеријали
  30,00 
  Герас Цунев - конфекција
  200,00 
  Герас Цунев- трговија
  200,00 
Индекси
 Мак. берза МБИ
 1.034,71 +2,32 +0,22% 
Курс - менувачници
 EUR 61,50 +0,00% 
 USD 54,00 -1,46% 
 EUR / USD 1,3888  
Курс - НБРМ
 EUR 61,16 -0,06% 
 USD 53,22 -0,30% 
 EUR / USD 1,1491  
 

 Дома > Вести > Економија

 

ЕСМ без зградите и хотелите чини 4 милијарди евра

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Najnovite vesti od deskot na A1 na vasiot mobilen telefon
08.05.2002
Реалната вредност на ЕСМ е четири пати поголема од онаа што сега се прикажува
 

Македонското електростопанство, кое владата сега набрзина го подготвува за приватизација, вреди над четири милијарди евра. Оваа проценка на вредноста, направена во ЕСМ пред неколку години, го вклучува само електроенергетскиот систем на компанијата без зградите и хотелите со кои таа располага.

Главен елемент за прецизирање на вредноста на електростопанство е инсталираната моќност за производство на струја.

ЕСМ располага со моќност од 1.050 мегавати во термоцентралите плус уште 450 мегавати во хидроцентралите.

Еден мегават според европските стандарди чини 1,6 милиони евра во термо производството, а 2 милиони во хидропроизводството.

Вкупно тоа значи дека само во инсталираните мегават часови за производство на струја ЕСМ вреди нешто повеќе од две ипол милијарди евра.

На оваа сума треба да се додаде проценката за преносната мрежа односно далноводите кои во Македонија се долги околу 2.000 километри.

Тие, според експертите, заедно со преносните трафостаници чинат меѓу 500 и 600 милиони евра.

Третиот сегмент, односно трафостаниците и дистрибутивната мрежа чинат речиси една милијарда евра, а во оваа сума спаѓаат окоу 6.000 трафостаници и 22 илјади километри дистрибутивна мрежа низ целата држава.

Вкупно сите три дела што го сочинуваат системот на електростопанство, инсталираната моќност, далноводите и дистрибутуивната мрежа чинат нешто над 4 милијарди евра.

Книговодствената вредност на ЕСМ, истата со која оперира и владата во процесот на приватизација, е четири пати помала од реалната вредност и изнесува околу една милијарда евра.

Оваа сума прв пат ја спомена поранешниот директор на ЕСМ Горан Рафајловски пред две години, кога ВМРО-ДПМНЕ ја промовираше идејата за продажба на најголемата македонска компанија.

Огромната разлика меѓу книговодствената и реалната вредност е резултат на застарената пресметката, што се врши според законот за амортизација на мрежата која има старост од неколку децении.

Но, експертите тврдат дека кондицијата на мрежата на ЕСМ е во извонредна состојба поради постојаните вложувања во ревитализација, а овие вложувања не се пресметани во книговодствената вредност.

Затоа, тврдат извори од ЕСМ, има случаи одредени погони и воопшто да немаат книговодствена вредност, а всушност работат со полн капацитет.

Оттаму, според експертите, реалната вредност на ЕСМ е четири пати поголема од онаа што сега ја прикажува владата од една милијарда евра.

Продажбата на ЕСМ деновиве се актуелизираше со новиот предлог закон за енергетика со кој владата на мала врата сака да го врати на сцена моделот за непосредна спогодба при продажба на фирми. На ова остро се спротивставува опозицијата.

Иако беше нејавено денеска пратениците не расправаа за овој предлог закон.

Верзија за печатење

Верзија за печатење

Прати ја оваа вест по e-mail

Прати по e-mail

Вести поврзани со оваа

Најнови вести од Економија



Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk