Дома A1 vestite vo real video format
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
   Македонија
   Економија
   Балкан
   Свет
А1 вести на вашиот e-mail

   Ваш став
  Дали се врши селективно отпуштање на работници?

   Интервју
  Бајрам Реџепи: „Не сме за поделба на Македонија“

   Фото
  Над 50 фирми на „црниот царински список“

   Сторија
  Суаред Алишан не може да продолжи со школување
 

 Дома > Вести > Економија

 

МАТ му објави војна на Манолев

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Najnovite vesti od deskot na A1 na vasiot mobilen telefon
01.03.2002
Петровски низ писменото обраќање обвинува дека целокупното работење на Манолев е негова лична одмазда кон МАТ
 

Трагикомична фигура и ниско морален самонаречен професионалец, тоа е Миле Манолев актуелен директор на Управата за цивилна воздушна пловидба, вели во денешното обраќање претседателот на одборот на директори на редовниот авипревозник МАТ, Златко Петровски.

Последното одбивање на Манолев да ја продолжи летачката дозвола на МАТ, изгледа ги разлути одговорните во авикомпанијата. Почна вадењето на валканите алишта.

Петровски низ писменото обраќање обвинува дека целокупното работење на Манолев е негова лична одмазда кон МАТ, поради следново, цитирам: „Пред неколку години кога беше прерано пензиониран од генералскат функција, Манолев френетично инсистираше да биде испратен како претставник на МАТ во странство, а потоа во периодот на неговата смешна кандидатура за градоначалник на Скопје вршеше личен притисок МАТ со пари да ја спонзорира неговата изборна кампања. Нормално и во двата наврати беше одбиен“, вели Петровски.

„Навистина е штета што вистинските професионалци во Упраавата за цивилна воздушна пловидба ги раководи личност со проблематична суета, која себеси се насликуваа како генерал на бел коњ:“

Доколку било што од изреченово не е вистина Петровски го повикува Манолев јавно да покрене судска постапка.

Познавајќи го Манолев се сомневам дека тоа ќе се случи вели Петровски, могу е поверојатно дека и натаму ќе измислува причини како да ги стопира летовите на МАТ.

Ваквото писмо, кое во бизнис круговите се толкува како објавување на војна од МАТ на Манолев, доаѓа по вчерашното одбивање на директорот на управата да ја продолжи лиценцата за летање на МАТ, поради како што се вели многуте недостатоци во работењето на авикомпанијата.

МАТ сепак, се уште лета, барем до 24 април бидејќи дозволата за летање ја продолжи министерот за транспорт и врски Љупчо Балкоски, со образложение дека дотогаш МАТ ќе ја комплетира документацијата и ќе ги отстрани сите недостатоци.

Верзија за печатење

Верзија за печатење

Прати ја оваа вест по e-mail

Прати по e-mail

Вести поврзани со оваа

Најнови вести од Економија



Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk