Дома Пријатели
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
   Македонија
   Економија
   Балкан
   Свет
А1 вести на вашиот e-mail

Македонска берза
 Алкалоид Скопје
2.130,00 +0,45% 
 Жито Лукс
200,00 -0,50% 
 Гранит
97,00 +1,41% 
 Земј. Комб. Пелагонија Битола
315,00 -1,56% 
 Комерцијална Банка
5.599,00 +1,32% 
 Македонија Турист
1.350,00 +8,53% 
 Макпетрол Скопје
15.500,00 +1,68% 
 Топлификација
2.300,00 +4,83% 
 Обврзници (денационализација) - I емисија
70,20 +0,00% 
 Обврзници (денационализација) - III
69,00 -0,04% 
Индекси
 Мак. берза МБИ
 1.156,81 +18,54 +1,63% 
Курс - менувачници
 EUR 61,70 +0,00% 
 USD 47,50 -0,10% 
 EUR / USD 1,298  
Курс - НБРМ
 EUR 61,29 +0,00% 
 USD 47,01 +1,23% 
 EUR / USD 1,303  
 

 Дома > Вести > Економија

 

Петров: „Новинарите виновни за грешките на Министерството за земјоделство“

Игор Манасиевски
30.09.2004
„Во земјоделци и во оштетени ќе се инфилтрираат разни типови, кои немаат врска со земјоделско производство“
 

Новинарите се виновни за грешките што ги направило Министерството за земјоделство при распределбата на парите за поплавените.

Според министерот за земјоделство, Славко Петров, медиумскиот притисок сега е виновен што поплавените земјоделци, наместо десет, добија седум проценти од и онака малата финансиска помош.

Останатите пари, нешто повеќе од 20 илјади евра, по грешка отидоа во рацете на оние кои немаат ништо со земјоделството и поплавите.

„Брзајќи да ги платиме и притискајќи не дека земјоделците ги чекаат парите, во земјоделци и во оштетени ќе се инфилтрираат разни типови, кои ниту имаат врска со земја, нити имаат врска со земјоделско производство, ниту пак имаат било какви штети“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Славко Петров. Три и пол месеци по поплавите, дури минатата недела поштарите ги разнесоа парите за помош на земјоделците. Голем дел од нив реагираа на пропустите во распределбата на сумите.

Министерот Славко Петров очекува дека до крајот на октомври, обештетувањето на земјоделците да достигне до 15% од проценетата штета, а допрва треба да се делат и парите собрани од солидарната дневница.

Верзија за печатење

Верзија за печатење

Прати ја оваа вест по e-mail

Прати по e-mail


Вести поврзани со оваа
• Семејството Дрвошанови добило 33 денари оштета од јунските поплави [23.09.2004]
• Каналите во Струмичко се уште не се исчистени [20.09.2004]
• Доставени списоците со земјоделците кои треба да се обештетат [03.09.2004]
• Подрачните единици виновни за доцнењето на оштетата на земјоделците [30.08.2004]
• Струмичани го кочат обештетувањето на земјоделците од поплавите [27.08.2004]

Најнови вести од Економија
•  Мехази: „На Македонија и треба модерен регионален аеродром“
•  ССМ ќе ги брани работничките права во Парламентот
•  Опозицијата ја продолжува кампањата против продажба на ЕСМ
•  Владата со неуверливи аргументи ја брани тезата дека ЕСМ мора да се продава
•  Пропаднаа денешните преговори меѓу Владата и железничарите
•  Гасоводот ќе се доизградува во услови на нерешена сопственост
•  Економскиот раст на Балканот годинава помал од лани
•  Киро Панов се уште не може да ја преземе „Ангропромет Тиквешанка“
 

 A1 mail листа

 A1 на SMS

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 A1 RSS канали

Фудбалски резултати и статистики

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk