Дома Skrieni strasti - sekoj den vo 9 casot
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
   Македонија
   Економија
   Балкан
   Свет
А1 вести на вашиот e-mail

  Ваш став
  Дали гласот „За“ на референдумот всушност е опомена на власта?

  Интервју
  Али Јакупи: „Косово има право да склучи нов трговски договор со Македонија“

  Фото
  Изложба на восочни фигури во музеј на град Скопје

  Сторија
  Трајанка Гогова е еден од случаите на стари лица отфрлени од семејствата
 

 Дома > Вести > Свет

 

Блискиот Исток поделен околу напад врз Ирак

04.11.2002

Блискоисточните држави се поделени околу евентуален напад на САД врз Ирак. Додека Јордан и Саудиска Арабија предупредуваат дека агресивноста на САД поттикнува антиамерикански чувства кај Муслиманите, кувајтските власти се подготвуваат да го заштитат своето население во случај на војна во соседен Ирак.

„Агресивната политика на САД ги поттикнува антиамериканските чувства кај муслиманите“, изјави лидерот на најсилната јорданска партија на умерените муслимани, Шеик Хамза Мансур, кој смета дека доколку американската политика не се смири цената ќе биде огромна.

Менсур во интервјуто за „Ројтерс“ рече дека Американците со човечки животи ќе ја платат арогантната политика на својата влада.

Тој изрази надеж дека САД ќе извлечат поука од неодамнешните напади врз Американците, како и на туристичките места ширум светот.

„Саудиска Арабија нема да им дозволи на САД да ги користат нејзините бази и територија за евентуален напад врз Ирак со или без одобрение на Советот за безбедност на ОН“, изјави саудискиот министер за надворешни работи, Сауд ал-Фејсал.

Тој додаде дека тие ќе ја почитуваат одлуката на Советот и ќе соработуваат со него. Меѓутоа, Фејсал смета дека влегувањето во конфликт и употребата на објекти е нешто друго.

Кувајтските власти се подготвуваат да го заштитат своето население во случај на војна во соседен Ирак, а парламентот ги оцени преземените мерки како доволни за безбедност во внатрешноста и на границите на Кувајт.

Меѓу мерките е и онаа која ќе овозможи снабдување на населението со два милиони гас-маски по дисконтни цени, во случај Багдад да користи билошко или хемиско оружје.

Наредено е да се обезбедат и дополнителни количества вода, лекови и храна во продавниците.

Кувајтската армија вчера блокирала голем дел од северозападниот дел на земјата, каде што пристап имаат само американските трупи и војската.

Кувајт синоќа ја затвори локалната канцеларија на арапскиот сателитски канал Ал Џезира поради необјективност во известувањето.

„Причина е недостаток на професионализам и неутралност во третирањето на кувајтските проблеми“, соопшти претставник на кувајтската влада.

Ал Џезира има централна редакција во Катар и е една од најпопуларните телевизии во арапскиот свет. Својата светска слава ја стекна по емитувањето на видео пораките на Осама бин Ладен и останатите лидери на Ал Каида.

Верзија за печатење

Верзија за печатење

Прати ја оваа вест по e-mail

Прати по e-mail


Вести поврзани со оваа
• САД горди на постигнатиот напредок во Авганистан [08.10.2002]
• Ал Каеда и натаму претставува смртоносна опасност [01.10.2002]
• Девет загинати во престрелка во Авганистан [30.09.2002]
• Нападнати американски специјални сили во Авганистан [20.09.2002]
• Уапсен висок претставник на Талибанците [18.09.2002]

Најнови вести од Свет
•  Мајкл Мур беше од страната на Кери
•  Зградата на руското Министерство за финансии во пламен
•  Хамид Карзаи и официјално е прогласен за претседател на Авганистан
•  Бин Ладен се закани дека ќе ги одмазди жртвите од Ирак
•  Републиканците победија на изборите за Претставничкиот дом
•  Буш победи на изборите во САД
•  Најмалку девет лица загинаа при експлозија во Багдад
•  Америка гласа за претседател
 

 A1 mail листа

 A1 на SMS

 A1 на PDA

 A1 на WAP


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk