Дома Skrieni strasti - sekoj den vo 9 casot
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
   Македонија
   Економија
   Балкан
   Свет
А1 вести на вашиот e-mail

  Ваш став
  Дали гласот „За“ на референдумот всушност е опомена на власта?

  Интервју
  Али Јакупи: „Косово има право да склучи нов трговски договор со Македонија“

  Фото
  Изложба на восочни фигури во музеј на град Скопје

  Сторија
  Трајанка Гогова е еден од случаите на стари лица отфрлени од семејствата
 

 Дома > Вести > Свет

 

Уапсени две лица во истрагата против снајперистот

21.10.2002
Ново светло во случајот фрли пораката пронајдена близу местото на последното пукање
 

Дали е на повидок пресврт во случајот со 12-те сериски убиства во околината на главниот град на САД, Вашингтон. Полицијата ги уапси првите две лица во истрагата против мистериозниот снајперист, кој по последното убиство, завчера, оставил нова порака со телефонски број.

Две лица денеска се уапсени во рамките на истрагата против мистериозниот снајперист што во околината на Вашингтон, во рок од три недели уби 9 и рани три лица. И полицијата и Белата Куќа ја потврдија оваа вест, но одбија да понудат какви било натамошни детали. 

Сведоци виделе дека едно од двете лица, маж на возраст до 30 години, бил уапсен додека покрај светло бело комбе телефонирал од јавна говорница.

Истовремено ново светло во случајот „снајперист“ фрли и пораката што е пронајдена близу местото на последното пукање, на 140 километри јужно од Вашингтон во Ричмонд, Вирџинија.

На пораката е оставен телефонски број, но полицијата го повика оној што ја оставил пораката да се јави на бројот што го оставил за контакт. Се претпоставува дека тоа е снајперистот.

Откако врз последно ранетиот 37 годишен маж е извршена и втората операција и конечно од неговото тело е изваден куршумот со којшто беше погоден, полицијата потврди дека и тој случај е поврзан со претходните 11.

Во меѓувреме, се појавија шпекулации дека снајперистот можеби е поранешен припадник на француската армија, кој што дезертирал и за кој што Франција веќе испратила предупредување до Интерпол дека пребегнал во Америка.

Денеска сите училишта во Ричмонд, каде што се случи последното пукање се затворени и околу 200 илјади ученици останаа дома, стравувајќи да не постанат новата, 13-та жртва на снајперистот.

Исто така денеска е објавено дека лажниот сведок кој пред неколку дена и кажа на полицијата дека видел се` од претпоследното пукање, најверојатно го очцекува казна затвор од 6 месеци.

Стравот и паниката што владееја во Вашингтон и неговата потесна околина, по последното пукање во Ричмонд, се проширија и во градовите шсто се на далечина поголема од 100 километри од Вашингтон.

Верзија за печатење

Верзија за печатење

Прати ја оваа вест по e-mail

Прати по e-mail


Вести поврзани со оваа
• Серискиот убиец од Вашингтон не престанува [20.10.2002]
• Сведокот за снајперистот од Вашингтон лажел [18.10.2002]
• Серискиот убиец ќе го лови и армијата на САД [16.10.2002]
• Нова жртва на мистериозниот снајперист од Вашингтон [15.10.2002]
• Десета по ред жртва на мистериозниот снајперист [12.10.2002]

Најнови вести од Свет
•  Америка гласа за претседател
•  По традиција градчето Диксвил Ноч прв објавува резултати од гласањето
•  Измами, заплашувања и тужби на изборите во САД
•  Состанок на шефовите на дипломатиите на Европската унија
•  Изборите во САД чинат 4 милијарди долари
•  Најмалку 9 загинати во 2 експлозии во Багдад
•  Израелски политичари потпишаа петиција за повлекувањето на Израел од Газа
•  Мртва трка на Буш и Кери
 

 A1 mail листа

 A1 на SMS

 A1 на PDA

 A1 на WAP


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk