Дома Пријавете се за добивање американска иселеничка виза
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
   Македонија
   Економија
   Агровести
   Балкан
   Свет
   Занимливости
Сојуз на стопански комори
Flowershop

  Ваш став
  Кој е лице на годината за 2005-та?

  Интервју
  Кристијан Павловски: Се фокусиравме на прашањето на сигурноста

  Фото
  Државата ја откри тајната за Јасен

  Сторија
  Дипломираните питомци го ставија штрајкот во мирување
 

 Дома > Вести > Свет

 

Реката Елба достигна рекордна височина

16.08.2002
Ирската владата одобри помош за жртвите од поплавите
 

Нивото на реката Елба во германскиот град Дрезден денеска ја достигна рекордната височина. Изутрината во пет часот нивото на Елба беше 8.85 метри, а реката се уште расте, соопштија официјални претставници на германската покраина Саксонија.

Досега рекордно ниво на елба беше 8.77 метри измерено во 1845 година. Стравот од поплави се зголемува во германските покраини Ааксонија, Анхалт и Бранденбург.

Во кризните региони во источна Германија своите домови ги напуштија неколку десетици илјади луѓе, а повеќе десетици се подготвуваат за евакуација.

Во градот Витерфелд во Саксонија Анхалт каде вчера се урна насипот спасувачките екипи ги спасија жителите од загрозените места, но водата се заканува дека ќе го поплави градот и подрачјето каде се наоѓаат повеќе хемиски фабрики.

Жителите на Прага, кои беа први евакуирани поради поплавите што ја зафатија Чешка, синоќа добија дозвола да се вратат во своите домови.

Станува збор за десетина жители од областа „Подскали“, додека останатите од истата област ќе можат да се вратат денеска по проверките на нивните згради.

Градоначалникот на Прага Игор Немец ги замоли повеќе од 45-те илјадите евакуирани лица да покажат трпеливост во желбата што поскоро да се вратат во своите домови.

Ирската влада одобри помош во износ од 300.000 евра наменета за жртвите од поплавите што ги зафатија Чешка, Словачка и Романија.

Чешка ќе добие 200.000 евра помош по пат на Меѓународниот одбор на црвениот крст, додека Романија и Словачка ќе добијат по 50.000 евра, прецизираа претставници на ирската влада.

Верзија за печатење

Верзија за печатење

Прати ја оваа вест по e-mail

Прати по e-mail


Вести поврзани со оваа
• Поплави во Мексиско, тајфун на Филипини [16.08.2002]
• Поплавите се уште закана за Eвропа [15.08.2002]
• Дунав полека ја преплавува Виена [14.08.2002]
• Германија - „поплави на векот“ [14.08.2002]
• 800 жртви на поплавите во Азија [14.08.2002]

Најнови вести од Свет
•  Италијански судија издаде европски налог за апсење на агенти на ЦИА
•  Протести против резултатите од изборите во Ирак
•  Најмалку 12 морнари загинаа во Шри Ланка
•  Прв британски амбасадор вработен преку конкурс
•  Невреме во Индија, Тајланд и Јапонија
•  Заврши штрајкот во јавниот сообраќај на Њујорк
•  Убиени осум ирачки војници близу Бакуба
•  Обвиненија против функционери за несреќите во кинеските рудници
 
 A1 mail листа
 A1 на SMS
 A1 на PDA
 A1 на WAP
 A1 RSS канали
 A1 на сателит
 A1 на денешен
 ден
Време online

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk