Дома Сопранови
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Економија > Архива > Септември 2004

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 

АРХИВА: Економија, Септември 2004


 

Градежниот инспекторат ја урива базната станица на Космофон на Водно
[01.09.2004] Уривањата на дивоградбите на Водно почнуваат од врвот. Денеска градежниот инспекторат почна да ја урива базната станица на Космофон лоцирана на стотина метри од крстот на водно, а во исто време со решение за уривање Мобимак ја демонтираше својата базна станица во подножјето на Водно во населбата Кисела вода.

 

Не се остварија најавите за Словенечки фабрики во Македонија
[01.09.2004] По 4 месеци од влезот на Словенија во Европската унија, не се остварија најавите на словенечките владини и бизнис кругови дека во Македонија ќе се отворат фабрики во кои ќе се произведуваат словенечки производи.

 

Кривична пријава зa Љубе Трпески
[01.09.2004] Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот гувернер на Народната Банка на Македонија, Љубе Трпески затоа што со злоупотреба на функцијата ја оштетил централната банка за повеќе од 11 и пол милиони долари.

 

Сувенирци протестираа пред владата
[01.09.2004] Работниците од Сувенир од Самоков денеска протестираа пред владата. Иако бараа средба со премиерот Хари Костов на разговори ги примиле претставници од министерството за економија.

 

ЈСП нема да штрајкува
[01.09.2004] Скопјани в петок ќе имаат градски превоз за на работа. Шоферите нема да ги паркираат автобусите. ЈСП го одложи најавениот штрајк. На средбата со градоначалникот Пенов тие увиделе дека избрзале со рокот кој му го дадоа на градот и на владата за да ги реши нивните проблеми.

 

Трпески: „Банкарските гаранции беа практика до минатата година“
[02.09.2004] Скопското Јавно обвинителство во наредните денови ќе реши дали ќе покрене обвинение против екс Гувернерот на Народната банка Љубе Трпески, кој вчера доби кривична пријава од полицијата за злоупотреба на функцијата.

 

Даночните инспектори ги затворија сите пумпи на Макоил
[02.09.2004] Управата за јавни приходи ги затвори трите бензиски пумпи на Макоил. Бензиските во Лисиче, Сингелич и онаа под Зајчев рид се пломбирани од даночната инспекција, со забрана за работа во следните 30 дена, затоа што пумпите за точење не биле поврзани со фискалната каса.

 

Премиерот Костов предлага стечај и ликвидација за Сувенир-Самоков
[02.09.2004] Стечај и ликвидација за Сувенир-Самоков, по што фабриката без обврски би се продавала на меѓународен тендер, ова денеска им го порача Премиерот Хари Костов на работниците од фабриката за наменско оружје. Работниците би добиле отпремнини, а ќе им бидат регулирани и неисплатените придонеси за 20 месеци.

 

Владата и бизнисмените ги составија новите колективни договори
[02.09.2004] Владата и бизнисмените ги составија новите работнички колективни договори, без годишен регрес и помалку пари за хранарина, превоз, празнични и ноќни дневници. Во својата верзија за колективните договори, бизнисмените отишле и понатаму од Владата, ја избришале и најниската утврдена плата во стопанството.

 

Сувенирци си заминаа откако добија нови ветувања
[03.09.2004] Штрајкувачите од фабриката Сувенир денеска си заминаа за Самоков откако добија нови ветувања и како што велата поради исцрпеност.

 

Доставени списоците со земјоделците кои треба да се обештетат
[03.09.2004] Во министерството за земјоделие денеска беа доставени списоците со имињата на земјоделците кои треба да се обештетат од јунските поплави. Со експресно завршената работа за 3 дена, наспроти трите месеци што ги имаа на располагање, раководителите на подрачните единици од поплавените региони се спасија од разрешувањето со кое во вторникот им се закани министерот Славко Петров.

 

Швајцарска фирма во Македонија ќе инвестира милијарда долари
[03.09.2004] Швајцарската инвестициска компанија Етицс инфраструктуре фоунд, во соработка со Белле цонсилиум и КФИ има намера да инвестира во Република Македонија над милијарда долари, пред се во инфраструктурни проекти.

 

Извештајот за гасоводот фалсификуван во корист на „Макпетрол“
[03.09.2004] Извештајот на независната ревизорска куќа „Грант торнтон“ според кој „Макпетрол“ има 57% од гасоводот е фалсификуван, тврди ревизорката Убавка Бојаџиевска, која работела на извештајот.

 

Без работа 100-тина вработени во „Макоил“
[03.09.2004] Стотина вработените во „Макоил“ останаа без работа. Сопственикот утрината им даде отказ откако вчера даночните инспектори ги затворија трите бензиски пумпи на оваа фирма.

 

„Годел“ продаден на штипски бизнисмен
[03.09.2004] Штипскиот бизнисмен Кире Иванов станува сопственик на скопската фабрика за кожа „Годел“.

 

„Космофон“ сам ќе ја демонтира станицатa на Водно
[03.09.2004] Мобилниот оператор „Космофон“ сам ќе ја демонтира базната станица на Водно, за кој инспекцијата донесе решение за уривање.

 

Лозарите се закануваат со граѓанска непослушност
[03.09.2004] Откупните цени на грозјето кои им беа понудени на Лозарите не само што не се повисоки туку се и пониски од минатата година. На состанок со менаџерскиот тим на винарската визба „Тиквеш“ сопственикот Свето Јаневски потврди дека понудените цени се дефинитивни и нема да се променат.

 

Министерството за економија ќе ја тужи „Гранд Торнтон“
[04.09.2004] Министерството за економија кривично ја гони ревизорската куќа „Гранд Торнтон“ за направен фалсификат во случајот гасовод. Откако А1 го објави писмото во кое еден од ревизорите ја известува Владата дека извештајот на „Гранд Торнтон“ за сопственоста врз гасоводот е лажиран во корист на „Макпетрол“, министерот Јакимовски најави судска разврска на овој скандал.

 

Затворени над 60 дуќани во Струмица за неиздавање на фискални сметки
[05.09.2004] Трговските и угостителските објекти, викендов беа на удар на Управата за јавни приходи и пазарната инспекција. Како што дознаваме, на 60 дуќани и угостителски објекти, поради немање на фискални апарати и неиздавање на фискални сметки, им се изречени мерки за затворање на објектите, а неколку дуќани и кафулиња биле веднаш затворени.

 

Закажан протест на незадоволните лозаро производители
[05.09.2004] Проблемите со откупот и пласманот на грозјето, отсекогаш се присутни во последниве педесетина години. Лозарите во минатото беа поттикнувани за подигање на овие лозови насади, а се форсираа и високо квалитетните сорти грозје, зашто само квалитетното вино е виза за во Европа.

 

Нечисти бизниси избркаа милионска инвестиција
[05.09.2004] Нечисти бизнис игри од Македонија избркаа милионска инвестиција на две словенечки компании „Адут“ од Шторе и „Емо алатница“ од Цеље, обвинува Салџиев, нивниот македонски претставник, инаку газда на „Сигма масла“ од Скопје.

 

Намалени цените на горивата за еден денар
[06.09.2004] Регулаторната комисија за енергетика на Македонија денеска донесе одлука за намалување на рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати за 3,84%, односно за 1,8%.

 

Само една понуда за купување на „Злетово“ и „Тораница“
[06.09.2004] Американската компанија „Трафалгар ресурсис“ е единствен заинтересиран купувач за рудниците „Злетово“ од Пробиштип и „Тораница“ од Крива Паланка. За рудникот за олово и цинк „Злетово“ компанијата нуди 207.000 евра.

 

Протест на купувачите на комерцијалните станови
[06.09.2004] Дел од купувачите на комерцијалните станови кои денеска повторно протестираа пред Јавното станбено претпријатие, најавија дека ќе поднесат тужби против претпријатието бидејќи им ги променило условите за доплата на становите.

 

Работниците од Сувенир го блокираа патот Кичево Охрид
[06.09.2004] Работниците од фабриката за производство на оружје Сувенир Самоков, денеска во 13 часот го блокираа патниот правец Кичево Охрид бидејќи владата не го исполни ветувањето, денеска да се потпише социјалната спогодба за нивно згрижување додека трае ликвидацијата на фабриката.

 

Даночните инспектори немилосрдни во Скопје, немоќни во Тетово
[06.09.2004] Даночните инспектори денеска повторно ги затвораа дуќаните и кафаните што ги беа отворени и покрај едномесечната забрана за работа. Овој пат за нив казната ќе биде поригорозна, газдите ќе бидат кривично гонети, а објектот ќе биде затворен 2 месеци.

 

Тим од повеќе министерства ќе решава за гасоводот
[06.09.2004] Владата формира тим од повеќе министерства за да одлучи што да прави со гасоводот. Откако битката на концепти за гасоводот се претвори во медиумска војна меѓу министерот за економија и премиерот Костов, владата најде чаре.

 

Средба на хрватски и македонски бизнисмени за зајакнување на соработката
[06.09.2004] Хрватските бизнисмени и нивните македонски партнери се сретнаа во обид да ја засилат економската соработка меѓу двете земји. Трговијата расте но е незадоволителна.

 

Компанијата која ги купува рудниците Злетово основана е само со 1.000 евра
[07.09.2004] Иако веќе 2,5 години се во исчекување на продажбата на рудниците Злетово ние не би сакале овој рудник да ја доживее судбината на Бучим, велат рударските инжинери кои немаа доволно информации за потенцијалниот купувач, во кој сепак се сомневаат.

 

Oткако ставија фискални, кафанџиите ги покачија цените
[07.09.2004] Скопските кафанџии, откако беа притиснати од контролите на даночните инспектори и конечно почнаа да издаваат фискални сметки, што значи и да плаќаат даноци, удрија по џебот по граѓаните - ги поскапеа пијалаците.

 

Јавниот правобранител нема да дозволи незаконска продажба на гасоводот
[07.09.2004] Јавниот правобранител предупредува дека нема да дозволи незаконска продажба на државниот капитал во гасоводот. Правобранителката Зоја Лега Станоевска за А1 денеска изјави дека законски е точно определно кога и дали државата смее да продава свој имот по пат на непосредна спогодба.

 

Сувенирци повторно на протести пред Собрание
[07.09.2004] Револтирани оти во петокот добиле само лажно ветување колку да се тргнат од пред собранието и да ги исчистат патот за посетата на хрватскиот премиер Санадер, работниците од Сувенир денеска повторно дојдоа на протести пред собранието.

 

Работниците од Сувенир повторно на протест пред Собранието
[08.09.2004] Денеска пред Собранието протестираа работниците од фабриката Сувенир од Самоков. Додека тие протестираа, во Собранието се одржуваше свечениот коктел по повод денот на независноста. Сепак поради изнемоштеност, овие луѓе попладнето си заминаа дома. Но најавија дека утре повторно ќе дојдат.

 

Сеуште далеку од членството во ЕУ
[08.09.2004] Тринаесет години од осамостојувањето, Македонија е држава со близу 400.000 невработени и повеќе од половина милион сиромашни граѓани. Земјата се соочува со пад во индустријата и запаѓа во економска рецесија. А1 ги праша политичарите одговорни за економија дали на сметка на политичките настани ги заборавија економските реформи.

 

Винарската визба Тиквеш повторно под блокада
[08.09.2004] Ниту зрно грозје нема да се однесе во Тиквеш, вака синоќа одлучија лозарите од Тиквешијата на собирот во Кавадарци. Над 2.000 лозаро производители видно револтирани од игнорантскиот однос на Тиквеш за повисоки откупни цени на грозјето, решија утре од 8 часот да ги блокираат портите на подрумот, со сета расположлива механизација.

 

Цените на земјоделските производи на пазарот секојдневно паѓаат
[08.09.2004] Цените на земјоделските производи на пазарот секојдневно паѓаат. Струмичани се жалат дека и оваа есен ќе ја завршат без пари.

 

Протест на вработените во Сувенир пред Собранието
[09.09.2004] Дел од вработените во фабриката за производство на оружје и муниција „Сувенир“ од Самоков денеска повторно протестираат пред Собранието, барајќи рестартирање на производството во фабриката и исплата на шесте заостанати плати и придонесите кон фондовите за пензиско и здравствено осигурување за последните 20 месеци.

 

Лозарите го блокираа влезот на „Тиквеш“
[09.09.2004] Со транспаренти „Почитувајте го винари трудот на лозарите“ и над 100 празни трактори повеќе винаро производители денес ги блокираа капиите на винарската визба „Тиквеш“. По 4 часа чекање, некаде на пладне, почнаа преговорите меѓу двете страни, но и овој пат безуспешно.

 

Скопјани незадоволни од казнените билети на ЈСП
[09.09.2004] Скопјани незадоволни од казнените билети на ЈСП. Тие се жалат дека поради малиот број билетари, треба да пешачат и по неколку километри за да купат билет. Ако го купиме во автобус, тогаш плаќаме казнена цена. Наместо 20 или 25 денари зависно од зоната, казнениот билет купен кај шоферот е 30 денари.

 

Oд извозот на вино во земјава се слеваат по 29 милиони евра
[09.09.2004] Цените на виното бележат зголемување и на домашниот и на странскиот пазар, а откупната цената на винското грозје не е променета десетина години. Грозјето Смедеревка винарите го плаќаат по 8 и пол денари за килограм, а Кратошијата по 12 и тоа со задоцнување од неколку месеци.

 

Раководството на ГТЦ брза да ги продаде дуќаните пред изборите
[09.09.2004] Локалните избори ќе го спасеа градскиот трговски центар од продажба ако се одржеа навреме. Сега, откако изборите се одложени за напролет, државата може слободно да го продава трговскиот центар во Скопје.

 

Aнтикорупциската комисија почна да ги собира документи за гасоводот
[09.09.2004] Откако ја предупреди владата дека не смее без тендер да ја продава државната сопственост во гасоводот, антикорупциската комисија почна да ги собира потребните документи пред и официјално да го отвори случајот гасовод. „Макпетрол“ и Управата за јавни приходи на комисијата веќе и ги доставиле бараните документи.

 

Само банка која е во 20-те најдобри во ЕУ може да ја купи Комерцијална
[09.09.2004] И Комерцијална банка, една од трите најголеми банки во земјава, сака странски инвеститор. Но, не кој било.

 

Македонија и НР Кина потпишаа договор за соработка
[10.09.2004] Македонскиот заменик-министер за економија Ракип Дочи и кинескиот заменик-министер за трговија Ју Гуанжу денеска потпишаа Договор за економска и техничка соработка меѓу владите на Република Македонија и Народна Република Кина.

 

На вработените во МЖ им е ускратено правото да земаат кредит
[10.09.2004] Синдикатот на подружницата „Влеча на возови“ при Јавното претпријатие „Македонски железници“ бара ист третман како вработените во другите јавни претпријатија и во државната администрација при земањето кредити, право, за кое тврди дека му е ускратено на неговото членство.

 

Вработените на „Сувенир“ повторно протестираат пред Собранието
[10.09.2004] Дел од вработените во фабриката за оружје и муниција „Сувенир“ од Самоков и денеска протестираат пред Собранието, барајќи исплата на шесте заостанати плати и придонеси кон фондовите за пензиско и здравствено осигурување за последните 20 месеци.

 

Лозарите повторно го блокираа влезот на „Тиквеш“
[10.09.2004] Блокадата на „Тиквеш“ продолжи и денес. Лозарите категорични дека ќе ги враќаат сите оние кои ќе донесат грозје овде. Тие се подготвени да се откажат од годинешниот род.

 

Прифатена кривичната пријава против Трпески
[10.09.2004] Основното Јавно обвинителство ја прифати кривичната пријава од полицијата против Љубе Трпески, поранешен Гувернер на Народната банка на Македонија. Доказите на МВР биле доволни кривичната пријава да се проследи до Основниот суд Скопје.

 

Исплатата на земјоделците ќе започне идната недела
[10.09.2004] Идната недела ќе почне исплатата на парите за земјоделците кои претрпеа огромни штети од јунските поплави. Со задоцнување од три месеци, Подрачните единици на Министерството за земјоделство ќе ја делат финансиската помош на 6 и пол илјади земјоделците од 19 општини зафатени од поплавите.

 

Македонија ќе склучи спогодба за бесцаринска трговија со Косово
[10.09.2004] Македонија ќе склучи директна спогодба за бесцаринска трговија со Косово, со што за покраината веќе нема да важи договорот за слободна трговија склучен во 1996-та меѓу Скопје и Белград.

 

Антикорупциска комисија ќе го тестира својот кредибилитет кај Владата
[10.09.2004] Со случајот гасовод, Антикорупциската комисија ќе го стави на тест својот кредибилитет кај Владата, колку таа ќе ги послуша препораките на Комисијата да не го продава државниот капитал во гасоводот без да објави тендер.

 

„Тиквеш“ трет ден под блокади
[11.09.2004] Веќе 3 дена капиите на винарската визба „Тиквеш“ се блокирани од незадоволните лозари поради ниската откупна цена на грозјето. Преговорите и понатаму не мрдаат од мртва точка.

 

Лозарите го прекинаа штрајкот
[12.09.2004] Рано изутрина лозарите од Тиквешијата ги тргнаа блокадите од пред винарската визба „Тиквеш“. По тридневна блокада и терање инает со раководството на „Тиквеш“ лозарите не добија повисоки цени.

 

Економијата за владата е на втор план
[12.09.2004] Прашалници со Унијата, па референдум, па нова година, па избори. Ќе помисли ли некој во следните 6 месеци на кутрата економија. Фокусот и на владата и на опозицијата е сериозно одвлечкан накај политиката. А само во следните 3 месеци ако не друго владата на Костов има да заврши најмалку 5 работи.

 

Владата ги потценува земјоделците, обвинува ВМРО-ДПМНЕ
[12.09.2004] Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува владата за пасивен однос кон проблемите на тиквешките лозари. За нив несватливо е како министерството за земјоделство не презема ништо за лозарството кое во буџетот носи 80 милиони евра.

 

Софрониевска му се заканувала на Маневски со линч
[13.09.2004] Претседателката на Републичкиот судски совет Ленче Софрониевскa му се заканувала на Михајло Маневски, член на антикорупциската комисија, поради прекршочната пријава што комисијата ја поднела против неа откако Софрониевска не го пријавила навреме својот имот.

 

Акцијата за затворање на дуќаните e законска, но против уставна
[13.09.2004] Акцијата за затворање на дуќаните што не издаваат фискални сметки може сериозно да се блокира. Затварањето на дуќаните на лице место е законски но противуставно, тврдат експертите.

 

За да почнеш бизнис во Македонија требаат 13 процедури
[13.09.2004] Македонија е заглавена во брдо бирократски процедури за отворање и водење бизнис, како една од пречките за влез на инвеститори. Оваа оценка за земјава што важи и за неколку други држави во регионот го констатира најновиот извештај на Светската банка објавен денеска за слободата и пречките за водење бизнис.

 

Владата го разгледуваше предлогот за ребаланс на буџетот
[13.09.2004] Владата денеска го разгледуваше предлогот за ребаланс на буџетот за оваа година.

 

Самоков тивко умира
[13.09.2004] Да дојдат пред фабрика, иако таа не работи со месеци, да не чујат нешто за својата судбина. Ова е единствената и последна работа што можат да ја сторат седумстотината вработени во Сувенир. Така беше и денеска.

 

Телеком не постапи според барањето на инспекцијата
[13.09.2004] Телеком признава дека не постапи според барањето на пазарната инспекција која на компанијата и наложи во новите сметки прецизно да бидат означени времетраењето и цената на секој разговор.

 

За печатницата на „Нова Македонија“ заинтересирани 3 фирми
[13.09.2004] За печатницата на „Нова Македонија“ се заинтересирани три фирми.

 

Македонската берза наскоро ќе почне да работи според европски правила
[14.09.2004] За да привлече странски инвеститори и да им ги гарантира нивните инвестиции во Македонија, берзата ќе воведе нови, овој пат, европски правила. Се работи за целосно нов закон за хартии од вредност, скроен според европски терк.

 

Пазарната инспекција не може да го затвори Телеком
[14.09.2004] Пазарната инспекција може да го затвори Телеком на 30 дена, но само ако државата имаше уште еден фиксен оператор. Сега, тоа би било спротивно на Законот на телекомуникации и на концесискиот договор, каде стои дека Телекомот и државата имаат обврска во секое време да обезбедат функционирање на фиксната телефонија.

 

ЈСП планира да ја укине продажбата на билети во автобус
[14.09.2004] ЈСП планира да ја укине продажбата на билети во автобус, бидејќи за нив патникот не може да добие фискални сметки. Како втора причина се се почестите сообраќајки предизвикани од уморните возачи на кои умот им е повеќе во парите, отколку на патот.

 

Антикорупциската комисија оценува дека во гасоводот има државен капитал
[14.09.2004] Антикорупциската комисија и препорачува на Владата никако да не ја отвора можноста гасоводот да му го даде на „Макпетрол“, пред да ја утврди и заштити сопственоста на државата.

 

Охридскиот аеродром со само пет авиони неделно
[14.09.2004] Охридскиот аеродром остана само со пет авиони неделно. Од и до Охрид летаат само МАТ и Адрија Ервејс. Ова значи дека обемот на сообраќај на Охридскиот аеродром не успеа да го зголеми ниту неодамнешната реконструкција, со која се прошири пистата и се стави нова светлосната сигнализација.

 

Владата му предлага на Собранието нов буџет за годинава
[14.09.2004] Владата му предлага на Собранието нов буџет за годинава, кој според министерот за финансии Поповски, ќе бил малку помал од сегашниот.

 

Потфрлања во буџетот при наплатата на даноците
[15.09.2004] Годинава има потфрлања во буџетот и на наплатата на повеќе даноци.

 

Муратовски: „Владата не сработи ништо“
[15.09.2004] Осврнувајќи се на работата на владата во последната година ССМ со оценка, таа не сработила ништо од тоа што му ветила на синдикатот.

 

Владата не успеа да ги потроши парите за инвестиции
[15.09.2004] Владата и годинава од буџетот единствено не успеа да ги потроши парите што се предвидени за инвестиции. Ова се случува во време кога и онака 2004-та ќе заврши со помал пораст на економијата од предвидениот.

 

Само 4 компании во Македонија остваруваат профит во милијарди
[15.09.2004] Само 4 компании во Македонија остваруваат профит во милијарди денари. Од нив, дури 3 се под капата на унгарскиот „Матав“. Првите две места неприкосновено ги држат македонски „Телеком“ и „Мобимак“, недостижни за останатите.

 

Јакимовски порача стечај за „Треска“
[15.09.2004] Стечај за „Треска“. Ова денеска им го порача Министерот за економија, Стевче Јакимовски на работниците од „Треска“. Тие втор ден протестираат барајќи исплата на 16 заостанати плати и неисплатени придонеси за осум години.

 

100-тина дуќанџии протестираа поради затворените дуќани во Струмица
[15.09.2004] Откако вчера 50-тина дуќани беа запечатени од инспекторите денеска околу 100-тина сопственици протестираа пред подрачната единица на министерството за економија барајќи пазарната инспекција да им дозволи да ги отворат.

 

Возачите во „Жито лукс“ од полноќ во штрајк
[15.09.2004] Вработените возачи во „Жито лукс“ од полноќ ќе штрајкуваат. 100-тината возачи штрајкуваат поради лошите услови за работа. Нивниот протест може да го остави половина Скопје без леб.

 

Македонските фабрики за храна мора да работат по стандарди на НАСА
[15.09.2004] За една година се затвораат вратите на европските пазари ако македонските прехрамбени производители до тогаш не го воведат така наречениот „Хасап“ систем за беспрекорно безбедно производство на храна.

 

Почна штрајкот на возачите од „Жито Лукс“
[16.09.2004] Лебот од најголемиот снабдувач на Скопје „Жито лукс“ остана во пекарите. Леб добија само градинките, полицијата и армијата. 140 возачи рано изутрината наместо да разнесуваат леб започнаа со штрајк за подобри услови за работа.

 

Владата сака да го врати спорот со ОКТА на маса
[16.09.2004] Македонската влада му испраќа сигнали на Хеленик Петролеум дека сака спорот за монополот на ОКТА од суд, да го врати на преговарачка маса.

 

Владата преку рекламни спотови ќе ги тера граѓаните да плаќаат данок
[16.09.2004] Владата ќе троши државни пари за да ги информира граѓаните дека треба да плаќаат даноци. Министерството за финансии и даночната управа се уште не знаат колку ќе чини кампањата за подобра наплатата на даноците што ќе стартува од понеделник.

 

Министерството за економија задоволно од грчката Влада за „Окта“
[16.09.2004] Македонското Министерство за економија ги поздравува позитивните сигнали што доаѓаат од грчката Влада и претставниците на „Хеленик Петролеум“, а се во насока на разрешување на спорните прашања од Договорот за купопродажба на акции и за концесија.

 

Костов: „Владата нема обврски кон вработените во „Треска““
[16.09.2004] Костов им даде црвен картон на штрајкувачите од „Треска“. Не само што им порача дека владата нема да го решава нивниот проблем туку и ги обвини работниците дека тие го разграбувале имотот на фабриката.

 

Костов упорно настојува, гасоводот на Макпетрол
[16.09.2004] Премиерот Костов упорно опстојува на идејата дека гасоводот треба да му се даде на Макпетрол, како најдобро решение за заживување на гасоводниот систем.

 

Трпевски сеуште не е повикан на разговор кај истражниот судија
[17.09.2004] Иако обвинителството ја прифати кривичната пријава за екс гувернерот Љубе Трпевски и ја достави до судот, тој и по една недела не е повикан ниту на информативен разговор кај истражниот судија.

 

Одложено потпишувањето на купопродажниот договор за Саса
[17.09.2004] Потпишувањето на купопродажниот договор за рудникот Саса и дефинитивно е одложено, се додека не се утврди потеклото на парите што словенечкиот бизнисмен, Блажо Тасев ги уплати за купување на овој рудник за олово и цинк.

 

Запрен штрајкот во Жито лукс
[17.09.2004] Од утре продолжува нормалното снабдување на главниот град со леб. Штрајкот во скопски Жито лукс е ставен во мирување. Откако денеска на возачите им се приклучи синдикатот со останатите 1.000 вработени, заменик директорот седна на маса да разговараат за проблемите.

 

Хаос во училиштата по отпуштањата на сметководителите и готвачите
[17.09.2004] Хаос во основните училишта, сметководството го водат секретарите, а храната за учениците во некои училишта воопшто ја нема, а некои ја снабдуваат како знаат и умеат. Поради административните процедури ваквата слика ќе потрае сигурно до ноември.

 

Работниците од Треска продолжија да протестираат
[17.09.2004] Работниците од Треска продолжија да протестираат, само ја сменија локацијата. Денеска се собраа пред Комерцијална банка и бараа да го видат купопродажниот договор меѓу банката и грчките сопственици на фабриката.

 

Фабриката за акумулатори Злетово доби нов сопственик
[17.09.2004] Пробиштипската фабрика за акумулатори од денес и официјално има нов сопственик. Тоа е словенечката фирма Весна Марибор, позната како најстар производител на акумулатори на Балканот.

 

Телеком се подготвува за конкуренција во фиксната телефонија
[17.09.2004] Телеком купи нов софтвер за централите од Алкател вреден 1,8 милиони евра. Зделката направена денеска ја парафираа првиот човек на Телеком Сендреј, претседателот на бордот на директори Давитковски од претставникот на Алкател Агобијан. Новиот софтвер ќе овозможел простор за конкуренцијата.

 

Фабриката за муниција Сувенир ќе се продава
[18.09.2004] Фабриката за муниција Сувенир од Самоков ќе се продава. Уште в понеделник Владата ќе донесе решение во корист на вработените, изјави денеска во Собранието министерот Бучковски.

 

Грците прифаќаат да разговараат за Окта
[18.09.2004] Грчката страна со одушевување го прифаќа предлогот што неделава и го упати македонската Влада, место на суд, сите спорни прашања околу рафинеријата ОКТА да ги решат на преговори, дознава А1 од грчки извори.

 

Од објектите на рудниците Злетово исчезнува опрема, машини и инвентар
[18.09.2004] Од помошните објекти на рудниците Злетово во последните неколку дена континуирано исчезнува опрема, машини и инвентар. Во кругот на рудниците веќе ги нема 12-те нови вентилатори, кои требало да се вградат во рударската јама за проветрување на воздухот на длабочина од 600 метри под земја.

 

Македонија на дното според странски инвестиции по глава на човек
[20.09.2004] Македонија е на самото дно по странски инвестиции по глава на човек во последните 10 години, споредбено со останатите земји од Југоисточна Европа.

 

Побрз влез во ЕУ преку Инфо центар
[20.09.2004] Задутре и официјално ќе почне да функционира Евро инфо коренсподентниот центар на Македонија (ЕИЦ), чија цел е помош и едукација на мали и средни претпријатија за работењето и пласманот на нивните производи во Европската унија.

 

Трудовата инспекција затвори 65 дуќани во Скопје
[20.09.2004] Повеќе од триесет инспектори од внатрешноста на земјава дојдоа во Скопје да проверат дали дуќанџиите ги пријавуваат своите вработени. По засилената акција 65 дуќани добија забрана за работа бидејќи во нив биле откриени осумдесет работници на црно.

 

Јакимовски ја оспорува оштетата од 4,5 милиони евра на Макпетрол
[20.09.2004] Макпетрол воопшто не смеел да ги увезува цистерните со нафта, поради чија блокада од страна на царината сега државата треба да му плати отштета од 4, 5 милиони евра, тврди министерот за економија Јакимовски.

 

Државата има дефицит од 36 милиони евра за да може потроши колку што сака
[20.09.2004] Владиниот предлог за ребаланс на буџетот, стигна во Парламентот. За да може да потроши колку што сака, на државата годинава ќе и недостигаат 36 милиони евра. Таа смета дека во ребалансираниот буџет ќе собере 918 милиони евра, а сака да потроши 954 милиони.

 

Прво стечај, па ликвидација за Сувенир, реши владата
[20.09.2004] Прво стечај, па ликвидација за Сувенир од Самоков. Вака денеска реши владата. Единствената фабрика за муниција, ќе оди во стечај во најкус можен рок, уште утре. Владата ги задолжи министерството за финансии, управата за јавни приходи и електростопанство да поднесат пријава за отварање стечај во Сувенир.

 

Фирмите кои сакаат да ја купат печатницата на НИП-от планираат да ја затворат
[20.09.2004] Ниту една од трите фирми што сакаат да ја купат печатницата на Нова Македонија не планираат таа да продолжи со работа. Фирмите сакале да стават клуч на печатницата и од објектот да профитираат на друг начин, велат добро упатени извори од Министерството за економија кое поединечно преговара со секоја од заинтересираните фирми.

 

Преговорите со ММФ ќе ги координира премиерот
[20.09.2004] Одлуката на владата да се формира специјално координативно тело за преговорите и со него да раководи премиерот доаѓа откако, како што укажа и фондот, станало јасно дека за склучување на следниот аранжман одлуките повеќе ќе бидат политички отколку економски.

 

Владата отпиша долгови на Македонски железници
[21.09.2004] Министерството за финасии врз основа на одлука на Владата донесе решение за отпис на обврските на „Македонски железници“ кон Компензицискиот фонд и програмата ФАРЕ во износ од 65.875.261 денари.

 

Телеком ќе отпушти 750 вработени
[21.09.2004] Најголемата унгарска телеком компанија Матав ќе отпушти 3.750 работници, од кои 750 вработени во македонскиот Телеком, соопштено е денеска во Будимпешта.

 

Можна радикализација на протестите на комби превозниците во Охрид
[21.09.2004] Радикализација на протестите најави Здружението на приватни комби превозници „Два галеба“ од Охрид доколку советот на градската општина не ја укине одлуката донесена пред осум години, со која на АД Галеб му се доделува ексклузивно право за вршење јавен линиски превоз.

 

Неизвесно дали водачите на штрајкот во Жито лукс ќе добијат отказ
[21.09.2004] Дисциплинската комисија, која е под капата на „Жито лукс“, ќе одлучува дали ќе бидат избркани двајцата возачи организатори на штрајкот. Според менаџерскиот тим, штрајкот на возачите случајно се поклопил со суспендирањето на организаторите.

 

ССМ бара итна средба со Владата
[21.09.2004] Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара итна средба со претставници на Владата поради актуелните социјални и економски состојби, одлучи Советот на ССМ на денешната седница.

 

Бизнис климата во Македонија најлоша во регионот
[21.09.2004] Моменталната клима за водење бизнис во Македонија од речиси сите странски извештаи е оценета како една од најлошите во регионот, со што ги спречува домашните и ги одвраќа странските инвеститори.

 

Сувенир под полициска опсада
[21.09.2004] Сувенирци утре нема да можат да стигнат на протести во Скопје бидејќи од синоќа фабриката е под полициска опсада. Со тоа работниците немаат пристап до двата фабрички автобуси со кои патуваат на протести во Скопје.

 

Костов и Јакимовски заедно го поставија директорот на гасоводната компанија
[21.09.2004] Јавното претпријатие Гама, кое управуваше со гасоводот до 97-та година, се реактивира. Владата вчера назначи директор на Гама, Владимир Петровски, кој досега бил правник во оваа фирма, која само фиктивно постоеше, а реално пропаѓаше.

 

Македонија на дното по странски инвестиции
[21.09.2004] Македонија е на дното по обемот на странски директни инвестиции. Од осамостојувањето до сега привлекла не цела милијарда долари или 451 долар по глава на жител. Зад над се само БиХ, и СЦГ.

 

„Трафалгар ресурсис“ стана сопственик на рудникот Злетово
[22.09.2004] „Трафалгар ресурсис“ стана сопственик на рудникот Злетово, откако денеска одборот на доверители ја прифати понудата на американската компанија.

 

Макпетрол не смеел да ги увезува нафтените деривати
[22.09.2004] Јавното правобранителство денеска ги доби доказите од Министерство за економија, според кои Макпетрол не смеел да ги увезува нафтените деривати, поради чија блокада државата треба на Макпетрол да му плати отштета од 4,5 милиони евра.

 

Според извештајот за инвестиции на ОН, Македонија на светското дно
[22.09.2004] Со само 95 милиони долари странски инвестиции во 2003-та, владата на Црвенковски не успеа да ја помрдне Македонија од последното место во светот по обемот на странски капитал. Пред нас се дури и Албанија и СЦГ, а со Бугарија и Романија веќе не можеме да се споредуваме.

 

Синдикатот на Газела најавува битка за парите од кириите на НАТО
[22.09.2004] Синдикатот на Газела најавува битка за милион евра, пари од кириите на НАТО за последните 11 месеци, кои лежат на посебна сметка, додека судски не се реши кој ќе го добие имотот на Газела, а со тоа и парите.

 

Пропадна и вториот тендер за продажба на печатницата на НИП-от
[22.09.2004] Пропадна и вториот тендер за продажба на печатницата на НИП-от. Со тоа продолжува битката за атрактивниот објект на печатницата, лоциран во строгиот центар на Скопје, а проценет на цели 10 милиони евра.

 

Граѓаните бараат од Уставниот суд преиспитување на телефонската претплата
[22.09.2004] Граѓаните бараат од Уставниот суд да ја преиспита уставноста на категоријата „телефонска претплата“, за што до судот испратиле повеќе од 4 илјади предлози.

 

Акција на Полицијата и инспекторите од Управата за јавни приходи,
[22.09.2004] Полицијата и инспекторите од Управата за јавни приходи, при ноќна контрола на три бензиски пумпи во Кочанско-виночкиот крај констатира повеќе неправилности при работењето.

 

Младите заминуваат од Малешевијата
[22.09.2004] Во оваа трка со времето, со неизвесноста на секојдневието, со куп проблеми и се почесто скршено достоинство, заборавивме ли колку е убава есента?

 

Муратовски ја призна инертноста на ССМ
[23.09.2004] Муратовски ја призна инертноста на синдикатот - наместо борба за правата на работниците, во синдикатот борба за позиции.

 

Печатницата на НИП-от ќе се продава на нов тендер
[23.09.2004] Печатницата на НИП „Нова Македонија“ која не се продаде ниту на вториот тендер ќе се продава на нов тендер со променети правила. Од потенцијалниот купувач ќе се бараат банкарски гаранции, бизнис план и број на вработени кои ќе се вратат на работа.

 

Костов во посета на економски капацитети во Гостивар
[23.09.2004] Две некогаш пропаднати гостиварски фирми, кои сега успешно работат за извоз и една мала семејна фабрика за сирење денеска имаа необичен гостин. Лично премиерот. Вели, дошол оти мисли дека владата предолго се занимава со политика и децентрализација па сакал лично да се запознае со проблемите на фирмите.

 

Директорот на „Гама“ смета дека гасоводот треба да биде државен
[23.09.2004] Новиот директор на „Гама“ смета дека гасоводот треба да остане во државна сопственост, но ќе ги почитува владините одлуки. И правните и финансиските моменти одат во прилог на тезата дека гасоводот треба да остане државен, смета Петровски.

 

Ревизорската куќа „Дилоит и туш“ ќе го испитува Телеком
[23.09.2004] Управата за телекомуникации ја избра ревизорската куќа „Дилоит и туш“ за да го испита работењето на Телекомот. Ревизијата треба да одговори дали ребалансирањето на цените во јули со кое двојно поскапеа телефонските разговори е спротивно на концесискиот договор, односно дали Телеком воопшто имал право да го смени начинот на тарифирање.

 

Oд 1 хектар пченица се заработуваат 1.000 денари
[23.09.2004] 1.000 денари годишно е сума што на земјоделецот му останува од еден хектар пченица и тоа доколку нема суша и други непогоди. Според пресметките само за машинските услуги тој од есенската сеидба до жетва треба да плати вкупно 16.250 денари.

 

Алфа Банка со замерки за продажбата на предмети на „Искра инженеринг“
[24.09.2004] Банките влегуваат во се поголем ризик кога одобруваат хипотекарни кредити бидејќи во судовите судовите седат несовесни судии, а со пропаднатите фирми раководат своеглави управници.

 

Светската банка бара затворање на ОКТА
[24.09.2004] Да се размисли за затворање на рафинеријата ОКТА, со ваква отворена порака до македонската влада и Хеленик Петролеум излегува Светската банка во најновиот извештај за енергетската политика во Македонија.

 

Работниците во Сувенир се помирија со ликвидацијата
[24.09.2004] Работниците во Сувенир се помирија со одлуката на владата - фабриката да оди во стечај, по што ќе биде и ликвидирана. Тие бараат да им се даде барем по некој денар помош, додека не стигнат парите од отпремнините, бидејќи веќе седум месеци немаат земено плата. Бараат и здравствени картони.

 

Истекува рокот во кој беше замрзнат договорот за влез на Канадска пошта
[24.09.2004] Рокот во кој беше замрзнат договорот за влез на Канадска пошта во Македонска пошта истекува в понеделник, а македонската влада сеуште не решила дали ќе го продолжи мораториумот или сосема ќе го поништи договорот.

 

„Хеленик петролеум“ и владата не се за затворање на ОКТА
[25.09.2004] „Хеленик петролеум“ и владата експресно ја отфрлија идејата на Светската банка, ОКТА да се затвори затоа што е неисплатлива.

 

Две словенечки компании ги тужат МЗТ ФАМ и компанијата „Канар 92“
[26.09.2004] Две словенечки компании, „Адут“ од Шторе и „Емо“ алатница од Цеље, влегоа во борба со македонските институции за да докажат дека во земјава не се почитуваат тендерските правила, пишаните договори и гаранции, што е доволна причина инвеститорите да бегаат од Македонија.

 

Работата на валавницата го зголеми производството на метали за 440%
[27.09.2004] Индиецот Митал ја спаси честа на македонското индустриско производство. Почетокот со работа на валавницата, по долгомесечната пауза, го зголеми производството на метали за 440%, со што и вкупното индустриско производство за август, според статистиката, пораснало за 16%.

 

Светската банка предлага поскапување на струјата
[27.09.2004] Цената на струјата да се зголеми до крајот на годинава предлага Светската банка во обемниот извештај за енергетската политика.

 

Владата го игнорира договорот со Kанадски пошти
[27.09.2004] Македонската влада комплетно го игнорира договорот со Kанадски пошти. Денеска на истекот на мораториумот на договорот за преземање на македонска пошта од страна на канадската, владата не само што не го стави на дневен ред овој договор, туку не дозволи ниту да биде прашана што ќе прави со јавното поштенско претпријатие.

 

Дејан Мицковиќ нов претседател на бордот на директори на Телеком
[27.09.2004] Дејан Мицковиќ од правниот факултет е нов претседател на бордот на директори на македонски телекомуникации.

 

Владата уште не го видела извештајот од СБ за ОКТА
[27.09.2004] Владините претставници уште не го ни виделе извештајот од Светската банка кој освен покачување на струјата предлага и опција за затворање на рафинеријата ОКТА, како нерентабилна.

 

Работници од „Жито лукс“ се закануваат со генерален штрајк
[27.09.2004] Незадоволните од преговорите со грчките газди работници од Жито лукс веќе од утре почнуваат со подготовките за организирање - генерален штрајк.

 

Владата се уште не го изработила законoт за телекомуникации
[27.09.2004] На 3 месеци пред истекот на монополот на Телеком, Владата се уште не го изработила новиот закон за телекомуникации - клучен, бидејќи треба да обезбеди влез на втор фиксен оператор.

 

Нафтата над 50 долари за барел
[28.09.2004] Цената на суровата нафта на азискиот пазар денеска за прв пат ја надмина психолошката граница од 50 долари за барел.

 

Грчките газди од „Жито Лукс“ со закани за нови отпуштања
[28.09.2004] Грчките газди од „Жито Лукс“ со старата тактика, со закани за нови отпуштања, сакаат да го разубедат синдикатот да се откаже од организирање генерален штрајк.

 

Стечајниот управник не добил известување од Министерството за зделката за Саса
[28.09.2004] На еден ден пред истекот на рокот на потпишување на купопродажниот договор за Саса, стечајниот управник нема добиено известување од Министерството за економија, со кое дефинитивно се одобрува зделката, која едногласно ја одобри Одборот на доверители и Основниот суд во Кочани.

 

Од први ноември најверојатно поскапување на струјата
[28.09.2004] Од први ноември стартува новиот тарифен систем за пресметка на цената на струјата, а со тоа најверојатно и нова зголемена цена на струјата. Регулаторната комисија за цени веќе ги изработува новите пресметки, дознава А1.

 

Владата не смее да го продаде државниот капитал во Гасоводот
[28.09.2004] Владата не смее да го продаде државниот капитал во Гасоводот, заклучи денеска антикорупциската комисија откако ја прегледа целата документација за овој случај.

 

МАНУ: Главниот проблем е нискиот економски раст
[28.09.2004] Дојде време кога вака натаму веќе не се може. Како ретко кога отворени, директни и без завиени фрази, најголемите економски имиња во земјава, собрани во Академијата, ги анализираа проблемите и секој од свој аспект понудија конкретни решенија.

 

НБМ ја зголеми каматата на благајничките записи
[28.09.2004] Во истовреме, додека економските експерти во Академијата алармираа дека е крајно време за напуштање на политиката на фиксен курс на денарот, Народната Банка објави ново затегање на монетарната политика во одбрана токму на фиксниот курс на денарот.

 

Поранешните работници од Југохром ќе ги блокираат влезовите до фабриката
[28.09.2004] Поранешните работници од некогашен Југохром, сегашен Силмак, утре ќе ги блокираат влезовите до фабриката. Тие ги обвинуваат француските газди дека не го исполниле договорот за вработување на 1000 работници.

 

Костов: „Комисијата нема право да го креира спроведувањето на законите “
[29.09.2004] „На Антикорупциската комисија никој не и дава право да креира политика на спроведување на законите. Доколку оваа комисија има документ за евентуална корумпираност, моја или на некој министер, или пак дека постои судир на интереси, дури тогаш Антикорупциската комисија може да покрене постапка. Можеби некој ќе се налути, но може да се каже дека одредени институции имаат желба да превземаат улога на Влада во сенка“, изјави премиерот Хари Костов.

 

Работниците од Југохром ги блокираа влезовите на фабриката
[29.09.2004] Работниците од Југохром, кои не добија работа од новиот сопственик на комбинатот, компанијата Силмак, рано утрото ги блокираа влезовите на фабриката.

 

Парите на Фондот за пензиско осигурување се селат во НБ
[29.09.2004] Парите на најголемиот од сите државни фондови, Фондот за пензиско осигурување, од Стопанска банка се селат во Народната банка.

 

Економските експерти продолжија со критиките до власта
[29.09.2004] Економските експерти продолжија со критиките и препораките, но власта денеска ја немаше да ги слуша, а темата, како што рекоа експертите, токму онаа што власта вештачки ја наметнувала како примарна, Европската Унија, во исто време кога народот се бори за гола егзистенција, како да сме африканска држава.

 

Петров: „Новинарите виновни за грешките на Министерството за земјоделство“
[30.09.2004] Новинарите се виновни за грешките што ги направило Министерството за земјоделство при распределбата на парите за поплавените.

 

Според стандардот на Македонија и бегаат скоро сите европски земји
[30.09.2004] Првиот економски критериум, според кој Брисел цени дали една земја е спремна за да стане членка на Унијата, е проценката дали во таа земја функционира пазарната економија.

 

Македонија нема производ конкурентен на европскиот пазар
[30.09.2004] Земја како Македонија, со огромен надворешен дефицит, најголем во регионот, без инвестиции и без штедење, со минимален економски раст и постојано зголемување на трговскиот дефицит, не може да понуди производ што ќе биде конкурентен на европскиот пазар.

 

Нашата земјоделска механизација се уште движи на зоб
[30.09.2004] Пченка и грав, ова е карактеристична слика за тетовскиот крај. Српот в раце, е ова е застарена слика за ова време. Со српот и опинците еве не и во дваесет и првиот век во дворот на Европската унија, го газиме гравот.

 

Царината ќе бара ревизија на судската одлука за спорот Макпетрол-Царина
[30.09.2004] Денеска или најдоцна утре, Царинската управа ќе поднесе барање до Судот за повторување на судењето во спорот на релација Макпетрол-Царина, кој заврши со одлука на Врховниот суд, државата на Макпетрол да му исплати 4,5 милиони евра отштета за блокадата на цистерни на границата во 2001та година.

 

Истече крајниот рок, но договор за продажба на Саса не се потпиша
[30.09.2004] Иако денеска истече крајниот рок, договор за продажба на рудникот Саса не се потпиша, со што продолжува неизвесноста дали ќе успее овој трет тендер за продажба на Саса. Се додека дирекцијата за спречување на перење пари не го испита потеклото на 600-тините илјади евра што словенечкиот бизнисмен Блажо Тасев ги плати за Саса, договорот нема да се потпише, изјави денеска заменик министерот за економија Раким Дочи.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk