Дома А1 вести во real video формат
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Maj 2004

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Фудбалски резултати и статистики
 

АРХИВА: Свет, Maj 2004


 

Солана: „ЕУ посветена за европска перспектива на Балканот“
[01.05.2004] Европската унија и натаму ќе биде посветена на европската перспектива за регионот на Балканот, истакна високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Унијата, Хавиер Солана во авторски текст за денешниот број на беградскиот весник „Политика“.

 

Проди: „Поделбите од студената војна се надминати засекогаш“
[01.05.2004] „Денеска е историски ден за Европа. Денеска им посакуваме добредојде во европското семејство на десет нови земји-членки и на 75 милиони нови жители на Европската унија“, изјави претседателот на Европската комисија Роман Проди по повод проширувањето на ЕУ.

 

Најмалку 50 загинати во експлозии на рудници во Кина
[01.05.2004] Повеќе од 50 лица загинаа или исчезнаа во експлозии што се случија вчера во два рудници за јаглен во северниот дел на Кина, соопштија денеска официјални кинески претставници.

 

Историјат на проширувањето на ЕУ
[01.05.2004] Иако идејата за обединување на европскиот континент беше присутна многу порано, таа почна да добива облик на политички проект дури по трагичното искуство од Втората светска војна.

 

ЕУ од денеска со 25 земји членки
[01.05.2004] 15 години по напуштањето на комунизмот, 74 милиони луѓе од Европа, имаат нов, посебен повод за славење на први мај. Некогаш паради, во чест на трудот. Денес „одата на радоста“. Како нова химна, во слава на новиот култ - членство во Унијата.

 

Ирска домаќин на прославата за проширувањето на ЕУ
[01.05.2004] Ширум Европа денеска се прославува историското проширување на Европската унија во која од сега ќе има има вкупно 25 земји и околу 450 милиони луѓе, а централните манифестации на кои ќе присуствуваат шефови на влади или држави на сите членки ќе се одржат во Ирска која е претседавач со Унијата.

 

Цариградската Патријаршија ги прекина односите со ГПЦ
[01.05.2004] Вселенската Патријаршија доцна синоќа и официјално ги раскина односите со Атинскиот и Сегрчки Архиепископ Христодулос поради неговата своеволна одлука Светиот синод, во изминатиот понеделник, да избере тројца северногрчки митрополити без одобрување на Вселенската патријаршија, на која и припаѓа територијата на северна Грција и северно-егејските острови.

 

Првомајски протести во светот
[01.05.2004] 110 лица се приведени во дијабакир во Југоситочна Турција при обид да ја нарушат забраната за организирање демонстрации по повод 1 мај. Во Атина се одржаа демонстрации на кои учествуваа 400 луѓе кои бараа зголемување на бројот на работи места.

 

Ферхојген: „Во наредните неколку години нема да има проширување на ЕУ“
[01.05.2004] Во наредните неколку години нема да има примање на нови членки во Европската унија, бидејќи сега следи тежок процес на зајакнување на економијата на 10-те нови членки земји на Унијата, рече Гинтер Ферхојген во интервју за Би-Би-Си.

 

„Дејли Мирор“: „Британски војници малтретирале Ирачани“
[01.05.2004] Група британски војници малтретирале заробеници во Ирак и при тоа се фотографирале со своите жртви, пишува денеска лондонскиот весник „Дејли Мирор“.

 

Зголемени мерки за безбедност во Даблин
[01.05.2004] Мерките за безбедност во главниот ирски град значително се зголемени спроти денешното историско проширување на Европската унија (ЕУ), на десет нови членки, и пристигнувањето во Даблин на 25 шефови на држави-членки на Унијата, јавуваат западните агенции.

 

Обединета Европа не е Америка, пишуваат медиумите во САД
[01.05.2004] Обединета Европа не е Америка, ова е само една од клучните анализи овде во Американските медиуми кој ја приземјуваат Европската еуфорија истакнувајќи ги разликите и проблемите кој допрва ќе ја чекаат Западна Европа која ги прими новите источни пријатели од екс комунистичките режими.

 

21 лице се удавија при потонување на брод во Виетнам
[01.05.2004] Најмалку 21 лице, од кои повеќето деца, се удавија, а десетина се исчезнати при потонување на брод во близина на јужниот брег на Виетнам, соопштија официјални претставници.

 

38 удавени во потонување на брод во Виетнам
[02.05.2004] Најмалку 38 лица се удавија при потонување на рибарски брод во близина на јужниот брег на Виетнам, а спасителите и денеска трагаат по исчезнатите.

 

Палестиници убија еврејски жители во Појасот Газа
[02.05.2004] Вооружени Палестинци денеска убија петмина жители - мајка и нејзините четири деца, во напад на возила на патот кој води кон еврејската енклава во Појасот Газа, јави израелското радио.

 

Кијарини: Унијата ќе биде катализатор за забрзување на реформите
[02.05.2004] Реформите во државата се направени на многу полиња, но на некои, динамиката на нивно спроведување не е таква што сите би ги задоволила.

 

Британската Влада нареди истрага за можното малтретирање на ирачки војници
[02.05.2004] Британската Влада нареди итна истрага за 8 случаи на можно малтретирање на ирачки затвореници од страна на британски војници, откако „Дејли мирор“, објави фотографии на кои се прикажани наводни злоставувања на ирачки затвореник од страна на британски војници.

 

30 загинати во експлозија во Авганистан
[02.05.2004] Повеќе од 30 лица загинаа денеска, а повеќе од 35 се повредени при случајна експлозија на камион цистерна во авганистанската провинција Херат.

 

Ликуд го отфрли планот на Шарон
[03.05.2004] Партијата на израелскиот премиер Ариел Шарон, Ликуд, го отфрли со големо мнозинство неговиот план за повлекување од Појасот Газа.

 

Најмалку 9 ранети во експлозии во Богота
[03.05.2004] Најмалку девет лица се ранети во експозии на две бомби, што одекнаа пред зградата на Министерството за социјални работи во колумбискиот главен град Богота.

 

САД поставија нов Ирачки генерал во Фалуџа
[03.05.2004] Соединетите Американски Држави го назначија Мохамад Латиф, поранешен висок офицер во ирачката армија за командант на ирачките сили во градот Фалуџа, соопшти американскиот воен портпарол.

 

Мексико и Перу ги повлекоа амбасадите од Хавана
[03.05.2004] Мексико го повлече својот амбасадор од Хавана и побара од кубанскиот дипломатски претставник за 48 часа да го напушти Мексико, обвинувајќи ги кубанските власти дека се мешаат во внатрешните работи на Мексико. Иста одлука денеска ја донесе и Перу.

 

Казнети 6 офицери на САД поради малтретирање на Ирачаните
[03.05.2004] Американската војска казни шест свои офицери и подофицери, вмешани во малтретирањето на ирачките затвореници во затворот Абу Граиб недалеку од Багдад, а во тек е кривична истрага за уште шест војници на САД.

 

7 загинати во напад во Појасот Газа
[03.05.2004] Двајца вооружени Палестинци изутрината во јужниот дел на Појасот Газа убија пет членови на едно израелско семејство, а потоа и самите биле застрелани, јавуваат израелските медиуми.

 

50 загинати во експлозија на бензинска пумпа во Авганистан
[03.05.2004] Околу 50 лица загинаа, а повеќе од 100 се тешко повредени во вчерашната експлозија на цистерна со гориво, што се случи на една бензинска пумпа во западен Авганистан, јавуваат светските медуми.

 

Раскол меѓу Цариград и Атина
[03.05.2004] Цариградската Патријаршија одлучи да ги прекине сите натамошни односи со водачот на ГПЦ, Атинскиот Архиепископ Христодулос, откако тој деновиве одлучи, со противење на Севселенскиот Патријарх Вартоломеј, во 4 северно-грчки региони да прогласи свои Епископи.

 

Годинава во светот загинаа повеќе од 60 новинари
[03.05.2004] Светскиот ден на слободата на медиумите и годинава приоритетно е посветен на жртвите на военото известување. Според податоците на меѓународната федерација на новинарите изминатава година загинаа повеќе од 60 новинари и медиумски асистенти, само во Ирак настрадаа 23-ца новинари додека известуваа од теренот.

 

Северна Кореја гради нови бази за лансирање ракети
[04.05.2004] Северна Кореја речиси ја завршила изградбата на две нови бази за лансирање балистички ракети со дострел од 4.000 километри, пишуваат денеска јужнокорејските весници.

 

2-јца загинати, 17 повредени во немири во Газа
[04.05.2004] Две лица загинаа, а најмалку 17 се повредени кога ноќеска еден израелски хелихоптер истрела ракета врз група вооружени Палестинци во бегалскиот логор Хан Јунис во јужниот дел на Газа, јавуваат медиумите повикувајќи се на изјави на жители од градот и на лекари од болницата во кампот.

 

Повеќето Австралијци против воениот ангажман во Ирак
[04.05.2004] Мнозинството Австралијци сметаат дека нивната земја не треба да прифати воен ангажман во Ирак, посочуваат резултатите од социолошко проучување објавено денеска во австралискиот весник „Острелиан“.

 

4 американски војници загинаа во сообраќајка во Ирак
[04.05.2004] Четворица американски војници загинаа во сообраќајна несреќа 60 километри северно од Багдад, соопштија денеска американските воени власти.

 

САД води 5 истраги за злоставување на Ирачки затовореници
[04.05.2004] Американското Министерство за одбрана соопшти дека води 5 одвоени истраги за наводно злоставување на ирачките затовореници.

 

Европскиот Парламент гласа за недоверба на ЕК
[04.05.2004] Европскиот парламент денеска треба да расправа за недоверба на Европската комисија, на предлог на 76 пратеници, кои сметаат дека комисијата не ја презела политичката одговорност за аферата „Евростат“.

 

Талибанците ги убија 5-те заробени полицајци
[04.05.2004] Талибанските бунтовници ги убија петте авганистански полицајци кои вчера беа заробени во јужната авганистанска провинција Забул, соопшти денеска локален талибански командант.

 

Во логор на САД во Ирак малтретирани Индијски работници
[04.05.2004] Дваесет индиски работници, кои избегале од американски воен логор во Ирак, изјавија дека биле девет месеци експлоатирани и малтретирани, пишува индијскиот печат.

 

Преговорите меѓу Јапонија и Северна Кореја без видни резултати
[05.05.2004] Дводневните преговори меѓу Jапонските и Севернокорејските дипломати кои дискутираа по прашањето на Јапонците кои за време на 70 и 80-те години од минатиот век, беа киднапирани од разузнавачката служба на Северна Кореја, завршија без видни резултати.

 

САД жалат за измачувањето на Ирачките затвореници
[05.05.2004] Соединетите Американски Држави „длабоко жалат“ поради понижувањата на ирачките затвореници извршени од страна на американските војници, изјави советникот за национална безбедност на американскиот претседател Кондолиза Рајс во интервју за арапската телевизија Ал Арабија.

 

САД, ЕУ, ОН и Русија го поддржуваат планот на Шарон
[05.05.2004] Претставниците на САД, Европската унија, Обединетите нации и на Русија - творците на планот за решавање на кризата на Блискиот Исток, на состанокот во Њујорк го поздравија планот на израелскиот премиер Ариел Шарон за потполно повлекување на Израел од Појасот Газа и делумно од Западниот брег.

 

Убиени 9 Шиити во судир со коалиционите сили кај Наџаф
[05.05.2004] Девет борци од шиитската полиција позната како Армија на Махди се убиени, а поголем број ранети за време на синоќешниот судир меѓу приврзаниците на радикалниот шиитски лидер Моктада Ал Садр и коалиционите сили во ирачкиот град Диуанија, јужно од Наџаф, соопштуваат медиумите повикувајќи се на Али Харзан, еден од помошниците на Садр.

 

Во Авганистан убиени 2-јца странци и 1 Авганистанец
[05.05.2004] Двајца странски државјани и еден Авганистанец кои учествувале во подготовките на Обединетите нации за изборите во Авганистан, вчера се убиени во напад извршен во источниот дел на земјата, соопшти денеска заменик-министерот за надворешни работи на Авганистан Хилалудин Хилал.

 

Грузија му даде рок од 3 часа на аџарскиот лидер да си даде оставка
[05.05.2004] Грузија му даде рок од 3 часа на аџарскиот лидер Аслан Абашидзе „да му се потчини на претседателот на Грузија, за да се избегне крвопролевање“, јавија грузиските медиуми.

 

Смртни казни за Бугарските медицински лица од Либија
[06.05.2004] Кривичниот суд во либискиот град Бенгази денеска ги осуди на смрт шестмината Бугари, обвинети за наводно заразување со сида на над 400 либиски деца.

 

Берлускони и Ширак разговараа за Ирак
[06.05.2004] Ситуацијата во Ирак беше централна тема на вчерашните разговори во Париз меѓу францускиот претседател Жак Ширак и италијанскиот премиер Силвио Берлускони, соопшти портпаролот на Елисејската палата Катрин Колон.

 

Автомобил бомба експлодира во зелената зона во Багдад
[06.05.2004] Еден американски војник и неколку Ирачани се убиени во денешната експлозија на автомобил-бомба во близина на влезот во таканаречената Зелена зона во центарот на Багдад, каде што се наоѓаат главните штабови на воените команди и на цивилната администрација на САД во Ирак, соопштија американски воени извори.

 

Кери бара Буш јавно да се извини за малтретирањето на ирачките војници
[06.05.2004] Претседателскиот кандидат на Демократската партија во САД Џон Кери го повика претседателот Џорџ Буш јавно да се извини заради случаите на малтретирање на ирачките затвореници од страна на американските војници.

 

„Вашингтон пост“: Нови фотографии на малтретираните ирачки војници
[06.05.2004] Весникот „Вашингтон пост“ денеска објави нова серија потресни фотографии на ирачки затвореници во американски затвор во Ирак.

 

Дејли телеграф: „Пауел ќе се повлече ако победи Буш“
[06.05.2004] Државниот секретар Колин Пауел ќе се повлече од сегашната функција и нема да служи во следната републиканска администрација доколку на престојните претседателски избори во САД повторно победи Џорџ Буш, пишува денешен лондонски „Дејли Телеграф“ повикувајќи се на извори во Вашингтон.

 

Џон Скарлет нов шеф на МИ6
[06.05.2004] Досегашниот шеф на заедничкиот разузнавачки комитет Џон Скарлет ќе биде новиот шеф на британската разузнавачка служба МИ6, јавија денеска британските медиуми повикувајќи се на соопштение од Даунинг стрит 10.

 

Ладен нуди злато за убиство на Бремер, Анан и Брахим
[07.05.2004] Лидерот на терористичката организација Ал Каеда Осама бин Ладен понуди 10 килограми злато награда за убиство на американскиот администратор во Ирак Пол Бремер, генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан и неговиот претставник во Ирак, Лахдар Брахим, објави денеска еден исламски интернет сајт.

 

Во Ирак убиени двајца новинари
[07.05.2004] Во вооружен напад во Латифија, 30 километри јужно од Багдад се убиени еден алжирски новинар кој работел за полската телевизија ТВП и полски камерман, изјави водачот на новинарската екипа Ашир Камел ал Казаз.

 

5 загинати во експлозија во магацин за муниција во Украина
[07.05.2004] Најмалку пет лица загинаа во серијата експлозии во магацин за муниција во близина на украинскиот град Мелитопол, околу 600 километри југоисточно од Киев, соопшти денеска украинското Министерство за кризни состојби.

 

Најмалку 13 загинати во експлозија во Карачи
[07.05.2004] Најмалку 13 лица загинаа, а повеќе од 80 се повредени во денешната експлозија на бомба во шиитската џамија во пакистанскиот град Карачи, соопштија полицијата и болнички извори.

 

Рамсфелд не сака да даде оставка
[08.05.2004] Ја превземам одговорноста, ова е моја грешка, вака изгледаше вчерашното сослушување на американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, кој понуди длабоко извинување до воениот комитет на конгресот.

 

Нови судири меѓу Шиите на Садар и британските војници во Ирак
[08.05.2004] Најмалку двајца Ирачани загинаа, а тројца британски војници се ранети, во денешните вооружени судири меѓу шиитската полиција на радикалниот лидер Муктада Садр и британските војници, во јужниот ирачкиот град Басра, соопшти британскиот воен претставник.

 

Локализиран пожарот во украинскиот склад за муниција
[08.05.2004] Силниот дожд помогна да биде локализиран тридневниот пожар и да се намали опасноста од нови експлозии во големиот склад за муниција кај местото Мелитопољ, во украинското Запорожје, во кој најмалку пет лица настрадаа, а околу 4.000 се повредени.

 

Уапсен уште еден Мароканец за нападите во Мадрид
[08.05.2004] Шпанската полиција уапси уште еден Мароканец во рамките на истрагата за терористичките напади во Мадрид на 11 март во кои загинаа 191 лице, соопшти денеска претставник на шпанското Министерство за внатрешни работи.

 

„Амнести Интернешнел“ ги обвини САД за воени злосторства
[08.05.2004] Меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести Интернешнел“ ги обвини САД за воени злосторства врз ирачките затвореници и побара од Вашинготн да ги казни одговорните.

 

При илегален влез во Франција уапсени 2-јца Македонци и 1 Албанец
[09.05.2004] Британската полиција уапси двајца македонски државјани и еден Албанец, при обид нелегално да влезат во Франција.

 

Во атентат загина чеченскиот претседател Ахмед Кадиров
[09.05.2004] Атентатот врз Чеченскиот претседател Ахмед Кадиров се случи непосредно по завршување на парадата по повод одбележувањето на победата над фашизмот, во моментите кога отпочнуваше свечениот концерт.

 

Израелски војници убија 2-јца Палестинци
[09.05.2004] Израелските војници стационирани северноисточно од Газа доцна синоќа убија двајца вооружани Палестинци, кои се привлижиле кон границата меѓу Појасот Газа и Израел, соопштија палестински безбедносни извори.

 

Во Колумбија запленети 500 кг. кокаин
[09.05.2004] Специјалните колумбиски полициски сили во организирана акција запленија половина тон кокаин, соопштија официјални претставници во Богота.

 

Русија го одбележува Денот на победата над фашизмот
[09.05.2004] Со традиционална воена парада на Црвениот плоштад во Москва, денеска во Русија се одбележува на Денот на победата над фашизмот.

 

САРС може да се пренесе преку допир
[09.05.2004] Вирусот на САРС е позаразен отколку што досега се претпоставуваше и тој може да се прошири дури и преку ракување, преку храна и преку канализација - тврдат кинеските научници.

 

Биографија на Ахмед Кадиров-од герилец до претседател
[09.05.2004] Ахмед Абдулхамидович Кадиров кој денеска загина во атентат во Грозни е еден од највлијателните чеченски лидери, кој од жесток борец против Русите и учесник во борбите, се трансформираше во миротворец.

 

Ќе се гради подводен тунел на Босфор
[09.05.2004] Во Истанбул денеска започна реализација на големиот сообраќаен проект наречен Мармарај кој предвидува изградба на подводен тунел на Босфор и железничко поврзување на Европа и Азија.

 

Серија експлозии во предградијата на Багдад
[10.05.2004] Серија експлозии во текот на ноќта одекнале во предградијата на Багдад, а американски авиони го надлетуваа градот, јавија западни медиуми повикувајќи се на очевидци.

 

Амбасадата на САД во Токио доби закана за бомбашки напад
[10.05.2004] Американската амбасада во Токио доби предупредување дека оваа седмица би можела да биде мета на бомбашки напад, за што ги информираше своите граѓани кои престојуваат во Јапонија.

 

Уништен нафтовод во јужниот дел на Ирак
[10.05.2004] Американската армија соопшти денеска дека е прекината испораката на нафта од јужните делови на Ирак поради експлозија.

 

Ким Јон-Ил: „Не отстапуваме во целост од нуклеарната програма“
[10.05.2004] Севернокорејскиот претседател Ким Јон-Ил рекол минатиот месец при посетата на Кина, дека Пјонгјанг е подготвен за замрзнување на некои свои нуклеарни програми, но нема потполно да отстапи од нив, пренесуваат денеска јапонските медиуми.

 

Исповеди на ирачки затвореници од Абу Гариб
[10.05.2004] Поранешни затвореници од Абу Гариб, кои се препознале на грозоморните фотографии, во изјави за списанието „Тајм“ ги откриваат жестоките суровости и малтретирања на кои биле изложени за време на престојот во затворот дури и за најмали престапи.

 

3 загинати во борби меѓу владините трупи и бунтовниците во Авганистан
[10.05.2004] Најмалку тројца цивили се убиени, а 14 други се ранети во судири на авганистанските владини трупи со силите на одметнатиот генерал Рашид Достум, што започнаа утринава во провинција Феријаб во северниот дел на Авганистан.

 

Атентатот врз Кадриов дело на Басајев и Масхадов
[10.05.2004] Атентатот врз чеченскиот претседател Ахмед Кадиров, е дело на меѓународни терористи предводени од радикалните чеченски лидери Шамил Басајев и Аслан Масхадов и нивните странски заштитници, обвини денеска Генералштабот на руската армија во Чеченија.

 

11 загинати во судири во Газа
[11.05.2004] Израелски војници доцна синоќа со тенкови и хеликоптери навлегоа во Газа и во жестока престрелка убија најмалку петмина Палестинци, а повеќе од 50 се повредени, од кои осум се во критична состојба, изјавуваат очевидци.

 

Во Ирак нападнат хуманитарен конвој
[11.05.2004] Хуманитеран конвој од 21 автомобил, кој патувал од Јордан кон Багдад, денеска е нападнат од ирачките бунтовници, при што судбината на неколку лица е се уште непозната, соопшти американски воен портпарол не сакајќи да даде информации за идентитетот на исчезнатите.

 

Нови слики од малтретирани ирачки затвореници покажани пред Буш
[11.05.2004] Нови и нови слики на малтретирани, понижувани и садистички третирани Ирачки затвореници, се новиот шок за Буш и Конгресот кој дебатираат како да ги покажат пред да ги откријат новинарите и да ја уништат, и така до гуша потонатата со овој скандал, Белата куќа.

 

Москва ги повика руските граѓани да го напуштат Ирак
[11.05.2004] Руското Министерство за надворешни работи ги повика денеска сите руски граѓани кои се наоѓаат во Ирак, да го напуштат.

 

Пожарот во складот со муниција во Украина предизвикан од запалена цигара
[11.05.2004] Пожарот и последователните експлозии во складот за воени резерви кај Мелитопол, Запорожје, минатата недела се последица на небрежност од страна на двајца војници, кои во близината пушеле цигари, јавуваат дел од украинските медиуми.

 

Во Италија запленети 1,5 тони марихуана
[11.05.2004] Италијанската полиција запленила околу 1.5 тони марихуана и десетина парчиња оружје во акција за пресекување на албанско-италијански шверцерски канал за трговија со дрога и оружје.

 

7 загинати при експлозија во фабрика за пластика во Глазгов
[12.05.2004] Седум лица загинаа, а околу 40 се повредени при вчерашната силна експлозија во една фабрика за пластика во шкотскиот град Глазгов, соопшти денеска шкотската полиција.

 

Истрага за малтретитање на Авганистанец од Американски војници
[12.05.2004] Армијата на САД поводе истрага по информациите за малтретирање на еден авганистански полицаец во американска воена база во градот Гардез во источен Авганистан, соопшти денеска Амбасадата на САД во Кабул.

 

Започнаа преговорите за нуклеарната програма на Северна Кореја
[12.05.2004] Во Пекинг утрово, зад затворени врати, почна третиот круг на мултилатералните преговори за нуклеарната програма на Северна Кореја.

 

Жестоки судири во Кербала
[12.05.2004] Најмалку 25 припадници на радикалната шиитска милиција, Армијата на Махди, загинаа денеска за време на операцијата на коалициските сили против бунтовниците во светиот шиитски град Кербала, 110 километри југозападно од Багдад.

 

СЗО: „Светот на критичната точка во борбата со СИДА-та“
[12.05.2004] Човештвото се наоѓа на критичната точка во борбата против СИДА-та, оцени Светската здравствена организација (СЗО), укажувајќи дека оваа болест, како најголем предизвик за здравството во светот, е главна причина за смртта на лицата од 15 до 59 годишна возраст.

 

Америка воведува нови санкции кон Сирија
[12.05.2004] Соединетите Американски Држави воведоа санкции кон Сирија поради нејзината поддршка на терористичките групи, соопшти синоќа Белата куќа.

 

САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Јемен
[12.05.2004] Стејт департментот синоќа ги предупреди американските државјани да не патуваат во Јемен, бидејќи, како што се наведува во соопштението, во оваа арапска земја дејствува Ал Каеда.

 

Можна ерупција на вулканот на Тенерифе
[12.05.2004] Вулканот на канарскиот остров Тенерифе предизвика неколку мали земјотреси, што ги зголемува стравувањата од вулканска ерупција, јавија денеска шпанските медиуми.

 

Михаил Фрадков нов премиер на Русија
[12.05.2004] Долниот дом на рускиот Парламент, Државната дума денеска ја одобри канадидатурата на Михаил Фрадков за премиер на Русија.

 

Норвешките новинари во штрајк
[12.05.2004] Околу 2.800 новинари од водечките весници и новински агенции во Норвешка денеска стапија во штрајк, по неуспешните преговори за нови колективни договори.

 

4 Палестинци загинаа во ракетен напад во Газа
[12.05.2004] Четворица Палестинци загинаа, а најмалку уште четворица се ранети, кога израелски борбени хелихоптери истрелаа две ракети врз куќа во квартот Зејтун во Газа, соопштија палестински извори.

 

Неидентификувани летечки објекти над Мексико
[12.05.2004] Неидентификувани летечки објекти над Мексико. Пилотите на мексиканското воено воздухопловство снимиле со инфрацрвена камера, 11 НЛО на височина од 3500 метри над јужната провинција Кампеч, потврди портпарол на мексиканското министерство за одбрана.

 

Шиитските лидери нападнаа полициска станица во Наџаф
[13.05.2004] Приврзаници на радикалниот шиитски верски лидер Муктада Садр ноќеска ја нападнаа полициската станици во ирачкиот град Наџаф, при што како заложник го земале шефот на полицијата и го ограбиле складиштето за оружје.

 

10 Палестинци загинаа во ракетен напад во Рафах
[13.05.2004] Најмалку 10 лица загина, 37 се повредени при денешниот ракетен напад на израелски хеликоптери врз палестинскиот бегалски камп кај Рафах во Појасот Газа.

 

Германија ќе стане постојан член на Советот за безбедност, тврди Лајпциг Цајтунг
[13.05.2004] Владата во Берлин има информации според кои Германија набрзо ќе стане постојан член на Советот за безбедност на Обединетите нации со право на вето, а Вашингтон нема да ги попречува тие намери, објавија денеска дел од германските медиуми.

 

САД ги штителе нацистичките соработници
[13.05.2004] Американската влада отвара илјадници досијеа кои покажуваат дека Федералното истражно биро (ФБИ), како и други државни институции, толерирале престој на бројни нацистички соработници во САД, вклучувајќи го и министерот за внатрешни работи на Независната Држава Хрватска Андрија Артуковиќ, јавуваат агенциите.

 

Се зголемува притисокот врз САД да ги отворат своите затвори
[13.05.2004] Фотографиите на американските војници кои малтретираат заробеници во Ирак го зголемија притисокот врз САД да ги отворат своите затвори, особено оној во Гвантанамо на Куба, каде се наоѓаат повеќе од 600 лица осомничени за тероризам, кои се затворени без право на адвокат, пренесуваат агенциите.

 

Рамсфелд во ненајавена посета на Ирак
[13.05.2004] Американскиот секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд денеска допатува во ненајавена посета на Ирак и со хеликоптер долета во злогласниот затвор Абу Гариб.

 

Пауел: „САД нема да побегнат од Ирак“
[14.05.2004] Соединетите Американски Држави нема да побегнат од Ирак и покрај протестите поради малтретирањето на ирачките затворенци, изјави американскиот државен секретар Колин Пауел во интервју за BBC.

 

Амнести интернешнал: „Неефикасна контрола на ЕУ врз извозот на оружје“
[14.05.2004] Контролата што Европската унија ја има врз извозот на оружје е неефикасна, се вели во извештај на организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнал“.

 

Започна ослободувањето на Ирачките затвореници од Абу Граиб
[14.05.2004] Од американскиот затвор Абу Граиб, што се наоѓа во близина на Багдад, денеска се ослободени повеќе од 300 ирачки затвореници.

 

Судир меѓу Американците и шиитската милиција во Кербала
[14.05.2004] Најмалку четворица Ирачани се убиени, а 13 други се ранети во судирите во текот на ноќта меѓу американските војници и шиитската милиција во ирачкиот град Кербала, соопшти директорот на главната градска болница Салех Хаснау.

 

Буш ја проверува земјата во случај на голем напад
[14.05.2004] Американското Министерство за внатрешна безбедност и близу 40 државни агенции одржаа дводневни вежби кои имаа за цел да се провери подготвеноста на Администрацијата на претседателот Џорџ Буш да функционира во случај на масивен напад врз Вашингтон.

 

Шефер: „Неопходно зголемување на мировните сили на НАТО“
[14.05.2004] Генералниот секретар на Алијансата Јап де Хоп Шефер побара од земјите-членки на Северноатланскиот сојуз да ги зголемат своите мировни сили, посебно во Авганистан.

 

Блер: „Ќе продолжам да ги поддржувам САД“
[14.05.2004] Британскиот премиер Тони Блер изјави дека ќе продолжи да ја поддржува политиката на американскиот претседател Џорџ Буш кон Ирак и покрај се погласните повици на британската политичка јавност, но и од неговата партија, да се дистанцира од американската политика.

 

По 30 јуни Стејт департментот ја превзема водечката улога во Ирак
[14.05.2004] Стејт департментот на САД ќе ја преземе од Пентагон водечката улога во повеќето од американските операции во Ирак по предавањето на власта на Ирачаните на 30 јуни, соопшти претставник на Администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш.

 

4 Палестинци загинаа во судир со Израелците во Рафах
[14.05.2004] Четворица Палестинци загинаа ноќеска во два одделни инциенти, при обид да ги нападнат израелските војници во една населба во јужниот дел на појасот Газа, соопштија денеска официјални претставници.

 

Можно е повлекување на Американците од Ирак
[14.05.2004] Американскиот цивилен администратор во Ирак Пол Бремер изјави денеска дека е можно американските сили да го напуштат Ирак.

 

Полковник од Запорошката област изврши самоубиство
[14.05.2004] Украинскиот полковник Александар Судаков изврши самоубиство, објавија денеска дел од украинските медиуми, тврдејќи дека складот со оружје во Запорошката област во која пред осум дена заради немарност изби катастрофален пожар, бил под негова команда.

 

Буш: Никогаш нема да се повтори малтретирање на затвореници
[15.05.2004] САД нема никогаш повеќе да дозволат малтретирање на затвореници во ирачките затвори, изјави денеска американскиот претседател Џорџ Буш во редовното саботно радио обраќање до нацијата.

 

Бразилски авион се урна во амазонската џунгла
[15.05.2004] Патничи авион со 33 патници и членови на екипажот се урна во амазонската џунгла во северниот дел на Бразил.

 

4-ца убиени во напад во Мосул
[15.05.2004] Четворица цивили загинаа, а 17 други се повредени денеска при минофрлачки напад во Мосул.

 

Арафат ги повика Палестинците да ги тероризираат непријателите
[15.05.2004] Палестинскиот лидер Јасер Арафат денеска ги повика Палестинците „да ги тероризираат непријателите“.

 

3 Ирачани загинаа во ракетен напад во Басра
[16.05.2004] Тројца Ирачани загинаа, а тројца други се повредени во текот на минатата ноќ при обид за напад врз британската воена база во ирачкиот град Басра.

 

Еден војник на САД загина во Авганистан
[16.05.2004] Еден американски војник е убиен, а двајца други се полесно повредени во напад врз воена колона што се случи доцна синоќа во близина на градот Гиришик во јужната авганистанска провинција Хелманд.

 

Израел го нападна седиштето на Арафат во Газа
[16.05.2004] Израелски хеликоптер денеска извршија ракетен напад врз седиштето на политичкоте движење Ал Фатах на палестинскиот лидер Јасер Арафат во градот Газа.

 

15 загинати во судар на воз и автобус во Украина
[16.05.2004] Најмалку 15 лица загинаа, а 20 се повредени денеска при судар на автобус и товарен воз кај селото Кернички во близина на украинскиот црноморски град Одеса.

 

Најмалку 18 загинати во меѓуклановска пресметка во Пакистан
[16.05.2004] Најмалку 18 лица загинаа, а околу 50 се повредени во вооружена пресметка меѓу припадници на два спротивставени клана во градот Гуџрат во пакистанската провинција Пенџаб, 110 километри источно од Исламабад.

 

Индипендент: „Британските војници пред суд за Ирачките затвореници“
[16.05.2004] Шестмина британски војници наскоро ќе бидат повикани на одговорност за малтретирање на ирачки затвореници и за смртта на еден од нив, пишува „Индипендент“ во своето денешно издание.

 

Блер не се повлекува од функцијата пред изборите во Ирак
[16.05.2004] Британскиот премиер Тони Блер не сака да се повлече од функцијата пред одржувањето на изборите во Ирак предвидени за следната година, пишува денешен „Обсервер“ повикувајќи се на изјава на неименува советник од Дауниг стрит.

 

Ал Аиба: „Хусеин ќе биде префрлен во Јордан“
[16.05.2004] Американската цивилна администрација во Ирак има намера да го префрли поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин во воена база во Јордан, пишува во денешниот број кувајтскиот весник „Ал Аиба“.

 

Бремер ќе го напушти Ирак на 30 јуни
[16.05.2004] Шефот на американската цивилна администраија во Ирак Пол Бремер ќе ја напушти земјата на 30 јуни, за кога е предвидено предавање на власта на идната ирачка привремена влада, изјави денеска во Дубаи помошникот-државен секретар на САД Алан Ларсен.

 

Протести поради одлуката смртната казна на бугарските лекари во Либија
[16.05.2004] Повеќе од 200 лекари и медицински сестри денеска излегоа на протести низ цела Бугарија демонстрирајки го негодувањето за смртните казни на 5-те медицински сестри, што им ги изрече кривичниот суд во Бенгази, обвинувајќи ги дека намерно инфицирале околу 400 либиски деца со ХИВ вирус.

 

Книга што му припаѓала на Хитлер продадена за 5.140 долари
[16.05.2004] Книга од областа на религијата што му припаѓала на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер и благодарница со негов потпис, достигнале рекордна цена на аукција во Окланд.

 

Њујоркер: „ Рамсфелд дал зелено светло за малтретирањата во Абу Граиб“
[16.05.2004] Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд дал зелено светло за употреба на недозволиви методи во испрашувањето на затворените ирачани тврди неделникот Њујоркер.

 

Експлозии пред британската банка во Анкара и Истанбул
[17.05.2004] Три мали експлозии доцна синоќа експлодираа пред филијали на британската банка ХСБЦ во Истанбул и Анкара, ден пред посетата на британскиот премиер Тони Блер на Турција.

 

Нови судири во Ирак
[17.05.2004] Најмалку девет Ирачани се убиени и 14 се повредени во синоќешните судири меѓу шиитски радикали и италијански карабинери во Насирија.

 

„Тајмс“: Британија и САД подготвуваат план за повлекување од Ирак
[17.05.2004] Велика Британија и САД подготвуваат план за повлекување на воените сили од Ирак, пишува денешен лондонски „Тајмс“.

 

Убиен шефот на Преодниот владејачки совет во Ирак
[17.05.2004] Актуелниот шеф на ирачкиот Преоден владејачки совет денеска беше убиен во експлозија на автомобил-бомба, што се случи во близина на Штабот на коалицијата во Багдад.

 

Експлозија на автомобил-бомба пред американската база во Багдад
[17.05.2004] Автомобил-бомба експлодира денеска во близина на американска база во западниот дел од Багдад, јавија дел од западните медиуми повикувајќи се на изјава на очевидци.

 

Реакции по убиството на Изедин Салим
[17.05.2004] „Извршителите на атентатот во Багдад во кој денеска беше убиен шефот на Преодниот владејачки сивет на Ирак Изедин Салим, се непријатели на ирачкиот народ“, изјави британскиот министер за надворешни работи Џек Стро.

 

Басајев ја презема одговорноста за убиството на Кадиров
[17.05.2004] Чеченскиот воен водач Шамил Басајев ја презема одговорноста за убиството на претседателот на Чеченија Ахмад Кадиров.

 

Во опасност од пожар еден од најголените магацини за хемиски оружје
[17.05.2004] Пожарот во руската Курганската област во Сибир, се приближува кон селото Штурче каде се наоѓа еден од најголемите магацини за хемиско оружје во светот, јавуваат руските медиуми.

 

Британците лути на „политичкото гласање“ за Евросонг
[17.05.2004] Британскиот претставник во Истанбул на натпреварот за песна на Евровизијата Џејмс Фокс го обвини „политичкото гласање“ на националните жирија за скромниот пласман на британската песна на годинешниов натпревар.

 

Нова акција против воените злосторници од Втората светска војна
[18.05.2004] Центарот „Симон Визентал“ од Виена ќе спроведе во Германија кон средината јуни акција под името „Операција - последна шанса“, која ќе има за цел откривање на живите воени злосторници од периодот на Втората светска војна.

 

„Тајмс“ : „Британија ќе испрати дополнителни сили во Ирак“
[18.05.2004] Велика Британија наредната недела ќе соопшти дека во Ирак ќе испрати 3.000 дополнителни трупи, пишува денеска лондонски „Тајмс“ додавајќи дека Владата тоа ќе го нарече дел од „стратегијата за излез“.

 

Кина се откажа од идејата да испрати човек на месечината
[18.05.2004] Кина до 2020 година ќе изгради сопствена вселенска станица со човечки екипаж, но поради финансиски причини се откажа од плановите да испрати човек на месечината, јавија денеска кинеските државни медиуми.

 

18 работници загинале при изградба на објектите за Олимписките игри
[18.05.2004] Осумнаесет градежни работници загинаа при изградбата на објектите за потребите на Олимписките игри во Атина, што ќе се одржат ова лето, соопшти претставник на Атинскиот работнички центар.

 

САД за амбасадата во Москва плаќаат наемнина само 3 долари
[18.05.2004] Вашингтон и плаќа на Москва годишна наемнина од нешто помалку од 3 долари за луксузната резиденција на американскиот амбасадор во самото срце на главниот град на Русија. Американците до овој „подарок“ кој го предизвикува гневот на Русите, дошле благодарение на опаѓањето на вредноста на рубљата до кое дојде со распаѓањето на бившиот Советски сојуз.

 

Aзербејџански карго-авион се урна во Кина, најверојатно нема преживеани
[18.05.2004] Сите седум члена на екипажот најверојатно загинале при уривање на еден азербејџански карго-авион во северозападната кинеска област Синџианг.

 

Продолжуваат жестоките борби во Кербала
[18.05.2004] Најмалку осум Ирачани загинале и 13 се повредени во денешните судири во Кербала меѓу американските сили и приврзаниците на радикалниот шиттски лидер Муктада Садр.

 

Најмалку 14 Палестинци убиени во Рафах
[18.05.2004] Најмалку 14 Палестинци се убиени во последната операција на израелските сили во бегалскиот камп Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, јави денеска Израелското радио.

 

Буш го осуди атентатот врз Салим
[18.05.2004] Американскиот претседател Џорџ Буш го осуди атентатот во кој загина претседателот на Привремениот ирачки Совет Изедин Салим и потврди дека власта на Ирачаните, како што е предвидено, ќе биде предадена на 30 јуни.

 

Виктор Орбан : „Мисијата во Ирак повеќе не е морално прифатлива“
[18.05.2004] Поранешниот премиер на Унгарија и лидер на опозицијата Виктор Орбан синоќа изјави дека „по случајот со злоупотребата на затворениците, мисијата во Ирак морално не е прифатлива и оти унгарските војници мора да се вратат дома“.

 

Американски војници злоставувале ирачки новинари
[19.05.2004] Тројца ирачки новинари кои работеле за агенцијата „Ројтерс“ биле приведени, сексуално злоставувани и религиозно понижувани од страна на американски војници, а слично нешто му се случило и на ирачки новинар кој работел за американската телевизија „Ен-би-си“.

 

19 загинати во рударска несреќа во северна Кина
[19.05.2004] Во две одвоени експлозии во рудниците во северна Кина загинаа 19, а неизвесна е судбината на 28 лица, соопштија денеска кинеските власти.

 

Силен земјотрес го потресе Тајван
[19.05.2004] Силен земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе источното крајбрежје на Тајван.Нема информации за евентуални жртви, ниту за предивикани материјални штети.

 

19 загинати во невреме на Филипините
[19.05.2004] Најмалку 19 лица загинаа, десет се водат како исчезнати, а повеќе од 28 илјади се евакуирани од областа на Филипниите што ја зафати тајфунот Нида што од утрово го смени правецот и се движи кон Јапонија.

 

Ал Каеда ја презема одговорноста за убиството на Салим
[19.05.2004] Групата која ја предводи членот на терористичката Ал Каеда, Абу Муса ал Заркави, денеска ја презеде одговорност за неодамнешниот атентат во Багдад, во кој загина шефот на Преодниот владеачки совет во Ирак Изедин Салим.

 

Соња Ганди го одби премиерскиот мандат
[19.05.2004] Соња Ганди денеска повторно одби да го прифати местото мандатар на новата индиска влада, по колективната оставка на челниците на индиската Конгресна партија, кои со тој чин се обидоа да ја убедат да ја смени одлуката и да ја прифати премиерската функција.

 

Нападнат германскиот канцелар Шредер
[19.05.2004] Невработен 52 годишен маж синоќа го нападнал германскиот канцелар Герхард Шредер на предизборен собир на неговата Социјалдемократска партија во Манхајм, во сојузната покраина Баден-Виртемберг, потврди полицијата

 

Нападната Британската амбасада во Техеран
[19.05.2004] Молотов коктел е фрлен денеска врз Амбасадата на Велика Британија во Техеран, од поголема група исламисти кои протестираат поради американско - британската операција во Ирак, јавија агенциите наведувајќи дека во инцидентот нема жртви или ранети.

 

Блер нападнат со димна петарда
[19.05.2004] Димна петарда беше фрлена денеска врз британскиот премиер Тони Блер за време на заседанието на Долниот дом на Парламентот, по што редовната седница на која шефот на Владата одговара на прашањата на пратениците беше веднаш прекината.

 

9 цивили убиени во Кербала
[20.05.2004] Девет цивили се убиени, а 16 ранети во ноќешните судири меѓу коалиционите сили и шиитската милиција во светиот ирачки град Кербала, јавија агeнциите, повикувајќи се на болнички извори.

 

Нови фотографии со малтретираните ирачки војници
[20.05.2004] Американската ТВ мрежа Еј-Би-Си прикажа фотографии од двајца американски војници како позираат до тело на еден притворен Ирачанец кој умрел во затвор.

 

Австрија планира да го скуси воениот рок
[20.05.2004] Австрија подготвува модернизација на вооружените сили, што вклучува и скусување на воениот рок на шест месеци, а потоа и создавање професионална војска.

 

Убиен функционер во руското Министерството за правда
[20.05.2004] Марат Газизов функционер на руското Министерство за правда утринава беше убиен во Москва, соопштија полициски извори, посочувајќи, оти најверојатно станува збор за нарачано убиство.

 

Советот за безбедност бара прекинување на израелските напади
[20.05.2004] Советот за безбедност на Обединетите нации усвои синоќа резолуција со која од израелската војска се бара да прекине со уништување на палестински куќи и го осуди убивањето на палестински цивили во Рафа, во Појасот Газа. Оваа резолуција беше усвоена со 14 гласови, додека заменикот американски амбасадор при ОН Џејмс Канигем беше воздржан.

 

Руслана стана советник на украинскиот премиер
[20.05.2004] Украинскиот премиер Виктор Јанукиевич ја назначи денеска за своја советничка по општествени прашања годинешната победничка на „Евровизија“ Руслана Лижичко, јавија украинските медиуми.

 

Северна Кореја бара мировен договор со САД и со Јужна Кореја
[21.05.2004] Северна Кореја бара потпишување мировен договор со САД и со Јужна Кореја пред да се откаже од програмата за создавање нуклеарно оружје, соопштуваат јужнокорејските медиуми.

 

Шпанците си заминаа, Италијанците остануваат во Ирак
[21.05.2004] Последните шпански војници ја напуштија базата во Диванија, на југот од Ирак, јави шпанското државно радио, тврдејќи дека „шпанската база Диванија веќе не постои“.

 

Запленети 1 тон кокаин на аеродромот во Богота
[21.05.2004] Колумбиската полиција на меѓународниот аеродром во Богота заплени пратка од близу еден тон кокаин, скриен во машина за производство на чоколади наменета за пазарот во Шпанија.

 

Владата на Грција го решава спорот меѓу Цариград и ГПЦ
[21.05.2004] Архиепископот на Грција Христодулу и Вселенскиот патријарх Вартоломеј го прифатија планот на грчкиот министер за образование и религија Мариета Јанаку, за постигнување договор за црковниот проблем што изби меѓу двете цркви, пренесуваат грчките медиуми.

 

30 жртви од високи температури во Индија
[21.05.2004] Најмалку 30 лица починаа од високите температури во Северна Индија, вклучувајќи го и главниот град Делхи, во последните неколку дена.

 

Најмалку 30 Ирачани загинаа во денешните борби во Ирак
[21.05.2004] Повеќе до 30 Ирачани, меѓу кои и техничар на арапската телевизиска станица „Ал Џазира“ загинаа во денешните борби меѓу коалициските сили и Ирачките бунтовници во Ирак.

 

Молдавија не сака членство во НАТО
[21.05.2004] Молдавија не планира да поднесе барање за членство во НАТО, изјави денеска молдавскиот претседател Владимир Вороњин.

 

Разбиен канал за шверц на хероин во Шпанија
[21.05.2004] Шпанската полиција успешно заврши една од најголемите операции спроведени во земјата за сузбивање на меѓународната трговија со хероин, што по илегален пат завршувал во Шпанија, пишува денеска мадридскиот печат.

 

Вашингтон пост: „Ирачаните биле принудувани да јадат од тоалетна шоља“
[21.05.2004] Дел од ирачките затвореници во затворот Абу Граиб биле јавани како добиток, сексуално милувани од жени-војници и принудувани да јадат храна од клозетските шолја, објави денеска Вашингтон пост кој пренесе таен извештај со изјави на лица кои биле приведени во тој затвор.

 

33 загинати во сообраќајка во Индија
[22.05.2004] Најмалку 33 работници загинаа, а пет се повредени, кога еден камион излетал од патот во провалија во северната индиска држава Химачал Прадеш, јавуваат индиските медиуми.

 

Масакрирани 40 цивили во Уганда
[22.05.2004] Бунтовниците од Божјата армија на отпорот масакрирале повеќе од 40 цивили во селото Локоди, на северот на Уганда, јавија денеска африканските медиуми.

 

Принцот Фелипе и новинарката Ортиз се венчаа
[22.05.2004] Денеска во мадридската катедрала Санта Марија Реал де Алмудена, пред 1.700 гости од целиот свет, се венчаа шпанскиот престолонаследник принцот Фелипе и новинарката Летиција Ортис Рокасолано.

 

Околу 4.000 Британци со агенсот „кравјо лудило“
[22.05.2004] Неколку илјади Британци се носители на агенсот што е одговорен за човековиот облик на болеста „кравјо лудило“, јавија синоќа британските медиуми, повикувајќи се на истражувања на научници.

 

300 загинати во ферибротска несреќа во Бангладеш
[23.05.2004] 300 патници се удавија при тонење на ферибот во реката Мегна во источен Бангладеш. Полицијата соопшти дека се пронајдени тела на осум жртви, меѓу кои има и жени и деца. Несреќата била предизвикана од бура и се случила рано изутрина.

 

Пронајдени коски на досега непознат вид на диносауруси
[23.05.2004] Професор од Универзитет во Пенсилванија случајно откри коски на досега непознат вид диносауруси, кои живееле пред 150 милиони години во јужниот дел на американската сојузна држава Монтана.

 

34 загинати во ирачките градови Куфа и Наџаф
[23.05.2004] Најмалку 34 луѓе загинаа, а над 90 се повредени во судирите меѓу американските сили и следбениците на шиитскиот радикален водач Моктад ел Садр, што се случија синоќа и утрово во ирачките градови Куфа и Наџаф, јавуваат агенциите повикувајќи се на болнички извори.

 

Потона брод со 4.000 натоварени авотмобили
[23.05.2004] Брод кој превезуваше 4.000 автомобили од марката „хјундаи“ потона јужно од Сингапур, откако се судри со танкер, соопштија локални полициски извори.

 

Хорст Колер нов претседател на Германија
[23.05.2004] Поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Хорст Колер денеска е избран за претседател на Германија од специјалното сојузно Собрание.

 

5 загинати во уривање на покрив на аеродромот „Шарл де гол“
[23.05.2004] Тони бетон, челик и стакло се урнаа изутрината од покривната конструкција на патничкиот терминал „два е" на најголемиот и најпрометниот аеродром во Франција „Шарл де Гол“.

 

Мајкл Мур ја доби Златната палма
[23.05.2004] Златна палма и наградата од критичарите за Фаренхајт 9, 11 на Мајкл Мур. Очекувано или не наградување на не политичката филмска смотра каква што е Кан за сатиричното обвинување против американскиот претседател, Џорџ Буш дека ги лажирал претседателските избори 2000-та, дека ги игнорирал терористичките закани пред 11-ти септември, дека ширел страв за да ја обезбеди подршката на Американците за војната во Ирак и дека е поврзан со семејството на Осама Бин Ладен.

 

Двајца американски војници загинаа во Фалуџа
[24.05.2004] Двајца американски војници загинаа синоќа во експлозија на автомобил бомба во градот Фалуџа, во северозападен Ирак, соопштија американски официјални воени претставници.

 

Расправа за американскиот имунитет пред МКС
[24.05.2004] Советот за безбедност на Обединетите нации за денеска го закажа јавното заседание и гласање за резолуцијата во врска со американското барање на граѓаните на САД повторно да им се признае имунитетот пред Меѓународниот кривичен суд (МКС).

 

5 загинати при експлозија во дискотека во Колумбија
[24.05.2004] Најмалку 5 лица загинаа, а 24 се повредени во саботата навечер, при експлозија на патничка торба оставена во дискотека во колумбискиот град Апартаду, јавија синоќа западните агенции.

 

Убиен норвешки војник во Авганистан
[24.05.2004] Еден норвешки војник е убиен, а друг полесно ранет, во бомбашки напад извршен синоќа врз меѓународните мировни сили во Кабул, соопшти изутрината портпарол на норвешкиот контигент. Тој додаде дека ова е прв смртен случај од редовите на норвешката единица во мисијата ИСАФ.

 

„Хосподарске новини“: „Во Ирак истите противници како и во Босна“
[24.05.2004] Ветераните од балканските војни се барани и од двете страни во Ирак, со што не е исклучена можноста таму меѓусебно да се напаѓаат истите оние луѓе како пред седум до осум години војуваа во босанските планини, објавува чешкиот весник „Хосподарске новини“.

 

Нов вид на Ебола во Судан
[24.05.2004] Официјални претставници на Светската здравствена организација во градот Џамбио во јужниот дел на Судан, открија смртоносна болест која потсетува на „ебола“

 

Американските новинари загрижени за иднината на својата професија
[24.05.2004] Американските новинари стравуваат дека растот на економските притисоци на кои се изложени, би можеле да влијаат на пад на квалитетот на медиумското известување, покажуваат резултатите од најновата извршена анкета објавена од американската агенција за истражување „Пју“.

 

18 Ирачани убиени во Багдад
[24.05.2004] Осумнаесет Ирачани се убиени, а 12 други се ранети во текот на минатата ноќ во судири меѓу вооружени шиитиски бунтовници и американаски војници во багдадскиот кварт Садр.

 

Заврши израелската операција во Рафах
[25.05.2004] Израелската армија доцна синоќа целосно се повлече од палестинскиот бегалски логор во Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, со што заврши шестдневната воена операција „Виножито“.

 

Нови жртви во Наџаф и Куфа
[25.05.2004] Најмалку 12 Ирачани загинаа, а 23 се ранети во најновите судири меѓу американските сили и борците на радикалниот шиитски водач Моктада ел Садр во Куфа и Наџаф, соопштија денеска претставници на болниците во овие градови.

 

Еден загинат при напад на хотел во Багдад
[25.05.2004] Едно дете загина, а уште неколку лица се повредени денеска при бомбашки напад врз хотелот „Ел Карма“ во западниот дел на Багдад. Како што јави катарската телевизија „Ал Џезира“, нападот бил извршен со автомобил-бомба паркиран пред хотелската зграда.

 

100-тина загинати во поплави во Домиканската Република
[25.05.2004] Околу сто лица загинаа, а најмалку 150 се водат како исчезнати во поплавите што ја зафатија Доминиканската Република, по обилните дождови кои врнеа без прекин цели две недели.

 

Бунтовниците во Уганда месечно киднапираат по 500 деца
[25.05.2004] Бунтовниците во северниот дел на Уганда во изминатите две години, просечно месечно киднапирале по 500 деца, соопшти фондот на Обединетите нации за помош на децата (УНИЦЕФ), додавајќи дека бројот на бегалците внатре во таа африканска земја во истиот период тројно се зголемил на 1.6 милиони.

 

Хусеин Шахристани најверојатно нов Ирачки премиер
[26.05.2004] Обединетите нации најверојатно ќе го изберат Хусеин Шахристани за претседател на привремената ирачка влада, тврдат американските официјални извори.

 

Иран негира дека спречува контрола на нуклеарните капацитети
[26.05.2004] Иран ги отфрли тврдењата на западни дипломати дека намерно ги попречува инспекциите на Меѓународната агенција за атмоска енергија (МААЕ) во неговите нуклеарни објекти.

 

9 загинати во серија инциденти во Чеченија
[26.05.2004] Најмалку девет припадници на руските сили за безбедност загинаа во изминатите 24 часа во повеќе судири со сепаратистичките бунтовници во Чеченија, јавија денеска руските медиуми.

 

Повеќе од 500 лица загинаа во поплави на Хаити
[26.05.2004] Повеќе од 500 лица загинаа и голем број се сметаат за исчезнати во поплавите и лизгањето на земјиштето на Хаити и Доминиканската Република, соопштија официјални претставници.

 

9 Ирачани загинаа во судири во Наџаф
[26.05.2004] Најмалку деветмина Ирачани загинаа, а 19 други се повредени во последните вооружени судири меѓу шиитската милиција и американските војници во ирачкиот град Наџаф.

 

Путин: „Русија конечно е стабилна држава“
[26.05.2004] Русија конечно постигна стабилност по распадот на Советскиот Сојуз и ќе остане на патот на демократизацијата и економското опоравување, изјави денеска шефот на руската држава Владимир Путин во неговото денешно обраќање до нацијата.

 

Изгаснат пожарот во складот за оружје во Украина
[26.05.2004] Украинските пожарникари денеска успеаја целосно да го изгаснат последниот пожар во големото складиште за оружје кај местото Мелотопољ во Украина, што изби пред 20 дена, соопшти украинската Специјална државна комисија.

 

20 Талибанци загинаа при напад на американските сили во Авганистан
[26.05.2004] Најмалку 20 талибанци загинаа при американски воздушен напад врз позиции на талибанските борци во јужниот дел на Авганистан.

 

Во САД извршен експеримент со детонација на плутониумски експлозив
[26.05.2004] Во американската сојузна држава Невада е извршен подземен експеримент со детонација на плутониумски експлозив во челичната сфера, но без нуклеарна експлозија.

 

Постигнат договор за примирје во Наџаф
[27.05.2004] Радикалниот шиитскиот водач Моктада ел Садр и припадниците на коалициските сили во Ирак постигнаа договор за примирје во Наџаф, изјави денеска член на ирачкиот преоден владејачки совет Муфак ал Рубаи.

 

2.000 загинати во поплавите на Хаити и Доминикана
[27.05.2004] Близу 2.000 лица загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови што ги зафатија Хаити и Доминиканската Република. Најтрагична засега е состојбата на Хаити, каде само во градот Мапу се пронајдени околу 1.000 тела.

 

Британските власти го уапсија имамот Абу Хамза ал-Масри
[27.05.2004] Британската полиција го уапси имамот Абу Хамза ал-Масри, откако Соединетите Американски Држави побараа негово испорачување, соопшти портпаролот на британската полиција.

 

Агентите на КГБ немаат право на државна служба уште 10 години
[28.05.2004] Парламентот на Латвија ја продолжи уште за 10 години за забраната за вработување во државните институции на поранешните агенти или соработници на Советската тајна полиција КГБ, јавија западните агенции

 

Убиени 6 лица во судир на армијата и демонстрантите во Бејрут
[28.05.2004] Шест Либанци се убиени во вчерашните судири меѓу армијата и демонстрантите во едно од јужните предградија на Бејрут, посочуваат најновите податоци од инцидентот што ги објавија западните медиуми. Демонстрантите протестирале поради влошување на животниот стандард

 

Во затворите во САД има повеќе од 2 милиони луѓе
[28.05.2004] Во затворите во Соединетите Американски Држави има повеќе од два милиони луѓе, соопшти американското Министерство за правда.

 

Околу 600 Ирачки затвореници го напуштија Абу Граиб
[28.05.2004] Тринаесет автобуси со околу 600 ослободени затвореници го напуштија утринава затворот Абу Гариб, во близина на Багдад, јавија западни медиуми.

 

Двајца Јапонски новинари загинаа во Ирак
[28.05.2004] Двајца јапонски новинари загинаа во нападот од ирачките сили на нивно возило јужно од Багдад, соопшти денеска Имад ал Малики директорот на болницата во која се пренесени нивните тела.

 

Најмалку 45 загинати во земјотрес во Иран
[29.05.2004]  Најмалку 45 лица загинаа, а 360 се ранети во силниот земјотрес што вчера го потресе Иран.

 

Најмалку 16 загинати во напад во саудискиот град Кобар
[29.05.2004] Според последните информации во денешните напади во саудискиот град Кобар, извршени од група вооружени лица поврзани со терористичката мрежа Ал Каеда, загинале најмалку 16 лица.

 

Во Кувајт запленети 50 кг. хероин
[29.05.2004] Кувајтските царински служби при проверка на пакистански брод закотвен во пристаништето Шуваик откриле и заплениле 50 килограми хероин.

 

Претседателска кампања во САД се врти околу новинарите
[29.05.2004] Тактики и стратегии, дневни битки кои исцрпуваат, ова е вистинската војна, американската претседателска кампања на демократите и републиканците. Таа е со милион шаховски потези, како да работат со медиумите за да се пренесат нивните пораки до вистинското место - до гласачите.

 

Садр: „Нема разоружување додека има окупатори во Ирак“
[29.05.2004] Радикалниот шиитски лидер Моктада ал Садр синоќа изјави дека неговата милиција нема да се разоружа се додека окупационите сили на го напуштат Ирак.

 

Бомбашки напад врз стадионот Луј Втори во Монако
[30.05.2004] Силната експлозија, што одекна синоќа на стадионот Луј Втори во Монако и која предизвика голема материјална штета е всушност атентат, соопшти локалната полиција.

 

9 жртви меѓу заложниците во саудискиот град Ал Кобар
[30.05.2004] Саудиските сили за безбедност пронајдоа најмалку девет тела на жртвите во Ал Кобар, во зградата во која терористите од вчера држеа повеќе заложници.

 

Седум жртви во пожар во Москва
[31.05.2004] Најмалку седум лица загинаа, а петмина други се повредени во пожар што избувна синоќа во една зграда во Москва. Локалните безбедносни органи соопштија дека зградата имала девет ката и се наоѓа во еден од источните делови на Москва.

 

Во невремето на Хаити и Доминикана загинаа 1.372 лица
[31.05.2004] Во невремото и поплавите што минатата недела ги зафатија Доминиканската Република и Хаити, според досегашните информации, животот го загубија 1.372 лица.

 

„Тајм“ го обвини Дик Чејни за злоупотреба на должноста
[31.05.2004] Кабинетот на американскиот потпретседател Дик Чејни „координирал“ зделка од милијарда долари за обнова на Ирак со американската компанија „Халибртон“, со која тој раководеше до 2000 година, објави денеска весникот „Тајм“.

 

31.мај Светски ден против пушењето
[31.05.2004] Светскиот ден против пушењето годинава е посветен на темата „цигарите и сиромаштијата“. Во Извештајот на Светската здраствена организација, под наслов „Злобниот круг“, се потенцира дека најпогодени од пушењето се сиромашните слоеви, како во земјите во развој, така и во развиените средини.

 

Во Багдад убиен висок член на Преодниот владејачки совет
[31.05.2004] Членот на Ирачкиот Преоден владејачки совет и генерален секретар на Ирачката исламистичка партија, сунитот Мохсен Абдел Хамид денеска е убиен во Багдад.

 

Турската полиција заплени над 130 килограми хашиш
[31.05.2004] Турската полиција заплени 130 килограми и 500 грама хашиш при проверка на минибус што патувал за Германија, соопшти турскиот приватен телевизиски канал НТВ.

 

Одложен изборот на новиот ирачки претседател
[31.05.2004] Членот на ирачкиот Преоден владејачки совет Махмуд Осман денеска соопшти дека изборот на новиот претседател Ирак е одложен за утре.

 

Киев ќе гради нова сала за Евровизија
[31.05.2004] Градските власти во Киев соопштија дека за следното натпреварување за Изборот на песна на Евровизија ќе биде изградена нова концертна сала која ќе може да прими 14.000 посетители.

 

Двајца американски војници загинаа во Куфа
[31.05.2004] Двајца американски војници загинаа во два одвоени инициденти јужно од светиот шиитски град Куфа, соопшти денеска Командата на силите на САД во Ирак.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk