Дома А1 вести во real video формат
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Февруари 2003

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 

АРХИВА: Свет, Февруари 2003


 

Најмалку 34 жртви при судир на возови во Зимбабве
[01.02.2003] Најмалку 34 лица загинаа, а поголем број се повредени денеска, при судир на патнички и товарен воз во северозападниот дел на Зимбабве, јави државното радио „Хараре“.

 

Северна Кореја ги повика граѓаните на „света војна“
[01.02.2003] Северна Кореа ги повика денеска своите граѓани да се подготват на „света војна“ со САД. Медиумите во Пјонгјанг јавија денеска дека десетици илјади луѓе учествувале на собирите во главниот севернокорејски град и ширум земјата, посетувајќи антиамерикански изложби или пропагандни семинари.

 

Протести во Брегот на Слоновата коска
[01.02.2003] Неколку десетици илјади протестанти се собраа денеска во Абиџан да го изразат своето незадоволство од мировниот договор што беше потпишан под притисок на поранешниот колонијален владетел Франција.

 

Се урна „спејс шатл“ во Тексас
[01.02.2003] Вселенскиот брод „Колумбија“ експлодира во воздухот, 16 минути пред да слета на вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. Загинаа сите седум астронаути, шестмина Американци и еден Израелец. НАСА објави вонредна состојба и го предупреди локалното население да внимава поради објектите кои паѓаат од небото.

 

Буш и Блер му даваат шест недели на Хусеин да се разоружа
[01.02.2003] Американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер се договорија на ирачкиот режим да му дадат најмногу шест недели да се разоружа, објави денеска печатот во Лонодн.

 

Парализиран сообраќајот во Франција, Велика Британија и Шпанија
[01.02.2003] Сообраќајот во Франција, Велика Британија и Шпанија денеска е речиси парализиран бидејќи невремето кое трае од вчера создаде тешкотии во одвивањето на патничкиот, воздушниот и железничкиот сообраќај.

 

Американците за војна со Ирак и без дозвола од ООН
[02.02.2003] Воената операција против Ирак ја поддржуваат 2/3 од Американците, додека повеќе од половината смета дека САД треба да тргнат во војна против Ирак, без да чекаат одобрение од Советот за безбедност на ООН, покажуваат резултатите од истражувањето што го спроведоа весникот „Вашингтон пост“ и телевизиската мрежа „Еј-Би-Си“.

 

Избори во Долна Саксонија и Есен во Германија
[02.02.2003] Парламентарни избори во сојузните држави Долна Саксонија и Есен се одржуваат денеска во Германија. Според последните анкети, Социјал-демократската партија на канцеларот Герхард Шредер се очекува да доживеат уверлив пораз во неговата родна Долна Саксонија, додека во Есен се проценува оти тие нема да успеат да ја преземат власта од конзервативците.

 

НАСА не ги знае причините за несреќата на „Колумбија“
[02.02.2003] Пронајдени се посмртните останки на астронаутите, пет мажи и две жени, од вселенскиот шатл „Колумбија“, кој вчера експлодира и се распадна над Тексас, соопшти локалната полиција. НАСА ги прекина летовите на сите свои вселенски бродови додека не ги утврди причините за несреќата. И додека светот изразува сочувство и шокираност, трагедијата за Ирак е „божја казна“.

 

Хомосексуалците бараат поголема толерантност
[02.02.2003] Иако слободни да се здружуваат, појавуваат и излегуваат на специјални места, бракот меѓу парови од ист пол не е дозволен во ниту една од 50-те американски држави и тој, според Сојузниот акт за одбрана на бракот донесен пред 6 години, е дефиниран како сојуз меѓу еден маж и една жена. Во Германија, пак, многу табуа се распраснаа како меур од сапуница пред година и половина, кога градоначалникот на Берлин, Клаус Воберег изјави: „Јас сум хомосексуалец и тоа е во ред“.

 

Уапсен водачот на сингапурскиот огранок на Џама Исламија
[03.02.2003] Индонезиската полиција вчера го уапсила водачот на сингапурскиот огранок на регионалната исламистичка мрежа Џама Исламија, Мас Селмат Кастари, чиј огранок се смета за одговорен за бомбашкиот напад на островот Бали.

 

Багдад смета дека Вашингтон ќе лажира пред ООН
[03.02.2003] „Вашингтон ќе лажира докази за наводното постоење оружје за масовно уништување во Ирак“, изјави за „BBC“ирачкиот претставник за односи со инспекторите на ОН, генералот Хосам Мохамед Амин.

 

Еден загинат во експлозија во Пакистан
[03.02.2003] Најмалку едно лице го загуби животот, а седум се повредени во денешната силна експлозија во Карачи, во јужниот дел на Пакистан.

 

Севернокорејските сили во целосна воена готовност
[03.02.2003] Севернокорејските воени сили се наоѓаат во состојба на целосна борбена готовност во случај на „американска агресија“, објавија денеска државните медуми.

 

Експертите навреме ја предвиделе несреќата на „Колумбија“
[03.02.2003] Британскиот весник „Тајмс“ денеска пишува дека експертите навреме ја предвиделе несреќата на шатлот „Колумбија“. Тие ја предупредиле НАСА дека леталото е застарено и оти треба да се запрат неговите летови додека не биде предоцна.

 

11 повредени во железничка сообраќајка во Австралија
[04.02.2003] 11 од 22-ца патници на патнички воз се повредени кога празна железничка композиција без машинист и со исклучен систем за напојување со електрична енергија синоќа се придвижил по удолница во околината на австралискиот град Мелбурн и поминал 12 железнички станици пред да се судри со патнички воз во мирување.

 

Џорџ Буш бил предупреден за катастрофата на „Колумбија“
[04.02.2003] Поранешниот официјален претставник за безбедност од НАСА, Дон Нелсон минатата година на претседателот на САД Џорџ Буш му испратил писмо во кое го предупредил за „уште една катастрофална вселенска несреќа“, но Буш не го прочитал писмото и барањето на претставникот било отфрлено, соопшти Белата куќа.

 

Итен состанок на ИАЕА за севернокорејската криза
[04.02.2003] Меѓународната агенција за атомска енергија идната седмица ќе одржи итен состанок посветен на севернокорејската криза поврзана со програмата за обогатување на ураниум.

 

Расте процентот Американци кои одобруваат војна
[04.02.2003] Извештајот на американскиот државен секретар Колин Пауел што в среда треба да го презентира пред Советот за безбедност на ООН за ирачкото оружје, е важно не само за придобивање на меѓународната поддршка за војната против Ирак, туку и на американската јавност, покажа истражувањето на јавното мислење на „УСА Тудеј“, „CNN“ и „Галуп“.

 

САД и Јужна Кореја подготвени за конфликт со Северна Кореја
[05.02.2003] САД се заканија дека располагаат со доволно сили во Јужна Кореја за да се справат со евентуален конфликт со Северна Кореја. Пјонгјанг ја осуди американската „воена хистерија“ и најави дека ќе се спротивстави на каков било обид САД да го зајакнат военото присуство во нејзиното соседство.

 

Снежни врнежи и жртви во неколку европски држави
[05.02.2003] Неколку европски земји се зафатени од невреме, што предизвика голем број сообраќајни и други несреќи во кои има и човечки жртви.

 

Индија подготвена за разговори со Пакистан
[05.02.2003] Индија денеска изрази подготвеност да разговара со Пакистан за спорната област Кашмир, што претставува прва понуда од тој вид од јуни минатата година, кога по нападот врз индискиот парламент во Њу Делхи двете соседни нуклеарни сили дојдоа на работ на меѓусебна војна.

 

Леонид Кучма наскоро со доживотен имунитет
[05.02.2003] Во украинскиот парламент е доставен нацрт-закон со кој на претседателот на Украина ќе му се гарантира доживотен имунитет. По стапувањето во сила на овој закон Леонид Кучма ќе биде единствениот шеф на некоја држава во светот со доживотен претседателски имунитет и бенефиции.

 

Руска „црна листа“ на терористички организации
[05.02.2003] Русија донесе одлука за составување црна листа на терористички организации и групи, слична на онаа која САД ја составија по терористичките напади во Њујорк и Вашингтон во 2001 година.

 

Пауел презентираше „загрижувачки“ податоци за Ирак
[05.02.2003] „Не можам да ги кажам сите информации што ги знам за ирачкото оружје за масовно уништување, но и доказите што ќе ги презентирам ќе покажат дека проблемот е загрижувачки“, истакна американскиот државен секретар Колин Пауел на почетокот од денешно презентирање на доказите против Ирак, пред Советот за безбедност на ОН.

 

Блер пред Меѓународниот кривичен суд, ако влезе во војна со Ирак
[05.02.2003] Група британски правници планираат пред Меѓународниот кривичен суд да покренат тужба за воени злосторства против премиерот Тони Блер во случај на војна во Ирак.

 

Над 16 лица умреле од ебола во Конго
[06.02.2003] Најмалку 16 лица умреле од вирусот ебола во епидемијата што се појавила во северните делови на Конго. Се смета дека епидемијата е последица од конзумирањето заразено мајмунско месо.

 

Буш повика Американците да се молат за искушението на САД
[06.02.2003] Американскиот претседател Џорџ Буш денеска побара од Американците да се молат за „божји патоказ“ затоа што трагедијата со вселенскиот шатл „Колумбија“, потенцијалната војна против Ирак и постојаните терористички закани „претставуваат време на искушение за САД“.

 

Ирак доказите на Пауел ги нарече „лаги“
[06.02.2003] Ирак ќе им испрати на Обединетите нации „детален и сеопфатен одговор на сите лаги“ содржани во вчерашната изјава на американскиот државен секретар Колин Пауел пред Советот за безбедност на ОН, се вели во писмото на шефот на ирачката дипломатија Наџи Сабри.

 

Северна Кореја може прва да ги нападне САД
[06.02.2003] „Северна Кореја може да ги нападне американските сили, а не да чека на американски напади откако ќе завршат со Ирак“, изјави заменикот-директор во севернокорејското министерство за надворешни работи, Ри Пјонг-гап за лондонски „Гардијан“. Портпаролот на Белата куќа Ари Флејшер возврати: „САД се подготвени да се соочат со Северна Кореја“.

 

Британската антитерористичка единица уапси седум лица
[06.02.2003] Антитерористичката единица на британската полиција денеска во координирана акција во неколку градови уапси седум лица, без да го открие идентитетот на уапсените и причината за нивното лишување од слобода.

 

Нови жртви во насилствата на Блискиот Исток
[06.02.2003] Четири лица го загубија животот во оружена пресметка меѓу израелските војници и палестинските вооружени групи во близина на градот Наблус на Западниот Брег, соопштија извори на Палестинците и Израелците.

 

Индија ќе тестира балистичка ракета
[07.02.2003] Планот на Индија да ја тестира нуклеарната ракета која може да достигне длабоко во територијата на Кина би можел да ја забрза дестабилизирачката трка за вооружување во Азија, предупреди денеска американскиот Стејт департмент.

 

Пјонгјанг се закани дека ќе го разурне Корејскиот Полуостров
[07.02.2003] Северна Кореја ќе го разурне Корејскиот Полуостров, а Корејците ќе се соочат со нуклеарна катастрофа, ако САД продолжат да го зајакнуваат военото присуство во регионот и одбиваат да преговараат за мирно решавање на проблемите, предупредија денеска властите во Пјонгјанг.

 

Шест нови жртви во израелко-палестинските судири
[07.02.2003] Четворица Палестинци и двајца Израелци беа убиени во два одделни инциденти што се случија синоќа на Западниот Брег и во Појасот Газа.

 

Буш би поддржал нова резолуција на ОН
[07.02.2003] Американскиот претседател Џорџ Буш денеска изјави дека би поздравил и поддржал нова резолуција на Обединетите Нации со која би се дал мандат за употреба на сила против Ирак и додаде дека Советот за безбедност мора да докаже дека неговите зборови имаат некакво значење.

 

Зголемена борбената готовност во САД
[07.02.2003] Американската администрација денеска донесе одлука за зголемување на борбената готовност на национално ниво поради опасноста од можни терористички напади.

 

Офицер на ЦИА загина во Авганистан
[07.02.2003] Офицер на ЦИА вчера е убиен, а две лица се повредени за време на вежба со боева муниција во Авганистан, соопшти денеска претставник на ЦИА во Вашингтон. Тој нагласи дека несреќата се случила кога предвреме експлодирала граната.

 

Главните инспектори на ОН повторно во Багдад
[08.02.2003] Шефовите на експертските тимови на ОН за разоружување на Ирак, Ханс Бликс и Мохамед ел Барадеи, денеска пристигнаа во Багдад, во нов обид да ги убедат ирачките власти да ги исполнат во целост барањата на меѓународната заедница содржани во Резолуцијата 1441 на Советот за безбедност.

 

Над 25 загинати во бомбашки напад во Колумбија
[08.02.2003] Најмалку 25 лица загинале, а 162 се повредени во експлозијата на автомобил-бомба во еден ексклузивен клуб во главниот колумбиски град, Богота.

 

Нови судири и жртви во Чеченија
[08.02.2003] Најмалку седум руски војници и тројца полицајци загинале во изминатото деноноќие од мини и во судирите со исламистичките бунтовници во Чеченија.

 

Израелските сили урнаа 10 палестински куќи
[08.02.2003] Израелските сили изутрината урнаа 10 палестински куќи во Газа и на Западниот брег продолжувајќи со својата одмазда спрема милитантите, јавија палестински извори.

 

Јошка Фишер не верува во аргументите на САД
[08.02.2003] „Не можам да излезам пред јавноста и да и ги објаснам причините за војна кога и самиот не верувам во нив“, изјави шефот на германската дипломатија Јошка Фишер на Меѓународната конференција за безбедност што се одржува во Минхен.

 

Три жртви во експлозија во Појасот Газа
[09.02.2003] Тројца Палестинци загинаа денеска кога автомобилот во кој се превезуваа експлодира во близина на еден изралески воен контролен пункт во Појасот Газа, соопштија палестински извори.

 

Ирак ги предаде документите за „нуклеарно и биохемиско оружје“
[09.02.2003] Ирак денеска на вториот ден од разговорите со шефот на инспекторите на ОН Ханс Бликс и претседателот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед ел Барадеј ги предаде документите за своето нуклеарно и биохемиско оружје, јавија агенциите, повикувајќи се на извори на ОН.

 

Германија ќе и достави ракети „Патриот“ на Турција
[09.02.2003] Германија ќе и достави на Турција ракети „Патриот“ кон крајот на идната недела, изјави денеска германскиот министер за одбрана Петер Штрук.

 

Јапонија подготвена за евентуален напад од Северна Кореја
[09.02.2003] Јапонските власти подготвиле план за реакција во случај на севернокорејски ракетен напад, јавуваат денеска медиумите во Токио. Планот предвидува севернокорејските ракетни бази да бидат набљудувани преку американските шпионски сателити.

 

ФБИ предвидува серија атентати на Ал Каеда во САД
[10.02.2003] Терористичката организација Ал Каеда веќе подготвила серија атентати врз важни објекти во САД и за нивна реализација го чека на евентуалниот почеток на војната во Ирак, смета американското ФБИ.

 

За Русија Северна Кореја е поголема закана од Ирак
[10.02.2003] Рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов изјави дека Северна Кореја би можела да претставува поголема закана од Ирак, изразувајќи уверување дека кризата околу нејзината нуклеарна програма ќе биде решена по мирен пат.

 

Убиени најмалку 114 дилери на дрога во Тајланд
[10.02.2003] Најмалку 114 трговци со дрога се убиени откако тајландската Влада на 1 февруари годинава ја почна кампањата „Војна против дрогата“.

 

Ракетирани две американски бази во Авганистан
[10.02.2003] Неколку ракети беа истрелани вчера врз две американски бази во источната авганистанска провинција Пактика, но ниту една не ја погодила целта.

 

Израелските воени сили на највисоко ниво на готовност
[10.02.2003] Израелските сили за безбедност се на највисоко ниво на подготвеност откако војниците во Рамалах уапсија еден Палестинец со бомба закачена на неговото тело.

 

Раздорот околу Ирак го блокираше НАТО
[10.02.2003] Германија, Франција и Белгија ставија вето на американските барања НАТО да ја зајакне одбраната на Турција при евентуална војна во Ирак, тврдејќи дека подготовките за одбрана на Анкара би можеле да им наштетат на дипломатските напори насочени кон избегнување на судирот.

 

Сеул бара мирно решавање на нуклеарната криза
[11.02.2003] Јужнокорејскиот претседател Ким Дае Џун денеска ја повика Европската унија да учествува во мирно решавање на севернокорејската нуклеарна криза.

 

Њујорк под засилена безбедност за Курбан Бајрам
[11.02.2003] Градските власти во Њујорк донесоа одлука за засилување на безбедноста на поважните објекти во градот. Полицијата заеднички ќе дејствува со специјалните единици и со припадниците на Националната гарда.

 

Хамас отфрли етапен прекин на огнот
[11.02.2003] Екстремистичката палестинска група Хамас го отфрли израелскиот предлог за етапен прекин на огнот и објави дека ќе продолжи со самоубиствените напади во израелските делови.

 

Ирак ги минирал нафтените извори
[11.02.2003] Ирачкиот претседател Садам Хусеин наредил да се постават големи количини експлозив околу нафтените извори во земјата, најверојатно за да ги уништи при евентуален американски напад, јави денеска американската телевизија „Ен-Би-Си“.

 

Декларација на Париз, Берлин и Москва за ирачкото прашање
[11.02.2003] Германија, Франција и Русија очекуваат да ги обединат и останатите членови на Советот за безбедност на ОН околу алтернативата за мирно разоружување на Ирак и во Декларација доставена до Советот бараат зајакнување на инспекторската мисија.

 

Биковите жртви за Курбан Бајрам направија хаос во Истанбул
[11.02.2003] Повеќе од 600 граѓани на Истанбул се повредени денеска кога разбеснети бикови што требало да бидат жртвувани за празникот Курбан Бајрам, успеале да се ослободат и побегнат низ улиците на градот.

 

Објавени номинациите за „Оскар“
[12.02.2003] Меѓу номинираните во 75. натпреварување за престижната награда „Оскар“ на Американската филмска академија во категоријата за најдобар филм се наоѓаат „Guns from New York", драмата поврзана со името на славната Вирџини Вулф „The Hours“, фантазиската авантура „Господар на прстените: Двете кули“, како и сагата за холокаустот „The Pianist“.

 

САД порача граѓаните да ги набават најнеопходните продукти
[12.02.2003] Американските власти им препорачаа на граѓаните да извршат набавка на неопходните продукти за неколкудневен опстанок на нивните семејства, во услови на евентуални терористички напади.

 

Застрелани двајца вооружени Палестинци
[12.02.2003] Тројца вооружени Палестинци синоќа се обиделе да влезат во еврејското село Дугит во северниот дел на Појасот Газа, при што изралеските војници застрелале двајца од нив.

 

НАТО сеуште во ќорсокакот
[12.02.2003] Советот на амбасадорите на НАТО претпладнево повторно ја прекина расправата по барањето на САД и Турција за превентивна воена помош за турција пред евентуалната војна во Ирак поради ветото на Франција, Германија и Белгија кои сметаат дека со тој потег Алијансата прејудицира воено решение на кризата.

 

Најмалку 63 загинати во напад на владините сили во Филипини
[12.02.2003] Најмалку 63 луѓе се убиени во масовен напад на владините сили врз муслиманските бунтовници на југ од Филипините, објавија денеска воени извори.

 

Северна Кореја сака мирно решение за нуклеарната криза со САД
[12.02.2003] Северна Кореја соопшти денеска дека сака мирно решение за нуклеарната криза со САД, но оти ќе возврати на секаков напад.

 

300 милиони евра за заштита на границите на ЕУ
[13.02.2003] ЕУ годишно ќе инвестира најмалку 300 милиони евра за заштита на внатрешните граници по присоединувањето на десетте нови членки во 2004 година, изјави еврокомесарот за буџетот на Унијата Михаеле Шраер.

 

ЦИА: По изјавите на Бин Ладен следуваат напади
[13.02.2003] Пораките на Осама бин Ладен се опасни затоа што во минатото често пати по нив следеле напади, смета директорот на ЦИА, Џорџ Тенет. Најпрометната железничка станица во Лондон, „Кингс Крос“ синоќа беше привремено затворена, а патниците евакуирани, откако во нејзина близина е пронајдено сомнително возило.

 

Над 50 загинати во судири на Филипините
[13.02.2003] Најмалку 50 лица се убиени во денешните судири меѓу побунетите исламски сепаратисти и владините сили на југот од Филипините.

 

Пробиено крило причина за уривањето на „Колумбија“
[14.02.2003] Причините за експлодирањето на спејс-шатлот „Колумбија“ е вжештениот воздух што во последните минути на летот протекол низ пукнатините на левото крило на леталото и во деловите каде се сместени тркалата, претпоставуваат експертите на НАСА, објавија медиумите во САД.

 

Зголемен билансот на жртви во Боливија
[14.02.2003] Билансот на жртвите во тридневните антивладини протести во Боливија денеска се искачи на 27. Демонстрантите ги блокираа патиштата и се судрија со војската, која вчера неколкупати интервенираше за смирување на протестите низ улиците на Ла Паз.

 

НАТО нема да заседава за ирачката криза
[14.02.2003] Постојаниот совет на НАТО денеска нема да заседава, откако раководството на Алијансата одлучи да го чека исходот од состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на ирачката криза.

 

Уапсени четири осомничени за тероризам во Велика Британија
[14.02.2003] Припадници на антитерористичката полиција на Велика Британија денеска во близина на лондонскиот аеродром „Хитроу“, уапсиле четири лица осомничени за тероризам, соопшти претставник на британската полиција.

 

Арафат се согласи со поделба на власта
[14.02.2003] Палестинскиот лидер Јасер Арафат „во принцип“ се согласил да назначи премиер на палестинската управа, со што ќе го исполни клучното барање на САД и Израел да ја подели власта, соопшти синоќа висок палестински официјален претставник.

 

Инспекторите не нашле оружје за масовно уништување во Ирак
[14.02.2003] „Се избира меѓу војна и мир“, ја опиша денешната состојба во ОН, ирачкиот амбасадор Ал-Дури. „Инспекциите не нашле никакво нуклеарно или друго оружје за масовно уништуванје“, е кусиот заклучок од денешните извештаи на главниот инспектор за оружје, Бликс и првиот човек на Меѓународната агенција за атомска енергија, Ел Барадеј пред Советот за Безбедност.

 

Двете Кореи по 50 години ја отворија копнената граница
[14.02.2003] Северна и Јужна Кореја денеска, првпат по 50 години, ја отворија заедничката копнена граница, во знак на приближување на двете земји наспроти тензиите предизвикани од нуклеарната програма на Пјонгјанг.

 

Над 15 загинати во експлозија на бомба во Колумбија
[14.02.2003] Петнаесет загинати и 30 повредени е билансот на денешната експлозија на бомба во колумбискиот град Неива што се случи непосредно пред посетата на претседател Алваро Урибе на регионот.

 

Почина првата клонирана овца „Доли“
[15.02.2003] Првата овца што дојде на свет по пат на клонирање, „Доли“, почина како последица на заболување на белите дробови, потврди шкотскиот институт „Рослин“, каде „Доли“ беше клонирана.

 

Убиени тројца руски војници во Чеченија
[15.02.2003] Тројца руски војници се убиени, а шест се повредени во напади на чеченските бунтовници во текот на последните 24 часа.

 

Франција, Германија и Белгија обвинети за „вандализација“ со НАТО
[15.02.2003] Генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон ги обвини Франција, Германија и Белгија поради ветото на одлуката за воена помош за Турција во случај да биде нападната од Ирак. Тоа значи „вандализација“ со НАТО, се вели во писмото кое белгиската телевизија го прикажа на својата програма, а кое има назнака „строго доверливо“.

 

Антивоени протести ширум светот
[15.02.2003] За денеска и утре во околу 500 градови во 75 држави во светот се најавени масовни протести против евентуална војна во Ирак. Најмасовни протести се очекуваат во државите кои се солидарни со САД во настојувањето кризата да се реши со воена интервенција.

 

Убиени четири израелски војници
[15.02.2003] Најмалку четири израелски војници се убиени денеска во близина на еврејската населба Беит Лахија во Појасот Газа, при експлозија на бомба што ја поставиле и активирале припадници на Изедин ал-Касам, вооружено крило на палестинската група Хамас.

 

Земјотреси ги потресоа Филипините
[16.02.2003] Два последователни силни земјотреси со интензитет од 5,5 и 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го потресоа централниот дел на Филипините.

 

НАТО пред компромисно решение
[16.02.2003] Белгија понуди компромисен предлог во врска спорот во НАТО околу помошта на Турција во случај на војна во Ирак.

 

Папандреу побара Арапската лига да соработува околу Ирак
[16.02.2003] Арапските држави силно ја осудуваат едностраната воена интервенција во Ирак и предупредуваат дека нема да учествуваат или да пружат било каква помош за таква воена разврска.

 

Бин Ладен повикува на нови напади врз САД
[16.02.2003] Саудискиот весник на арапски јазик „Ал Хајат“ што се печати во Лондон во денешното издание објавува извадоци од нова снимена порака на Осама Бин Ладен во која саудискиот дисидент повикува на нови напади врз американски цели во целиот свет.

 

Пет Палестинци загинаа при експлозија во Појасот Газа
[16.02.2003] Пет Палестинци се убиени во денешната силна експлозија во градот Зејтун во Појасот Газа, сама неколку часа откако израелските трупи убија двајца Палестинци во меѓусебните оружени престрелки во близина на Наблус на Западниот Брег на реката Јордан.

 

Вонреден самит на ЕУ околу ирачкото прашање
[17.02.2003] ЕУ денеска одржува вонреден самит целосно посветен на политиката околу Ирак, за да ги премости оддалечените позиции помеѓу земјите што го поддржуваат американскиот став, предводени од Британија и Шпанија, и државите кои се спротивставуваат на можната војна во Ирак, што ги предводат Германија и Франција.

 

Алијансата излезе од ќорсокакот
[17.02.2003] Советот на НАТО синоќа постигна договор за планирање мерки за одбрана на Турција при евентуалната војна во Ирак.

 

Весли Кларк можен претседателски кандидат во САД
[17.02.2003] Поранешниот врховен командант на НАТО, пензионираниот генерал Весли Кларк размислува да се кандидира за претседател на САД на изборите во 2004 година.

 

САД планираат санкции против Северна Кореја
[17.02.2003] САД планираа да воведат санкции против Северна Кореја со цел да го принудат Пјонгјанг да ја прекине својата нуклеарна програма, пишува во денешното издание весникот „Њујорк Тајмс“.

 

Најмалку 21 загинати во стампедо во ноќен клуб во Чикаго
[17.02.2003] Најмалку 21 лицa загинаа, а 30 се потешко повредени изутрината во паниката што предизвикала стампедо во еден ноќен клуб во Чикаго.

 

Њу Делхи го обвини Исламабад за екстремизам во Кашмир
[17.02.2003] Индија денеска го обвини својот сосед Пакистан дека не го почитувал ветувањето оти ќе ги запре муслиманските екстремисти, кои дејствуваат во индискиот дел на Кашмир.

 

Убиен лидерот на военото крило на Хамас
[17.02.2003] Израелските војници изутрината убија двајца Палестинци во градот Газа, во операцијата на најмалку 30 израелски тенкови и оклопни возила и два булдожери, соопштија палестински извори. Во акцијата е ранет лидерот на военото крило на Хамас, Ријад Абу Зед, по што подоцна им подлегнал на повредите во една израелска болинца.

 

Украден радиоактивен материјал во Грузија
[18.02.2003] Украдени се три контејнери со радиоактивни материјали од воената база во грузиското место Вазани, соопшти воениот обвинител на Грузија, Мамук Цав.

 

Северна Кореја ќе се повлече од мировниот договор од 1953
[18.02.2003] „На корејската армија не и` преостанува друга опција, освен да преземе одлучен чекор и да ја напушти својата обврска во спроведувањето на примирјето, поради можните санкции од страна на САД против ДНР Кореја“, соопшти денеска Народната армија на Северна Кореја.

 

28 жртви во невреме во САД
[18.02.2003] 28 лица загинаа во снежното невреме во САД, а животот во одредени делови од источниот американски брег, како и во некои држави од Средниот Запад, е целосно парализиран, соопштија денеска американските власти.

 

„Војната не е неизбежна“ е ставот на ЕУ за Ирак
[18.02.2003] Лидерите на државите-членки на ЕУ синоќа во Брисел заземаа заеднички став дека ОН се надлежни за решавање на ирачката криза и дека „војната не е неизбежна“, ако режимот во Багдад ги исполни барањата за потполно уништување на забранетото оружје за масовно уништување.

 

Хакер го пробил системот на „Виза“ и „Мастеркард“
[18.02.2003] Повеќе од два милиони кредитни картички од системите „Виза“ и „Мастеркард“ во САД станале достпани на хакер, кој успеал да го пробие системот за безбедност на централниот компјутер што води евиденција на кредитните картички, јавуваат американските медиуми.

 

Над 130 жртви во пожар во корејско метро
[18.02.2003] Спасувачките служби досега ги пронајдоа телата на 70 жртви кои настрадаа во пожарот што денеска беше подметнат во подземна железница во јужнокорејскиот град Таего, во кој животот го загубија најмалку 130 лица, потврдија официјални извори.

 

Нови жртви во Газа
[19.02.2003] Единаесет Палестинци се убиени, а над 40 се повредени во синоќешната операција на израелските сили за безбедност во градот Газа.

 

НАТО одобри одбрамбени системи за Турција
[19.02.2003] НАТО денеска во Брисел одобри распоредување одбранбени системи во Турција при евентуална војна во Ирак. Одбранбени системи на Турција вклучуваат авиони од типот „АВАКС“, ракетни системи „Патриот“ и елементи за хемиска и биолошка заштита.

 

440 жртви во несреќата во метрото во Јужна Кореја
[19.02.2003] 440 мртви и исчезнати е билансот во вчерашната несреќа во метрото во Тегу, Јужна Кореја. Според најновите податоци на јужнокорејските власти, во инцидентот загинале 125 лица, 138 се повредени, а околу 314 се водат за исчезнати.

 

Се урна американски воен авион
[19.02.2003] Воен авион од типот „Хорнет“, кој полета од американскиот носач на авиони на нуклеарен погон „Карл Винсон“, денеска се урна во водите на западниот Пацифик, во близина на Корејскиот Полуостров. Засега се уште се непознати причините за уривањето на авионот, чиј пилот успешно се катапултирал во морето.

 

Најголема кражба на дијаманти во историјата
[19.02.2003] Повеќе од 100 сефови беа обиени во текот на викендов во Светскиот центар за трговија со дијаманти, во градот Антверпен, што претставува најголема кражба во историјата, соопштија белгиските власти.

 

САД наскоро со нова предлог-резолуција за Ирак
[19.02.2003] САД и нивните сојзници наскоро пред Советот за безбедност на ОН ќе излезат со нова предлог-резолуција за Ирак, изјави американскиот амбасадор во Светската организација, Џон Негропонте.

 

Најмалку 44 загинати во невремето во САД
[19.02.2003] Најмалку 44 лица загинаа досега во невремето што од саботата ги зафати источните делови на САД. Голем број лица починале во нивните автомобили од труење со јаглехидрати кои ги вдишувале во внатрешноста, бидејќи ауспусите биле затнати со снег.

 

Руски војник убил четворица војници пред да се самоубие
[20.02.2003] Пет руски војници се убиени во инцидентот што ноќеска се случи во гарнизонот во близина на сибирскиот град Краснојарск, каде што се стационирани нуклеарни капацитети на Руската армија.

 

Израелските сили го поделија Појасот Газа на три зони
[20.02.2003] Израелските војници изутрината убија еден вооружен Палестинец во Тулкарем на Западниот брег, откако го поделија Појасот Газа на три безбедносни зони. Според военото радио, Палестинецот е убиен откако група Палестинци отвориле оган кон ираелската војска.

 

Повеќето земји во ОН се против војна во Ирак
[20.02.2003] Мнозинство од околу 60 земји, што изминатите два дена учествуваа во ирачката расправа во Советот за безбедност на ОН, се спротивставија на можната војна против Ирак и го поддржаа продолжувањето на работата на меѓународните инспекции.

 

Се урна авион со 300 војници во Иран
[20.02.2003] Oколу 300 ирански војници и членови на екипажот синоќа загинаа при уривање на воен авион од типот „Антонов“ на југоистокот на земјата, јави иранската агенција ИРНА.

 

Советот за безбедност без одлука за корејското прашање
[20.02.2003] Советот за безбедност на ОН не донесе одлука по прашањето за нуклеарната програма на Северна Кореја и за евентуално воведување економски санкции кон Пјонгјанг.

 

Уапсени 9 лица поврзани со ЕТА
[20.02.2003] Шпанската полиција денеска во баскиската област уапси девет лица, за кои се верува оти се поврзани со сепаратистичката организација ЕТА. Уапсените биле вработени во еден баскиски весник, во чие седиште е извршена операцијата на шпанската полиција.

 

САД разместува војници во Турција
[20.02.2003] Припадници на американската 522. оклопно-транспортна единица се истоварија во Турција, без претходно Парламентот во Анкара да дозволи распоредување странски војници и воена опрема на нејзина територија за потребите на САД при евентуална воена интервенција во Ирак.

 

Франција испраќа шпионски авиони во Персискиот Залив
[21.02.2003] Од воената база „Истр“, во Јужна Франција, денеска кон Персискиот Залив полетаа два воени авиона од типот Мираж ВП, кои ќе учествуваат во инспекциите на ОН во Ирак.

 

„Четворката“ апелира на прекин на огнот во Израел
[21.02.2003] Претставниците на таканаречената „четворка“ - САД, Русија, ОН и ЕУ синоќа, по состанокот во Лондон апелира на момонтален прекин на израелско-палестинските судири.

 

Над 54 загинати во пожар во ноќен клуб во САД
[21.02.2003] Најмалку 54 лица загинаа, а над 150 се повредени во пожарот што синоќа избувна во еден ноќен клуб во Вест Варвик, во американската сојузна држава Роуд Ајленд, соопшти денеска претставникот на противпожарната сужба Чарли Хок.

 

Палестинците објавија прекин на Интифадата
[22.02.2003] Палестинското раководство донесе одлука за прекин на Интифадата за период од една година, изјави во Москва блискиот соработник на палестинскиот лидер Јасер Арафат, Махмуд Абаз, јавуваат агенциите.

 

Новата резолуција на САД за Ирак в понеделник?
[22.02.2003] Нацртот на новата резолуција за Ирак, со која ќе се отвори пат за воена интервенција, пред Советот за безбедност на ОН ќе му биде претставена веќе наредната седмица, можеби уште в понеделник, сопшти портпаролот на Белата куќа Ари Флечер.

 

Убиен 15-годишен Палестинец во Газа
[23.02.2003] Едно 15-годишно момче е убиено и петмина други Палестинци се повредени при денешната операција на израелски војници во Беит Ханун, во северниот дел на Појасот Газа, соопштија палестински извори.

 

Северна Кореја не го послуша Движењето на неврзаните
[24.02.2003] Северна Кореја денеска го отфрли предлогот на 113 членки на Движењето на неврзаните да се врати кон Договорот за неширење на нуклеарното оружје.

 

Загина авганистански министер во авионска несреќа
[24.02.2003] Авион од типот „Цесна“, сопственост на пакистанска добротворна организација, со осум патници, меѓу кои и авганистанскиот министер Џума Мохамед Мохамади, денеска се урнал во близина на пристаништето на пакистанскиот град Карачи. Во несреќата загинале сите патници и членови на екипажот.

 

Анан повика Ирак да ги уништи ракетите „Ал Самуд“
[24.02.2003] Генералниот секретар на ОН Кофи Анан го повика денеска Ирак да ја почитува наредбата на инспекторите за разоружување и да ги уништи ракетите Ал-Самуд, бидејќи во спротивно, Советот за безбедност ќе мора да преземе мерки за решавање на овој проблем.

 

Најмалку 260 загинати во земјотрес во Кина
[24.02.2003] Најмалку 260 лица настрадаа, а околу 1.000 се повредени во силниот земјотрес што со јачина од 6,8 степени по Рихтеровата скала изутрината ја погоди северозападна Кина, соопштија тамошните власти.

 

Шарон обезбеди мнозинство за влада
[24.02.2003] Израелскиот премиер Ариел Шарон потпиша коалициска спогодба со партијата на центарот Шинуи, со што обезбеди доволно мнозинство во Парламентот за да може да формира влада, соопшти владин портпарол.

 

Екс југословенски офицери го советувале Хусеин за живи штитови
[24.02.2003] Американското разузнавање води истрага во врска со писмата, испратени од поранешни југословенски офицери до ирачкиот лидер Садам Хусеин, со совети масовно да користи човечки штитови, пишува весникот „Аш Шарк ал Аусат“.

 

Северна Кореја изврши ракетна проба
[25.02.2003] Северна Кореја вчера изврши ракетна проба во морето меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија, изјави претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана.

 

Израел понуди прекин на огнот во Појасот Газа
[25.02.2003] Израел им предложил на Палестинците да ги прекине воените операции во Појасот Газа во замена за прекин на палестинските атентати, јави денеска израелското воено радио.

 

Зголемен билансот на жртвите од земјотресот во Кина
[25.02.2003] Над 300 лица загинаа, а 2.500 се повредени во вчерашниот земјотрес што го погоди западниот кинески регион Ксинџијанг, соопштија денеска локалните власти.

 

Германија и Франција ја отфрлија новата резолуција за Ирак
[25.02.2003] Германскиот канцелар Герхард Шредер и францускиот претседател Жак Ширак на синоќешната средба во Берлин се изјаснија против нова резолуција за Ирак.

 

Експлозии пред амбасадите на Шпанија и Колумбија во Каракас
[25.02.2003] Две експлозии избувнаа утринава пред зградите на шпанската амбасада и колумбискиот конзулат во Каракас, главниот град на Венецуела.

 

Северна Кореја се подготвува за војна
[26.02.2003] Министерството за надворешни работи на Северна Кореја синоќа ја повика армијата и народот да се подготват за војна.

 

Убиени 12 цивили од оружена исламска група во Алжир
[26.02.2003] Дванаесет лица се убиени, а шест се ранети при напад од заседа во близина на алжирскиот град Типазе, соопшти алжирската полиција, претпоставувајќи дека сторители се исламски терористи.

 

Буш бара дополнителни 95 милијарди долари за војна во Ирак
[26.02.2003] Администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш подготвува барање за дополнителни средства во висина од 95 милијарди долари за војната во Ирак, објавува денеска њујоршкиот весник „Вол стрит џорнал“.

 

Американски шпион избегна смртна казна
[26.02.2003] Поранешниот соработник на Националната управа за разузнавање на САД Брајан Ригн, кој е обвинет за обид за шпионажа во Ирак и Кина, ја избегна смртната пресуда.

 

Путин бара почитување на законите при операциите во Чеченија
[26.02.2003] Рускиот претседател Владимир Путин повика на почитување на законите при операциите на федералните сили во Чеченија.

 

Садам Хусеин одбива да замине во егзил
[26.02.2003] „Подобро би умрел отколку да ја напуштам мојата земја“, изјави ирачкиот претседател Садам Хусеин, со што ги отфрли аргументите на САД и арапските лидери дека тој ќе замине во егзил за да ја одбегне војната во Ирак.

 

Спираловидна кула на местото на Близначките
[27.02.2003] Комплексот на аглести згради со кула во форма на спирала, што ќе се градат по планот на германскиот архитект Даниел Либескинд, е избран за план по кој ќе се гради новиот Светски трговски центар во Њујорк, јавија агенциите.

 

Закана за подметната бомба на прашкиот аеродром
[27.02.2003] Прашкиот аеродром синоќа беше евакуиран по телефонската закана за подметната бомба, изјави портпарол на Управата на чешките аеродроми.

 

Убиени петмина чеченски бунтовници
[27.02.2003] Руските сили во Чеченија во изминатото деноноќие убија петмина чеченски бунтовници и уништија една нивна база за специјани операции, соопштија воени извори во Грозни.

 

Резолуцијата на САД за Ирак пред Советот за безбедност
[27.02.2003] Советот за безбедност на ОН денеска ќе ја разгледа предлог-резолуцијата за Ирак предложена од САД и од Велика Британија.

 

Северна Кореја реактивира нуклеарен погон
[27.02.2003] Северна Кореја повторно го реактивира нуклеарниот реактор во Јонгбун, што беше вон употреба од 1994 година, објавија американски официјални претставници, повикувајќи се на разузнавачки извори. Од Северна Кореја нема ниту потврда, ниту демант за наводите од Вашингтон.

 

Нападнати комуникациски центри во Ирак
[27.02.2003] Американското воздухопловство синоќа повторно ги нападна комуникациските центри на југот од Ирак, објави Пентагон. Нападнати се составите на комуникациските каблови со оптички влакна на подрачјето меѓу Багдад и Ал Кута.

 

Опаѓа рејтингот на Буш и Блер
[28.02.2003] Помалку од половината Американци во моментот го поддржуваат реизбирањето на претседателот Џорџ Буш во 2004 година. Во Лондон, пак, опаѓа поддршката на лабуристите на Тони Блер.

 

Американскиот Конгрес забрани клонирање луѓе
[28.02.2003] Претставничкиот дом на американскиот Конгрес донесе закон со кој се забранува клонирање на луѓе. Прекршителите на овој Закон би требало да бидат казнети со затворска казна и парична казна до еден милион долари.

 

Седумте земји на Вилнус 10 од 26 март членки на НАТО
[28.02.2003] Генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон потврди дека седум земји на Вилнус групата, што на Самитот во Прага беа повикани да му се приклучат на Сојузот, својата пристапница за влез во Алијансата ќе ја потпишат на 26 март во Брисел.

 

Ирак прифати да ги уништи ракетите „Ал Самуд 2“
[28.02.2003] Ирак начелно прифати да започне со уништување на ракетите „Ал Самуд 2“ и нивните компоненти, соопшти синоќа Комисијата на ОН за надзор, контрола и верификација.

 

Јужна Кореја загрижена од реактивирањето на нуклеарниот реактор
[28.02.2003] Јужна Кореја денеска изрази загриженост и жалење поради севернокорејската одлука за реактивирање на нуклеарниот реактор во Јонгбун и го повика Пјонгјанг по мирен пат да го реши нуклеарниот спор со САД.

 

Од ирачкото прашање зависи иднината на светскиот поредок
[28.02.2003] Од одговорот на прашањето дали треба да се окупира Ирак и да се собори Садам Хусеин од власт, би можела да зависи иднината не само на Хусеин, туку и судбината на многу други влади, иднината на Обединетите Нации, па дури до извесен степен и иднината на целиот светски поредок настанат по завршувањето на Студената војна.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk