Дома
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Август 2002

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 

АРХИВА: Свет, Август 2002


 

Предвремените избори во Турција на 3-ти ноември
[01.08.2002] Турскиот парламент синоќа изгласа предвремените избори во земјата да се одржат на 3-ти ноември, со што се очекува да заврши повеќе месечната политичка криза во земјата што започна да го загрозува и остварувањето на стабилизационата програма на Меѓународниот Монетарен Фонд, во вредност од 16 милијарди долари.

 

Израелската војска влезе во Рамалах
[01.08.2002] Израелската армија по синоќешниот палестински самоубиствен бомбашки напад во Ерусалим, во кој загинаа 7 а 86 лица се повредени, денеска од рано изутринава влезе во Рамалах.

 

Индиски офицер и тројца бунтовници загинаа во Кашмир
[01.08.2002] Индиски офицер и тројца бунтовници загинаа во оружен судир во Кашмир, соопшти локалната полиција.

 

Загинаа најмалку 15 рудари во Украина
[01.08.2002] Најмалку 15 рудари загинаа синоќа во експлозија на гас во еден рудник во источна Украина, а шестмина се сметаат за исчезнати, соопшти министерството за кризни работи.

 

Најмалку 16 загинати во сообраќајна несреќа во Бангладеш
[01.08.2002] Најмалку 16 лица загинаа, а 20 беа тешко повредени во судар на два автобуси синоќа во северниот дел на Бангладеш, соопшти локалната полиција.

 

Обвиненија за 11 лица поради авионска несреќа
[01.08.2002] Јавниот обвинител во Милано побара подигнување на обвиненија против 11 лица во врска со најтешката авионска несреќа во Италија во која во октомври минатата година загинаа 118 лица, меѓу кои се и директорот на аеродромот и поранешниот шеф на контролата на летање.

 

Најавен извештајот на Обединетите Нации за Џенин
[01.08.2002] Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска се очекува да го објави извештајот за упадот на израелските трупи во палестинскиот бегалски камп во градот Џенин.

 

7 загинати, 86 повредени во последниот палестински напад врз Ерусалим
[01.08.2002] Во бомбашкиот напад во кафитерија на Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим загинаа најмалку седум лица, а околу 80 се повредени.

 

Невреме во северна Германија
[02.08.2002] Пожарникари, полицајци и други спасувачки служби денеска помагаат во санирањето на штетите настанати во синоќешната бура која ги зафати северните делови на Германија.

 

Жртви на поплавите во Индија и Виетнам
[02.08.2002] Дванаесет деца се удавиле во североисточната индиска држава Бихар кога се обиделе да ја минат надојдената река во близина на местото Гајари.

 

Бритиш Ервејз укина третина летови на 11 септември
[02.08.2002] Бритиш Eрвејз укина третина од своите летови меѓу Велика Британија и САД закажани за 11 септември, поради малиот број патници кои сакаат да патуваат со авион на годишнината на разурнувањето на Њујорк и Вашингтон.

 

Скоро 840 милијарди долари потрошени за оружје во 2001 година
[02.08.2002] Во светот во 2001 година за купување на ново оружје се потрошени скоро 840 милијарди долари, се вели во вчера објавениот годишник на Обединетите Нации за разоружување.

 

Конгресот да даде согласност за напад врз Ирак
[02.08.2002] Двајца сенатори од Демократската партија предложија усвојување на сенатска изјава според која владата на САД не смее да употреби сила против Ирак без претходна согласност или одлука на конгресот за објавување војна на Ирак.

 

Хамас демантира дека намерно гаѓал Американци
[02.08.2002] Исламистичката герилска група Хамас синоќа демантираше дека намерно гаѓала американски државјани во бомбашкиот напад врз хебрејскиот универзитет во Ерусалим.

 

Убиени двајца Палестинци
[02.08.2002] Двајца Палестинци беа убиени во текот на изминатата ноќ кога над сто израелски тенкови упаднаа во центарот на Наблус на Западниот брег, јавија западните агенции, додавајќи дека најверојатно израелската акција е во знак на одмазда за експлозијата во Ерусалим во која во средата загинаа седум лица.

 

Состанок на воениот врв за „ловот“ на припадниците на Aл-Kаеда
[03.08.2002] Највисоките американски воени претставници се состанаа доцна синоќа во Вашингтон заради утврдување начини за што поефикасен „лов“ на припадниците на Ал-Каеда, по соопштението според кое министерот за одбрана Доналд Рамсфелд изрази незадоволство од брзината со која се одвива мисијата во Авганистан.

 

Судијката реши да се објават имињата на уапсените
[03.08.2002] Американската сојузна судијка реши синоќа дека министерството за правосудство за две недели ќе мора да ги објави имињата на сите уапсени и приведени лица за време на истрагата спроведена во врска со септемвриските терористички напади.

 

Tурција ја укина смртната казна
[03.08.2002] Турскиот парламент денеска усвои реформски законски пакет во кој е вклучено и укинувањето на смртната казна во мирновремени услови и други мерки со кои на таа земја и се отвора патот за приближување кон Европската Унија.

 

Погрешните проценки го убија воениот лидер на Хамас
[03.08.2002] Израелската воена истрага за неодамнешното убиство на еден од главните команданти на Хамас, Салах Шехад, дојде до заклучок дека за убиството на 13 цивили во ракетниот напад на неговиот дом во Газа е виновна погрешната проценка на тајната служба, потврдија воени извори.

 

Шефот на француската дипломатија во Пакистан
[03.08.2002] Францускиот министер за надворешни работи Доминик де Вилепин пристигна денеска во пакистан на разговори со државниот врв на таа земја за регионалната напнатост и билатералните прашања.

 

Претседателот повикува на референдум за иднината на Тајван
[03.08.2002] Тајванскиот претседател Чен Шуи-Бјан повика денеска на референдум за иднината на островот. „Само 23 милиони жители кои живеат на островот можат да решаваат за иднината на Тајван“, изјави тајванскиот претседател за време на телеконференција што ја организираше едно здружение за независност на Тајван со седиште во Токио.

 

4 мртви од вирусот „Западен нил“ во Луизијана
[04.08.2002] Гувернерот на Луизијана во петокот прогласи вонредна состојба по 4-те смртни случаи кои се резултат на најголемата епидемија на вирусот „Западен нил“ од неговото откривање во североисточниот дел на САД пред 43 години.

 

Ништо не е сменето во поглед на уривањето на Хусеин - Буш
[04.08.2002] Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека „ништо не е сменето“ во поглед на решителноста на Вашингтон да го симне од власт ирачкиот претседател Садам Хусеин, и покрај понудата на Багдад да се одржат разговори со инспекторите за оружје на ОН.

 

10 загинати, 50 повредени во експлозија на бомба во автобус
[04.08.2002] Најмалку десет лица загинаа, а педесетина се повредени, од кои 20 потешко кога изутрината експлодираше бомба во автобус на север од Израел, за што одговорност презема милитантното крило Хамас, јавија агенциите.

 

Убиен еден Палестинец во појасот Газа
[04.08.2002] Еден вооружен Палестинец е убиен утринава в зори на северот од појасот Газа, во секторот на населбата Дугит, а израелската војска уништи и четири палестински куќи на Западниот брег што им припаѓаат на семејствата на милитантите.

 

Северна и јужна Кореа ги продолжуваат разговорите на министерско ниво
[04.08.2002] Северна и јужна Кореа имаат намера на 12-ти Август да ги продолжат разговорите на министерско ниво, по повеќе месечен прекин, соопшти денеска министерството за надворешни работи во Сеул.

 

Кина никогаш нема да прифати независност на Тајван
[04.08.2002] Кина нема никогаш да прифати независност на Тајван, изјави денеска портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, реагирајќи на изјавата на тајванскиот претседател Чен шуи Бјен, кој вчера најави референдум за иднината на островот.

 

Сомалија следната цел на американските напади
[04.08.2002] Сомалија најверојатно ке биде следната цел на американски напади во војната што САД ја водат против терористичката организација на Бин Ладен, Ал каида јавуваат западните агенции повикувајки се на изјави на американски и германски воени извори.

 

Новинар на „Сандеј Тајмс“ купил без проблеми вирус на ебола преку Интернет
[04.08.2002] Новинар на лондонскиот весник „Сандеј Тајмс“ без поголеми проблеми успеал преку Интернет да купи формула и генетски материјал потребен за производство на еден од најсмртоносните вируси на денешницата - ебола.

 

Бликс сака Ирак да прифати враќање на инспекторите на OН
[05.08.2002] Шефот на инспекторите на Обединетите Нации за разоружување Ханс Бликс рече дека сака Ирак да го прифати враќањето на инспекторите на ОН пред да ја прифати поканата да го посети Багдад заради технички разговори.

 

Две лица загинаа во експлозија на автомобил бомба
[05.08.2002] Две лица, од кои едно девојче, загинаа во недела во експлозија на автомобил бомба пред полициската станица во летувалиштето Санта Пола во југоисточна Шпанија, јави државното радио.

 

Двајца Израелци убиени во заседа
[05.08.2002] Двајца израелци беа убиени рано изутрината во заседа поставена на патот меѓу Рамалах и Наблус, соопшти израелската војска, додавајќи дека Палестинци пукале во автомобилот во кој се наоѓала брачна двојка и нивните две деца.

 

Неидентификуван објект ја предизвика несреќата на аеромитингот?
[05.08.2002] Засега неидентификуван летечки објект можеби го предизвика паѓањето на украинскиот „ловец“ за време на воздухопловниот митинг во Лавов пред една недела, кога загинаа 84 лица, јави руската телевизиска станица НТВ.

 

Тајванците за распишување на референдум
[05.08.2002] Мнозинството Тајванци се за распишување на референдум за иднината на островот но многумина сметаат дека сега не е момент за тоа поради состојбата на односите со Кина, покажаа резултатите на истражувањето на јавното мислење.

 

32 патници загинаа при паѓање на автобус од мост во Мексико
[06.08.2002] Најмалку 32  патници загинаа при паѓањето на еден автобус од  мост во северозападен Мексико. Полицијата во областа на Гвадалахара сеуште ги испитува причините за оваа несреќа.

 

Нов напад на екстемистите во индискиот дел на Кашмир
[06.08.2002] Во нов напад на муслимански екстремисти во индискиот дел на Кашмир, се убиени најмалку осум Хинду аџии, а повредени се над дваесетмина.

 

Анан ќе ја преиспита сериозноста на Ирак за контрола на оружјето
[06.08.2002] Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, има намера да ја преиспита сериозноста на ирачката понуда за дијалог по прашањето на контролата на оружјето.

 

Шредер се дистанцира од политиката на САД во однос на Ирак
[06.08.2002] Германскиот канцелар Герхард Шредер се дистанцираше од политиката на САД во однос на Ирак. Во ред е да се врши притисок врз ирачкиот диктатор за да се дозволи влез на инспекторите за оружје на ОН во таа земја, но, не треба да се игра со војна и воена интервенција, смета Шредер.

 

57 години од атомските напади врз Хирошима
[06.08.2002] Повеќе од 30-илјади преживеани, граѓани на Хирошима и познати луѓе од целиот свет денеска во меморијалниот парк на мирот во Хирошима со едноминутно молчење ја одбележаа 57-годишнината од фрлањето на првата атомска бомба која на 6-ти август 1945 година врз градот ја исфрли американскиот бомбардер „Енола геј“.

 

Заразени околу 100 лица од легионерска болест во Англија
[06.08.2002] Легионерската болест се шири и натаму во британскиот град Бероу ин Фурнес. Според официјалните податоци, од опасната болест се заразени околу 100 лица.

 

Хусеин ги повика генералите да се подготват за одбрана
[06.08.2002] Ирачкиот претседател Садам Хусеин ги повика своите воени команданти да се подготват за одбрана од „технички напредниот непријател“, што очигледно се однесува на САД, кои се закануваат со воена акција заради уривање на актуелниот ирачки режим.

 

ОН бараат Израел да се повлече од палестинските територии
[06.08.2002] Генералното собрание на ОН побара од Израел да се повлече од палестинските територии заземени во септември 2000 година.

 

Израелски хеликоптери извршија напад врз Газа
[06.08.2002] Синоќа израелски хеликоптери истрелаа три проектили врз една леарница во Газа, каде било произведувано оружје, соопшти израелската војска.

 

Филипини стравуваат од нова генерација борци на Абу Сајаф
[06.08.2002] Првиот човек на филипинската војска предупреди денеска дека наскоро може да се појави нова уште поопасна генерација борци на бунтовничката група Абу Сајаф, доколку владата не почне да презема мерки за намалување на сиромаштијата во јужните покраини.

 

Најмалку 14 загинати во напад на бегалски камп во Уганда
[06.08.2002] Најмалку 14 бегалци загинаа, а 24 илјади избегаа во нападот на бунтовниците врз еден бегалски камп на Обединетите Нации во Уганда, што се случи вчера.

 

Буш разгледувал сценарија за напад на Ирак
[06.08.2002] Американскиот претседател Џорџ Буш вчера во Белата Kуќа, на средбата со генералот Томи Франкс и други воени советници, разгледувал сценарија за напад на Ирак.

 

Претставен израелскиот безбедносен план за Газа
[06.08.2002] Израелскиот министер за одбрана, Бен Елиезер, му го претставил безбедносниот план за Газа на палестинскиот министер за внатрешни работи Абделразак, соопшти израелското министерство за одбрана.

 

ОН нема да ги укинат санкциите спрема Ирак
[06.08.2002] Санкциите на Обединетите Нации спрема Ирак нема да бидат укинати во текот на оваа година дури и ако на инспекторите за оружје им биде дозволено враќањето во Ирак и неограничен пристап до сите локации, изјави денеска главниот инспектор за оружје Ханс Бликс.

 

Пентагон ја прогласи Саудиска Арабија за непријател
[06.08.2002] Советниците на Пентагон на брифингот одржан на почетокот на минатиот месец ја прогласија Саудиска Арабија за непријател на Соединетите Американски Држави и за спонзор на тероризмот, пишува денеска „Вашингтон пост“.

 

Aнан го повика Ирак да ги заврши преговорите за разоружување
[07.08.2002] Ирак денеска потврди дека неговата противвоздушна одбрана пукала врз американски и британски ловци кои го нападнаа северниот и јужниот дел на земјата и „ги принуди на бегство“.

 

Најмалку 332 лица загинаа во поплави
[07.08.2002] Најмалку 332 лица загинаа во поплави и во одрони на земја што го зафатија Непал, соопшти локални претставници.

 

Пауел спречува дипломатски инцидент со Саудиска Aрабија
[07.08.2002] Американскиот државен секретар Колин Пауел по телефон разговараше со саудискиот министер за надворешни работи принцот Сауд Ал Фајсал за да спречи етикетирањето на Саудиска Арабија како непријател на еден состанок во Пентагон да се изроди во дипломатски скандал.

 

Израелски тенкови упаднаа во Газа, убиен Палестинец
[07.08.2002] Десетици израелски тенкови денеска упаднаа во северниот дел на појасот Газа, при што беше убиен еден Палестински полицаец. Најновиот упад на израелската војска покажува дека обновувањето на мировниот процес и натаму се наоѓа пред големи пречки откако оваа недела беа продолжени израелско-палестинските разговори, а Вашингтон најави одржување на разговори на високо ниво со палестински претставници во нов обид за запирање на насилствата на Блискиот Исток.

 

Tајван ризикува да биде нападнат
[07.08.2002] Кинеската војска соопшти дека тајванскиот претседател Чен Шуи Биен ризикува напад врз островот доколу инсистира на одржување на референдум за независност на Тајван, објави денеска весникот „Чајна Ддејли“.

 

Црвените бригади и Ал Каеда подготвуваат напади во Италија
[08.08.2002] Италијанската терористичка организација на екстремната левица „Црвени бригади“ и меѓународната терористичка мрежа „Ал Каеда“ подготвуваат напади врз цели во Италија, предупреди италијанската тајна служба.

 

Отстапувањето од официјалниот курс на летање - причина за падот на авионот во Украина
[08.08.2002] Отстапувањето од официјалниот курс на летање е причина за падот на авионот, кој во Украина падна врз гледачите, при што загинаа 85 луѓе, а ранети се 151.

 

Разговорите меѓу Израел и Палестина продолжуваат во Вашингтон
[08.08.2002] Делегација од претставници на палестинскиот кабинет пристигнаа вчера на средба од високо ниво со бушовата администрација во Вашингтон. Официјалните лица меѓу кои и државниот секретар Колин Пауел и советничката за национална безбедност Кондолиза Рајс ќе бараат осигурување за политички реформи и зауздување на милитантите на разговорот што ќе се одржи денеска.

 

Хусеин од ирачаните ќе побара да се подготват за нова војна против САД
[08.08.2002] Американскиот претседател Џорџ Буш вети дека ќе биде трпелив и оти ќе се консултира со Конгресот и американските сојузници за тоа како да се решава прашањето околу Ирак. Буш сепак истакна оти Ирак преставува реална закана.

 

13 загинати, 20 повредени во серија експлозии во Колумбија
[08.08.2002] Три големи експлозии вчера одекнаа во близината на парламентот и претседателската палата во Богота само неколку минути пред новиот колумбиски претседател Алваро Урибе да положи свечена заклетва, при што загинаа 13 лица, а најмалку 20 биле повредени.

 

Убиени најмалку пет Палестинци и уапсен командантот на Ал Акса
[08.08.2002] Израелските сили во текот на вчерашниот ден убиле најмалку пет Палестинци во воени напади на Западниот брег и во појасот Газа, а во Витлеем бил уапсен командантот на бригадите на мачениците од Ал Акса, група која изврши низа самоубиствени напади.

 

Индија загрижена од прегрупирањето на Талибанците и Ал Каеда
[08.08.2002] Индиската влада уште еднаш изрази загриженост поради прегрупирањето на Талибанците и на припадниците на терористичката мрежа Ал Каеда, оценувајќи дека таквата состојба претставува опасност за стабилноста на регионот.

 

Најмалку десет лица загинаа во поплави во јужна Кореја
[08.08.2002] Најмалку десет лица загинаа во поплавите во јужна Кореја откако обилните дождови ги уништија посевите во соседна северна Кореја.

 

Најмалку 47 лица загинаа во поплави
[09.08.2002] Најмалку 47 лица загинаа во поплави и одрони на земја во покраината Хунан во централна Кина, каде живеат над 3,5 милиони луѓе, Ајви државната агенција Ксин Хуа, додавајќи дека поплавите предизвикале штета од 23 милиони долари.

 

Три болничарки загинаа во експлозија
[09.08.2002] Три болничарки загинаа во Пакистан во денешниот напад на мисионерска болница, јавуваат агенциите додавајќи дека животот го изгубил и еден од напаѓачите.

 

Ирачкиот народ и неговата војска против Садам Хусеин
[09.08.2002] Ирачкиот народ и неговата војска многу брзо ќе го напуштат Садам Хусеин во случај на американска воена акција против неговиот режим, изјави претставник на ирачката опозиција во Вашингтон.

 

План за турското однесување при евентуален напад на Ирак
[09.08.2002] Генералштабот на турската армија му достави на премиерот Булент Еџевит план за однесувањето на официјална анкара при евентуалната воена интервенција на САД против Ирак.

 

Jужнокорејски брод потона во јапонски води
[09.08.2002] Jужнокорејски товарен брод од 2.747 тони потона по сударот што се случи синоќа со јапонски Реморкер за песок во територијалните води на Јапонија, при што загинале тројца морнари, изјавија денеска официјални претставници.

 

Втора жртва на легионарската болест во Велика Британија
[09.08.2002] Eпидемијата на легионарската болест во Велика Британија ја зема денеска и втората жртва, откако од таа болест слична на грипот, изминатата ноќ почина една жена, соопштија здравствените власти.

 

Почна судскиот процес против атентаторот на Фортаун
[09.08.2002] Судскиот процес против убиецот на холандскиот политичар Пим Фортаун започна денеска и во живо се пренесува на телевизија. Обвинетиот активист за заштита на околината веќе четири недели штрајкува со глад во знак на протест против видеоконтролата на неговата ќелија во затворот во Амстердам.

 

Повеќе од 50 жртви во експлозија
[09.08.2002] Повеќе од 50 луѓе загинале или се ранети во близина на источниот авганистански град Џалалабад денеска во експлозија во бирото на една невладина организација, јави авганистанската новинска агенција.

 

Разговори со духовниот водач на „Хамас“ за ставање крај на нападите на Израел
[10.08.2002] Латинскиот патријарх од Ерусалим, монсињор Мајкл Сабах во саботата во градот Газа се сретна со шеих Ахмад Јасин духовниот водач на милитантната палестинската исламистичка група „Хамас“, пренесуваат официјални палестински лица.

 

Ирачки опозициони групи на разговор со потпретседателот Дик Чејни
[10.08.2002] Коалиција на ирачките опозициони групи треба да одржи конференција преку видео линк со американскиот потпретседател Дик Чејни за плановите за соборување на ирачкиот претседател Садам Хусеин.

 

Израелските трупи застрелале еден Палестинец
[10.08.2002] Израелските трупи денеска застрелале еден Палестинец кој успеал да се инфилтрира во Израел од појасот Газа, изјавува израелски воен
портпарол.

 

Светската банка инвестираше 5.5 милијарди долари
[10.08.2002] Бордот на Светската банка во први јули минатата година до 30. јуни годинава одобри 52 проекти во вредност од 5.5 милијарди долари во европските земји и во централна Азија, што е досега најголема сума доделена на тој регион, соопштено е во Вашингтон.

 

Германија нема да учествува во американскиот напад врз Багдад
[10.08.2002] Германскиот канцелар Герхард Шредер во интервју за државната телевизија „Ард“ ја исклучил можноста за секакво учество на Германија во евентуалниот американски напад врз Багдад.

 

Арапската лига е против американска интервенција врз Ирак
[10.08.2002] Генералниот секретар на арапската лига Амр Муса се изјаснил против евентуална американска воена интервенција врз Ирак. „Има меѓународен консензус против воени удари врз Ирак“ - оценил Муса во интервју за египетското радио.

 

Хамас ќе изврши напади врз израелски и странски функционери
[10.08.2002] Палестисната терористичка организација „Хамас“ се заканила дека ќе изврши напади врз израелски и странски функционери како одговор на нападите на израелската армија врз свои високи претставници.

 

Тројца Палестинци загинале во најновиот бран насилства во појасот Газа
[10.08.2002] Тројца Палестинци загинале во најновиот бран насилства во појасот Газа. Насилствата започнале кога израелски тенкови ги гранатирале куќите на автономниот јужен град Кан Јунис при што исто така биле повредени осум Палестинци меѓу кои четири деца, пренесуваат медицински извори.

 

САД предупреди дека земјите ќе ја изгубат американската помош ако го потпишаат договорот за Меѓ. кривичен суд
[10.08.2002] Вашингтон ги предупреди владите на странските земји дека ризикуваат да ја изгубат американската воена помош доколку го потпишаат договорот за Меѓународниот кривичен суд без притоа да ветат дека нема да екстрадираат Американци пред новиот трибунал, пренесува денешниот „Њујорк Тајмс“.

 

Потребно политичко решение за Ирак
[10.08.2002] Шефот на руската дипломатија Игор Иванов и генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан во телефонски разговор се согласија дека е потребно да се најде политичко решение за ирачката криза, соопштено е денеска во Москва.

 

Осум руски војници загинаа во Чеченија
[10.08.2002] Осум руски војници загинаа во изминатите 24 часа во Чеченија од мини поставени од бунтовниците, јавија руските агенции.

 

Последици од користењето на осиромашен ураниум
[11.08.2002] Децата на британските војници ангажирани на просторите каде е користено оружје со осиромашен ураниум, на Косово, во Босна и во Персискиот залив имаат поголеми изгледи да заболат од некои генетски болести, пишува денеска лондонскиот весник „Обсервер“, пренесувајќи ги резултатите од најновото истражување.

 

25 години од смртта на Елвис Присли
[11.08.2002] Во Менфис, Тенеси вчера се одржа парада во чест на одбележувањето на 25-годишнината од смртта на Елвис Присли. Илјадници луѓе присуствуваа на парадата во чест на „кралот“ на рок ен ролот.

 

Иран и предаде на Саудиска Арабија 16 припадници на Ал Каеда
[11.08.2002] Иранските власти тајно и израчиле на Саудиска Арабија 16 нејзини државјани припадници на терористичката мрежа Ал Каеда, кои од Авганистан се засолниле во Иран.

 

Најмалку седум полицајци повредени во Северна Ирска
[11.08.2002] Најмалку седум полицајци беа повредени во текот на изминатата ноќ во судирите во главниот град на Северна Ирска, Белфаст, соопшти полицијата.

 

Американскиот актер Џејсон Присли сериозно повреден
[11.08.2002] Американскиот актер Џејсон Присли е сериозно повреден кога неговата кола излетала од патеката по поминувањето на втората кривина во финалните подготовки за инфинити про серијата трки на пистата во Кентаки.

 

Убиена една Израелка
[11.08.2002] Една Израелка е убиена, а нејзиниот сопруг и уште еден граѓанин се потешко повредени во вчерашниот напад на еден Палестинец во еврјската населба Мехора на Западниот брег.

 

Климатските аномалии на планетата земја се потешко можат да се предвидат
[11.08.2002] Климатските аномалии на планетата земја се потешко можат да се предвидат, соопштија експерти од Светската метеоролошка организација со седиште во Женева. Според нив, најлошо е што идната година не очекуваат нови, не помалку непријатни изненадувања.

 

Никогаш нема да се предадеме - Хусеин
[11.08.2002] „Никогаш нема да се предадеме, дури и британските сили да се вклучат во американската воена акција против нашата земја“, изјавил ирачкиот претседател Садам Хусеин во интервју за британскиот весник „Мејли он Сандеј“.

 

Поројни дождови и невремиња ширум Европа
[11.08.2002] Најголемата поплава во Европа во последниве десетици години е последица на страшната бура проследена со поројни дождови што го зафати нејзиниот централен и источен дел.

 

Тајван повторно побара прием во ОН
[11.08.2002] Тајван поднесе ново барање за прием во Обединетите Нации, што веројатно ќе го вознемири официјален Пекинг, изјави претставник на министерството за надворешни работи во Тајпеи, додавајќи дека предлогот ја истакнува еднаквоста на суверенитетот со Кина.

 

Ирачката војска и републиканската гарда ќе се спротистават на Садам Хусеин
[11.08.2002] Ирачката војска вклучувајќи ја и елитната републиканска гарда се спремни да му се спротистават на Садам Хусеин изјави ирачки опозиционен лидер по средбата со високи американски официјални лица.

 

„Вашингтон Тајмс“ за Вуковар
[12.08.2002] Весникот „Вашингтон Тајмс“, пишува за паѓањето на Вуковар како неостварен пресврт за сите крвопролевања на територијата на поранешна Југославија, оценувајќи дека интервенцијата на Обединетите Нации беше задоцнета.

 

Грците на викенд одмор заради високите цени
[12.08.2002] Цените од кои некои и двојно повисоки од лани и опаѓањето на реалната вредност на приходите се главни причини што Грците годинава ги скратија годишните одмори на само неколку денови и тоа во викендиците или во селата од кои се доселиле во градовите.

 

Гукасиан повторно избран за претседател на Нагорно Карабах
[12.08.2002] Аркадиј Гукасиан со 88,4 проценти од освоените гласови повторно е избран за претседател на Нагорно Карабах, азербејџанска енклава, која прогласи независност, што ниту една земја не ја призна.

 

Убиен припадник на мачениците на Ал Акса
[12.08.2002] Израелските војници денеска во близината на Џенин убија припадник на бригадите на мачениците на Ал Акса, оружено крило на Фатах, јавија агенциите повикувајќи се на палестински извори.

 

Претседателот на Колумбија прогласи вонредна состојба
[12.08.2002] Новиот претседател на Колумбија Алваро Урибе денеска прогласи вонредна состојба во владиниот обид во борбата против „режимот на теророт“.

 

Ирак упати повик до ЕУ за спречување на можен напад од САД
[12.08.2002] Ирак вчера упати нова порака до земјите од Европската Унија, Русија и Кина во обид да го спречи можниот напад на Соединетите американски држави, јави иранската новинска агенција.

 

7 полицајци загинаа во експлозија во Индија
[12.08.2002] Најмалку седум полицајци загинаа, а четворица беа повредени кога нивното возило налета на мина, за која се претпоставува дека ја поставиле маоистичките бунтовници во индиската држава Ориша, соопшти полицијата.

 

Големото невреме зафати повеќе европски земји
[12.08.2002] Големото невреме кое зафати повеќе европски земји, ја погоди и Унгарија посебно нејзиниот североисточен дел. Во жупанијата Боршод-Абауј-Земплен за само 24 часа паднале 160 милиметри дожд на квадратен метар, при што биле поплавени неколку населби.

 

Бригадите на Ал Акса против прекин на нападите врз Израел
[13.08.2002] Палестинските радикални групи денеска го отфрлија барањето на својот политички лидер за прекин на терористичките напади врз Израел.

 

Разговорите меѓу САД и Палестина ќе дадат напредок во односите со Израел
[13.08.2002] Соединетите американски држави се надеваат дека неодамнешните разговори со палестинската делегација во Вашингтон ќе доведе до напредок во односите со Израел, особено во врска со безбедносните прашања, соопшти синоќа претставникот на Стејт департментот Филип Рикер.

 

Мнозинството Американци се за интервенција во Ирак
[13.08.2002] Мнозинството Американци ќе ја поддржат американската операција за уривање на режимот на ирачкиот претседател Садам Хусеин, доколку Вашингтон не интервенира сам, покажаа резултатите од испитувањето на јавното мислење.

 

Преговори меѓу властите на Шри Ланка и Тамилците
[13.08.2002] Двајца високи претставници на владата во Шри Ланка денеска треба да отпатуваат во Норвешка на состанок со главниот преговарач на тамилските бунтовници, соопшти владата во Коломбо, додавајќи дека тоа е значаен исчекор во мировниот процес.

 

Непалските сили убија 14 маоистички бунтовници
[13.08.2002] Непалските војници во текот на вчерашниот ден убија 14 маоистички бунтовници, кои усмртија еден активист на владеачката Конгресна партија, јавија локалните гласила.

 

Вонредна состојба во Чешка поради поплавите
[13.08.2002] Прага се подготвува за најопасните поплави од 1954-тата година, околу 40 илјади лица ги напуштиле нивните куќи поради тоа што денеска нивото на водата во реката Волтава многу брзо се покачува.

 

74 жртви од поплавите низ Европа
[13.08.2002] Вчера бројот на жртвите од поплавите во Европа изнесуваше најмалку 74 лица. Обилните дождови ги избркаа руските туристи, предизвикаа лизгање на земјиштето во Германија и Швајцарија и го прекинаа сообраќајот по реката Дунав во Австрија.

 

Веќе 9 дена исчезнати две девојчиња од Англија
[13.08.2002] Британската полиција денеска беше под силен притисок да објасни зошто им требале 4 дена за да сослушаат еден таксист кој рекол дека можеби ги видел двете англиски девојчиња кои се исчезнати веќе 9 дена и за кои се стравува дека се киднапирани.

 

Северна Кореја одби САД да изврши инспекција на нејзината нуклеарна програма
[13.08.2002] Северна Кореја денеска го одби барањето на САД да дозволи инспекција на нејзините нуклеарни реактори и предупреди дека може да се повлече од договорот кој што ја запре нејзината нуклеарна програма.

 

Големи поплави во Манила на Филипините
[13.08.2002] Денеска големи поплави го зафатија главниот град на Филипините, Манила, а голем дел од земјата се бореше да се справи со последиците од обилните дождови и бури.

 

Пилотите на авионот кој се урна во Украина не добиле јасен план од претпоставените
[13.08.2002] Двајцата пилоти на борбениот авион кој се урна за време на аеромитингот во Украина при што загинаа 85 лица, не добиле јасен план на летање од нивните претпоставени, објавија денеска одговорните за истрагата.

 

Дунав полека ја преплавува Виена
[14.08.2002] И Чешка и Австрија се соочуваат со последиците на најголемите поплави во последниве 100 години. Ситуацијата се влошува и во двете земји.

 

НАТО ќе го распушти штабот кај Хајделберг
[14.08.2002] НАТО најави дека ќе го распушти главниот штаб, кој повеќе од 40 години ги координира мобилните сили на сојузничката команда во Европа (АМФ-Л), кои долго време беа единствени сили за брзи интервенции на НАТО во Европа.

 

ЕТА презеде одговорност за нападите на шпанскиот брег
[14.08.2002] Шпанската сепаратистичка организација ЕТА ја презеде одговорноста за последните терористички напади на средоземниот брег на оваа земја, јави синоќа баскиското радио.

 

Aрафат има 1.3 милијарди долари личен имот
[14.08.2002] Палестинскиот лидер Јасер Арафат има личен имот во вредност од 1.3 милијарди долари, соопшти шефот на израелската воена разузнавачка служба Ахарон Зеви, пред комисијата за надворешни работи и одбрана на кнесетот.

 

Германија - „поплави на векот“
[14.08.2002] Поројните дождови кои продолжуваат да паѓаат во јужна и во Источна Германија, ја влошуваат состојбата со поплавите кои веќе се нарекуваат „поплави на векот“.

 

800 жртви на поплавите во Азија
[14.08.2002] Најмалку 800 лица загинаа во поплавите кои се последица на поројните дождови кои неколку недели паѓаат во Азија. Најжестоко се погодени државите, Непал, Бангладеш, Индија и Кина.

 

Поплавите се уште закана за Eвропа
[15.08.2002] Најмалку 94 лица досега ги загубија животите во повеќедневните поплави што зафатија неколку европски држави, при што најголем број жртви се регистрирани во Русија - дури 59, јавија агенциите.

 

Пауел - САД нема да користат сила против своите пријатели
[15.08.2002] Американскиот државен секретар Колин Пауел го демантираше извештајот на весникот The New Jork Times, во кој се тврди дека Вашингтон се заканил со прекин на воената помош за земјите кои ќе одбијат да се обврзат дека нема да ги екстрадираат американските државјани на новоформираниот кривичен суд за воени злосторства со седиште во Хаг.

 

САД го поткопува авторитетот на меѓународниот кривичен суд
[15.08.2002] Настојувањето на САД, преку билатерални договори, да ги изземат своите војници и дипломати од надлежноста на меѓународен кривичен суд го поткопува авторитетот на новоформираниот суд и начелото на универзална правда, со што на Американците им се овозможува непречено да прават злосторства.

 

Двајца Палестинци убиени, двајца уапсени
[16.08.2002] Двајца Палестинци синоќа се убиени во престрелките со израелските војници, во подрачјето Газа, соопшти израелската војска. „Една воена единица спречи синоќа обид за упад на патниот терминал Кисоуфим, помеѓу појасот Газа и Израел, на двајца терористи кој се обидуваа да влезат под сигурносната ограда со големи торби“, се вели во соопштението.

 

Муслиманите им се заканија на Лондон и Вашингтон
[16.08.2002] Лидерите на радикалните исламисти ги преку заедничка изјава во Лондон предупредија дека САД и Велика Британија ќе се соочат со терористички акции, налик на нападите од 11-ти септември лани.

 

Реката Елба достигна рекордна височина
[16.08.2002] Нивото на реката Елба во германскиот град Дрезден денеска ја достигна рекордната височина. Изутрината во пет часот нивото на Елба беше 8.85 метри, а реката се уште расте, соопштија официјални претставници на германската покраина Саксонија.

 

Поплави во Мексиско, тајфун на Филипини
[16.08.2002] Поплавите што го зафатија северниот дел на Мексико, според најновите податоци одзедоа најмалку 14 животи, а над седум илјади луѓе беа повредени. Властите прогласија вонредна состојба во поплавените области, а најтешко е погодена сојузната држава Сан Луис Потоа.

 

Вирусот „вест најл“ зафати половина од територијата на САД
[17.08.2002] Од последиците на вирусот „вест најл“ во САД вчера починаа уште две лица, така што бројот на починатите се искачи на 11. Болеста која ја пренесуваат комарци и мушички се шири со голема брзина и веќе зафати половина од територијата на Америка.

 

Спасувачите во Дрезден конечно видоа малку надеж
[17.08.2002] По неколку дневни борби со надојдената река, спасувачите во Дрезден конечно видоа малку надеж откако денеска нивото на водата на Елба почна да се стабилизира. За разлика од Дрезден, поплавите продолжија да ги пустошат останатите источни области во Германија.

 

Израелската полиција уапси 10 Палестинци
[17.08.2002] Според палестински сведоци израелската армија денеска уапсила десетици Палестинци во центарот на Хеброн на Западниот брег. Палестинците биле приведени и одведени на сослушување во област под израелска контрола, велат изворите.

 

Семејствата на загинатите во њујоршките близначки бараат оштета
[17.08.2002] Шестотини семејства на загинатите во септемвриските терористичките напади покренаа тужба против 3 арапски принца, 7 арапски банки, 8 хуманиратни организации и против владата ва Судан, обвинувајќи ги за наводно финансирање на терористичката мрежа Ал Каеда.

 

Папата одржа миса во Краков
[18.08.2002] Два милиона верници се собраа денеска на мисата што денеска во Краков ја одржа папата Јован Павле Втори. Папата прогласи за светци 4-ца Полјаци меѓу кои е и еден надбискуп од Варшава од 19 век кој бил затворен во Русија.

 

Најмалку четири лица загинаа во тајфун
[18.08.2002] Најмалку четири лица загинаа во невреме, откако тајфунот „фанфон“ во текот на вчерашниот ден го зафати главниот јапонски остров Хоншу, а сега му се заканува на Токио и на околните места.

 

Најмалку 22 лица загинаа во сообраќајна несреќа
[18.08.2002] Најмалку 22 лица загинаа, а 38 беа повредени откако еден автобус се урна во провалија во централна Русија, соопшти руското министерство за вонредни состојби.

 

Русија подготвена да потпише договор за соработка со Ирак
[18.08.2002] Русија денеска потврди дека е подготвена да потпише договор за економска и трговска соработка со ирак вреден 40 милијарди долари, што може да ги искомпликува плановите на САД за уривање на ирачкиот лидер Садам Хусеин.

 

Рамсфелд предупреди од ширење на крстосувачки ракети
[18.08.2002] Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд во строго доверливо писмо до Белата куќа предупреди на ширењето од крстосувачки ракети во земјите непријателски расположени спрема САД, пишува денеска весникот Washington post.

 

Ранети тројца Палестинци
[18.08.2002] Тројца Палестинци беа ранети денеска во јужниот дел на појасот Газа откако израелските тенкови отворија оган од една еврејска колонија на бегалскиот камп Кан Јунис, јавија агенциите.

 

Поплавите и натаму се закануваат
[18.08.2002] Челниците на средноевропските држави Германија, Чешка, Австрија и Словачка, како и претседателот на европската комисија Романо Проди денеска во Берлин треба да се состанат на разговори за последиците од катастрофалните поплави кои зафатија многу градови во регионот и се уште се закануваат.

 

Имаме ли право да го нападнеме Ирак?
[18.08.2002] „Имаме ли право да го нападнеме Ирак овој пат?“, ова е клучното прашање кое го поставуваат сите релевантни американски медиуми и експерти но, сите без конкретен одговор, иако до еден се согласни дека Садам Хусеин треба да си замине од власта.

 

Индиските сили убија седум муслимански бунтовници
[18.08.2002] Индиските сили денеска соопштија оти убиле седум муслимански бунтовници, кои се обиделе да ја минат линијата на прекинот на огнот во Кашмир.

 

Јован Павле повика сонародниците да се молат за него
[19.08.2002] Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Јован Павле Втори, кој денеска ја завршува својата деветта пасторална посета на Полска, ги повика своите поранешни сожители во Краков да се молат за него, за време на животот и по неговата смрт.

 

Влошена состојбата во поплавените региони на Германија
[19.08.2002] Во поплавените региони во Германија состојбата повторно се влоши. Долж течението на реката Елба во покраините Саксонија и Саксонија Анхалт по уривањето на провизорните брани беа поплавени големи површини.

 

Задушени 1.000 талибански затвореници
[19.08.2002] 1.000 Талибанци се задушиле при транспорт во затвор во северен Авганистан - пишува денеска американскиот весник „Њузвик“". Стотина Талибанци заробени при падот на Кундуз биле превезувани со конвои камиони затворени со платно, при што поголем дел од нив се задушиле.

 

Најмалку 27 загинати во сообраќајна несреќа во Турција
[19.08.2002] Најмалку 27 лица загинаа, а 32 беа повредени во несреќата на автобус во неделата во близина на Тарсус во јужниот дел на Турција, соопшти гувернерот на покраината Мерсин.

 

Постапно повлекување на Израелците од Газа
[19.08.2002] Примената на планот „Прво Газа“ за постепено повлекување на израелските сили од палестинските територии ќе започне денеска од Газа и Витлеем, објави синоќа израелското министерство за одбрана по завршувањето на израелско-палестинскиот состанок за безбедност.

 

Авио билет на 11-ти септември безплатен или за еден долар
[19.08.2002] Американската авиокомпанија „Нешенел Еарлајнс“ денеска објави дека сите авио билети на 11-ти септември од и за Лас Вегас ќе се продаваат за само еден американски долар.

 

Пронајдена нова видео снимка на Ал Каеда
[19.08.2002] Американската телевизија CNN емитуваше видео снимка на која членови на Aл Каeда врз кучиња вршат експериметни со хемиско оржје. Според податоците на телевизијата, оваа видео снимка потекнува од Авганистан.

 

85 руски војници загинаа во хеликоптерска несреќа
[19.08.2002] Најмалку 85 војници на руската армија загинаа денеска при уривањето на транспортниот хеликоптер МИ-26 во областа Канкале, во близина на главниот град на Чеченија, Грозни, јави руската агенција „Итар тасс“.

 

САД бараат од балтичките земји да се обврзат дека нема да екстрадираат Aмериканци
[20.08.2002] САД побараа од Литванија, Летонија и Естонија да потпишат спогодба со која ќе се обврзат дека нема да ги испорачуваат американските војници на Mеѓународниот казнен суд од подрачјата на своите земји, објави синоќа министерството за надворешни работи на Литванија.

 

Советот за безбедност реши да не одговори на писмото на Ирак
[20.08.2002] „Советот за безбедност на Обединетите Нации нации реши засега да не одговори на писмото на ирачката влада за можно продолжување на инспекцијата за разоружување“, изјави портпаролот на ОН, Фред Екхард.

 

Палестинците го одбија планот за повлекување на Израелците
[20.08.2002] Вооруженото крило Фатах, движењето на палестинскиот лидер Јасер Арафат, објави дека го одбило планот за постепено повлекување на израелската армија што го договорија Тел Авив и палестинските власти.

 

Вкупно 19 загинати во поплавите во Германија
[20.08.2002] Црниот биланс на загинатите во незапеметените поплави што во изминатите десет денови ја погодија Германија, со откритието на уште три тела синоќа, се искачи на вкупно 19 жртви.

 

ЕУ не го објавува стартот на преговорите со Турција
[21.08.2002] Данското претседателство со Европската Унија одби да открие кога би можеле да започнат преговорите за членство на Турција, но го пофали турскиот напредок во реформите во областа на заштитата на човековите права.

 

Евакуација на Германците заради страв од нови поплави
[21.08.2002] Надојдените води на реката Лаба со полна сила течат во правец на северна Германија. Во покраините Долна Саксонија и во Мекленбург Предна Померанија во текот на денот ќе бидат евакуирани повќе од 13.000 лица.

 

Експлозија во станбена зграда во Москва
[21.08.2002] Најмалку шест лица ги загубија животите во експлозија во една станбена зграда во Москва што се случи доцна синоќа. Се стравува дека бројот на загинатите е поголем бидејќи под урнатините кои се расчистуваат има уште станари.

 

Список на жртвите од 11-ти септември
[21.08.2002] Во Њујорк за првпат е објавен официјалниот список на загинатите во нападот на Светскиот трговски центар на 11-ти септември минатата година.

 

Ирак притиснат да ја објасни судбината на кувајтските заробеници
[21.08.2002] Генералниот секретар на Обединетите Нации, Кофи Анан, побара од владата на Ирак да ја објасни судбината на исчезнатите лица за време на инвазијата врз Кувајт од 1990-та година.

 

Напад врз палестински бегалски камп
[21.08.2002] Едно лице загина, а шест се ранети во нападот врз палестински бегалски камп што рано изутринава го изврши израелската армија. Агенциите, повикувајќи се на палестински извори наведуваат дека израелската армија со тенкови влегла во бегалскиот логор Кан Јунис во јужниот дел на Газа и дека во нападот биле урнати повеќе куќи.

 

Се урна мал авион во Непал
[22.08.2002] Mал авион на една приватна авио-компанија се урна денеска во екот на невремето што беснееше во западен Непал, соопштија локалните власти.

 

Три лица загинаа во Кандахар
[22.08.2002] Три лица загинаа во престрелка на една прометна сообраќајница во близина на воздушната база во авганистанскиот град Кандахар, соопшти полицијата.

 

Касјанов во посета на Кина
[22.08.2002] Рускиот премиер Михаил Касјанов, кој престојува во официјална посета на Кина, и неговиот кинески колега Жу Ронгџи ги продолжија денеска во Шангај разговорите посветени на натамошниот развој на политичките односи и стопанската соработка на двете земји.

 

Се уште закани од поплави
[22.08.2002] Иако водостојот на реката Елба денеска расте кон северниот дел на Германија, во одделни региони нивото на водата опаѓа, повеќето насипи се одржуваат, но ситуацијата е и натаму критична во три региони, јавија западните агенции, повикувајќи се на локални избори.

 

Mуслимански бунтовници погубија двајца заложници
[22.08.2002] Муслиманските бунтовници поврзани со терористичката Ал Каеда погубија двајца заложници во јужниот дел на Филипините, отсекувајќи и ги главите.

 

Руските сили нападна чеченски бунтовници во Грузија
[23.08.2002] Руски ловци - бомбардери нападнаа три позиции во грузискиот дел на кањонот Панкиси, соопштија грузиските граничари, повикувајќи се на изјави на сведоци.

 

Ал Каеда има камп за обука на терористи во Ирак
[23.08.2002] Tерористичката мрежа Aл Каеда поставила меѓународен камп за обука во северен Ирак со помош на група исламистички борци поврзани со Техеран и Багдад, пишува денеска лондонскиот весник Guardian.

 

Германија ќе одвои 9.8 милијарди евра за штетите од поплавите
[23.08.2002] Германската влада соопшти синоќа дека располага со вкупно 9.8 милијарди евра за финансирање на отстранувањето на штетите од поплавите кои пред две недели ја зафатија оваа земја.

 

Евакуирани 600 илјади жители од околината на езерото Донгтинг
[23.08.2002] Кинеските власти наредија евакуација на 600 илјади жители од потенцијално опасното подрачје на езерото Донгтинг, кое се заканува со излевање.

 

Убиени двајца Палестинци
[23.08.2002] Двајца вооружени Палестинци се убиени изутрината откако нападнале израелска воена позиција во појасот газа, јавија агенциите, повикувајќи се на воени извори.

 

САД ќе го складираат збогатениот ураниум на безбедно место
[24.08.2002] САД планираат збогатениот ураниум, којшто ширум светот се таложи во атомските реактори, да го стават на безбедно место. На овој начин американските власти сакаат да спречат можна злоупотреба на ураниумот.

 

Руски министри идниот месец во Вашингтон
[24.08.2002] Шефот на руската дипломатија Сергеј Иванов најави дека заедно со министерот за одбрана Игор Иванов идниот месец ќе отпатуваат за Вашингтон на разговори со американската администрација, на кои ќе биде разгледана политиката во однос на Ирак.

 

Дванаесет загинати во последните напади во Кашмир
[24.08.2002] Во нападите на муслимански екстремисти врз повеќе села во индискиот дел на Кашмир загинаа најмалку дванаесет лица. Според податоците на полицијата, напаѓачите влегле во куќите и пукале во селаните.

 

Хуманитарната состојба на Блискиот Исток загрижувачка
[24.08.2002] Таканаречениот Блиско - источен квартет, составен од претставници на Обединетие Нации, САД, Европската Унија и Русија изрази загриженост од влошувањето на хуманитарната состојба на палестинските територии.

 

Состојбата со поплавите во Кина и натаму напната
[24.08.2002] Состојбата со поплавите во Кина и понатаму е напната. Во централна Кина нивото на езерото Донгтинг и понатаму се зголемува, јави новинската агенција Џинхуа.

 

САД жалат поради руското бомбардирање на Грузија
[25.08.2002] САД изразија жалење поради бомбардирањето на села во северна Грузија од страна руските авиони. Портпаролот на Белата Kуќа Ари Флечер изјави дека ваквата акција го нарушува суверенитетот на Грузија и може да ги зголеми тензиите во кавкаскиот регион.

 

Израелска рација на Западниот Брег
[25.08.2002] Израелските трупи рано изутрината навлегоа во палестинскиот град Салфит на Западниот Брег, апсејќи притоа осомничени милитанти.

 

Загина жена во престрелки во Кашмир
[25.08.2002] Една жена загина денеска во индискиот дел на Кашмир, како последица на размената на жесток оган меѓу пакистанските и индиските трупи по должина на заеничката граница.

 

Проди предупреди на опасностите од напад врз Багдад
[25.08.2002] „Нова војна против Багдад би можела да ја загрози борбата против тероризмот, започната по нападите врз САД на 11-ти септември минатата година“, предупреди претседателот на Европската комисија Романо Проди.

 

Кинеското езеро на највисоко ниво, Лаба во Германија се намалува
[25.08.2002] Во централна Кина нивото на езерото Донгтинг денеска го достигна највисокотo ниво откако надојдените води на реката Јангце минаа низ него, додека нивото на водостојот на реката Лаба во северна Германија продолжува да се намалува.

 

Сомнежи околу предвидениот рок за проширување на ЕУ
[25.08.2002] Економските и политичките аналитичари со сомнеж гледаат на плановите на Европската Унија за масовно проширување на европското семејство закажана за јануари 2004-та година, покажува анкетата што ја спроведе британската агенција Ројтерс.

 

Осуммина загинати во поплави во Камбоџа
[26.08.2002] Најмалку осум луѓе загинаа во поплавите што го погодија североисточниот дел на Камбоџа, а повеќе од 20 илјади лица се евакуирани, објавија денеска властите во таа земја. Поплавите во Камбоџа дојдоа по најголемите суши што се забележани во таа азиска земја во последните 30 години.

 

Неизвесноста во САД за воена акција против Ирак во зенитот
[26.08.2002] Неизвесноста во САД дали воопшто и кога ќе се преземе воена акција во Ирак никогаш не била поголема. Влијателните републиканци, сопартијци на претседателот Буш, притискаат за воен напад. Експертите велат да се почека. А денеска се вмеша и главниот инспектор за оружје на Обединетите Нации, кој побара да и се даде предност на дипломатијата.

 

Самит за спас на планетата
[26.08.2002] „Светот не може да си дозволи неуспех на самитот за планетата Земја во Јоханесбург и Европската Унија е цврста во намерата да дејствува во постигнување консензус на сите учесници“, изјави европскиот пратеник за развој Пол Нилсен пред денешното отворање на најголемата, кога и да е одржана конференција на Обединетите Нации.

 

Експлозија во Кабул
[26.08.2002] Експлозија со послаб интензитет одекна синоќа по локално време пред зградата во која престојува дел од персоналот на Обединетите Нации во Кабул. Во експлозијата беше повредени еден Авганистанец, кој е префрлен во болница, соопшти полицијата.

 

Јапонија и Северна Кореа во дипломатски дијалог
[26.08.2002] Јапонија и Северна Кореа ја започнаа денеска втората рунда дипломатски дијалог со оптимистички изјави, и покрај чувствителните прашања за кои двете земји треба да разговараат.

 

Израелската војска влезе во Џенин
[26.08.2002] Израелската војска влезе доцна синоќа во окупираниот палестински град Џенин и локалниот бегалски логор, јави палестинското радио. Истиот извор наведува дека војниците и вооружените Палестинци размениле оган во овој град на Западниот Брег, но оти немало жртви.

 

Над илјада жртви во поплавите во Кина
[27.08.2002] Бројот на жртвите од поплавите во Кина досега е 1070 лица. Сосотојбата кај езерото Донгтинг е подобра, но најавените монсунски дождови се понатамошна закана за околното население.

 

Пакистан и Авганистан ќе соработуваат против тероризмот
[27.08.2002] Пакистан и Авганистан соопштија денеска дека договориле соработка на своите сили за безбедност во борбата против тероризмот и сузбивањето на шверцот со дрога.

 

Источен Тимор потпиша договор за неизрачување со САД
[27.08.2002] Новоформираната независна држава Источен Тимор потпиша билатерален договор со САД, со кој се обврза дека нема да израчува американски војници на Меѓународниот кривичен суд, соопшти синоќа Стејт департментот.

 

Грузија jа обвинува Русија за воздушни напади
[27.08.2002] Обвинувајќи ја Русија дека врши државен тероризам, грузискиот амбасадор при Обединетите Нации синоќа вложи обвинение дека Москва ја крши повелбата на ОН за извршување воздушни напади преку Грузија, во кои, како се нагласува, загинале тројца цивили.

 

Затворено седиштето на политичкиот органок на ЕТА
[27.08.2002] Полицијата синоќа во Памплона го испразни седиштето на баскиската сепаратистичка партија Батасуна, политички органок на ЕТА, јавија западните агенции, повикувајќи се на партиски извори.

 

Израелците уапсија група од седум Арапи
[27.08.2002] Израелските безбедносни сили соопштија дека уапсиле група од седум израелски Арапи обвинети оти му помагале на палестинскиот бомбаш и самоубиец да крене во воздух автобус, додека официјален Вашингтон побара да се обноват напорите за оживување на планот на постапно повлекување на израелските сили од палестинските територии.

 

Џорџ Буш има намера да го симне Садам Хусеин од власта
[27.08.2002] САД се подготвени да ја преминат и сегашната црвена линија -поставена од меѓународната заедница - арапското јавно мислење па, дури и над оригиналната резолуција на ОН, која што го отвори патот за заливската војна пред 11 години и да го нападнат Ирак.

 

Широка воена акција на израелската армија
[28.08.2002] Израелската армија од синоќа започнала воена операција во појасот Газа со воени хеликоптери и бродови, соопштиле палестински извори.

 

Американски и британски авиони го бомбардирале Ирак
[28.08.2002] Американски и британски воени авиони вчера го бомбардирале аеродромот Мосува, 400 километри северно од главниот град на Ирак, Багдад, соопштиле официјални ирачки претставници.

 

Америка осамена во идејата за напад врз Ирак
[28.08.2002] И по средбата на американскиот претседател Џорџ Буш со саудискиот амбасадор во САД, принцот Бандар Бин Султан, Америка останува осамена во идејата за напад врз Ирак. Сепак, американскиот министер за одбрана Рамсфелд изјави дека поддршката од сојузниците не е од витално значење за американската одлука да го нападне Ирак. 

 

Невреме во Германија
[28.08.2002] Ноќеска Германија повторно ја зафатило невреме. Поради поројните дождови биле затворени повеќе патишта во сојузните држави Саксонија, Туеринген и Баден - Вуртемберг.

 

Таџикистан потпиша билатерален договор со САД
[28.08.2002] Централноазиската држава Таџикистан потпишала билатерален договор со САД за неиспорачување на американски војници од нејзина територија на Меѓународниот кривичен суд во Рим.

 

Четири повредени во немирите во Билбао
[28.08.2002] Најмалку 4 лица се повредени во синоќешните судири меѓу шпанската полиција и приврзаниците на затворената „Батасуна“, политичкото крило на баскиската терористичка организација ЕТА.

 

Планетарниот самит го разгледува обезбедувањето свежа вода
[29.08.2002] Делегатите на Планетарниот самит за одржлив развој, што се одржува во Јоханесбург, вчера ги разгледуваа можностите за обезбедување свежа вода за пиење на милионите жители во сиромашните земји.

 

Се повеќе земји против воен напад врз Ирак
[29.08.2002] Меѓународното спротивставување на воената акција на САД против Ирак се зголемува. Во Германија и владата и опозицијата се изјаснија против превентивнната инвазија на Ирак што во вторникот ја предложи американскиот потпреседател Дик Чејни.

 

Силно невреме во северна Германија
[29.08.2002] Поради силното невреме што ноќеска ја зафати северозападна Германија беа евакуирани повеќе станови и еден туристички камп, соопштија официјални извори, наведувајќи дека за среќа немало загинати.

 

Убиени четири члена на едно палестинско семејство
[29.08.2002] Четири члена на едно палестинско семејство загинаа, а пет се ранети во напад што ноќеска го изврши израелската армија, во јужниот дел на Газа, соопштија палестински извори.

 

САД го предупреди Иран да не биде засолниште за терористи
[29.08.2002] САД синоќа го предупредија Иран да не служи како засолниште за терористите, откако Техеран ги отфрли американските наводи дека засолнил двајца соработници на Осама бин Ладен.

 

Вашингтон подигна обвинение против пет лица за помош на терористите
[29.08.2002] Американскиот државен обвинител во Детроит подигна обвинение против пет лица бидејќи пружале материјална поддршка на терористите за нападите во САД и во странство.

 

Грузија одби да соработува со Русија против чеченските бунтовници
[30.08.2002] Грузискиот претседател Едуард Шеварандsе го отфрли барањето на Русија да учествува во протерувањето на чеченските бунтовници од грузиската клисура Панкиси, тврдејќи дека грузиските сили можат сами да воведат ред во тој зафрлен предел.

 

Чејни ги брани аргументите за напад врз Ирак
[30.08.2002] Американскиот потпретседател Дик Чејни вчера ги повтори своите аргументи за превентивна воена акција против Ирак, отфрлувајќи ја загриженоста што ја изразија Европската унија, муслиманските земји и пошироката светска јавност.

 

Романија за својата одлука за неизрачување државјани на САД
[30.08.2002] Романија вчера се обиде да ја одбрани својата одлука да не израчува американски државјани на Меѓународниот суд за воени злосторства, отфрлувајќи ги обвиненијата дека со тоа се обидела да си обезбеди членство во НАТО.

 

Пауел лобира за американскиот став за меѓународниот суд
[30.08.2002] Американскиот државен секретар Колин Пауел лобира кај своите европски колеги за американскиот став за Меѓународниот кривичен суд за изземање на американски државјани од негова ингеренција, како и за Ирак, соопшти синоќа Стејт департментот.

 

Одбиена кандидатурата на Беназир Буто
[30.08.2002] Пакистанската изборна комисија денеска одби да ја прифати кандидатурата на поранешниот премиер Беназир Буто за октомвриските парламентарни избори.

 

Загинаа 16 лица во авионска несреќа
[30.08.2002] Сите 16 патници и членови на екипажот на рускиот авион „Антонов-28“ загинаа при уривањето на воздухопловот во Охотското море, јавија денеска московските гласила.

 

САД разочарани од санкциите на СТО на ЕУ
[31.08.2002] Соединетите Американски Држави изразија разочарување од одлуката на Светската трговска организација на ЕУ да и дозволи да воведе санкции против Америка во вредност од 4 милијарди долари.

 

Во Јоханезбург ден на протести
[31.08.2002] Во Јоханезбург, каде што се одржува самиотот за планетата земја денеска е ден на протести. Неколку илјади демонстранти учествуваат во протестниот марш од сиромашниот дел на градот Александра до богатото предградие Сандтон каде што се одржува самитот.

 

24 лица загинаа во авионска несреќа
[31.08.2002] Авион на бразилската компанија „Линкас еарајс“ се урна синоќа по полетувањето од аеродромот во Рио Браво. Во несреќата загинаа 24 лица соопшти полицијата.

 

Американските бомбардирања врз јужен Ирак продолжуваат
[31.08.2002] Американски и британски воени авиони доцна синоќа и рано изутринава бомбардирале цели во јужен Ирак. Ирачките власти го потврдија нападот но, не известуваат за евентуални жртви.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk