Дома
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Maj 2002

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Време online
 

АРХИВА: Свет, Maj 2002


 

Први Мај во светот
[01.05.2002] Протестите започнаа со судири уште синоќа во берлинскиот кварт Кројцберг каде ултралевичарските демонстранти се степаа со полицијата.

 

Убиени палестински деца при експлозија
[01.05.2002] Две палестински деца биле убиени денеска при експлозијата што се случила во една напуштена палестинска полициска станица во Витлеем, окупирана од израелските сили, соопштија палестинските медицински извори.

 

„Горд сум што сум французин“
[01.05.2002] Веејќи  знамиња на кои пишува „Горд сум што сум французин“, денеска илјадници луѓе маршираа низ Париз како знак на поддршка на десничарскиот претседателски кандидат, Жан-Мари ле Пен.

 

Израелските тенкови се повлекоа од Хеброн
[01.05.2002] Израелските тенкови денеска го завршија своето повлекување од Хеброн, а  со тоа и дводневниот напад кој започна како одговор на нападите од Палестинците што беа извршени врз една еврејска населба.

 

Палестинците пуштени од црквата на христовото раѓање
[01.05.2002] Една група од Палестинци, кои последниов месец го поминаа во опколената црква на христовото раѓање во Витлеем, денеска беа пуштени кај болницата Бејт Џала.

 

ОН мисијата за Џенин откажана, Арафат ослободен од израелскиот притвор
[02.05.2002] Во неможност да оствари соработка со Израел, генералниот секретар на Обединетите нации, Кофи Анан изјави дека ќе ја откаже мисијата на светската организација за истражување на последиците од израелскиот напад на бегалскиот камп Џенин.

 

Писмо од семејството на сторителот на масакрот во Ерфурт до јавноста
[02.05.2002] Семејството на сторителот на масакрот во Ерфурт во отворено писмо го изрази своето жалење и сочувство со семејствата на настраданите.

 

Американски воздушен напад во северен Ирак
[02.05.2002] Американските воени авиони нападнаа противавионски инсталации во северен Ирак, соопшти Пентагон.

 

Антиталибанските сили почнаа нова офанзива во Авганистан
[02.05.2002] Американските и британските специјални сили започнаа нова офанзива на југоистокот од Авганистан против важни бази на Талибанците и Ал Каида.

 

Пакистан под палката на Мушарав и во наредните пет години
[02.05.2002] Пакистанскиот претседател Первез Мушарав останува на власт во земјата и во наредните пет години откако пакистанските граѓани гласаа за такво нешто на референдумот кој се одржа во вторникот.

 

Ширак води пред неделните избори
[03.05.2002] Францускиот претседател Жак Ширак на вториот круг претседателски избори што треба да се одржат во недела би можел да освои дури 79 насто од гласовите, а неговиот противкандидат Жан Мари Ле Пен 21 процент, покажаа резултатите од едно испитување на јавното мислење објавени во парискиот весник „Фигаро“.

 

Арафат ги поздрави предлозите за мировна конференција
[03.05.2002] Палестинскиот лидер Јасер Арафат денеска ги поздрави предлозите за одржување на блискоисточна мировна конференција на почетокот на летото, јави палестинската агенција „Вафа“.

 

Најмалку осум загинати во авионска несреќа
[03.05.2002] Индиски воен авион од типот „Миг-21“ денеска удри во зградата на една банка во Раџахстан, при што најмалку осум лица загинаа, а над 20 се повредени.

 

Индиските сили убија седум милитанти во Кашмир
[03.05.2002] Индиските сили денеска убија седум муслимански милитанти кои од пакистанскиот дел на Кашмир се обидоа да влезат во индискиот, соопштено е во Њу Делхи.

 

Екстремната британска десница освои две места на локалните избори
[03.05.2002] Екстремно десната Британска национална партија освои две места на локалните избори во Англија, покажаа резултатите објавени денеска.

 

Во Непал неделава убиени 250 бунтовници
[04.05.2002] Во офанзива на безбедносните сили на Непал во оваа недела се убиени 250 маоистички бунтовници соопштуваат официјални полициски извори.

 

Разговори Ирак - ОН
[04.05.2002] Ирак најверојатно уште во текот на мецов ќе прифати разговори за враќање на инспекторите на ОН за контрола на вооружувањето на во земјата - соопшти генералниот секретар на ОН, Кофи Анан.

 

Палестинците бараат осуда за Израел
[04.05.2002] Палестинците бараат осуда за Израел поради спречувањето испраќшање инспектопри на ОН во Џенин.

 

Нови терористички напади на САД
[04.05.2002] Синоќа во градовите Илинос и Ајова, во САД  екплодирале повеќе бомби во поштенски садачиња. Притоа се повредени пет луѓе.

 

Француски претседател - Ширак или Ле Пен
[05.05.2002] По две недели бурна кампанја, милиони француски гласачи денеска, во вториот решавачки круг на претседателските избори решаваат кој од двајцата преостанати кандидати де голистот Жак Ширак или лидерот на екстремната десница Жан Мри ле Пен, во наредните 5 години ќе биде претседател на
Франција.

 

Каиро солидарно со Палестинците
[05.05.2002] Египетскиот министер за надворешни работи Ахмед Махер и советникот на египетскиот претседател Осама Ал баз денеска одржаа разговори со Јасер Арафат во Рамалах, на Западниот брег при што на палестинскиот лидер му ја изразија солидарноста на Каиро со Палестинците.

 

Oбјавен разузнавачки извештај
[05.05.2002] Израелската влада денес објави разузнавачки извештај на 100 страници во кој се наведува дека палестинскиот лидер Јасер Арафат е мозокот и финансиерот на бранот самоубиствени напади против еврејската држава.

 

Ракетен напад врз американски сили
[05.05.2002] Амриканските и британските сили лоцирани на аеродромот Кост во источен Афганистан денес биле предмет на силен ракетен напад, соопшто новинската агенција „Афган Исламик Прес“.

 

Во Џенин убиена Палестинка и две деца
[05.05.2002] Eдна Палестинка и две деца се убиени денес од израелските безбедносни сили во Џенин, во северниот дел на Западниот брег.

 

Жак Ширак убедливо останува претседател на Франција
[06.05.2002] Жак Ширак ќе остане на функцијата француски претседател и во следните пет години, откако во вчерашниот втор круг од изборите во земјата освои речиси 82 отсто од гласовите на граѓаните.

 

Ослободен најпознатиот светски дисидент
[06.05.2002] Воената хунта во Мјанмар денеска соопшти дека ја ослободила од куќен притвор Аунг Сан Су Куи, добитник на Нобеловата награда за мир и лидер на демократското движење во земјата.

 

150 жртви во авионска несреќа во Нигерија
[06.05.2002] Нигерискиот претседател Олесегун Обасанџо прогласи дводневна жалост во земјата откако во авионската несреќа во градот Кано животите ги загубија најмалку 148 лица.

 

Убиени четворица вооружени Палестинци
[06.05.2002] Израелците во текот на ноќта убиле четворица Палестинци во два одвоени судири во појасот Газа, објави денеска израелската војска.

 

САД не го признаваат Постојаниот суд за воени злосторства
[07.05.2002] Американската влада, и покрај советите на своите најблиски сојузници и се поизразеното незадоволство на организациите за заштита на човековите права, синоќа ги поништи легалните обврски кон договорот за формирање Постојан меѓународен суд за воени злосторства.

 

Уапсен атентаторот на холандскиот десничар
[07.05.2002] Холандската полиција изутрината соопшти дека го уапсила убиецот на лидерот на екстремната десница во земјата, Пим Фортејн. Осомниченото лице има холандско државјанство, но неговиот идентитет се уште не е познат.

 

Постигнат договор за прекин на опсадата на црквата во Витлеем
[07.05.2002] Палестинските и израелските преговарачи утринава постигнаа договор за прекин на опсадата на Црквата на Христовото раѓање во Витлеем.

 

Пронајдени две бомби во поштенски сандачиња во САД
[07.05.2002] Американската полиција пронајде уште две бомби во поштански сандачиња во државите Небраска и Колорадо. 

 

Најмалку 30 цивили ранети во Исламабад
[07.05.2002] Најмалку 30 цивили беа ранети во текот на вчерашниот ден во провинцијата Кунар во источниот дел на Авганистан кога врз едно село падна американски проектил, јави авганистанската новинска агенција.

 

Кинески патнички авион се урна во море
[08.05.2002] Кинески патнички авион со 112 патници и членови на екипажот синоќа се урна во море блиску до кинескиот брег на околу 400 км од пекинг откако капетанот јавил дека во пилотската кабина избил пожар.

 

Загинаа 16 лица во бомбашки напад
[08.05.2002] Бомбаш самоубиец синоќа во ноќен клуб во израелскиот град Ришон Летзион, јужно од Тел Авив усмрти 16 и повреди над 50 лица, соопшти претставник на полицијата.

 

Најмалку 14 лица загинаа во судир на хиндуси и муслимани
[08.05.2002] Полицијата соопшти дека најмалку четиринаесет лица загинале, а 45 се ранети во судирите меѓу хиндусите и муслиманите што се одвивале во текот на ноќта во индиската сојузна држава Гуџарат со што бројот на загинати лица во најновиот бран насилства од неделата се зголемил на 24 загинати луѓе.

 

Уапсен „американскиот бомбаш“
[08.05.2002] Американската полиција соопшти дека уапсила 21- годишен студент, осомничен дека поставил околу 18 бомби во поштенски сандачиња во неколку американски сојузни држави во изминативе седум дена. 

 

Претставен составот на новата француска влада
[08.05.2002] Францускиот премиер Жан-Пјер Рафарен синоќа го претстави составот на новата влада чија што главна задача ќе биде борбата против несигурноста и подготовка на парламентарните избори предвидени за 9-ти и 16-ти јуни.

 

Постигната спогодба за деблокада на црквата во Витлеем
[09.05.2002] Преговарачите постигнаа спогодба за решавање на пет недели долгата блокада на базиликата на Христовото раѓање во Витлеем во која се засолнија вооружени Палестинци, изјави еден преговарач.

 

Судири во Непал
[09.05.2002] Околу 250 маоисти и 104 припадници на силите за безбедност се убиени во текот на оваа недела во западниот сектор Ролпе, кој е во рацете на бунтовниците, соопшти денеска непалското државно радио.

 

Загинаа 20 руски војници во експлозија на бомба
[09.05.2002] Дваесет руски војници загинаа, а над 100 лица се повредени во експлозија на бомба на централниот плоштад во Касписк во Дагестан кој граничи со Чеченија, соопштено е во Москва.

 

Францускиот министер за одбрана во Пакистан
[09.05.2002] Францускиот министер за одбрана Мишел Алио Мари допатува изутрината во Карачи во Пакистан каде вчера во напад кој предизвика експлозија на автобус беа убиени 14 лица од кои 11 французи.

 

Седум лица исчезнаа во уривање на два помали авиони
[09.05.2002] Спасувачките екипи трагаат по седум исчезнати лица откако два помали авиони на американската морнарица вчера се урнаа во Мексиканскиот залив крај брегот на Флорида, соопштија претставници на армијата.

 

Убиени шест лица при грабеж на банка
[10.05.2002] Во вооружен грабеж на банка во Мору, 60 км западно од Будимпешта, убиени се шест лица. Според полицијата, двајцата вооружени напаѓачи упаднале во банката, по што отвориле оган - погинале тројца службеници на банката, двајца граѓани кои се затекнале во банката и еден од чуварите.

 

Најмалку 38 лица загинаа во Касписк
[10.05.2002] Според најновите податоци на локалните власти најмалку 38 лица загинаа вчера во бомбашкиот напад во Касписк во Дагестан, јавија агенциите.

 

Aтентатот во Карачи против антитерористичката коалиција
[10.05.2002] Францускиот премиер Жан Пјер Рафарен изјави дека атентатот во Карачи во кој загинаа 11 Французи бил насочен кон народите вклучени во борбата против тероризмот во Авганистан.

 

Eвропа и натаму е простор на толеранција
[10.05.2002] Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Хавер Солана синоќа во Мадрид изјави дека Европа и натаму е простор на толеранција.

 

САД - санкции против кинески, ерменски и молдавски фирми
[10.05.2002] Соединетите американски држави синоќа соопштија дека ќе воведат санкции против кинески, ерменски и молдавски фирми обвинети за трансфер на технологија или опрема за Иран.

 

Заврши кризата со црквата на Христовото раѓање
[10.05.2002] Кризата со базиликата на Христовото раѓање во Витлеем е окончана изутрината со излегувањето на 123 Палестинци од црковниот комплекс, меѓу кои се и 13 палестински активисти кои израел ги смета за „многу опасни“.

 

Седум загинати во железничката несреќа во Британија
[11.05.2002] Според последните официјални информации седум лица ги загубија животите, а најмалку 90 се повредени во железничката несреќа што се случи северно од Лондон, кога еден воз излета од шините.

 

Над 450 загинати во несреќата на траект
[11.05.2002] Бројот на мртвите во несреќата на траектот во Бангладеш се стравува дека би можел да биде поголем од 450, бидејќи до сега се пронајдени 369 тела, а најмалку 100 лица и натаму се водат како исчезнати, јавија локалните гласила.

 

Заврши самитот на ООН за децата
[11.05.2002] Претставниците на околу 180 земји кои учествуваа на самитот на Обединетите Нации за децата доцна синоќа усвоија завршен документ по тридневната конференција во која за прв пат во историјата на светската организација учествуваа и стотина млади луѓе.

 

Израелската офанзива во Газа е ставена „на мраз“
[11.05.2002] Очекуваната израелска воена офанзива во појасот Газа е ставена „на мраз“ јави денеска израелското радио, повикувајќи се на високи функционери во Ерусалим.

 

Хамас ќе продолжи со самоубиствени напади во Израел
[11.05.2002] Основачот на Хамас Ахмед Јасин изјави дека палестинската милитантна група ќе продолжи со самоубиствени напади во Израел.

 

Најмалку осум лица загинаа во железничка несреќа во Њу Делхи
[12.05.2002] Најмалку осум патници загинаа, а над 60 беа повредени кога 13 вагони од патнички воз излетаа од шините изутрината во северната индиска држава Утар Прадеш, соопшти официјален претставник.

 

Пет сестри загинаа во пожар во Лондон
[12.05.2002] Пет сестри на возраст од шест месеци до 13 години загинаа денеска во пожар во една куќа во северна Англија.

 

Неуспешен обид за киднапирање на авион во Иран
[12.05.2002] Обидот за киднапирање на авион во Иран пропадна по успешната акција на обезбедувањето во воздухопловот, јави иранската агенција ИРНА.

 

Немири во источен Белфаст
[12.05.2002] Разулавената маса изутрината пукаше и фрлаше бомби од домашно производство во источен Белфаст, населен претежно со протестанти, при што беа повредени најмалку тројца полицајци, а едно полициско возило беше запалено.

 

Израелските резервисти се враќаат дома
[12.05.2002] Израелската војска денеска започна да го враќа дома својот резервен состав, кој неодамна е итно повикан поради планираните одмазднички акции по самоубиствениот напад во близината на Тел Авив, јави израелското радио.

 

Мали надежи за преживеани во Бајконур
[13.05.2002] „Постојат мали изгледи за преживување на осумте работници кои во неделата беа затрупани во делумното уривање на огромниот хангар на рускиот космодром во Бајконур во Казахстан“, изјави претставникот на руската вселенска агенција Сергеј Горбунов.

 

Арафат излезе од Рамалах
[13.05.2002] Палестинскиот лидер Јасер Арафат денеска за прв пат, откако Израел пред шест месеци му забрани излегување, денеска излезе од Рамалах.

 

Шредер и Блер против јакнење на екстремната десница
[13.05.2002] Германскиот канцелар Герхард Шредер и британскиот премиер Тони Блер во недела ја повикаа Европа да се спротивстави на јакнењето на екстремната десница на својата територија.

 

Почина Дајен Прити по долго и непријатно боледување
[13.05.2002] Не ја доби битката со судовите да биде доброволно усмртена. Британката Дајен Прити, која боледуваше од неизлечива болест, почина по долго и непријатно боледување. 

 

Срцев удар на белгискиот шеф на дипломатијата во Рејкјевик
[14.05.2002] Белгискиот министер за надворешни работи Луис Михаел денеска доживеал срцев напад на состанокот на НАТО во Рејкјевик, изјавија официјални лица од состанокот.

 

Кашмирските бунтовници убија 32 лица
[14.05.2002] Маскирани бунтовници во Кашмир убија 32 луѓе, меѓу кои и цивили, а ранија 57 во напад на еден воен логор и еден автобус, објави денеска портпаролот на индиската војска.

 

Убиени пет, а заробени 32 Талибанци
[14.05.2002] Специјалните единици на американските командоси убиле петмина, а заробиле 32 Tалибанци во текот на нападот на упориштето северно од Кандахар, соопшти синоќа Пентагон.

 

Палестинските милитанти ќе продолжат со самоубиствените напади
[14.05.2002] Палестинските исламистички организации соопштија дека се уште не е дојдено времето за прекинување на самоубиствените напади врз израелски цели, иако официјалните палестински претставници и клучните арапски лидери повикаа на воздржаност и отфрлување на сите форми на насилство.

 

Путин задоволен од договорот за намалување на нуклеарниот арсенал
[14.05.2002] Рускиот претседател Владимир Путин изрази задоволство од договорот за намалување на нуклеарните боеви глави, постигнат меѓу руските и американските преговарачи.

 

Картер ги повика САД да го укинат економското ембарго за Куба
[15.05.2002] Поранешниот американски претседател Џими Картер во говорот што во живо го пренесуваа кубанското радио и телевизија го повика Соединетите Американски Држави да го прекинат економското ембарго против Куба.

 

Повеќе од 170 лица загинаа од топлотен удар во јужна Индија
[15.05.2002] Топлински бран уби најмалку 178 луѓе во јужната индиска држава Андра Прадеш, а се верува дека таа бројка уште повеќе ќе се зголемува, соопштија денеска официјални индиски извори.

 

НАТО самитот во Рејкјавик
[15.05.2002] Во Рејкјавик не беше постигнат договор со кој европските сили за брза реакција, треба да ја преземат задачата на „Килибарните лисици“ во Македонија, бидејќи Атина и понатму одбива да го прифати компромисниот предлог договорен со Турција, кој е предуслов за стартување на ЕУ мисијата.

 

Историски договор меѓу Русија и НАТО
[15.05.2002] Министрите за надворешни работи на НАТО и Русија постигнаа историски договор за создавање на Совет за соработка, во кој ќе се донесуваат заеднички одлуки обврзни за двете страни.

 

Палестински маршеви по повод Накба
[15.05.2002] Палестинците повикаа на маршеви низ целата територија, во спомен на денешниот ден Накба, кога во 1948 година 700 илјади Палестинци беа протерани од домовите, ја загубија земјата и ја започнаа борбата против создавањето на израелската држава.

 

Парламентарни избори во Холандија
[15.05.2002] Се е поголем бројот на гласачи кои денеска на парламентарните избори во Холандија ќе гласаат за движењето на неодамна убиениот десен радикал Пим Фортаун и опозиционата Демохристијанска партија, покажуваат последните анкети.

 

Холандските демохристијани победници, десните радикали втори
[16.05.2002] Холандската демохристијанска партија убедливо победи на парламентарните избори во Холандија, освојувајќи 43 пратенички места, а втора на листата со 26 места е десничарската листа на Пим Фортаун, со што стана втора политичка сила во земјата, покажуваат првичните резултати по пребројувањето на над 88 насто од гласовите.

 

Најмалку тројца рудари загинаа во експлозија во Букурешт
[16.05.2002] Најмалку тројца рудари загинаа, а четворица се повредени во синоќешната експлозија во романскиот рудник за јаглен во долината Јиу, соопштија денеска локалните власти.

 

Францускиот десен центар на Ширак ќе освои 41 насто на изборите
[16.05.2002] Францускиот политички десен центар предводен од неодамна реизбраниот шеф на државата Жак Ширак на парламентарните избори ќе освои 41 насто од гласовите и тесно ќе ја победи левицата која може да очекува 39 проценти.

 

Американскиот врв знаел за намерите на Ал Каида
[16.05.2002] Американскиот претседател Џорџ Буш знаел дека постои можност Осама бин Ладен да киднапира авиони уште пред 11-ти септември, потврди Белата Куќа.

 

Започна 55. Кански филмски фестивал
[16.05.2002] Со проекцијата на најновиот филм на легендарниот американски режисер Вуди Ален наречен „Холивуд ендинг“, синоќа во Кан свечено беше отворен 55-от меѓународен филмски фестивал.

 

Арафат најави реформи во палестинската администрација и нови избори
[16.05.2002] Меѓународната заедница го поздрави говорот на палестинскиот лидер Јасер Арафат во кој тој најави реформи во палестинската администрација и нови избори.

 

На САД им се заканува нов терористички напад
[17.05.2002] „На САД можеби им се заканува нов уште посилен терористички напад од оној извршен на 11-ти септември минатата година“, изјави американскиот потпретседател Дик Чејни.

 

Можно е повлекување на Папата?
[17.05.2002] Можно е повлекување на папата Јован Павле втори од функцијата доколку неговата нарушена здравствена состојба се влоши, изјави кардиналот Оскар Родригез.

 

Германски воен авион се урнал во САД
[17.05.2002] Воен авион на германското воздухопловство синоќа се урнал во САД, во рамките на редовните вежби кои биле изведувани во државата Ново Мексико.

 

Белгија ja легализира еутаназијата
[17.05.2002] Во Белгија е легализирана еутаназијата, откако долниот дом на парламентот го усвои законот на неизлечивите болни да им се одобри право на смрт.

 

Американците по грешка убиле десет сватови
[17.05.2002] Американски борбен хеликоптер пукал и усмртил десет сватови на една свадба во источен Авганистан поради лошата проценка дека пукањето на свадбата е напад.

 

Израелски сили упаднаа во Џенин
[17.05.2002] Советникот за економски прашања на палестинскиот лидер Јасер Арафат изјави синоќа дека на состаноците со американски претставници разработил план за демократски промени на палестинските власти.

 

Арафат: „Нема слободни избори додека трае израелската окупација“
[18.05.2002] „Слободни палестински избори не може да има, се додека не биде ставен крај на израелската окупација на Западниот Брег и појасот Газа“, изјави палестинскиот лидер Јасер Арафат.

 

Немири во бегалски камп близу Ла Манш
[18.05.2002] Во северно-францускиот бегалски камп во Сегат дојде до избивање големи судири меѓу Авганистанците и Курдите. Во смирувањето на немирите француската полиција употреби солзавец.

 

Болниот Папа го прослави 82. роденден
[18.05.2002] Папата Јован Павле Втори по повод неговиот 82-ри роденден во Ватикан прими повеќе илјади млади.

 

Пауел го критикува европскиот антиамериканизам
[18.05.2002] Американскиот министер за надворешни работи, Колин Пауел смета дека се засилило антиамериканското расположение во Европа.

 

САД го поддржаа проширувањето на НАТО
[18.05.2002] Нагласувајќи го значењето на американското воено партнерство со Европа, американскиот Конгрес на претседателот на САД, Џорџ Буш му упати документ во кој се поддржува проширувањето на НАТО и се авторизира воената помош за седум земји што се надеваат дека ќе и се приклучат на Алијансата на претстојниот есенски самит на НАТО во Прага.

 

Пауел - европските критики се „интелектуална папазјанија“
[19.05.2002] Европските држави треба да ги остават соединетите американски држави на мир, изјави за денешното издание на лондонски Guardian американскиот државен секретар Колин Пауел, додавајќи оти на стариот континент „постојано некој брза во барањето грешки“.

 

ЕУ постигна договор за прием на прогонетите Палестинци
[19.05.2002] Шпанија, која претседава со Европската Унија, соопшти оти е постигнат договор според кој шест членки на Унијата ќе примат 12 од вкупно 13-те прогонети Палестинци кои се ослободени од црквата на исусовото раѓање во Витлеем.

 

Можност од нови терористички напади во САД и странство
[19.05.2002] Американските разузнавачки служби открија „зајакната активност“ што укажува на можност од нови терористички напади во САД или на американските интереси во странство, изјави доцна синоќа неименуван висок претставник на Белата куќа.

 

Престрелки во Кашмир
[19.05.2002] Пакистанските и индиски сили во Кашмир утринава разменија топовски оган, а двете страни се обвинуваат меѓусебно дека први ги започнале оружените судири, јавија западните агенции, повикувајќи се на официјални извори.

 

Израелските сили упаднаа во Тулкарем
[20.05.2002] Една единица од израелската пешадија и три тенка влегоа во палестинскиот автономен град Тулкарем, кој се наоѓа на десетина километри од Нетанија, северно од Тел Авив, каде што во самоубиствен напад во неделата загинаа тројца израелци, соопштија палестински безбедносни извори.

 

Буш не попушта во трговското ембарго кон Куба
[20.05.2002] Американскиот претседател Џорџ Буш отфрла попуштање на трговското ембарго кон Куба, но во својот денешен говор за односите Вашингтон - Хавана понуди приватна хуманитарна помош, стипендии и американско - кубански поштански сервис.

 

Источен Тимор конечно независен
[20.05.2002] Со влегувањето во новиот ден Источен Тимор и официјално прогласи независнот, по повеќе од четири и пол века странска доминација и 32 месеца власт на администрацијата на Обединетите нации.

 

Убиен американски војник во Авганистан
[20.05.2002] Припадник на специјалните американски сили е убиен кога неговата патрола беше нападната на истокот на Авганистан, соопштија американски воени претставници.

 

Конзервативците победија на изборите во Ирска
[20.05.2002] Премиерот на Република Ирска, Берти Ахерн и неговата конзервативна партија се победници на парламентарните избори во земјата.

 

Годишен извештај на САД за тероризмот во светот
[21.05.2002] Американскиот Depatrtment od States денеска ќе го објави редовниот годишен извештај за тероризмот во светот, кој во целост ќе биде посветен на глобалната борба против тероризмот, улогата на САД и позитивниот одзив на мнозинството на денешната цивилизација, најави американскиот координатор за борба против тероризмот, амбасадорот Френсис Тејлор.

 

Израелските сили повторно упаднаа во Тулкарем
[21.05.2002] Израелската војска со хеликоптери, тенкови и оклопни возила доцна синоќа упадна во палестинскиот град Тулкарем на Западниот брег.

 

Блер бара санкции против земјите кои тргуваат со илегални имигранти
[21.05.2002] Британскиот премиер Тони Блер ќе побара од членките на ЕУ да воведат економски мерки против државите од источна Европа, чии власти не работат на спречувањето на илегалната трговија со имигранти, пишува лондонски Daily Telegraf.

 

САД очекуваат напади од терористи самоубијци
[21.05.2002] „Терористи самоубијци ќе ги нападнат САД, а американските сили за безбедност нема да можат да ги спречат“, предупреди директорот на FBI, Роберт Милер, додавајќи дека знаците за нови терористички напади засега се нејасни, а забележана е поголема активност на некои лица кои се поврзани со Ал Каида.

 

Американците повторно напаѓаат во Авганистан
[22.05.2002] Американските авиони повторни ги нападнаа силите за кои се сомневаат дека се талибански борци и припадници на Ал Каида во близина на авганистанската граница со Пакистан, но за сега нема извештаи за жртви, изјави денеска портпаролот на американската армија.

 

Експлозија на бомба во јужниот дел од Филипини
[22.05.2002] На влезот на една радио станица во јужниот дел од Филипини рано изутрината експлодираше бомба, но во овој напад немаше жртви, соопштија официјални извори.

 

Буш ја започнува европската турнеја
[22.05.2002] Американскиот претседател Џорџ Буш за време на седумдневната европска турнеја што ја започнува денеска ќе ги посети Берлин, Москва и Санкт Петербург, а потоа и Париз и Рим, каде ќе учествува на самитот на НАТО.

 

Прогонетите Палестинци отпатуваа од Кипар
[22.05.2002] Дванаесетте палестински милитанти отпатуваа денеска од Кипар за неколку европски земји, со што е означен почетокот на нивниот живот во егзил.

 

Дипломатска офанзива за решение на кризата во Кашмир
[22.05.2002] Индиските сили во текот на изминатата ноќ разменуваа спорадичен оган со пакистанските сили во спорната покраина Кашмир, а истовремено растат стравувањата од можен воен судир меѓу двете соседни земји.

 

Пожар во израелската амбасада во Париз
[23.05.2002] Пожарот кој ја зафати израелската амбасада во париз во текот на изминатата ноќ избувнал случајно, а сега е под контрола, соопшти француската полиција.

 

Четворица Пакистанци се убиени, а 12 ранети
[23.05.2002] Најмалку четворица Пакистанци загинаа, а 12 се повредени кога индиските сили отвориле оган преку границата на селата во близината на линијата на прекинот на огнот во покраините Кашмир и Панџабу.

 

Израелската војска влегла во палестинскиот дел на Хеброн
[23.05.2002] Израелската војска во текот на изминатата ноќ влегла во делот на градот Хеброн кој е под палестинска управа, на југот на Западниот брег и уапсила 13 палестинци меѓу кои и тројца обвинети за непријателски активности кон Израел по што израелските сили се повлекле од палестинскиот автономен дел на Хеброн.

 

Џорџ Буш: „Силна Германија е добра за светот“
[23.05.2002] Подвлекувајќи ја растечката улога на Германија во меѓународната политика по нејзиното обединување и нагласувајќи дека силна Германија е добра за светот, американскиот претседател Џорџ Буш го одржа историскиот говор во германскиот Бундестаг.

 

Бомбаш самоубиец се разнесе во Тел Авив
[24.05.2002] Палестински бомбаш самоубиец се разнесе изутрината пред една дискотека во Тел Авив, откако чуварот на клубот отворил оган врз неговото возило, јави израелското радио.

 

САД и Русија објавуваат ново стратешко партнерство
[24.05.2002] Американскиот претседател Џорџ Буш и неговиот руски колега Владимир Путин денеска во Кремљ ги започнаа разговорите кои треба да резултираат со потпишување на договор за разоружување.

 

Две лица загинаа во последното бомбардирање во Кашмир
[24.05.2002] Две лица загинаа во текот на изминатата ноќ во индиското бомбардирање на Кашмир под контрола на Пакистан, со што бројот на мртвите по последната недела се искачи на 26 лица, соопшти денеска полицијата.

 

САД предупреди од можни напади на железница
[24.05.2002] Американското министерство за сообраќај издаде предупредување во врска со можни напади врз железнички и други превозни системи низ целата земја.

 

Авион со 220 патници се урна во море
[25.05.2002] Авион на тајванската национална авио-компанија со 220 патници и членови на екипажот, кој летал за Хонг Конг, се урна во море, потврди во изјава за локална телевизија премиерот на Тајван Ју Чји-Кун.

 

Путин - постигнати сите цели на руско-американскиот самит
[25.05.2002] Рускиот претседател Владимир Путин оцени денеска во Санкт Петерсбург дека се „постигнати сите цели на посетата“ на американскиот претседател Џорџ Буш, јави агенцијата „Интерфакс“.

 

Пакистан изврши уште една ракетна проба
[26.05.2002] Пакистан денеска изврши уште една ракетна проба. По вчерашната ракета земја - земја денеска беше успешно тестирана ракета од краток дострел која достига далечина од 290 километри.

 

Супернова се заканува да ја уништи планетата Земја
[26.05.2002] Карин Сандсторм, студентка на Харвард, сосема случајно открила докази дека една ѕвезда во близина на Земјата би можела да експлодира во супернова. „ХР 8210“ е толку близу до нашата планета, што доколку експлодира пред да се оддалечи доволно далеку би можела да го уништи целокупниот живот на Земјата..

 

Kуба ги поддржуваат САД во антитерористичката борба
[26.05.2002] „САД можат да сметаат на помошта на Куба во борбата против тероризмот“, изјави кубанскиот претседател Фидел Кастро, отфрлајќи ги обвинувањата на Вашингтон дека неговата земја произведува биолошко оружје.

 

Буш патува за Париз
[26.05.2002] Со 24 часовна неработна прошетка по Санкт Петерсбург, заврши посетата на американскиот претседател Џорџ Буш на Русија и тој денеска заминува за Париз, третата станица од неговата европска турнеја.

 

„Чајна Еирлајнс“ се распаднал во воздух
[26.05.2002] Авионот на „Чајна Ерлајнс“, кој вчера се урна во Тајванскиот залив, најверојатно одненадеж се распаднал во воздух, изјави еден стручњак за патнички сообраќај во Хонг Конг.

 

Убиено 15 годишно момче во Израел
[26.05.2002] Едно 15 годишно момче е убиено кога изрелските трупи изутрината повторно навлегоа во Калкилија и Тулкарем. Претходно израелската армија изведе слична акција и во Витлеем.

 

Нуркачите ќе ги вадат црните кутии од паднатиот авион
[27.05.2002] Нуркачите денеска треба да ги извадат црните кутии кои треба да дадат одговор зошто 23 години стариот тајвански авион се распадна во воздух, а воените власти веќе ги отфрлија тврдењата дека цивилниот воздухоплов бил погоден од кинеска ракета.

 

НАТО денеска отвара мисија во Москва
[27.05.2002] НАТО денеска ќе ја отвори својата мисија во русија. за таа цел ,од синоќа во москва престојува шефот на воениот комитет на Северноатланската Алијанса италијанскиот адмирал Гвидо Вентурони, а за шеф на мисијата ќе биде назначен британскиот генерал Питер Вилијамс.

 

Израелските сили повторно упаднаа во Витлеем
[27.05.2002] Израелските сили во борбени возила и оклопни транспортери рано изутрината повторно влегоа во Витлеем и неговата околина на Западниот Брег, во потрага по палестински милитанти, соопштија воени извори.

 

Силна размена на артилериски оган меѓу Индија и Пакистан
[27.05.2002] Официјален претставник на индиското министерство за одбрана соопшти дека меѓу индиските и пакистанските сили во текот на изминатата ноќ е забележана засилена размена на артилерискиот оган долж линијата на разграничување во Кашмир, а поради стравот од војна се зголемува и меѓународниот притисок.

 

Колумбија му даде азил на венецуелскиот пучистички претседател
[27.05.2002] Колумбија во недела му даде азил на венецуелскиот бизнисмен Педро Кармона, овозможувајќи му да ги избегне обвиненијата за велепредавство поради преземањето на власта за време на државниот удар во април кога претседателот хуго чавез накратко беше симнат од функцијата.

 

Војници обвинети за масакр работеле по наредба на претседателот на Нигерија
[28.05.2002] Војниците обвинети за масакр на повеќе од 200 селани, што се случи минатата година во средишниот дел на Нигерија, дејствувале по наредба на нигерискиот претседател Олусегун Обасањо, соопшти поранешниот командант на нигериската војска Виктор Малу.

 

Видео камери во борба против криминалот
[28.05.2002] Градските власти на Рио де Женеиро за да го сузбијат криминалот имаат намера до крајот на годината низ целиот град да постават десетици видео камери со што градот ќе се претвори во огромно „реалити шоу“, соопшти бразилски официјален претставник.

 

Покрај напнатоста со Индија, Пакистан трет пат тестираше ракети
[28.05.2002] Пакистан денеска соопшти дека успешно тестирал ракета со дострел од 180 километри, што е трета и последна проба во рамките на серијата тестирања кои Исламабад ги изведе за време на воената криза во односите со Индија.

 

Конечно погребана студената војна на Вашингтон и Москва
[28.05.2002] Американскиот и рускиот претседател, Џорџ Буш и Владимир Путин, генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон и шефовите на државите или владите од останатите земји членки на Алијансата денеска во воената база „Практика ди Маре“, во близина на Рим, го ставија својот потпис на таканаречената Римска декларација, со која беше формиран и се одржа првиот состанок на Новиот совет на НАТО и Русија.

 

Израелската војска се судри со вооружени Палестинци во Џенин
[28.05.2002] Еден Палестинец загина рано изутрината во акцијата на израелската војска во палестинскиот град Џенин, соопштија палестински извори, додавајќи дека израелските сили го уапсиле локалниот лидер на Хамас и уште девет Палестинци.

 

Голем број жртви во поплавите на Карибите и во Јужна Америка
[28.05.2002] Најмалку 20 луѓе загинале на Хаити, шест во Јамајка и пет во Чиле во поплавите предизвикани од обилните дождови на подрачјето на Карибите и Јужна Америка, додека локалните метереолози предвидуваат дека дождовите најверојатно ќе траат со денови.

 

Повредени пет лица во напад на сојузничките авиони
[29.05.2002] Најмалку пет лица се повредени во нападот на сојузничките авиони на ирачки цели на северниот дел на земјата, соопшти портпаролот на ирачката војска, а американските и британските сили кои ја контролираат зоната на забранети летови над Ирак, не ја прокоментираа оваа изјава.

 

Нови односи НАТО - Русија
[29.05.2002] Рускиот претседател Владимир Путин во вторник со своите колеги од 19 земји членки на НАТО ја потпиша римската декларација со која формално се воведуваат нови односи меѓу НАТО и Русија.

 

Убиени тројца Израелци
[29.05.2002] Израелскиот премиер, Ариел Шарон денеска треба да одржи состанок на безбедносниот кабинет на кој ќе се разгледа состојбата по најновиот бран насилства против Израел.

 

Шестмина загинати во Пенџаб
[29.05.2002] Шест лица беа убиени, а најмалку 20 повредени денеска во размена на артилериски оган меѓу индиските и пакистанските сили во провинцијата Пенџаб, јавија агенциите, повикувајќи се на изјави на очевидци.

 

Муслимански герилци нападнаа американски хеликоптери
[29.05.2002] Муслимански герилци отворија оган врз два американски хеликоптери на југот на Филипини, соопштија филипинските власти, додавајќи дека екипажот возвратил на огнот и ги растерал герилците.

 

Загинаа најмалку 15 индиски војници
[30.05.2002] Најмалку 15 индиски војници загинаа или се повредени во текот на ноќта во престрелките преку линијата на раздвојување во Кашмир, соопшти денеска пакистанската војска.

 

Израелските сили изведоа рација во Хеброн
[30.05.2002] Израелските сили изутрината изведоа рација во Хеброн на Западниот брег во чии рамки се уапсени четворица Палестинци, јави израелското радио.

 

ЕУ воведува трговски олеснувања спрема Русија
[30.05.2002] „Европската унија планира да воведе трговски олеснувања спрема Русија поради доброто спроведување на реформите во земјата“, најави во Москва претседателот на Европската комисија, Романо Проди на 9-тиот Самит Русија - ЕУ.

 

ФБИ призна дека терористичките напади можеле да бидат спречени
[30.05.2002] Шефот на Сојузното истражно биро ФБИ, Роберт Милер, за прв пат изјави дека нападите врз Њујорк и Вашингтон од минатиот септември можеле да бидат спречени, доколу неговите агенти поинаку реагирале на примените информации.

 

Земјотрес во северна Јапонија
[30.05.2002] Земјотрес со јачина од 4.9 степени според Рихтеровата скала изутрината ја погоди северна Јапонија, но не предизвика материјална штета, ниту човечки жртви, соопшти сеизомолошката служба во Токио.

 

Конференција на европските министри за правда
[31.05.2002] Дводневната конференцијата на европските министри за правда посветена на човековите права и меѓународната борба против криминалот денеска продолжува во Берлин.

 

САД бара меѓународните судови да ги казнат адвокатите
[31.05.2002] Соединетите Американски Држави ги повикаа меѓународните судови за воени злосторства во поранешна Југославија и во Руанда што поскоро да одредат казни за адвокатите кои ги делат хонорарите со обвинетите, кои треба да вклучат и одземање на застапувањето.

 

Власта се уште затвора луѓе
[31.05.2002] Тринаесет години по крвавото задушување на протестите на главниот плоштад Тјенанмен во Пекинг, кинеските власти и натаму затвораат луѓе кои бараат рехабилитација на движењето што тежнееше кон политички реформи, оцени во својот последен извештај организацијата Аменсти Интернешнал.

 

Израелската армија влезе во Наблус
[31.05.2002] Силите на израелската армија со оклопни возила влегоа рано изутрината во градот Наблус и го опколија бегалскиот камп Балата, базата на милитантната палестинска групација која стои зад самоубиствените бомбашки напади и престрелки што се случија неделава.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk