Дома Млади бунтовници, од понеделник до петок
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Економија > Архива > Maj 2002

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

А1 видео вести во Real Video формат
 

АРХИВА: Економија, Maj 2002


 

Синдикалците протестираа за 1-ви Мај
[01.05.2002] Денеска Сојузот на синдикатите на Македонија за прв пат во самостојна Македонија го прославија денот на трудот Први Мај, со „протест покажа дека повторно се враќа синдикалниот дух кај работниците и вистинското славење на денот на трдуот“, вели синдикалниот лидер Ванчо Муратовски.

 

Дали и кога владата ќе понуди на берзата дел од своите акции во телекомот?
[02.05.2002] На денот на потпишувањето на договорот за обештетување премиерот Љубчо Георгиевски им објасни на татовци дека со серитификатите што ќе ги добијат во замена за пропаднатите штедни влогови, меѓудругото, ќе можат да купуваат и акции од телекомот. Кога и дали воопшто татовци можат да сметаат на акции во најпрофитабилната компанија во земјава?

 

Македонија на трето место по корумпираност во ЈИЕ
[03.05.2002] Од сите земји во регионот, најголем скок на корупцискиот притисок оваа година е регистриран во Македонија, се заклучува во последната споредбена анализа на корупцијата во која се опфатени осум земји од Југоисточна Eвропа.

 

Вториот мобилен оператор ОТЕ стартува од август
[04.05.2002] Вториот мобилен оператор ќе стартува со работа во средината на август годинава, се најавите што стигнуваат од грчката компанија ОТЕ.

 

Странските инвестиции резервирани за 10-те земји кандидатки за ЕУ
[06.05.2002] Во привлекувањето на странски директни инвестиции меѓу земјите од источна и централа Европа и натаму предност ќе имаат десете земји кандидати за членство во Европската унија, оценуваат финансиските експерти на австриската банка.

 

Георгиевски ќе го продава ЕСМ во четири очи
[07.05.2002] Владата побара, а пратениците од собраниската комисија за економска политика го поддржаа предлогот за измена на законот за енергетика со кој се предвидува ЕСМ да може да се продаде во непосредна спогодба.

 

Бугарската фирма „Булмак“ газда на ФАС
[07.05.2002] Бугарската фирма „Булмак“ е избрана за нов сопственик на ФАС, меѓутоа за и официјално да го добие скопскиот загубар оваа фирма треба да добие согласност и од акционерите на ФАС.

 

Вмровските фирми здружено по профитот од фискалните машини
[07.05.2002] Новата реформа што ја спроведува министерството за финансии, т.н. фискализација ги здружи економските субјекти на владечката ВМРО-ДПМНЕ во заедничко освојување на пазарот.

 

ЕСМ без зградите и хотелите чини 4 милијарди евра
[08.05.2002] Македонското електростопанство, кое владата сега набрзина го подготвува за приватизација, вреди над четири милијарди евра. Оваа проценка на вредноста, направена во ЕСМ пред неколку години, го вклучува само електроенергетскиот систем на компанијата без зградите и хотелите со кои таа располага.

 

Првиот синдикалец на ФАС не дал согласност за продажба на фабриката
[08.05.2002] „Не сум дал согласност да се продаде нашата фабрика, бидејќи немам право тоа да го правам“, вели денеска претседателот на синдикатот во ФАС Новко Трајанов, одговарајќи на вчерaшната изјава на министерот Фетаи дека првиот синдикалец на ФАС веќе се согласил нов газда на фабриката да биде бугарската фирма „Булмак“.

 

Шопинг центарот „Капче екс“ во ГТЦ 18 дена без струја
[08.05.2002] Шопинг центарот „Капче екс“ во Градскиот трговски центар во Скопје 18 дена работи без струја, а продавницата се осветлува со агрегат.

 

Ново поскапување на бензинот
[08.05.2002] Владата денеска ги зголеми цените на нафтените деривати поради, како што објасни, зголемувањето на цената на суровата нафта на светските берзи и порастот на вредноста на доларот. Сите бензини поскапуваат за еден денар, само Дизел 2 горивото за половина денар.

 

Неуспешен протест на УНАСМ
[09.05.2002] Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија денеска одржа протест пред зградата на владата под мотото „Стоп за бедата и сиромаштијата“.

 

Скопскиот водовод нема да се приватизира
[09.05.2002] Скопскиот водовод нема да се приватизира. Градоначалникот Ристо Пенов денеска јавно објави дека се откажува од овој проект.

 

„Капче екс“ и ГТЦ во вербална војна со информации
[09.05.2002] „Капче екс“ и ГТЦ поведоа вербална војна со информации, во која некој не ја зборува вистината. ГТЦ нуди документ како доказ дека „Капче“ нередовно плаќа кирија, а „Капче“ изнесува сметкопотврди каса прими во кои се гледа дека ја плаќал закупнината.

 

„Ауто Експо“ без 17 овластени дитрибутери
[09.05.2002] На саемот на автомобили „Ауто Експо“, што се отвора утре, нема да учествуваат дури 17 овластени дистрибутери. Со свои експонати ќе се претстват само 5 до 6 продавачи на познатите марки на моторни возила.

 

Македонија го сопре увозот на говедско месо од Полска
[09.05.2002] Македонија го сопре увозот на говедско месо од Полска, откако и официјално е потврдено дека една крава во јужна Полска е заболена од вирусот спонгиформна енцефалопатија, или луда крава.

 

Загубарите ги блокираа главните патни правци
[10.05.2002] Целосен сообраќаен метеж денеска на улиците во Скопје и на патиштата низ целата земја. Работниците од фирмите загубари изутрината од 10 часот, па се до 16 часот ја блокираа индустриската зона во Скопје, на раскрсницата кај извозниот царински терминал и кај клучката во Автокоманда, а беа блокирани и патиштата низ Макеоднија, кај Велес, Штип, Радовиш, Куманово, Прилеп, Тетово и Гостивар.

 

„Дивиот ангел“ најгледана ТВ серија за месец март
[10.05.2002] Според најновиот рејтинг на Агенцијата за стратегиско истражување десетте најгледани емисии во Македонија во месец март биле следниве:

 

„Југохром“ се уште чека на тендерот за продажба
[10.05.2002] Доцни објавувањето на тендерот за продажба на најголемиот македонски загубар „Југохром“, иако комбинатот веќе два месеци е ликвидиран. Според најавите на владата, загубарот од Јегуновце досега дури требаше да биде и продаден.

 

Македонија во евроинтеграциите доцни зад Хрватска
[10.05.2002] Хрватска, иако неколку месеци подоцна од Македонија го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија, сепак побргу напредува во процесот на интеграција.

 

„Ова е само почеток на протестите“
[11.05.2002] Вчерашниот протест на работниците од фимрите загубари е само почеток на протестите што ќе ги организира сојузот на синдикатите во иднина, вели синдикалниот лидер Ванчо Муратовски. „Отсега натаму комунакцата со владата и парлмането ќе биде само преку протести бидејки досегашните разговори со нив не дадоа резултати порачува првиот синдикалец.

 

Финансиска помош за прекугранична соработка на Македонија и Грција
[13.05.2002] Комесарoт на Европската комисија за регионална политика, Мишел Барни најави одобрување на програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција, која ќе биде финансирана од Програмата за помош на развојот, реконструкцијата и стабилноста на земјите од Западен Балкан.

 

Советот и Владата ги осиромашуваат електронските медиуми
[13.05.2002] Здружението на основачи на трговски радиодифузни друштва смета дека со доделувањето на нови 37 концесии за телевизии и радија, во отсуство на таканаречена медиумска валута, Советот за радиодифузија и Владата ќе ги поттикнат условите за натамошно осиромашување на електронските медиуми.

 

Нелогична декларација за сузбивање на шверцот со цигари
[13.05.2002] Декларацијата за сузбивање на шверцот со цигари, што министрите за финансии на земјите од регионов ја потпишаа во петокот во Приштина, македонските експерти ја коментираат како безначајна и нелогична.

 

Вратен увозот на говедско месо од четири европски земји
[13.05.2002] Откако минатата недела, поради болеста луда крава беше забранет увозот на говедско месо и од Полска, земјата од каде што доаѓа речиси целото говедско во Македонија, управата за ветеринарство повторно дозволи увоз на говедско месо од четири европски земји, некогаш први на ранг листата според увезените количини на говедско месо во Македонија. Тоа се Словенија, Австрија, Германија и Чешка.

 

Jавната администрација во понеделник на штрајк
[13.05.2002] Вработените во јавната администрација идниот понеделник ќе почнат штрајк, бидејќи се уште не е утврдена минималната плата што требаше да ја договорат синдикатот и владата. Во понеделник на 20-ти нема да работат училиштата, градинките, судовите, амбулантите и одбраната, согласно упатството за штрајк. 

 

Последен обид за влез на канадската во македонската пошта
[14.05.2002] Претставници на поштата на Канада на крајот од неделава доаѓаат во Скопје во обид да се спасат преговорите за влегување на канадската во македонската пошта.

 

Нова рунда преговори со нов шеф на ММФ
[14.05.2002] Франек Розвадовски, новиот шеф на мисијата на ММФ за Македонија, денеска попладне пристигна на двонеделни преговори со македонската влада, кои за земјава се од клучно значење. 

 

Руски фирми на листата на најголеми светски корпорации
[14.05.2002] Британскиот весник „Фајненшл Тајмс“ во листата на 500 најголеми светски корпорации вклучи и четири руски компании: „Јукос“, „Газпром“, „Сургутнефтегаз“ и „Лукоил“.

 

„Алкалоид“ ќе лобира при изборот на секој нареден министер за здравство
[15.05.2002] „Алкалоид ќе се бори против политичките влијанија со нови инвестиции, а ќе се меша и во политиката лобирајќи при изборот на секој нареден министер за здравство“, рече денеска директорот на оваа фирма Трајче Мукаетов, промовирајќи ги петте нови објекти за производство на лекови.

 

И младите во борба против корупцијата
[15.05.2002] Во обид да ги вклучи младите во борбата против корупцијата, меѓународната организација „Транспарентност Македонија“ ја почна кампaњата за образување на јавноста, чија главна цел е да се негува културата на законот и владеењето на правото наспроти злото на корупцијата.

 

Ревизија на сегашната шестмесечна економска програма и преговори за нов „стенд бај“ аранжман
[15.05.2002] Ревизија на сегашната шестмесечна економска програма и преговори за нов „стенд бај“ аранжман се двете клучни цели на преговорите со ММФ, што почнаа денеска во Скопје. Преговорите се најавени да траат две недели, а нив од страна на ММФ ќе ги води новиот шеф на мисијата на Фондот за Македонија, Франек Розвадовски.

 

Истече рокот за набавка на фискалните каси
[15.05.2002] Денеска и формално истече рокот во кој големите малопродажни фирми требаше да набават фискална апаратура. Иако овој краен рок досега двапати беше одложуван, процесот и овојпат е далеку од завршен.

 

Учесниците во сообраќајките треба веднаш да си разменат лични податоци
[15.05.2002] „Учесниците во сообраќајните незгоди треба на лице место да си разменат лични податоци и адреси, податоци за возилото и за осигурувањето, односно кај која компанија се осигурани, бројот и важењето на полисата“, соопштува Националото биро за осигурување во кое членуваат сите осигурителни компании од земјава.

 

Промоција на цитроеновото возило „Ц-3“, наследникот на „Спачек“
[16.05.2002] Францускиот производител на автомобили „Ситроен“, денеска во Скопје го промовираше своето најново возило „Ц-3“, кое се смета за наследник на познатиот „Спачек“.

 

Фискалните каси денеска не проработија
[16.05.2002] Во првиот ден од официјалниот почеток на примената на фискалните машини, ниедна фирма која имаше законска обврска да набави ваква апаратура не издава фискални сметки.

 

Конечно формиран Фондот за земјоделство
[16.05.2002] По неколку годишно инсистирање и притисоци од страна на индивидуалните земјоделци, конечно пред три месеци е формиран Фондот за земјоделство.

 

Трговска војна меѓу Македонија и Југославија
[16.05.2002] Трговската војна меѓу Македонија и Југославија се уште трае. За да ја симне забраната за увоз на одредени производи од Србија, македонската влада ќе чека на официјална писмена согласност од белградските власти дека во иднина нема да го закочува увозот и транзитот на македонски стоки.

 

Жиро сметката на македонските аеродроми една недела во блокада
[16.05.2002] Веќе една недела, сметката на јавното аеродромско претпријатие е блокирана бидејќи од неа била извршена наплата на околу 270 иљади евра, пари за оштета на група вработени на Охридскиот аеродром кои го тужеа и го добија спорот со јавното претпријатие.

 

Спротивно од Груевски, Георгиевски - ММФ ќе склучи аранжман со Македонија
[16.05.2002] Во врска со дилемата што ја отвори министерот за финансии Груевски дека ММФ ќе настојува да ги прескокне изборите и новиот аранжман на Македонија да и' го додели дури во октомври, кабинетот на премиерот Герогиевски, соопштува дека денешните разговори со претставниците на ММФ покажале дека фондот има намера и желба да склучи аранжман со Македонија и дека на фондот не му било важно дали аранжманот ќе се склучи пред или по изборите, туку договрената програма да се спроведе.

 

Нов далновод меѓу Македонија и Грција
[17.05.2002] Ќе се гради нов далновод за пренос на струја меѓу Македонија и Грција. Директорите на електростопанствата на двете земји, Ламбе Арнаудов и Стергиос Незис денеска во Атина потпишаа договор за изградба на 400 киловолтен далновод долг 45 километри од Битола до Лерин.

 

Конвертибилноста на динарот маркетиншки потег на Белград
[17.05.2002] Гувернерот на Народната банка на Југославија Млаѓан Динкиќ потврди дека со конвертибилниот динар од вчера може да се купат национални валути во Унгарија, Грција, Германија и Австрија.

 

Фискалните каси можеа да бидат и поефтини
[17.05.2002] Министерот за финансии преку оглас платен со буџетски пари во речиси сите весници веќе со денови им порачува на граѓаните дека отпорот во набавката на фискални машини не е поради високите цени на апаратите, туку поради стравот дека во иднина нема да може да се затајува данок како до сега.

 

Македонија во понеделник на генерален штрајк
[17.05.2002] Во понеделник 70 илјади вработени во јавната администрација ќе штрајкуваат бидејќи владата до денеска не ја утврди минималната плата, иако Сојузот на синикдатите веќе 6 месеци бара да се утврди минималецот. 

 

Црна Гора нема обврска да го прифати конвертибилниот динар
[19.05.2002] Претседателот на Централната банка на Црна Гора Љубиша Круговиќ денеска и официјално потврди дека српските туристите, кои летово ќе се одмораат на црногорското приморје, нема да можат да го користат динарот како платежно средство.

 

Штрајк на администрацијата - утре затворени градинките, училиштата, судовите...
[19.05.2002] Вработените во јавниот сектор утре ќе почнат штрајк, но не на улиците низ Скопје, туку на своите работни места. Штрајкот ќе трае се додека не биде исполнето основното барање на синдикалците - итно да се утврди минималната плата.

 

Затворени вратите на образованието, здравството и судството
[20.05.2002] „Штрајк“ - пишува денеска на вратите на градинките, училиштата, судовите, касарните. Вработените во образованието, судството, одбраната и здравството денеска стапија во генерален штрајк барајќи државата да им обезбеди плати за достоен живот. штрајкот целосно се почитуваше во основните и во средните училишта. Сите вработени беа на своите работни места, но настава не се одржуваше.

 

Муратовски: „Штрајкот ќе трае се до исполнување на барањата“
[20.05.2002] Првиот синдикалец Ванчо Муратовски кој го оцени денешниот штрајк на вработените во администрацијата за успешен, не отстапува од утврдените барања. Во интервју за А1, најавувајќи ја утрешната средба со премиерот Георгиевски, рече дека е убаво што конечно премиерот се сетил да разговара со нeго.

 

Полицијата ќе го донесе „Цип Продукт“ во „Лозар“
[20.05.2002] Денеска во агрокомбинатот „Лозар“ од македонската полиција беше доставен заклучок на Основниот суд Скопје 2, со кој на директорот Борис Фидановски му се забранува да го застапува претпријатието, да потпишува акти и финансиски документи, како и да ги ослободи службените простории.

 

Берзата изневерена од акционерските друштва
[20.05.2002] Само 10 насто од македонските акционерски друштва ја исполниле законската обврска и ги доставиле податоци за својата финансиска слика, кои треба да се најдат на увид на јавноста и да бидат објави на веб страницата на македонската берза.

 

Централниот депозитар со 40 кривични пријави до акционерските друштва
[20.05.2002] Комисијата за хартии од вредност поднесе 40 кривични пријави до директори или овластени лица на акционерските друштва кои не ги доставија акционерските книги до централниот депозитар за хартии од вредност.

 

Од идниот месец во употреба нафтоводот Скопје - Солун
[21.05.2002] Премиерите на Македонија и на Грција, Љубчо Георгиевски и Костас Симитис, по едногодишна изведба на градежните работи, идниот месец свечено ќе го пуштат во употреба двосмерниот нафтовод Скопје - Солун, чија вредност е проценета на близу 100 милиони долари.

 

Георгиевски не успеа да го разубеди Муратовски
[21.05.2002] „Генералниот штрајк на јавната администрација продолжува и во наредните денови, а в петок се префла на улица. Административците ќе излезат да ги блокираат улиците и патишата во Македонија“, најави синдикалниот лидер Ванчо Муратовски по средбата со премиерот Љубчо Георгиевски.

 

Турска компанија сака да стопанисува со скопскиот аеродром
[21.05.2002] Турската компанија „МНГ“ сака да стопанисува со скопскиот аеродром, дознава А1. Нејзини претставници деновиве интензивно преговараат со раководството на Јавното аеродромско претпријатие за начинот на кој Турците ќе влезат на скопскиот аеродром.

 

Муратовски: „Владата повеќе не може да ги користи ММФ како алиби“
[21.05.2002] „Видовме дека владата нема повеќе да може да ги користи ММФ како алиби, а ММФ од нас дозна за вистинската состојба во Македонија“, оцени денеска претседателот на Сојузот на синдикатот Ванчо Муратовски по средбата со претставнците на ММФ, што беше закажана по нивно барање и траеше час и половина.

 

Владата го поништи тендерот за продажба на ФАС
[21.05.2002] Владата денеска го поништи тендерот за продажба на загубарот ФАС, а од Светската банка ќе се бара одобрение за објавување на нов тендер.

 

Кривични пријави за оние кои го опструираат штрајкот
[22.05.2002] Сојузот на синдикатите на Македонија ќе поднесе кривични пријави против раководителите, кои се обидуваат да го прекинат штрајкот во јавниот сектор, кој трае веќе три дена, а ќе продолжи и утре, вели Пеце Груевски од синдикатот на УПОЗ.

 

Eкономски неисплатлива e идејата Скопскиот аеродром да им се даде на Турците
[22.05.2002] Идејата скопскиот аеродром да се даде под концесија на 15 години, а турската фирма за возврат да вложи 30 милиони евра за изградба на терминална зграда е економски неисплатлива, тврдат познавачите на состојбите во авиобизнисот.

 

Претставен холдингот на грчки берзи
[22.05.2002] Шест месец ќе бидат доволни македонските и грчките брокери да го подготват котирањето на првата македонска компанија на атинската берза, изјавија денеска во Скопје првите луѓе на скопската и атинската берза. Мразот се очекува да го скрши скопска Топлификација, како единствена компанија која
котира на македонска берза.

 

Електростопанство - нов, приватен монопол, полош од сегашниот
[22.05.2002] Доколку се усвојат измените на предлог законот за енергетика владата од Електростопанство на Македонија ќе создаде нов, приватен монопол, многу полош од сегашниот државен сметаат експертите на меѓународната организација „Транспарентност“, која денеска излезе со цела низа забелешки за процесот на приватизација на најголемата македонска компанија.

 

Наследничките на СФРЈ не го признаваат долгот кон ОН
[23.05.2002] „Земјите наследнички на поранешната СФРЈ се со заеднички став дека долгот што Обединетите нации го побаруваат од овие држави, а кој датира од 1992-рата до 2000-та година, треба да биде избришан“, изјави постојаниот пратеник на Хрватска во Светската организација, Иван Симоновиќ.

 

Идната недела тендер за продажба на НИП „Нова Македонија“
[23.05.2002] Идната недела би требало да биде објавен јавниот тендер за продажба на најголемата новинско-издавачка куќа во земјава, „Нова Македонија“, која се наоѓа на списокот на фирми загубари, кои најдоцна до есен треба да бидат продадени или ликвидирани.

 

Буџетот за администрацијата расте, а платите мируваат
[23.05.2002] Годинава за плати на јавната администрација ќе бидат потрошени 303 милиони евра. Во 1997-та година за истата намена се потрошени 248 милиони евра. Ова значи дека за плати на државните службеници сега се трошат 55 милиони евра повеќе отколку пред пет години.

 

Неизвесен влезот на канадската во македонската пошта
[23.05.2002] Преговорите за влегување на Поштата на Канада во македонската пошта се одвиваат многу бавно, а засега нивниот исход е неизвесен.

 

Буџетарите го селат штрајкот на улица
[23.05.2002] 70 илјади вработени во јавната администрација и денеска, веќе четвртти ден, штрајкуваат во знак на револт што се уште не е утврдена минималната плата за нестопанството. Денешниот ден од штрајкот без поголеми промени од изминатите три дена.

 

Седмо издание на Денови на кариерата
[23.05.2002] Живот е шаховска табла, а играчот спроти вас е времето. Ако се колебате да ги повлечете потезите, времето ќе ве избрише од таблата.

 

„Лозар“ ќе чека нова судска одлука
[24.05.2002] Наоружани со дрвени палки, копачи, кошници полни со камења, работниците од „Лозар“ денеска ги чекаа судскиот извршител и полицијата кои требаше да обезбедат влегување на сопствениците на „Цип Продукт“ во битолската фабрика „Лозар“.

 

Ова не е политика, ова е егзистенција
[24.05.2002] 

 

На крајот на годинава ќе се укине воениот данок
[24.05.2002] На шест дена пред крајот на преговорите, владата и ММФ имаат различни ставови за висината на буџетската дупка. ММФ смета дека таа ќе биде помала, а владата прогнозира помал дефицит во државната каса.

 

Канаѓаните си одат без потпишан договор со Македонски пошти
[24.05.2002] Претставниците на поштата на Канада утре си заминуваат од Скопје без потпишан договор за влез во Македонски пошти. Со тоа пропадна и овој обид најавуван како последен, се спасат преговорите за инвестиција на поштата на Канада во Македонски пошти. Но, шанси за тоа, тврдат извори на А1, сеуште има.

 

Преговори за огромниот руски долг кон СФРЈ во јуни
[24.05.2002] Преговорите со Русија за поделба на побарувањата што произлегуваат од некогашниот руски долг кон СФРЈ во износ од околу 1,5 милијарда клириншки долари, би требало да почнат кон крајот на јуни и почетокот на јули. Во поканата за преговори, испратена по вчерашниот состанок за сукцесија во Белград, оставено е на Русија - таа да го определи датумот на одржување на преговорите.

 

„Додека власта живее во раскош, ние живееме во социјална беда“
[24.05.2002] Хорот и оркестарот при МНТ, докторите, учителите, професорите, судиите, техничкиот персонал во јавните институции денеска заедно излегоа на улица за да и порачаат на владата дека е крајно време да им обезбеди минимална плата од 6.800 денари.

 

Исклучени телефоните на лозарци
[25.05.2002] Од синоќа во 21 часот на сите вработени од „Лозар“, кои користат службени телефони, „Мобимак“ им ги исклучи, иако сметките им се навреме исплатени, а некои телефони дури се и во претплата.

 

Георгиевски и Џафери го продаваат аерoдромот на Турците
[25.05.2002] Турската компанија „МНГ“ наскоро ќе достави конкретна понуда за скопскиот аеродором. Ова е договорено на средбата меѓу премиерот Љубчо Георгиевски и сопственикот на холдинг компанијата „МНГ“ од Анкара, Мехмед Назиф Гунал.

 

Aдминистрацијата продолжува со штрајк
[26.05.2002] Вработените во јавната администрација утре продолжуваат со штрајк, бидејќи се уште не е исполнет нивниот основен услов - утврдување на минималната плата за нестопанството.

 

Турците ја прецизираа понудата за скопскиот аеродром
[27.05.2002] Претставници на турската холдинг компанија „МНГ“ утре доаѓаат во Скопје на преговори за скопскиот аеродором, дознава А1. Неочекувано, Турците ја прецизираа понудата многу побрзо отколку што беше предвидено.

 

Просечната плата во март 10.961 денари
[27.05.2002] Просечната нето-плата во март годинава изнесувала 10.961 денари, што претставува номинално зголемување за 2.8 насто, а реално за 2.3 насто во споредба со февруари 2002-рата година, сооопшти Заводот за статистика.

 

Ултиматум до владата да се откаже од фискалните машини
[27.05.2002] Владата утре ќе добие ултиматум во рок од 24 часа да го стави вон сила законот за готовинско плаќање, со кој се налага купување на фискални машини. Во спротивно занаетчиите и самостојните стопанственици од Македонија најавуваат генерален штрајк во Скопје.

 

Откажана презентацијата на ЕСМ пред европски инвеститори
[27.05.2002] Владата и нејзиниот консултант во процесот на приватизација на Електростопанство, „Мејнел банката“ од Австрија во последен момент ја откажаа презентацијата на перформансите на ЕСМ што требаше да се одржи утре и задутре во Виена.

 

Независен консултант ќе ја испитува обиколната траса околу Скопје
[27.05.2002] Европската банка за обнова и развој ќе ангажира независен консултант кој ќе ја испита потребата од поместување на трасата низ којашто треба да минува обиколниот автопат околу Скопје, барање што е поставено од жителите на селата Волково и Орман.

 

Втора недела штрајк на буџетарите
[27.05.2002] Откако вработените во јавната администрација и по цела една недела штрајкување не успеаја да ја убедат владата да се утвдри минималната плата, штрајкот ќе продолжи и во текот на оваа недела.

 

Средбата Муратовски - Георгиевски без резултати
[28.05.2002] Преговорите меѓу претседателот на ССМ Ванчо Муратовски со премиерот Љубчо Георгиевски вечерва загршија без резултат. Догоров за износот на најниската плата не е постигнат. Преговорите ќе продолжат утре, за кога е најавено и продолжувањето на штрајкот.

 

И занаетчиите на генерален штрајк
[28.05.2002] Дуканџиите утрово го упатија ултимативното барање до владата во рок од 24 часа да се стави вон сила законската обврска за купување на фисклани машини или тие ќе организираат генерален штрајк, а како крајна мерка ќе објават граѓанска непослушност и ќе ги отпуштата од работа сите вработени.

 

Германската авиокомпанија „Зендер“ најавува тужба против државата
[28.05.2002] Германската компанија „Зендер“ ќе ја тужи државата и ќе бара оштета затоа што македонската влада преговара со турската компанија МНГ за давање под концесија на Скопскиот аеродром.

 

MMФ заминува од Скопје без аранжман за Македонија
[28.05.2002] Mисијата на MMФ задутре заминува од Скопје без аранжман за Македонија. Ова значи дека по јуни, кога ќе заврши програмата набљудувана од Фондот, Македонија останува без буџетската и монетарната контрола од ММФ.

 

Неофицијален старт на трката за купување на ЕСМ
[29.05.2002] Во Виена денеска почна неофицијалниот старт на трката за купување на најголемата македонска компанија Електростопанство. Без членовите на владата и директорот на ЕСМ, пред 10 инвеститори се одржа презентацијата на работењето и потенцијалите на ЕСМ.

 

Се преиспитува уставноста на продажбата на ОКТА
[29.05.2002] Уставниот суд ја преиспитува уставноста на договорот за продажба на рафинеријата ОКТА на грчката фирма „Елпет Балканика“. Иницијатива за ова до Уставниот суд минатата година поднесе „Макпетрол“.

 

Буџетарите ќе живеат со 5.060 денари месечно
[29.05.2002] Синдикатот и владата ја утврдија минималната плата за нестопанството, прв пат од осамостојувањето на Македонија. Штрајкот во јавната администрација заврши. Двете страни се договорија минималната плата да изнесува 5.060 денари.

 

Владата останува без контрола во предизборното трошење на буџетските пари
[29.05.2002] Имајќи предвид дека сегашната програма набљудувана од ММФ завршува во јуни, а новиот аранжман нема да биде доделен пред ноември, во следните четири месеци владата останува без каква било контрола во предизборното трошење на буџетските пари.

 

„Стопанска банка“ ќе доделува станбени кредити
[29.05.2002] По три ипол години пауза, „Стопанска банка“ конечно ќе започне со доделување на станбени кредити. Иако банката ги најавува како најповолни, и кај овие кредити, проблематични се каматните стапки и големото обезбедување што се бара за нив.

 

Турците го преземаат аеродромот преку заедничка фирма со владата
[29.05.2002] Tурската компанија „МНГ“ за една недела на владата ќе и достави финансиска и техничка понуда за реконструкција на скопскиот аеродром, како и барање за негово добивање под концесија. Ова е договорено вчера на преговорите меѓу турската делагација и македонската страна претставувана од министерот Балковски и директорот на Јавното аеродромско претпријаите Фејзулаху.

 

Македонската влада бега од „Зендер“ - се договара со „МНГ“
[30.05.2002] Претставници на македонската влада ја ескивираат средбата која ја бара германската компанија „Зендер“. Како последен обид германскта компанија ќе ја тужи Република Македонија ако скопскиот аеродром и биде даден под концесија на друга компанија.

 

Пo вчера најниското ниво на индексот МК-20, денеска пад на државните обврзници
[30.05.2002] Вчерашната рекордно ниска вредност на индексот МК-20 се должи на огромните падови на цените на акциите на две фирми што влегуваат во формирањето на неговата вредност.

 

Како владата ќе ја затвори дупката во буџетот?
[30.05.2002] Поради несклучувањето на аранжман со ММФ во Македонија нема да стигнат 104 милиони евра, што донаторите на мартовската конференција во Брисел и ги ветија на Македонија за покривање на дупката во буџетот и платниот биланс.

 

Случајот „Лозар“ пред врховниот суд
[30.05.2002] Републичкиот јавен обвинител, Ставре Џиков побарал од врховниот суд да ја преиспита законитоста на одлуката за преземање на управувањето на „Цип Продукт“ во битолски „Лозар“.

 

Протестот против фискалните машини најавен за 6-ти јуни
[31.05.2002] Здруженијата на занаетчиите, трговците и на таксистите од 16 града во Македонија на денешниот состанок во Скопје се согласија веќе најавениот генерален протест против воведувањето на фискалните машини да го организираат на 6-ти јуни во главниот град на државава.

 

Од понеделник на берзата вторите по ред обврзници
[31.05.2002] Одборот на директори на Македонската берза денеска реши да ги прими на котација на првиот пазар на берзата и вторите по ред обврзници, по оние што сега се тргуваат, а кои беа издадени за заробените девизи.

 

Владата повторно се обидува набрзина и без пари да го продаде ФАС
[31.05.2002] Владата повторно се обидува набрзина и за речиси без пари да го продаде имотот на скопската фабрика за автобуси ФАС „11-ти Октомври“. Сега во игра е бугарската фирма „Маринер“, која на јавниот повик за купување на имотот на ФАС пред два месеца понуди само еден ипол милион евра, што не е ниту половина процент од реалната вредност на ФАС од 50 милиони евра.

 

Бочваров повикува да се спречи влезот на грчки фирми
[31.05.2002] „Грчкото економско освојување на Македонија ја прави земјава единствена колонијална држава во Европа“, вели претседателот на Прогресивната партија Петар Бочваров.

 

Светското фудбалско првенство вистински стопански бум
[31.05.2002] Светското фудбалско првенство освен врвен спортски настан е и одличен бизнис. Организаторите на оваа маинфестација Јапонија и Јужна Кореја очекуваат вистински стопански бум.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk