Дома Млади бунтовници, од понеделник до петок
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Економија > Архива > Март 2002

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Најновите А1 вести на вашиот мобилен телефон
 

АРХИВА: Економија, Март 2002


 

Нафотовод Скопје - Солун ќе профункционира во јуни
[01.03.2002] Нафотовод Скопје - Солун е изграден и ќе профункционира во јуни - соопшти денеска во Солун директорот на ОКТА, Петрос Каралис.

 

За „Нова Македонија“ заинтересирана словенечка фирма
[01.03.2002] За загубарот - НИП Нова Македонија со 1.600-тини вработени интерес покажала словенечка фирма, која веќе доставила изјава за намера за купување на издавачката куќа која е на листата на загубари што до крајот на оваа година треба да се продадат или затворат.

 

МАТ му објави војна на Манолев
[01.03.2002] Трагикомична фигура и ниско морален самонаречен професионалец, тоа е Миле Манолев актуелен директор на Управата за цивилна воздушна пловидба, вели во денешното обраќање претседателот на одборот на директори на редовниот авипревозник МАТ, Златко Петровски.

 

По две недели ликвидација на Југохром, а над илјада југохромци на улица
[01.03.2002] На 15 март тетовскиот суд ќе прогласи ликвидација на Југохром. Вака одлучи владиното телото за структурни реформи.

 

Стапува на сила законот за спречување на перење пари
[01.03.2002] Од денеска под контрола ќе бидат сите парични трансакции поголеми од 10.000 евра. Стапува на сила законот за спречување на перење пари.

 

Според Грците нафтоводот ќе биде готов за еден месец
[02.03.2002] Нафтоводот Скопје - Солун е речиси изграден и треба да почне да функционира во јуни, најави вчера директорот на скопската рафинерија окта, Петрос Каралис.

 

Коридорот исток - запад запоставен
[02.03.2002] Додека на потегот север - југ, коридорот десет секојдневно јакне и речиси целосно е изграден, состојбата со другиот европски коридор: исток - запад со број осум - сосема е поинаква. Тесни патничња место автопати, израмнета земја, место електрифицирана пруга. Овој соосема различен однос на државата кон двата коридора, Македонија може да ја чини многу.

 

Деловните простории во ГТЦ не можат да се продадат
[03.03.2002] Деловните простории во Градски трговски центар не можат да се продадат. Иако пред 5 години почна приватизацијата на ексклузивниот трговски центар во Скопје, досега се продадени само 24,71 процент од дуќаните.

 

Вработените од „Фаморд“ на штрајк пред куќата на сопствeникот
[04.03.2002] Вработените од „Фаморд“, некогашен погон на Железарница, кои веќе 20 дена штрајкуваат, денеска ги напуштија своите погони и протестот го префрлија пред куќата на доминатниот сопствeник на фирмата Сашо Настевски.

 

Интензивирање на изградбата на железницата Софија - Скопје
[04.03.2002] Денеска во Софија министерот за надворешни работи Слободан Чашуле и бугарскиот колега Соломон Паси потпишаа писмо за обезбедување политичка и финансиска поддршка од меѓународните институции за изградба на железничката линија Софија - Скопје.

 

Приватизација да, но не и социјални тензии
[04.03.2002] Македонија има раководство што е определено за економски реформи, приватизација и регионална интеграција. Владата ги поттикнува реформите и покрај минатогодишната криза и ризиците ова да предизвика социјални тензии, се заклучува во анализата на Европскиот комитет на Американската стопанска комора во Брисел, во очи на донаторската конференција за Македонија закажана за 12. март.

 

ФАС „11-ти Октомври“ од денеска на продажба
[04.03.2002] По одлуката за ликвидација на ФАС „11-ти Октомври“ од почетокот на минатиот месец, денеска стечајниот управник Тамбурковски објави јавен повик за продажба на дел од имотот на фабриката - халата Фино завршно.

 

МАТ приземјен
[04.03.2002] Авикомпанијата МАТ е приземјена. Управата за цивилна воздушна пловидба денеска издаде забрана за понатамошно летање на авикомпанијата, поради тоа што констатирала забелешки во техничкото одржување на воздухопловите.

 

Некои од финансирањата на донаторската веќе осигурани
[04.03.2002] „Не можам да ви дадам прецизни бројки, но оптимист сум дека ќе добиеме значителен дел од парите на коишто се надеваме и дека конференцијата ќе биде успешна“, изјави денеска за А1 директорот во Светската банка за Македонија, Кристијан Портман, кој ќе претседава со донаторската конференција што ќе се одржи во Брисел идниот вторник.

 

Најмасовни протести досега на грчките земјоделци
[05.03.2002] Грчките земјоделци денеска во Атина ги одржаа досега најголемите демонстрации на кои го изразија своето незадоволство од сегашните откупни цени на земјоделските производи и земјоделската политика што ја води грчката влада.

 

На потенцијалните донатори за Македонија им се дадени јасни индиции
[05.03.2002] „Скоро сум убеден оти најголем дел од средствата кои и се неопходни на Македонија во овој момент ќе бидат обезбедени од меѓународната заедница“, изјави координаторот на Светската банка за југоисточна Европа, Кристијан Портман за радио „Глас на Америка“, нагласувајќи дека на потенцијалните донатори им се дадени јасни индиции за проценетите потреби и очекувањата.

 

Работниците од фирмите загубари пред собраниска расправа
[05.03.2002] Пратеникот Слободан Даневски ја потпиша иницијативата на Сојузот на синдикатите кои бараат парламентарците да донесат закон работниците од фирмите загубари, стечјаните работници и оние кои се технолошки вишок со 25 години стаж да си обезбедат пензија.

 

Македонија очекува 256 милиони евра од донаторската конференција
[05.03.2002] Владата на денешната седница ја прифати платформата за активностите поврзани со донаторската конференција, што ќе се одржи на 12-ти овој месец во Брисел.

 

МАТ треба да ја раскине љубовта со ЈАТ
[05.03.2002] „Редовниот авиопревозник МАТ нема да лета се додека не најде нов сервисер“, изјави денеска директорот на управата за цивилна воздушна пловидба Миле Манолев.

 

Директорот на „Благој Ѓорев“ со присила ги откупува акциите
[06.03.2002] Директорот на фабриката за масло „Благој Ѓорев“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Горанчо Лазов преку свои емисари врши притисок врз вработените акционери да му ги продаваат своите акции.

 

МАТ и Манолев тврди на своите ставови
[06.03.2002] „МАТ нема да лета ниту утре, ниту во наредните денови“, категоричен е директорот на управата за цивилна воздушна пловидба Миле Манолев.

 

Македонија може да ги избегне зголемените царини на САД за увоз на челик
[06.03.2002] Европската унија и Соединетите Американски Држави се на чекор од трговска војна по одлуката на претседателот Буш да ги зголеми царините за увоз на челик во САД до 30 проценти.

 

Македонија пропушта заработувачка oд ОИ во Грција
[06.03.2002] Македонија, како соседна земја на Грција во која за две и пол години ќе се одржи најмасовната светска манифестација - Летните олимписки игри, е на пат да ја пропушти олимпијадата како можност за заработувачка.

 

Затвор за бизнисмените што не плаќаат данок
[07.03.2002] На оние што не плаќаат данок министерот за финансии им се заканува не само со парични казни, туку и со казна затвор.

 

МАТ повторно ќе лета
[07.03.2002] Министерот за транспорт Љупчо Балковски доцна попладнево пресече: „МАТ треба да лета“. Оваа одлука на министерство за транспорт уследи по двочасовната средба на Балковски со претставниците на ЈАТ и на југословеснкото министерството за трансопрт.

 

„Црн список“ на невраќачи на кредити
[07.03.2002] Институциите во земјава што доделуваат кредити за мали и средни претпријатија, со цел да се заштитат од оние што не ги враќаат земените кредити, предлагаат формирање на таканаречен „црн список“ на невраќачи на кредити.

 

Загубарите повторно на штрајк
[08.03.2002] Во вторник во Скопје, работниците од фирмите загубари ќе излезат на масовни протести. Тие се незадоволни бидејќи не е исполнето ниедно од нивните барања, а фирмите и натаму се ликвидираат.

 

Комерцијална банка ги демантира изјавите на Станинов
[08.03.2002] „Комерцијална банка А.Д. Скопје“ денеска ги отфрли обвинувањата на директорот на Агенцијата за развој и инвестиции Сашко Станинов, повикувајќи го да ги објасни пред јавноста повеќе нелегални трансакции во последниве две години.

 

Битолски „Јавор“ се продава на парчиња
[08.03.2002] Имотот на битолски „Јавор“ вреден 4 милиони евра е на распродажба. Поранешниот директор Кечевски, кој насила од канцелариите го исфрли актуелниот директор Стојановски.

 

Манолев да ги игнорира одлуките на министерот Балковски
[08.03.2002] Oколу двесте патници на МАТ и денеска со часови чекаа на скопскиот аеродром затоа што оваа авиокомпанија не ги реализираше трите најавени летови за Хамбург, Цирих и Амстердам.

 

Ќе се приклучат ли буџетарите на штрајкот на загубарите
[09.03.2002] Вработените во јавниот сектор најавуваат дека ќе се приклучат на протестите што ги организираат работниците од фирмите загубари за во вторник, бидејќи се уште не почнале разговорите со владата за утврдување на минималната плата во нестопанството.

 

Пет години од аферата „ТАТ“
[09.03.2002] „Битола против сите лаги“ беше мотото на денешното одбележување на петгодишнината од пропаѓањето на штедилницата „ТАТ“ што го организираше иницијативниот одбор на штедачите точно напладне на плоштадот „Гоце Делчев“, на кое присуствуваа околу 200 луѓе.

 

На 11. и 12. март донаторска конференција за Македонија во Брисел
[09.03.2002] Делегација на Македонија на 11-ти и 12-ти март ќе престојува во Брисел по повод одржувањето на донаторската конференција за Македонија, соопштено е во Скопје.

 

MAT засега ќе лета
[09.03.2002] Пет дена по приземјувањето на МАТ, на барање на министерот за транспорт и врски управата за цивилна воздушна пловидба изврши вонреден технички преглед на матовите авиони.

 

Донаторска конференција за Македонија во вторник
[10.03.2002] Македонска делегација утре и задутре ќе престојува во Брисел по повод одржувањето на донаторската конференција во вторник.

 

Бордот на директори на ММФ со своја проценка
[10.03.2002] Бордот на директори на ММФ, највисокото извршно тело на фондот, расправаше по економската политка на Македонија за оваа година, договорена за време на последната рунда преговори во декември минатата година.

 

MAT од денеска повторно лета
[10.03.2002] Управата за цивилна воздушна пловидба го поништи решението за приземјување на оваа авиокомпанија, откако изврши вонреден технички преглед на авионите и откако директорот Манолев и неговиот претпоставен минстерот Балковски, лично ја тестираа исправноста на матовата флота.

 

Донаторите загрижени од високата корупција во Македонија
[11.03.2002] Ден пред одржување на донаторската конференција, во Брисел, во фокусот е прашањето како Македонија ќе ги троши парите што ќе и бидат ветени утре.

 

Откажани протестите поради дождот
[11.03.2002] Првиот синдикалец Живко Толевски, со кусо соопштение до медиумите, денеска во име на илјадници работници од загубарите, ги откажа за утре најавените масовни работнички протести.

 

На Македонија и недостасува струја
[11.03.2002] Во Македонија не се произведува доволно струја за да се задоволат потребите на државава. Лани производството паднало за 7 проценти во однос на претходната година.

 

Oтворена истрага против ОТЕ
[11.03.2002] Во Атина денеска е отворена истрага против грчкиот државен телеком ОТЕ, откако весникот „Катимерини“ ја обвини компанијата ОТЕ дека му дала десет милиони долари мито на италијанскиот телеком „Италија Мобиле“ за да ја добие дозволата за мобилна телефонија во Бугарија.

 

Повеќе од 1.2 милијарди луѓе „живеат“ со помалку од 1 долар дневно
[12.03.2002] Повеќе од 1.2 милијарда луѓе во светот се принудени да се прехрануваат со приходи помали од еден американски долар дневно, живеејќи во услови на најголема беда, се наведува во најновата анализа на Светската банка.

 

307 милиони евра од донаторите за Македонија
[12.03.2002] Македонија на донаторската конференција доби 307 милиони евра, што е за 51 милион повеќе од тоа што го бараше од донаторите и што беше надвор од очекувањата. Покрај овие средства, на Македонија ќе и бидат доделени дополнителни 271 милиони евра за финансирање на разни проекти за поттикнување на економскиот развој.

 

Ненаплатените побарувања на ЕСМ рекордни 177 милиони долари
[12.03.2002] Ненаплатените побарувања на „Електростопанство на Македонија“ стигнаа до рекордно ниво од 177 милиони долари. Ова се случува во годината кога треба да се завршат работите околу приватизацијата на најголемото македонско претпријатие, што може да биде пречка за успешно финализирање на продажбата.

 

Толевски наместо на работниците и ја исполни желбата на владата
[12.03.2002] Работниците од загубарите денеска не излегоа на, како што ги најавија, масовни протести паралелено со донаторската конференција.

 

Јавен повик за продажба на ФАС
[12.03.2002] Стечајниот управник на ФАС „11-ти Октомври“ денеска објави меѓународен јавен повик за продажба на производниот дел на фабриката и опремата, без долгови и работници, кој ќе трае еден месец.

 

Семинар против перењето пари
[12.03.2002] Помошта за Македонија во спроведувањето на новиот закон за спречување на перењето пари, кој стапува на сила на 1-ви март идната година, е целта на еднонеделниот семинар кој вчера започна во Скопје.

 

Толевски по втор пат го одложува протестот на загубарите
[13.03.2002] Утре протести пред собранието во Скопје ќе има, но на него нема да учествуваат сите фирми загубари, туку само работниците од ФAС, „Југохром“ и од неколку помали фирми, исто така, загубари од металната индустрија.

 

Забрзана доприватизација на општествениот и државниот капитал
[13.03.2002] Новиот директор на Агенцијата за приватизација, Иван Андоновски денеска најави нов приоритет на агенцијата - забрзана доприватизација на општествениот и државниот капитал. Останува и стариот приоритет - контрола и ревизија на приватизираните фирми. На списокот за контрола веќе се наоѓаат 90 такви фирми.

 

Kолку од ветените 307 милиони евра се неповратни средства, а колку кредити
[13.03.2002] Македонската влада се уште не располага со прецизни бројки за тоа колку од ветените 307 милиони евра на донаторската конференција се неповратни средства, а колку кредити. Во министерството за финансии денеска изјавуваат дека чекаат официјално известување од Европската комисија.

 

Oсигурителните компании го враќаат бонусот за осигурување коли
[13.03.2002] Управниот одбор на националното биро за осигурување на денешната седница донесе одлука за менување на условите и тарифите за осигурување од авто одговорност во делот за бонуси и попусти.

 

Фасовци протестираа пред министерството за финансии
[13.03.2002] Работниците од ФАС „11-ти Октомври“ денеска протестираа пред министерството за финансии, револтирани што се уште немаат добиено отпремнина што им следи со ликвидацијата на фабриката и што веќе втор месец не добиваат надомест од заводот за вработување каде се евидентирани сите 1.200 работници како невработени.

 

Протест на вработените во загубарите
[14.03.2002] Работниците од ликвидираниот ФАС, од загубарот „Југохром“ и од скопски „Фаморт“ денеска повеќе часа протестираа пред собранието, а фасовци протестираа и пред министерството за финансии.

 

Нема кворум за закон против корупцијата
[14.03.2002] Нема кворум во собранието за да се донесе законот за спречување на корупцијата. По само неколку часа расправа на пратениците им здодеа да дебатираат за корупцијата, тема на врвот на интересирање на македонската јавност деновие, откако Меѓународната кризна група во својот извештај предупреди дека во Македонија корупцијата го загрозува идното функционирање на државата.

 

Фасовци ќе се приклучат на масовните протестите во вторник
[15.03.2002] Вработените на ФАС по неколку часовни протести и средба со министерот Груевски се разотидоа со најава дека и натаму ќе штрајкуваат се до исполнувањето на нивните барања. Исплата на 12 плати за отремнина, еднократна парична помош од по 6.000 денари и пензионирање со 25 години работен стаж.

 

Југохром ликвидиран, 2000 работници на улица
[15.03.2002] Jугохром од денеска е во ликвидација, а 1995 работници остануваат без работа. Судот во Тетово, на предлог на стечајниот управник денеска донесе одлука да ја ликвидира оваа фабрика.

 

Посета на асоцијацијата - „Група земји против корупцијата“
[15.03.2002] Претставници на асоцијацијата „Група земји против корупцијата“, која работи при Советот на Европа во понеделник доаѓаат во Македонија. Оваа асоцијација ја следи способноста на земјите членки на Советот на Европа - во борбата против корупцијата и нивното придржување кон 20-те водечки принципи на советот во оваа област.

 

До економска рехабилитација со подобар однос кон парите
[17.03.2002] Дајте и пари на Македонија, но внимавајте на македонската корумпирана влада, беше препораката на Меѓународната кризна група до донаторите на конференцијата минатиот вторник во Брисел.

 

Работниците од загубарите утре на протест
[18.03.2002] Вработените во 39 македонски фирми загубари во организација на Сојузот на синдикатите утре во Скопје треба да одржат протестен собир пред парламентот и пред владата.

 

Четвртина од ветените пари од донаторите се кредити
[18.03.2002] Официјално, Европската комисија се уште работи на деталната структура на ветените пари за Македонија, колку се донации, а колку кредити. Неофицијано, според информациите што А1 ги доби од Брисел, од ветените 307 милиони евра, 73 милиони се кредити, а остатнатите 234 милиони неповратни средства.

 

Македонија досега добиените пари ги трошела ненаменски
[18.03.2002] „Дефинитивно Македонија во неколку наврати покажала дека парите што и се даваат се трошат ненаменски. Затоа создавањето на механизам за контрола на парите ќе биде добар, и заради странците, и заради нас“, вели македонскиот претставник на групата земји за борба против корупција при Советот на Европа, Никола Тупанчевски.

 

Југохромци по осум месеци зедоа пари
[18.03.2002] 1.868 работници од „Југохром“, кои пред три дена останаа без своите работни места, денеска примија по 8.300 денари како дел од отпремнината од 12 плати што треба да им се исплати по ликвидацијата на фабриката во петокот минатата недела. Овие се први пари што југохромци ги примаат во последните осум месеци.

 

Делбата на имотот на СФРЈ неповолна за Македонија и Босна
[19.03.2002] Љубљанската конференција ги разби илузиите на Македонија и Босна дека ќе успеат да издејстувуваат промена на клучот според кој ќе се дели имотот на поранешна Југославија, а кој сега им оди во полза на побогатите држави Словенија, Хрватска и СР Југославија.

 

Пратениците ветија изгласување на законот на загубарите
[19.03.2002] Долго најавуваниот протест на работниците од фирмите загубари, кој два пати беше одложен, денеска конечно се одржа.

 

Од `99-та само 37 лица осудени за корупција
[19.03.2002] На казна затвор заради корупција од 1999-та година до лани се осудени 37 лица. Против 161 лице се поднесени кривични пријави за давање и примање поткуп, а 106 биле под истрага. 

 

Кредит од 5,3 милиони долари за „Тетекс“
[19.03.2002] Меѓународната финансиска корпорација, дел од Светската банка што го поддржува развојот на приватниот сектор, ќе обезбеди кредит од 5,3 милиони долари за А.Д. „Тетекс“ од Тетово, водечка македонска фирма за волнен текстил и главен локален работодавец.

 

Нафтените деривати поскапи за 7 проценти
[19.03.2002] Од ноќеска на полноќ нови цени на нафтените деривати повисоки за околу 7 проценти. Суперот, безоловниот и обичниот бензин ќе поскапат за 3,5 денари за литар. Новите цени на нафата повисоки за 2 денари.

 

„Брима Галуп“ за политичката наклонетост
[20.03.2002] Резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Брима Галуп“ за политичката наклонетост на трите национални телевизии во земјава.

 

Продаден рудникот „Саса“ на кипарски „Митилинеос“
[20.03.2002] Купувач на загубарот Саса, според информациите до кои дојде А1, е фирмата на Митилинеос, регистрирана на Кипар, „Стан Мед Треидинг“.

 

По контролата - четири фирми работат незаконски
[20.03.2002] Во контролите, агенцијата утврдила неправилности во приватизацијата во 4 фирми, а во тек е анализа на резултатите од контролата во уште 5 претпријатија.

 

Протест на работниците од ФАС
[20.03.2002] Неколку стотини работници од еден од најголемите загубари фабриката за автобуси „11-ти Октомври“ од Скопје денеска протестираа пред собранието, а потоа протестот го префрлија пред владата.

 

Бела книга за трошењето на тајванските пари
[20.03.2002] Лидерот на Демократската Алтернатива, Васил Тупурковски, некогашен прв човек на Агенцијата за обнова и развој и поранешен коалиционен партнер на Георгиевски, денеска обелодени дека ќе објави бела книга за трошењето на тајванските пари во Агенцијата.

 

Бензинот од полноќ поскап за 6,57 насто
[20.03.2002] Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ, со одлука на македонската влада, се зголемени во просек за 6.57 насто.

 

Следниот аранжман со ММФ едногодишен
[21.03.2002] Следниот аранжман кој Македонија ќе го склучи со ММФ ќе биде stand by најверојатно едногонишен. Ова начелно е договорена на средбата доцна синоќа по средноевропско време во Монтереј, меѓу македонскиот министер за финансии никола Груевски и извршниот директор на ММФ одговорен за Македонија Винхол.

 

Утре ССМ ќе избира претседател
[21.03.2002] Утре Сојузот на Синдикатите на Македонија ќе избира претседател на ССМ, 17-ти пат по ред. За оваа финкцијата на конгресот што ќе се одржи утре во Охрид, официјално ќе се борат пет кандидати.

 

Приватизацијата на „Македонија Спорт“ сеуште празна
[21.03.2002] Поранешните вработени во „Македонија Спорт“ ја обвинуваат фирмата „Вестфра“ сопственик на фабриката, дека го уништува незаконаски стекнатиот капитал.

 

Опасноста од корупцијата е најголема во владата
[21.03.2002] За да се спречи корупцијата во Македонија, не се доволни само законот за спречување на перењето пари и најавеното донесување на законот за спречување на корупцијата, треба да се донесе и закон што ќе овозможи во откривањето и прибавувањето на доказите за корупмпираните да се применуваат и специјани истражни мерки. Констатирале по четридневната посета на Македонија преставниците на Греко делегацијата на Советот за Европа.

 

Македонија го доби конзулатот на СФРЈ во Париз
[22.03.2002] Македонија денеска и официјално ги доби документите за сопственост врз зградата на генералниот конзулат на поранешна СФРЈ во Париз. 

 

Злоупотреби и проневери на милионски суми евра
[22.03.2002] Aгенцијата за приватизација денеска обелодени детали за утврдените неправилности во деветте фирми во кои е спроведена контрола на приватизацијата. Агенцијата веќе доставила податоци до надлежните органи за преземање натамошни постапки.

 

Фасовци при крај со трпението
[22.03.2002] Работниците на ФАС „11-ти Октомври“ се при крај со трпението и веќе во понеделник во кругот на фабриката ќе се соберат сите 1.200 вработени за да упатат последна опомена до владата да ги исполни ветувањата што им ги даде.

 

На синдикалците им е доста од вечниот Толевски
[22.03.2002] Незадоволството на работниците од работата на Сојузот на синдикатите на Македонија се повеќе се зголемува, а угледот на ССМ се намалува. Од вечниот синдикалец Толевски ни е веќе доста.

 

10 најгледани телевизиски емисии во Македонија
[22.03.2002] А1 ги објавува резултатите од мерењето на телевизиската гледаност во Македонија за февруари, спроведено од страна на агенцијата „Стратеџик маркетинг“.

 

УНАСМ бара социјален пакет за сите невработени
[22.03.2002] Унијата на независни автономни синдикати на Македонија денеска до претседателот на владата Љубчо Георгиевски упати писмо со повеќе социјални и економски барања.

 

Ванчо Муратовски нов претседател на ССМ
[23.03.2002] Ванчо Муратовски е нов претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија.

 

Пенов - Водовод треба да се приватизира
[24.03.2002] Министерството за финансии врши притисок врз раководството на водовод да го прифати проектот за приватизација на скопскиот водовод, обвинувајќи дека во спротивно ќе се наруши квалитетот на водата, тврди скопскиот градоначалник Ристо Пенов.

 

Велешки „Лозар“ ќе го тужи Андонов
[25.03.2002] Велешкиот агрокомбинат „Лозар“ ќе поднесе кривична пријава против директорот на агренцијата за приватизација Јован Андонов кој во извештајот по извршената контрола во јавноста изнел невистини и лаги.

 

Спорната приватизација на живинарската фарма од Гевгелија се префрла во скопскиот суд
[25.03.2002] 
За спорната продажба на живинарската фарма Гевгелија сега ќе расправа апелациниот суд во Скопје.

 

Што да се прави ако Југославија ги потрошила 600-те милиони долари?
[25.03.2002] Eдвај одмрзната лани, откако претходно десет години стоеше во место, поделбата на имотот на pоранешна СФРЈ, е на чекор до нова блокада.

 

Фасовци и денеска протестираат
[25.03.2002] Работниците од ФАС и денеска протестира пред министерството за финансии. Тие не отстапуваат од барањето отпремнините за загубените работни места да им се исплатат одеднаш, а не на рати. 

 

Застој во железничкото снабдување на македонската индустрија
[26.03.2002] Штрајкот на железничарите во Србија направи застој во снабдувањето на македонската индустрија со суровини. После шест дневно задржување, денеска еден воз со суровини е пропуштен од Србија во Македонија.

 

Отворен саемот „Мебел 2002“
[26.03.2002] Денеска во Скопје е отворен 28-миот Меѓународен саем за мебел, што ќе трае 5 дена.

 

Фасовци ја добија првата рата од отпремнината
[26.03.2002] Работниците од ФАС „11-ти Октомври“ денеска ја добија првата рата од отпремнината во износ од 8.900 денари што им следува по ликвидацијата на фабриката од пред два месеца.

 

„Тутунска банка“ за неколку месеци ќе тежи 34 милиони евра
[26.03.2002] „Тутунска банка“ до крајот на јуни годинава планира да ја реализира докапитализацијата од 7,5 милиони евра, што лани беше одложена поради воените дејствија.

 

Кредитна банка има ново име - Алфа банка
[27.03.2002] Кредитна банка од Скопје од вчера има ново име - Алфа банка. Одлуката за менување на името ја донесоа акционерите на вчерашното собрание на оваа банка во која доминантен сопственик од пред две години е грчката Алфа банк од Атина.

 

Седница заврши со утрдување на дневниот ред
[27.03.2002] Парламентот денеска не расправаше за барањето на синдикатот работниците од фирмите загубари, оние кои се во стечај или пак се ликвидираат да си обезбедат пензија ако имаат над 25 години стаж.

 

Децентрализација на локалната самоуправа
[27.03.2002] Под притисок на политиката не смеете да заговарате брза децентрализацијата на локалната самоуправа доведувајќи го во прашање квалитот на овој прoцес, им порачеле експертите на ММФ на владините преставници и експрти што вчера присуствува на состанокот за изготување на законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

 

Кипарската фирма Станмед Трејдинг купувач на САСА
[27.03.2002] Од четирите понуди за купување на рудникот САСА, избрана е кипарската фирма Станмед Трејдинг на грчкиот Митилинеос, која во потесниот круг имала подобра понуда од швајцарски Гленкор.

 

Царина за увоз на челик
[27.03.2002] Европската комисија денеска и официјално воведе царина за увоз на челик како контра мерка на неодамнешната одлука на американскиот претседател Џорџ Буш за зголемување на царините за увоз на челик.

 

„Макстил“ бара укинување на царините при увоз на челик
[28.03.2002] Македонските производители и извозници на челик ќе побараат од владата низ дипломатска офанзива да ја убеди Европската комисија за Македонија да не важат вчера воведените царини при увоз на челик.

 

Пратениците мува не ги лази за загубарите
[28.03.2002] Пратениците и денеска не расправаа за законот со кој на работниците со повеќе од 25 години стаж им се обезбедува пензија.

 

А1 најомилена телевизија во Македонија
[28.03.2002] А1 е најомилената телевизија на македонските граѓани, покажаа резултатите од истражувањето на јавното мислење што го спроведе Меѓународниот институт за демократија со седиште во Шведска.

 

33 акционерски друштва идната недела на продажба преку берза
[28.03.2002] Агенцијата за приватизација денеска објави список на 33 акционерски друштва во кои поседува акции, а кои веќе идната недела ќе бидат понудени на продажба преку берзата. Дел од нив ќе се нудат по прв пат, а за другите зголемен е попустот во цената.

 

Македонските фирми ќе котираат и на грчката берза
[28.03.2002] Во наредните неколку месеци за првпат македонски фирми ќе можат да се најдат на котација не само на македонската, туку и на атинската берза.

 

„Пајак службата“ во Скопје се продава
[28.03.2002] „Пајак службата“ во Скопје се продава. Четирите „пајак“ возила, заедно со паркингот на кој се оставаат подигнатите автомобили, четирите скопски паркинзи, како и дозволата за вршење на дејноста чинат 500 илјади евра како почетна цена.

 

Законот на загубарите политичка одлука на владата
[29.03.2002] Ако владата сака да го усвои законот со кој на работниците од загубарите со 25 години стаж им се гарантира паричен надомест до одењето во пензија, ќе мора да најде пари преку кратење на трошоците во буџетот или преку зголемување на приходите.

 

Водоводот не треба да се дава под закуп на странски оператор
[29.03.2002] Скопската водоводна мрежа е во добра кондиција и водоводот не треба да се дава под закуп на странски оператор. Ова е став на претстедателот на управниот одбор на градското јавно претпријатие „Водовод и канализации“, Тихомир Матевски.

 

Штрајкот на српските железничари го потресе македонското стопанство
[29.03.2002] Заврши штрајкот на железничарите во Србија. 29-те илјади вработени во српската железница од владата во Белград издејствуваа зголемување на платите за три проценти, што се толкува како своевиден компромис бидејќи штрајкувачите бараа 5 процентно поголеми плати.

 

„Инвест банка“ ориентирана кон малите и средни претпријатија
[29.03.2002] Македонското стопанство е преоптоварено со даноци, дефицитот во буџетот постојано се пополнува со дополнителни давачки. Реформите не се спроведуваат докрај, а одредени проекти завршуваат со спротивни ефекти.

 

Оставка на директорот на „Комунална хигиена“
[29.03.2002] Директорот на скопска „Комунална хигиена“, Пројко Деспотовски поднесе оставка на оваа функција, не сакајќи, како што вели, да стане пречка во нормалното одвивање на работата на претпријатието.

 

Казни за увезени возила без регистерски таблички
[29.03.2002] Сопствениците на увезените патнички моторни возила, со старост од 10 и повеќе години, покрај барањето за регистрација ќе треба да поднесат полиса за осигурување, но и доказ за техничка исправност на возилото, соопшти министерството за внатрешни работи.

 

„Месер“ очекува да го добие спорот околу „Лозар“
[29.03.2002] „Се надевам дека работниците од „Лозар“ и „Месер“ ќе го добијат судскиот спор околу приватизацијата на комбинатот“, изјави денеска Јохан Ринховер, регионален директор на „Месер“ за југоисточна Европа, кој е и официјалниот преставник на германскиот инвеститор во битолската фабрика.

 

Скопје и Тирана потпишаа договор за слободна трговија
[29.03.2002] Македонија и Албанија денеска во Тирана го потпишаа договорот за слободна трговија меѓу двете земји, што беше парафиран на 11-ти јануари годинава во Скопје.

 

Обид за нафтена криза во земјава?
[30.03.2002] Царинската управа го обвинува „Макпетрол“ дека внел во државава околу 100 илјади тони нафтени деривати без соодветна документација.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk