Дома Пријатели
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Ноември 2002

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 

АРХИВА: Свет, Ноември 2002


 

Момче преживеа 16 часови под урнатините на училиштето
[01.11.2002] Осумгодишниот Анџело измина 16 часови под урнатините, покрај своето мртво другарче, откако во земјотрес со јачина од 5.4 рихтери се урна локалното училиште во гратчето Сан Џулијано ди Пуља во Италија.

 

Педесет загинати во затвор во Мароко
[01.11.2002] Околу 50 затвореници загинаа, а 40 се повредени во пожарот што зафати затвор јужно од Рабат, соопштено е изутрината во главниот град на Мароко. Осуммина од поврените се во критична состојба.

 

Усогласувањето околу Ирак напредува
[01.11.2002] „Постојаните членки на Советот за безбедност на ОН се во насока на постигнување договор за новата резолуција за Ирак, и покрај останувањето на сериозните разлики“, изјави рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов.

 

Кремљ бара Масхадов да се ликвидира
[01.11.2002] Кремљ синоќа ги затвори можностите за мирно решавање на чеченскиот судир, соопштувајќи дека избраниот чеченски челник Аслан Масхадов, кој порано се сметаше за единствениот бунтовнички лидер со кого Москва може да разговара, треба да се ликвидира.

 

Нападот на Бали максимално планирана акција
[01.11.2002] Бомбашките напади на островот Бали биле внимателно планирана акција за да се предизвикаат максимален број на жртви, тврди австралиската полиција.

 

Ариел Шарон во обид да формира нова коалиција
[01.11.2002] Израелскиот премер Ариел Шарон изјави дека ќе се обиде да направи владина коалиција со ултра-десничарската Национална унија за да избегне распишување на нови избори.

 

Данска ќе го ослободи Ахмед Закаев
[02.11.2002] Данска предупреди дека ќе го ослободи Ахмед Закаев, еден од лидерите на чеченските сепаратисти, доколку Русија не достави повеќе информации за неговата вмешаност во терористички акции.

 

САД подготвени на измени во предлог резолуцијата за Ирак
[02.11.2002] САД се подготвени да направат измени во предлог резолуцијата и да му дадат на Ирак повеќе време да ги пријави хемикалиите што можат да бидат искористени во воени цели, а што се добиваат во нафтената индустрија, изјавија дипломатски извори.

 

Разговори за идната владата на Шарон
[02.11.2002] Формалните разговори за новата влада на Израел меѓу премиерот Ариел Шарон и можните партнери ќе започнат утре. Ултра-националистите, кои се спротивставуваат на трговијата земја за мир и ги подржуваат еврејските населби, се задоволни што ќе можат да влезат во владата.

 

Нови потреси во Италија
[02.11.2002] Нови потреси беа почувствувани рано изутрината во централна Италија, откако жителите ја поминаа ноќта во шаторскиот камп надвор од Сан Џулијано ди Пуља. Земјотресот имал јачина од 3,8 степени според Рихтер.

 

„Албанската мафија“ нова сила во британското подземје
[04.11.2002] „Албанските криминалци се новата растечка сила во британското подземје“, пишува денешен лондонски „Тајмс“ во коментарот посветен на наводниот план за грабнување на Викторија Бекам и нејзините два сина, подготвуван од група албански и романски државјани.

 

Нетанјаху ја прифати понудата на Шарон
[04.11.2002] Поранешниот премиер на Израел Бенџамин Нетанјаху ја прифати понудата на премиерот Ариел Шарон да и' се придружи на неговата влада како министер за надворешни работи, соопшти државното радио.

 

Серија земјотреси ширум светот
[04.11.2002] Најмалку 38 лица загинаа, а над 40-тина се повредени во серијата земјотреси ширум светот во изминатите денови. Илјадници семејства останаа без покрив над главата, а од неколку држави нема информации за евентуални жртви и материјалната штета.

 

Блискиот Исток поделен околу напад врз Ирак
[04.11.2002] Блискоисточните држави се поделени околу евентуален напад на САД врз Ирак. Додека Јордан и Саудиска Арабија предупредуваат дека агресивноста на САД поттикнува антиамерикански чувства кај Муслиманите, кувајтските власти се подготвуваат да го заштитат своето население во случај на војна во соседен Ирак.

 

Двајца загинати Израелци во самoубиствен напад
[05.11.2002] Во самоубиствениот напад извршен вчера навечер во израелскиот град Кфар Саба загинаа двајца Израелци, а најмалку 30 се повредени. Како што соопшти израелското радио, во нападот загинал и самоубиецот, а е предизвикана голема материјална штета.

 

Ирак ќе соработува со Советот за безбедност
[05.11.2002] Ирачкиот претседател Садам Хусеин изјави дека неговата земја би можела да соработува со Советот за безбедност на Обединетите Нации за нова резолуција, доколку таа не биде претходница на американската воена интервенција.

 

ЦИА убила членови на Ал Каеда во Јемен
[05.11.2002] Американската Централна разузнавачка служба со ракета лансирана од беспилотно летало убила во Јемен шест лица за кои се верува дека се припадници на терористичката мрежа Ал Каеда.

 

САД во изборна треска
[05.11.2002] Избирачите во САД денеска ги избираат сите 435 членови на Претставничкиот дом со двегодишен мандат, третина од сенаторите со шестгодишен мандат, како и претставници на локалните власти. Американците во 36 сојузни држави ќе избираат и гувернери.

 

Внатрешната контрола во ОН откри изгубени милиони
[05.11.2002] Најмалку 56 милиони долари буџетски средства би можеле да бидат потрошени на подобар начин, оцени Бирото на внатрешна контрола на Обединетите Нации во последниот извештај.

 

САД ќе соработуваат со новата влада на Турција
[05.11.2002] САД и' ја честитаа победата на Партијата на правдата и развојот на парламентарните избори, што во неделата се одржаа во Турција и изразија желба за тесна соработка со идната влада.

 

Повеќе од 200 лица затруени во Русија
[06.11.2002] 219 лица, меѓу кои 190 деца се хоспитализирани поради труење во јужниот регион на Русија, јави денеска агенцијата „Итар- Тас“.

 

Дванаесет загинати во пожар во патнички воз во Франција
[06.11.2002] Најмалку 12 лица загинаа, а девет се полесно повредени во пожарот што зафати два вагони на патничкиот воз што сообраќал од Париз за Виена преку Минхен. Несреќата се случила недалеку од станицата во Нанси во Франција.

 

Автобуска несреќа во Египет
[06.11.2002] Дваесет и девет лица загинаа, а 25 се повредени во автобуска несреќа што денеска се случи во околината на Каиро, кога автобус се судрил со камион на автопат.

 

Најмалку 10 загинати во авионска несреќа во Луксембург
[06.11.2002] Авион на компанијата „Луксеир“ денеска се урна во магла покрај аеродромот во Луксембург, при што загинале најмалку 10 лица, соопшти луксембуршката влада.

 

Новата резолуција за Ирак пред Советот за безбедност
[06.11.2002] САД денеска пред Советот за безбедност на Обединетите Нации би требало да ја претстават изменетата верзија на резолуцијата за Ирак, во надеж дека ќе биде усвоена до крајот на неделата.

 

Победа на републиканците во САД
[06.11.2002] Републиканската партија на претседателот Џорџ Буш освои 223 места во Претставничкиот дом, а во Сенатот сега ќе има 50 члена, велат првите неофицијални резултати од изборите во САД.

 

Џорџ Сорос на суд за малверзации
[07.11.2002] Американскиот милијардер Џорџ Сорос и тројца негови соучесници денеска ќе се појават пред судот во Париз, под обвинение за малверзации при неуспешниот обид за преземање на француската банка „Сосајт женерал“.

 

Шест загинати во авионска несреќа во Индонезија
[07.11.2002] Шест лица загинаа денеска при уривањето на мал патнички авион на индонезискиот остров Борнео, кратко по полетувањето, јавија индонезиските медиуми.

 

Предлог резолуцијата за Ирак ги содржи рускиот и францускиот став
[07.11.2002] Изменетиот текст на предлог резолуцијата за разоружување на Ирак што САД ја доставија до Советот за безбедност на Обединетите Нации содржи неколку дополнителни елементи во кои е земен во предвид рускиот и францускиот став. Европската Унија смета дека цел на резолуцијата мора да биде разоружувањето на Багдад

 

Најмалку шест повредени во судири во Индија
[07.11.2002] Пет лица биле повредени во судирите меѓу муслимани и хиндуси, додека едно се здобило со прострелна рана од полицијата во западната индиска држава Гуџарат, неколку часа пред почетокот на Рамазан.

 

Терористичкиот напад на Бали планиран на почетокот од годината
[07.11.2002] Терористичкиот напад на Бали од минатиот месец, во кој загинаа близу 200 лица, бил планиран на почетокот од годината во јужниот муслимански дел на Тајланд, за време на средба на претставници на терористичката мрежа Ал Каеда, тврди денеска весникот „Ејжан Вол стрит“ од Хонг Конг.

 

Уривањето на „фокерот“ можен терористички напад
[07.11.2002] Уривањето на авионот „Фокер-50“ во Луксембург во кој загинаа 20 лица, меѓу кои 15 германци, е можен терористички напад, се сомневаат германските власти, кои сметаат дека се работи за „мистериозно уривање“.

 

Гибралтар не сака поделен суверенитет
[08.11.2002] Жителите на Гибралтар не го прифатија предлогот за поделба на суверенитетот на поранешната колонија меѓу Велика Британија и Шпанија, покажаа официјалните резултати од референдумотот што се одржа вчера.

 

Конгрес на Комунистичката партија на Кина
[08.11.2002] „Партијата мора да држи чекор со времето“, изјави генералниот секретар на Комунистичката партија на Кина, Џијанг Цемин, во своето денешно обраќање на почетокот на седумдневната работа на 16-от партиски конгрес, прв што кинеските комунисти го одржуваат во новиот век.

 

Ал Каеда презеде одговорност за нападот на Бали
[08.11.2002] Ал Каеда ја презеде одговорноста за нападот извршен на 12-ти окотмври на островот Бали во Индонезија, се наведува на интернет страницата на оваа треористичка мрежа.

 

Сорос обвинет за финансиски малверзации
[08.11.2002] Во Париз започна судењето на меѓународниот финансиер Џорџ Сорос обвинет дека недозволено користел доверливи интерни информации за време на неуспешниот обид за преземање на една француска банка во 1988-мата година.

 

Советот за безбедност се` поблиску до резолуција за Ирак
[08.11.2002] Советот за безбедност на Обединетите Нации се очекува денеска да ја усвои американската предлог резолуција за Ирак, што уследи по постигнувањето на договор меѓу различните ставови околу ова прашање на Париз и Вашингтон.

 

Глобалистите на протест во Фиренца
[09.11.2002] На улиците на италијанскиот град Фиренца денеска маршираат меѓу 200 и 300 илјади луѓе кои протестираат против глобализацијата во време кога во трае петдневниот европски социјален форум.

 

Убиен милитант од Исламски Џихад
[09.11.2002] Еден припадник на радикалната палестинска организација Исламски Џихад убиен е изутрината во размената на оган со израелските војници.

 

Светот очекува одговор од Ирак
[09.11.2002] Ирак мора до наредниот петок, 15-ти ноември, да ги прифати условите кои ги диктира Резолуцијата 1441 на Обединетите Нации, која вчера едногласно беше усвоена од Советот за безбедност, за работата на инспекторите за оружје и треба да вети дека ќе соработува.

 

Терористичките закани и понатаму исклучително опасни
[09.11.2002] Официјалните служби за безбедност на САД и на уште 18 земји од светот денеска во Манила се договорија да ја зајакнат соработката и координацијата во борбата против меѓународниот тероризам.

 

Сеул бара од Пјонгјанг да се откаже од нуклеарната програма
[09.11.2002] Претседателот на Јужна Кореја Ким Дае Јунг денеска побара од Северна Кореја да се откаже од својата нуклеарна програма во интерес на постигнување траен мир на корејскиот полуостров.

 

Најмалку 25 повредени од пијан возач во Шпанија
[09.11.2002] Најмалку 25 лица се повредени, од кои четири потешко, кога пијан возач наишол на маса луѓе во градот Овиедо, во северна Шпанија, соопшти денеска полицијата.

 

Нема преговори со чеченските сепаратисти
[10.11.2002] Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека нема да има втор мировен договор со чеченските сепаратисти, и ги отфрли преговорите со лидерот на самопрогласената чеченска влада на Аслан Масхадов.

 

Уапсени осум службеници на аеродромот „Хитроу“
[10.11.2002] Британската полиција денеска уапси 8-мина работници од аеродромската служба, службата за обезбедување и авионските компании на аеродромот „Хитроу“ осомничени за илегално криумчарење на луѓе.

 

Буш се подготвува за војна против Ирак
[10.11.2002] Според медиумите, американскиот претседател Џорџ Буш, се подготвува за војна против Ирак. Лондонскиот „Сандеј телеграф“ објавува дека во евентуалната акција би учествувале 250 илјади американски војници.

 

Крај на самоубиствените бомбашки напади?
[10.11.2002] Вчера во Каиро претставници на органзацјата „Фатах“ на палестинскиот лидер Јасер Арафат преговараа со водачите на милитантното движење „Фатах“ со цел да се стави крај на самоубиствените бомбашки напади против израелците.

 

Одбележана годишнината од Кристалната ноќ
[10.11.2002] Еврејската заеница во Берлин, синоќа ја одбележа 64-годишнината од уништувањето на Синагогите и еврејските продавници во Германија во времето на нацистичкиот погром во тн. Кристална ноќ, на 9 ноември 1938 год. што се смета за предходница на Холокаустот.

 

Се урна руски воен хеликоптер во Чеченија
[11.11.2002] Руски воен хеликоптер „МИ-24“ се урна денеска при слетување во Чеченија, на 15 километри од Грозни. Екипажот успеал да се спаси пред хеликоптерот да се урне.

 

Комунистите во Кина решаваат за новото раководство
[11.11.2002] Највисокото раководство на кинеската Комунистичка партија денеска ја разгледуваат листата на кандидати од новата генерација политичари кои треба да го заменат досегашното раководство во земјата.

 

Три жртви на престрелките во Јордан
[11.11.2002] Најмалку три лица, од кои еден полицаец загинаа во вчерашните судири меѓу полицијата и припадниците на група исламски екстремисти во јорданскиот град Ман.

 

Ирак расправа за резолуцијата на ОН
[11.11.2002] Ирачкиот парламент денеска на вонредна седница расправа за резолуцијата на Обединетие Нации, со која Багдад се повикува да се разоружа. Наредбата за свикувањето на седницата вчера ја дал ирачкиот претседател Садам Хусеин.

 

Најмалку пет загинати во вооружен напад на Палестинец
[11.11.2002] Најмалку пет лица ги загубија животите, а повеќемина се ранети во нападот на еден вооружен Палестинец кој во текот на минатата ноќ упаднал во фармата Мецер на северот на Израел.

 

Авионска несреќа во водите на Тихиот Океан
[11.11.2002] Најмалку 14 лица загинаа во несреќата на филипинскиот патнички авион од типот „Фокер 27“, кој изутрината, непосредно по полетувањето, се урна во Манилскиот Залив, соопштија локалните власти.

 

Кубански пилот „слета“ во Мајами
[12.11.2002] Кубански пилот со жената, децата и најблиски роднини денеска беше принуден од американски борбени авиони да слета во Ки Вест во американската држава Флорида.

 

Решен проблемот со Калининград
[12.11.2002] Европската Унија и Русија го решија проблемот со руската балтичка енклава Калининград откако беше постигнат компромисен договор меѓу челниците на Унијата и рускиот претседател Владимир Путин.

 

Израелската армија навлезе во Тулкарем
[12.11.2002] Израелската армија изутрината навлезе во бегалскиот камп во Тулкарем по вчерашниот палестински напад врз една еврејска фарма, при што беа убиени петмина Израелци.

 

Најмалку 36 жртви на торнадо во САД
[12.11.2002] Најмалку 36 лица ги загубија животите, а голем број се повредени во торнадото кое во текот на вчерашниот ден го зафати источниот дел на САД.

 

Ирак најверојатно ќе ја одбие резолуцијата на ОН
[12.11.2002] Ирачкиот парламент денеска ја продолжува вонредната седница на која најверојатно ќе биде отфрлена резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации, со која Багдад се повикува да се разоружа.

 

Цемин нема повеќе да раководи со Кина
[13.11.2002] Шефот на кинеската Комунистичка партија и претседател на државата, Џијанг Цемин, како и уште петмина високи функционери не се кандидираа за реизбор на функциите на Конгресот на владеачката партија во Пекинг и најавија дека ќе се пензионираат.

 

Продолжен притворот на Закаев
[13.11.2002] Судот во Данска му го продолжи притворот на претставникот на лидерот на чеченските сепаратисти Ахмед Закаев за уште две недели.

 

Бин Ладен повторно во етерот
[13.11.2002] Арапска телевизија Ал Џезеира синоќа објави аудио-снимка во која лице за кое се тврди дека е Осама Бин Ладен ги предупредува сојузниците на САД околу „поддршката на бандата касапи од Белата Куќа“.

 

Нетанјаху ако биде премиер ќе го протера Арафат
[13.11.2002] Израелскиот министер за надворешни работи Бенјамин Нетанјаху доколку биде избран за премиер на земјата, ќе го протера палестинскиот лидер Јасер Арафат.

 

Ирак ја отфрли резолуцијата на ОН
[13.11.2002] Ирачкиот парламент со големо мнозинство гласаше против Резолуцијата 1441 на Советот за безбедност на ОН, а конечната одлука за документот му ја препушти на претседателот Садам Хусеин.

 

Снимката со Бин Ладен добиена од Пакистан
[14.11.2002] Новинарот на катарската телевизија Ал Џазира, која емитуваше наводна снимка на гласот на Осама бин Ладен, изјави дека касетата ја добил во Пакистан од еден од претставниците на водачот на Ал Каида.

 

Израелска акција во појасот Газа
[14.11.2002] Десетици израелски тенкови и оклопни возила изутрината навлегоа во јужните делови на појасот Газа, што се наоѓа под палестинска контрола, јавија западните медиуми повикувајќи се на палестински извори.

 

Ирак безусловно ја прифати резолуцијата 1441
[14.11.2002] Првата група на инспектори ќе пристигне во Ирак во понеделник на 18-ти ноември, потврди во Виена Меѓународната агенција за атомска енергија, веднаш откако Ирак ја прифати резолуцијата на ОН 1441.

 

Британците се плашат од Буш
[14.11.2002] Американскиот претседател Џорџ Буш претставува поголема опасност за мирот во светот отколку ирачкиот лидер Јасер Арафат, сметаат третина од испитаниците Британци.

 

Цемин го предаде лидерството на кинеските комунисти
[14.11.2002] Комунистичката партија на Кина денеска избра нов Централен комитет со 356 члена, меѓу кои 180 се потполно нови лица. Предавањето на лидерството на новите генерации беше поздравено од кинескиот претседател Џијанг Цемин.

 

Киднапирани двајца Руси во Чеченија
[14.11.2002] Двајца Руси вработени во Меѓународниот комитет на црвениот крст се киднапирани од вооружени лица во Чеченија, потврди денска организацијата од нејзиното седиште во Женева.

 

Откриени планови за диверзија на Самитот на НАТО во Прага
[14.11.2002] Чешката полиција денеска соопшти дека успеала да спречи акција со која би се прекинало доставувањето електрична енергија во еден кварт во Прага, за времена Самитот на НАТО што се одржува следниот викенд.

 

Напад на маоистите врз владините сили во Непал
[15.11.2002] Најмалку 34 полицајци загинаа во синоќешниот напад на маоистичките герилци врз полициската станица во реонот Горк, 95 километри западно од главниот непалски град Катманду.

 

Блер демантира наметнување нова Влада во Ирак
[15.11.2002] Британскиот премиер Тони Блер ги негираше гласините дека меѓународната заедница планира на Ирак да му наметне влада што ќе ја сочинуваат противниците на ирачкиот претседател Садам Хусеин, кои сега живеат во егзил.

 

Доделени наградите на MTV
[15.11.2002] Музичката sвезда Еминем освои три награди на вчерашниот избор на MTV награди за најдобар машки изведувач, најдобар хип-хоп изведувач и за најдобар албум, додека Кајли Минок е прогласена за најдобра поп пејачка и најдобар денс изведувач.

 

Експлозија на бомба во јужен Пакистан
[15.11.2002] Најмалку две лица загинаа, а девет се ранети во експлозијата на бомба што изутрина се случи во патнички автобус во јужен Пакистан, соопшти полицијата.

 

Ху Џинтао нов шеф на комунистите во Кина
[15.11.2002] Ху Џинтао денеска е назначен за нов претседател на кинеската Комунистичка партија и ќе го предводи деветчленото тело чие мнозинство и натаму го сочинуваат сојузници на неговиот претходник Џијанг Цемин.

 

Американски авиони бомбардираа во Авганистан
[15.11.2002] Американски воени авиони изутрината бомбардираa позиции на терористите кои во текот на вчерашната ноќ нападнале две бази во југоисточниот дел на Авганистан.

 

Лукашенко непожелен на Самитот во Прага
[16.11.2002] Чешката Република одби да му даде виза на белорускиот претседател Александар Лукашенко за престојниот самит на НАТО во Прага.

 

Хусеин се подготвува за азил во Либија
[16.11.2002] Ирачкиот претседател Садам Хусеин во случај на воена интервенција против Ирак планира со своето семејство и соработниците да замине во Либија, каде што би побарал политички азил, објави денеска весникот „Тајмс“.

 

Штрајк на новинарите во Италија
[16.11.2002] Италијанските новинари денеска стапија во штрајк поради прекинот на преговорите меѓу Синдикатот на новинарите и Сојузот на издавачи во врска со новинарските барања за поголеми уплати во пензиските фондови.

 

Евакуирани 11 илјади поради ерупција на Папандајан
[16.11.2002] Околу 11.000 жители на индонезиската провинција Западна Јава денеска беа евакуирани од своите домови, поради ерупцијата на вулканот Папандајан, кој се наоѓа 200 километри југоисточно од Џакарта, што започна во понеделникот.

 

Израел повеќе нема да преговара со Палестинците
[16.11.2002] Најмалку 12 Израелци се убиени, а 15 се ранети во синоќешниот палестински напад во градот Хеброн, на Западниот Брег. Според израелската полиција, неколку палестински екстремисти вооружени со автоматски пушки и рачни бомби нападнале група израелски доселеници.

 

Ал Каеда подготвува спектакуларна акција
[16.11.2002] Терористичката мрежа Ал Каеда би можела да изврши спектакуларна акција со цел да предизвика голем број жртви и да и` нанесе голема штета на американската економија, предупреди денеска американското Федерално истражно биро.

 

Израелските сили ја шират контролата врз градот Хеброн
[17.11.2002] Изреалските сили за безбедност денеска уапсија неколку десетици палестинци и ја презедоа контролата врз неколку стратешки објекти во градот Хеброн на Западниот брег.

 

Германија обезбеди вакцини против биолошки напад
[17.11.2002] Германија обезбеди околу 100 милиони вакцини против вариола со цел да изврши вакцинација на целото население во случај на евентуален терористички напад со биолошко оружје, пишува германскиот неделник „Фокус“.

 

Инспектори на ОН од утре во Ирак
[17.11.2002] Двајца врвни воени инспектори на ОН задолжени за разоружување заминаа денеска за Кипар од каде ќа ја продолжат својата историска мисија за Ирак, во нова проценка за тоа дали Садам Хусеин располага со програма за оружје за масовно уништување.

 

Заложничка драма во Шпанија
[18.11.2002] Едно вооружено лице држи како заложници 25 деца и нивниот наставник во едно училиште, во близина на североисточниот шпански град Барселона, јави денеска шпанското радио.

 

Поранешен италијански премиер осуден на 24 години затвор
[18.11.2002] Поранешниот италијански премиер Џулио Андреоти е осуден на 24 години затвор за вмешаност во убиството на Мино Пекорели во 1979-та година.

 

Над деведесет починати од студот во Москва
[18.11.2002] Деведесет и едно лице го загубија животот како последица од студот и исклучително ниските температури што деновиве ја зафатија Москва.

 

Загинаа двајца руски полицајци во Грозни
[18.11.2002] Двајца руски полицајци загинаа, а други двајца се повредени во главниот чеченски град Грозни, при руска акција за пронаоѓање на лицата одговорни за убиството на генералот Игор Шифрин.

 

Спречен обид за киднапирање авион
[18.11.2002] Израелското обезбедување спречи грабнување на авион на компанијата „Ел Ал“ на линијата Тел Авив - Истанбул. Според безбедносните официјални лица, киднаперот, израелски Арап, бил вооружен со нож и се обидел да влезе во пилотската кабина обезбедена со двојна врата.

 

Инспекторите отпатуваа за Ирак
[18.11.2002] Шефот на инспекторите за оружје на Обединетите Нации Ханс Бликс и тим од 30 лица денеска отпатуваа во Ирак, каде што треба да ја продолжат пред четири години прекинатата мисија за инспекција на вооружувањето на Багдад.

 

Повредени двајца Палестинци и камерман на „Ројтерс“ во израелска акција
[18.11.2002] Две палестински официјални безбедносни лица и камерман на агенцијата „Ројтерс“ полесно се повредени рано изутрината кога израелски хеликоптери и тенкови го гаѓаа со проектили штабот на палестинската Служба за превентивна безбедност во Газа.

 

Шпанската полиција го совлада киднаперот
[19.11.2002] Четиричасовната заложничка драма во училиштето во близина на Барселона заврши синоќа откако шпанската полиција успеа да го совлада и приведе киднаперот, соопшти министерството за внатрешни работи на Шпанија.

 

Ширењето на НАТО на Исток во интерес на САД
[19.11.2002] Приемот на седум нови членки од Источна Европа во НАТО е во суштина американски политички проект, што на Вашингтон, преку Балканот, ќе му даде отскочна даска за Блискиот Исток и со нафта богатиот Касписки басен, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“, осврнувајќи се на престојниот самит на НАТО во Прага.

 

Јавноста знае многу малку за ефектите од проширувањето на ЕУ
[19.11.2002] Европската Унија засега успешно ја избегна опасноста да биде блокирано проширувањето поради финансиски проблеми, постигнувајќи само политички договор околу целиот процес, тврдат аналитичари кои ги следат процесите во Унијата.

 

Пентагон предлага обновување на нуклеарните проби
[19.11.2002] Американското Министерство за одбрана од членовите на Советот за нуклеарно оружје побарало да ја разгледаат можноста за обновување на нуклеарните проби што беа стопирани пред десет години.

 

Над 30 американски војници загинаа во Авганистан
[19.11.2002] Најмалку 30 припадници на американските специјални сили во Авганистан загинале во два одделни инциденти во југоисточниот дел на земјата.

 

Се преполови танкер со мазут на шпанскиот брег
[19.11.2002] Танкерот, од кој во изминативе денови истекуваше мазут во близината на шпанскиот брег, се преполови на две, соопштија официјални лица.

 

Напредок во разговорите со ирачките власти
[19.11.2002] „Постигнат е напредок во разговорите со претставниците на ирачките власти“, изјави шефот на инспекторите на Обединетие Нации за контрола на оружјето, Ханс Бликс по пристигнувањето во Багдад.

 

Американски авиони возвратија на оган од ирачки ракети
[19.11.2002] Американските воени авиони возвратија на огнот од ирачките анти-воени ракети, што според американски официјални лица претставува материјално прекршување на  најновата резолуција на Советот за безбедност на ОН, но не е доволно сериозна за започнување војна.

 

Историјат на Алијансата
[20.11.2002] НАТО е формиран на 4-ти април 1949-та година врз основа на Северноатланската спогодба, со која беше оформен сојузот за колективна одбрана, како што е дефиниран со Конститутивната декларација на Обединетите Нации.

 

Израелски војници убија двајца Палестинци
[20.11.2002] Израелски војници рано изутрина убиле двајца палестински активисти во појасот Газа, јави израелското радио, кое наведе дека инцидентот се случил откако војниците се обиделе да влезат во еврејската населба Кфар Даром.

 

Реорганизација во американската извршна власт
[20.11.2002] Американскиот Сенат синоќа го усвои Законот за државна безбедност, со кој започнува најголема реорганизација на извршната власт во САД од 1947-мата година.

 

Ирак ветил дека ќе соработува со инспекторите на ОН
[20.11.2002] „Ирачките претставници цврсто ветија дека ќе соработуваат со инспекторите за контрола на вооружувањето, чија мисија започнува следната недела“, изјави шефот на инспекторската мисија на Обединетие Нации, Ханс Бликс по посетата на Багдад, истакнувајќи дека водел конструктивни разговори со ирачките претставници.

 

САД бараат коалиционери за напад на Ирак
[21.11.2002] САД почнаа консултации со околу 50 земји за евентуалното учество во воената акција против Ирак, доколку Вашингтон одлучи да формира коалиција, се дознава во Стејд Департментот.

 

НАТО се прошири кон Исток и ги остави вратите отворени
[21.11.2002] „Македонија останува во предвид за идно членство во НАТО“, тоа е заклучокот за Македонија во декларацијата од Прашкиот самит, каде Словенија, Словачка, Естонија, Летонија, Литванија, Романија и Бугарија денеска и официјално беа поканети да и се придружат на Северно-атлантската алијанса.

 

Најмалку 11 жртви во експлозија на бомба во Ерусалим
[21.11.2002] Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 45 се повредени рано изутрината во самоубиствен напад во автобус во Ерусалим, соопшти израелската полиција.

 

Евросилите оперативни најдоцна до јуни следната година
[21.11.2002] „Европските сили за брза интервенција ќе бидат оперативни и ставени во функција, најдоцна до јуни следната година, кога завршува грчкото претседателство со Европската Унија“, изјави грчкиот министер за одбрана Јанос Папантониу, по вчерашната средба во Брисел со високиот европски претставник Хавиер Солана.

 

Повеќе од сто загинати во улични демонстрации во Нигерија
[22.11.2002] Повеќе од сто лица се убиени во претежно муслиманскиот град Кадун на северот на Нигерија, во бранот улични демонстрации против престојниот избор на мис на светот.

 

Кучма иако непожелен присуствуваше во Прага
[22.11.2002] Украинскиот претседател Леонид Кучма денеска бил критикуван од медиумите заради неговото присуство на самитот во НАТО, иако бил непожелен во Прага, додека украинскиот министер за надворешни работи инсистирал дека Киев сака да и' се придружи на Алијансата и покрај контраверзите во врска со продажбата на украинско оружје на Ирак, за што САД вината му ја припишаа лично на Кучма.

 

Акција на израелската армија во Витлеем
[22.11.2002] Израелските трупи и оклопни возила рано утрово навлегоа во Витлеем. Во потрага по милитанти тие детално го пребаруваа бегалскиот камп до градот.

 

Осомничениот за нападот на Бали ја призна вината
[22.11.2002] Осомничениот за организирање на бомбашкиот напад на Бали ја призна одговорноста за тој и за уште неколку други инциденти во Индонезија во изминатите две години, соопшти началникот на индонезиската полиција, генерал Да и Бахтијар.

 

Спречен обид за киднапирање авион
[22.11.2002] Еден 25-годишен марокански жител ноќеска се обидел да го киднапира авионот на „Ер франс“ кој летал од Монтреал за Париз.

 

Самитот на НАТО заврши со скандал
[22.11.2002] Самитот на НАТО и земјите од Партнерството за мир во Прага денеска заврши со инцидент. На крајот на завршната конференција за новинари, на генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон две лица му пријдоа и фрлија кон него домати, а според други, балони наполнети со вода.

 

Северна Кореја ќе ја запре употребата на американските долари
[23.11.2002] Комунистичката Северна Кореја ќе ја запре употребата на американските долари од идниот месец, јавува кинеската агенција Хсинхуа. Одлуката уследила по забраната за испорака на нафта на Пјонгјанг од страна на САД.

 

Загинати седум индиски војници во Кашмир
[23.11.2002] Најмалку седум индиски војници загинаа, а повеќемина се повредени откако денеска муслимански екстремисти амтивираа мина на автопатот Шринагар - Џаму во Кашмир додека поминувал конвој на индиската армија.

 

Ранети четворица израелски војници
[23.11.2002] Четворица израелски војници се ранети изутрината кога во близината на брод на морнарицата експлодирал еден палестински рибарски чамец, соопшти израелската војска.

 

Прва посета на американски претседател на Литванија
[23.11.2002] „Пристапувањето на Литванија кон НАТО ќе ја зајакне Алијансата и ќе го закрепне нејзиниот дух“, изјави денеска американскиот претседател Џорџ Буш, првиот американски шеф на држава што ја посетил Литванија.

 

Мис на светот од Нигерија се сели во Лондон
[23.11.2002] Во нигерискиот град Кадуна денеска повторно жестоко се судрија групи муслимани и христијани, и покрај одлуката на организаторите на изборот на Мис на светот манифестацијата да биде одржана во Лондон, наместо во главниот град на Нигерија, Абуџа.

 

Камионџиите најавуваат блокади во Франција
[24.11.2002] Синдикатите на камионџиите се подготвуваат за штрајк со блокирање на патиштата и бензинските пумпи во Франција. Преговорите меѓу работодавците и синдикатите најверојатно нема да дадат никакви резултати.

 

Над 200 жртви од нередите во Нигерија
[24.11.2002] По крвавите судири во Нигерија, во кои неделава загинаа над 200 лица, организаторите вчера решија, во интерес на Нигеријците и кандидатките избор на Мис на светот, манифестацијата се сели од Нигерија во Британија.

 

Предвремени парламентарни избори во Австрија
[24.11.2002] Во Австрија се отворени гласачите места, со што започнаа вонредните парлментарни избори. Околу 6 милиони Австријци со право на глас бираат 183 пратеници кои ќе бидат дел од идниот парламент во земјата.

 

Технички подготовки на инспекторите во Ирак
[24.11.2002] Техничките тимови на ОН ги интензивираат подготовките воочи пристигнувањето на инспекторите за контрола на вооружувањето во Багдад.

 

Се запали танкер со 20 илјади тони течен гас
[24.11.2002] Tанкер кој носи 20 илјади тони течен гас „Петролеј“ се запали во кинеските води близу Хонг Конг. Официјални лица соопштија дека 34-члената посада на бродот е спасена, но дека танкерот и понатаму гори и постои опасност гасот да експлодира.

 

Пакистан се залага за подобри односи со Индија
[25.11.2002] Новата пакистанска влада даде до знаење дека подобрувањето на односите со соедна Индија го смета за свој главен приоритет.

 

Конзервативците со победа на изборите во Австрија
[25.11.2002] Народната партија на Австрија победи на вчерашните вонредни парламентарни избори, освојувајќи 42,27 нато, односно 79 места во парламентот на земјата.

 

ОН лути поради убиството на Британецот во Израел
[25.11.2002] Обединетите Нации изразија лутина по убиството на нивниот претставник од страна на израелските војници на Западниот Брег, откако армијата презеде силна акција во знак на одмазда за бомбашкиот напад во Ерусалим.

 

Петнаесет загинати во инцидент во хиндуистички храм
[25.11.2002] Билансот на загинати во вчерашниот напад на муслиманските екстренисти врз хиндуистички храм во Кашмир се зголеми на 15 лица, јавуваат индиските медиуми.

 

Повик до светските лидери да избегнат војна со Ирак
[25.11.2002] Повеќе од 300 угледни личности и групи, меѓу кои и пратеници од Лабуристичката партија на британскиот премиер Тони Блер и на Англиканската црква, денеска го повикаа американскиот претседател Џорџ Буш и другите светски лидери да избегнат војна со Ирак.

 

Американските бази мета на молотови коктели
[25.11.2002] Американската воена база Камп Греј во Сеул денеска била нападната со молотови коктели од страна на јужнокорејски демонстранти. Непознати вооружени напаѓачи истрелале повеќе проектили и врз две американски воени бази во централен и источен Авганистан, нанесувајќи материјална штета без човечки жртви.

 

Буш го потпиша законот за суперминистерството
[26.11.2002] Претседателот на САД Џорџ Буш го потпиша законот за формирање на новото министерство за внатрешна безбедност и најави дека со него ќе раководи Том Рикс.

 

Седум загинати во инциденти во Кашмир
[26.11.2002] Седум лица загинаа во три одделни инциденти во текот на ноќта во Кашмир, соопштија полициски извори.

 

Уапсени 30 палестински милитанти
[26.11.2002] Израелските војници на Западниот Брег привеле 30 сомнителни палестински милитанти, вклучувајќи и висок функционер во оруженото крило на движењето на палестинскиот лидер Јасер Арафат, Фатах, соопшти денеска израелското радио.

 

Украина испорачувала оружје за Ирак
[26.11.2002] Украина најверојатно преку посредници му испорачала на Ирак софистицирани радарски системи, се вели во синоќа објавениот извештај на американските и британските истражувачи.

 

Немирите во Нигерија меѓународна завера
[26.11.2002] Армијата и полицијата на Нигерија денеска успеаја да воведат ред и мир на улиците на градот Кадуна, каде во христијанско-муслиманските судири, кои избија поради одржувањето Мис на светот во земјата, загинаа најмалку 220 лица, а 30.000 се иселија привремено од градот.

 

Уапсен организаторот на Ал Каеда за Европа
[26.11.2002] Француската полиција соопшти дека го уапсила Слиман Кхалфауи во Сен Сан Дени, по кого е во потрага веќе осум години, a кој е типичен прототип на елитните борци на Ал Каеда.

 

САД забранија издавање визи за Лукашенко
[27.11.2002] САД синоќа забранија издавање туристички визи за претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко и за уште седуммина високи претставници на неговата Влада.

 

Судири во палестинските автономни области
[27.11.2002] Најмалку петмина Палестинци ги загубија животите, а повеќе од 20 се уапсени во акцијата на израелската војска на Западниот Брег. Според палестински извори, меѓу убиените се и двајца високи претставници на бригадите Ал Акса, како и на движењето Фатах.

 

Инспекторите ја започнаа мисијата во Ирак
[27.11.2002] Инспекторите за контрола на оружјето на Обединетие Нации изутрината ја започнаа првата инспекција во Ирак. Првата мисија по четиригодишна пауза, инспекторите ја започнале во воен објект во непосредна близина на Багдад.

 

Новинарката на текстот за Мисот побегна од Нигерија
[27.11.2002] Нигериската новинарка Исиоме Даниел денеска ја напушти земјата, откако вчера беше осудена на смрт поради богохулништво од страна на исламските шетијатски власти во една нигериска сојузна држава.

 

Смртоносна треска во Конго
[27.11.2002] Повеќе од 500 лица од кои голем број деца починаа од треската која владее во источниот дел на Конго, на подрачјето под контрола на бунтовниците.

 

Полицијата демантираше постоење на план за убиство на Путин
[27.11.2002] Московската полиција ги негира тврдењата на печатот дека бил подготвуван атентат против рускиот претседател Владимир путин кога се враќал вчера дома, известува новинската агенција „Риа-новости“.

 

Уапсен еден од најбогатите Кинези
[27.11.2002] Кинеските власти формално го уапсија еден од најбогатите луѓе во земјата, Јанг Бин. Тој е холандски државјанин со кинеско потекло, кој богатството го стекнал тргувајќи со орхидеи и градежно земјиште.

 

Првото клонирано бебе ќе се роди на почетокот на следната година
[27.11.2002] Првото клонирано бебе ќе се роди на почетокот на јануари следната година, најави италијанскиот експерт за вештачко оплодување Северино Антонини.

 

Нови апсења на Западниот Брег
[28.11.2002] Припадници на израелската армија изутрината уапсија шестмина млади палестински милитанти во Џенин на северниот дел на Западниот Брег, се дознава од палестински безбедносни извори.

 

Терористички напад врз Израелци во Кенија
[28.11.2002] Најмалку 12 Израелци денеска ги загубија животите, а исто толку се повредени во два последователни напади во Кенија, за кои официјалните претставници немаат објаснување кои се мотивите што државјаните на Израел беа цел на напаѓачите.

 

Пакистан ја повлекува војската од границата со Индија
[28.11.2002] Пакистанската армија денеска почнала да ги повлекува своите трупи од границата со Индија, по повеќе од десет месеци затегнатост меѓу двете нуклеарни сили кои долж заедничката границата распоредија околу милион војници.

 

Хенри Кисинџер ќе го испитува 11. септември
[28.11.2002] Поранешниот шеф на американската дипломатија, 79-годишниот нобеловец, Хенри Кисинџер од денeска се наоѓа на чело на долгоочекуваната независна комисија која треба да испита зошто американската Влада не успеа да ги спречи нападите на 11-ти септември, во кои загинаа повеќе од три илјади луѓе.

 

Затворени амбасадите на Австралија и Канада на Филипините
[28.11.2002] Австралија и Канада ги затворија амбасадите во главниот град на Филипините, Манила, по примањето, како што ги опишаа официјалните лица, специфични и уверливи закани за можни терористички напади.

 

Инспекторите продолжуваат со работа
[28.11.2002] Инспекторите во мисијата на Обединетите Нации за разоружување на Ирак изутрината непречено влегоа во една фабрика недалеку од Багдад, јавуваат агенциите.

 

ЕУ ги утврди казните за криумчарење луѓе
[29.11.2002] Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската Унија, на состанок во Брисел, ја усвоија заедничката политика околу затворските казни за лицата осудувани за криумчарење на луѓе.

 

Уапсени 12 осомничени за бомбашкиот напад во Кенија
[29.11.2002] Кениската полиција упаси 12 лица за кои постои сомневање дека се поврзани со вчерашниот самоубиствен бомбашки напад во Момбаса, во кој загинаа 12 лица, а 80 беа повредени.

 

Шарон повторно лидер на „Ликуд“
[29.11.2002] Израелскиот премиер Ариел Шарон повторно е избран за водач на десничарската партија „Ликуд“, победувајќи го својот главен противкандидат, министерот за надворешни работи Бенџамин Нетанјаху.

 

Инспекторите ги сумираат првите резултати
[29.11.2002] Експертите за оружје на Обединетите Нации денеска нема да вршат контроли на нови локации во Ирак, туку ќе прават преглед на собраните материјали во изминатите два дена.

 

Израел ги предупреди граѓаните на опасност од напади
[30.11.2002] Израел ги предупреди своите државјани на опасност од терористички напади во неколку африкански и азиски земји, јавија западните агенции. Засега не е утврдено дека било кој од осомничените за нападот во Кенија е поврзан со терористичката мрежа Ал Каида, иако оваа организација и исламистичката група Ал-Итихад ал-Исламија се први на листата осомничени.

 

Пет лица замрзнаа во Москва
[30.11.2002] Пет лица во Москва починаа во изминатите 24 часа од студ, со што бројот на замрзнати московјани оваа зима се искачи на 106, јавија руските агенции.

 

Нова нафтена дамка на шпанското крајбрежје
[30.11.2002] Голема дамка на нафта излеана од либерискиот танкер „Престиж“ се приближи на околу 30 километри од брегот на Галиција, покраина на северозападот на Шпанија, која се заканува со ново, уште поголемо загадување на брегот.

 

Нападнати француски сили во Брегот на Слоновата Коска
[30.11.2002] „Француските војници во Брегот на Слоновата Коска се под удар на бунтовниците во близина на Бонголо, на западот на земјата“, изјави портпаролот на француските сили Анж Антоан Леција.

 

Протест против учеството на Австралија во напад врз Ирак
[30.11.2002] Речиси 15 илјади лица протестираа денеска во Сиднеј против учеството на Австралија во евентуален воен напад врз Ирак, што би го предводеле САД.

 

Најмалку седум загинати во Кашмир
[30.11.2002] Најмалку седум лица загинаа, а десетина се повредени денеска во сепаратистичкото насилство во индискиот дел на Кашмир, јавија локалните гласила.

 

Уапсен командантот на „Маченици на Ал Акса“
[30.11.2002] Израелските сили во акцијата во Рафидија на Западниот Брег го уапсија командантот на радикалната група „Маченици на Ал-Акса“, Маџиџ ал-Масри, соопштија извори од групата.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk