Дома Лудиот град
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > Свет > Архива > Октомври 2002

 

 A1 mail листа

 A1 на PDA

 A1 на WAP

Фудбалски резултати и статистики
 

АРХИВА: Свет, Октомври 2002


 

Ал Каеда и натаму претставува смртоносна опасност
[01.10.2002] Терористичката мрежа Ал Каеда и покрај меѓународните настојувања за нејзино сузбивање и натаму добива финансиска подршка и претставува смртоносна опасност се вели во вчера објавениот извештај на Обединетите Нации.

 

Израелската војска ги зазеде позициите пред штабот на Арафат
[01.10.2002] Израелската војска во текот на изминатата ноќ повторно ги зазеде позициите пред остатоците на главниот штаб на палестинскиот лидер Јасер Арафат во Рамалах, 48 часа откако под американски притисок ја прекина блокадата.

 

Пауел побара инспекторите да го одложат враќањето во Ирак
[01.10.2002] Американскиот државен секретар Колин Пауел побара од инспекторите на Обединетите Нации за разоружување своето евентуално враќање во Ирак да го одложат се додека не биде усвоена нова резолуција на Советот за безбедност, со која треба да се утврди нов режим на инспекции на оружје во Ирак.

 

Се урна автобус во провалија во Гватемала
[01.10.2002] Најмалку 47 лица загинале во уривањето на автобус од планински пат во река во западна Гвателама, соопштија синоќа локалните власти.
Шефот на локалната полиција соопшти дека спасувачите извлекле 14 тела, а се верува дека уште намалку 33 се заглавени во автобусот.

 

Најмалку пет загинати во Кашмир
[01.10.2002] Најмалку пет лица без убиени, а 12 повредени во денешниот напад на исламски екстремисти на еден автобус во индискиот дел на Кашмир, каде се одржува третиот круг избори, соопшти полицијата.

 

Компромис меѓу ЕУ и САД за Меѓународниот кривичен суд
[01.10.2002] Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија усвоија компромис со кој треба да се оконча спорот по повод барањето на САД американските државјани да бидат изземени од ингеренциите на постојаниот Меѓународен кривичен суд со билатерални договори со поедини земји.

 

Загинаа 22 руански војници во Конго
[01.10.2002] Најмалку 22 руандски војници загинаа во сообраќајна несреќа при повлекувањето од Демократска Република Конго, а уште четворица војници на Руанда беа убиени во заседа поставена од бунтовниците на бурундиското движење ФДД.

 

САД задоволни од ставот на ЕУ кон Меѓународниот казнен суд
[02.10.2002] Ставот на Европската Унија за Меѓународниот кривичен суд е позитивен и конструктивен, оценија САД, додавајќи дека со него се отвара можност за билатерално склучување договори за пружање имунитет на некои американски државјани пред Судот.

 

ОН и Ирак постигнаа согласност за враќање на инспекторите
[02.10.2002] Претставниците на Обединетите Нации и Ирак ги разгледаа прашањата од важност за враќање на инспекторите. Багдад се согласува да ги почитува сите права на инспекцијата предвидени со сите релевантни резолуции на Советот за безбедност.

 

Најмалку десет загинати во експлозија во Кашмир
[02.10.2002] Најмалку десет лица загинаа, а 22 беа повредени во оружен напад и во експлозија на две бомби, што се случија денеска во индискиот дел на Кашмир, за најверојатно се одговорни екстремните муслимани.

 

Уапсени 80 шверцери со луѓе во Италија
[02.10.2002] Италијанската полиција денеска во голема операција против организираното криумчарење на луѓе, помогната од Европол, ширум земјата уапси 80 лица.

 

Арафат не го признава Ерусалим за главен град на Израел
[03.10.2002] „Новиот американски закон според кој Ерусалим се признава за главен град на Израел е катастрофален“, изјави палестинскиот лидер Јасер Арафат.

 

За САД пристапот на ЕУ кон Казнениот суд е позитивен
[03.10.2002] Пристапот на ЕУ по прашањето на американскиот воен и цивилен персонал за јурисдикцијата на Меѓународниот казнен суд е позитивен и конструктивен, оцени американскиот Стејт Департмент, додавајќи дека се уште постојат определени резерви што САД ќе ги изнесат во преговорите со владите на Унијата.

 

Буш: „Ирак има ограничен рок да се покори на резолуцијата на ОН“
[03.10.2002] „Ирак има ограничен рок да и се покори на резолуцијата на ОН во која се бара од Багдад да го сопре спроведувањето на програмата за развој на оружје за масовно уништување“, изјави американскиот претседател Џорџ Буш, нагласувајќи дека употребата на сила би можела да стане неизбежна.

 

Анан на разговори со лидерите на поделениот Кипар
[03.10.2002] Генералниот секретар на ОН Кофи Анан денеска во Њујорк треба да ги започне дводневните разговори со челниците на поделениот Кипар, во надеж дека ќе дојде до напредок во врска со преговорите за повторно обединување на медитеранскиот остров, пред Европската унија да го покани Кипар во членство.

 

Прага 2002 - предизвик и промена за НАТО
[03.10.2002] Меѓународна конференција под назив „Прага 2002 - предизвик и промена за НАТО“, во организација на Прекуатлантскиот центар на германскиот Маршалов фонд во САД, ќе се одржи денеска во Брисел.

 

Шпанската полиција откри склад со оружје на ЕТА
[03.10.2002] Шпанската полиција која се бори против баскиската сепаратистичка организација ЕТА, откри склад на оружје со 30 килограми експлозив, откако последните денови беа уапсени седум осомничени соработници на ЕТА.

 

Се урна борбен авион во Јужна Кореја
[04.10.2002] Борбен авион на јужнокорејските воздушни сили од типот „Ф4-Е Фантом“ се урна денеска за време на тренажен лет, а двајцата пилоти успеаја на време да се катапултираат, соопшти министерството за одбрана во Сеул.

 

Грузија и предаде на Русија група чеченски бунтовници
[04.10.2002] Грузија, пред претстојните разговори на претседателите Едвард Шеварнадзе и Владимир Путин за напнатоста на границата, и предаде на Русија група чеченски бунтовници, соопшти денеска официјален претставник на владата во Тбилиси.

 

Вашингтонската полиција во потера по убијци на пет луѓе
[04.10.2002] Вашингтонската полиција со помош на граѓаните и медиумите се обидува да фати двајца мажи, најверојатно црнци, за кои постои основано сомнение дека ноќта во четвртокот, во период од само 15 часови, убиле петмина луѓе.

 

Буш ќе ги заобиколи ОН за напад врз Ирак
[04.10.2002] Американскиот претседател Џорџ Буш ќе ги заобиколи Обединетите Нации, доколку не успеат да го разоружаат Ирак и предупреди дека ќе ја предводи коалицијата против Багдад, ако Садам Хусеин не го предаде хемиското, биолошкото и нуклеарно оружје.

 

Новите членки ќе и се придружат на ЕУ во 2004?
[04.10.2002] Идната недела Европската комисија ќе предложи десетте земји кандидати да и' се приклучат на Европската Унија во 2004-та година. Комисијата нема да го прецизира датумот за започнување на разговорите за пристап на Турција, соопштија официјални извори.

 

Пукотници пред седиштето на ОН во Њујорк
[04.10.2002] Еден маж вчера истрела неколку куршуми во воздух пред седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, но во пукотницата немаше повредени, јавуваат западните агенции, повикувајќи се на очевидци. Мажот се наоѓа во притвор и засега нема информации за тоа што го предизвикало да пука во воздух.

 

Евровојската ќе биде оперативна во 2003 година
[05.10.2002] Министрите за одбрана на ЕУ денеска го завршуваат дводневниот неформален состанок на грчкиот остров Крит на кој беше разгледано прашањето за ставот на ЕУ во врска со евентуалната интервенција на САД врз Ирак, како и за проблемите во врска со формирањето и финансирањето на евровојската.

 

Парламентарни избори во Латвија
[05.10.2002] Граѓаните на поранешната советска република Латвија денеска почнаа да го избираат својот иден парламент, кој треба да обезбеди влез на земјата во Европската Унија и во НАТО.

 

Израелската војска застрела момче
[05.10.2002] Израелската војска денеска уби петнаесет годишно палестинско момче во бегалскиот камп Еин Бет Илма во близината на Наблус на Западниот брег.

 

Седница на палестинскиот законодавен совет
[05.10.2002] Палестинскиот законодавен совет утре треба да одржи седница во Рамалах, на која ќе биде разгледана одлуката на сад за признавање на ерусалим за главен израелски град.

 

Владата и бунтовниците се согласија на примирје
[05.10.2002] Владата на Брегот на слоновата коска и бунтовниците се согласија во текот на денешниот ден да потпишат примирје, соопштија синоќа посредниците.

 

Потона јапонски танкер
[05.10.2002] Јапонски танкер кој превезуваше течни хемикалии потона денеска во Тихиот океан откако удри во панамски брод во близината на источниот брег на Јапонија.

 

Југословенски офицери му помагаат на Багдад
[06.10.2002] Неколку многу стручни офицери на југословенската војска ми помагаат на Ирак во организацијата на противвоздушната одбрана од американските и британските авиони, пишува денеска лондонскиот „Сандеј Тајмс“.

 

Најмалку 15 загинати во одрон на земја во Кина
[06.10.2002] Најмалку 15 лица загинаа, а 11 се потешко повредени, во одрон на земја во кинеската југозападна провинција Јунан, јави денеска агенцијата Ксинхуа.

 

Израел распоредува нов антиракетен систем
[06.10.2002] Израел на својата територија распоредува нов антиракетен систем за да го заштити Тел Авив и другите поголеми градови во случај на ирачки напад со ракети од типот Скад, пишува денеска „Њујорк Тајмс“.

 

Претседателски избори во Бразил
[06.10.2002] Околу 115 милиони граѓани на Бразил денеска го избираат новиот претседател на државата. Последните анкети на јавното мислење говорат дека најсериозен кандидат за претседателската функција е поранешниот синдикален лидер Инасио Лула да Силва.

 

Ранет парискиот градоначалник
[06.10.2002] Парискиот градоначалник социјалистот Бертран Делано ранет е со ладно оружје во текот на изминатата ноќ во просториите на Градското собрание, каде беше собрана бројна публика на културната манифестација „Ноќ без сон“.

 

Експлозијата на францускиот танкер
[06.10.2002] Експлозијата што денеска го погоди францускиот танкер „Линбург“ во близина на јеменското пристаниште Мина ал Дабах всушност преставува атентат, изјави вицеконзулот во француската амбасада во Јемен, Марсел Гонкалвес.

 

Се' поголема поддршка од Конгресот за напад врз Ирак
[07.10.2002] Американскиот претседател Џорџ Буш во Конгресот може да смета дека големо мнозинство од пратениците ќе го ополномошти да започне војна против Ирак. Лидерот на опозиционите демократи во Сенатот, Том Дешл, рече дека тој им припаѓа на оние кои не сакаат да му дадат целосно одврзани раце на Буш.

 

Осма жртва на мистериозниот снајперист од Вашингтон
[07.10.2002] Тринаесет годишно дете, застрелано во дворот на едно училиште во околината на Вашингтон, е најновата, осма по ред жртва на серискиот убиец - снајперист. Детето, погодено во стомакот, пренесено е во болница и се уште се наоѓа во критична состојба.

 

Израелските сили нападнаа палестинска болница
[07.10.2002] Израелската армија нападна изутрината палестинска болница во Кхан Јунис, град во појасот Газа, јавија западните агенции, повикувајќи се на изјави на очевидци. Болницата е нападната од сите страни, изјавија очевидците, додавајќи дека во нападот се повредени најмалку две лица.

 

Непалскиот крал ја договара новата влада
[07.10.2002] Непалскиот крал Гуанендра, кој минатата недела ја смени владата и ги презеде извршните овластувања, денеска треба да се состане со лидерите на парламентарните партии во обид да се договори составот на новата преодна влада што ќе ги организира изборите.

 

Мушараф одобри ново лансирање на балистички проектил
[07.10.2002] Пакистанскиот претседател Первез Мушараф и одобри на армијата утре да изведе ново тестирање со лансирање балистички проектил, второ по ред за помалку од една недела, објави денеска печатот во Пакистан, повикувајќи се на високи владини извори.

 

Да Силва води на претседателските избори во Бразил
[07.10.2002] Левичарскиот опозиционен кандидат Луис Игнацио Лула да Силва води со 47 проценти од гласовите, откако се пребројани околу 60 насто од гласовите на избирачите кои в недела излегоа на претседателски избори во Бразил.

 

Двајца убиени на избирачко место во Кашмир
[08.10.2002] Две лица беа убиени денеска откако непознати напаѓачи фрлија гранати на избирачко место во индискиот дел на Кашмир, каде се одржува последната фаза на регионалните избори.

 

Осудена израелската акција во појасот Газа
[08.10.2002] Израелската воена акција во појасот Газа, во која загинаа 14 лица, е предмет на жестоки критики кај меѓународната заедница.

 

САД горди на постигнатиот напредок во Авганистан
[08.10.2002] САД се гордеат со постигнатиот напредок во Авганистан во поглед на верската слобода по минатогодишното соборување на талибанскиот режим.

 

Буш ја извести нацијата за нападот врз Ирак
[08.10.2002] „Ништо ново“ е најкраткиот известај што може да се направи од синоќесното обраќање кон нацијата на американскиот претседател Буш на тема - Ирак. Тој, како што се очекуваше, не одговори на клучното прашање што го поставува јавноста: „Зошто Ирак треба да се нападне токму сега?“

 

ЕУ подготвена за десет нови земји членки
[08.10.2002] Европската комисија има намера да соопшти дека десетте земји кандидати можат да се приклучат во Европската Унија до 2004-та година, додека нивното приближување до стандардите на Унијата ќе биде внимателно следено две години по нивниот прием за членство.

 

САД во 60-тите опсежно тестирале хемиско и биолошко оружје
[09.10.2002] СAД во текот на 60-тите години од минатиот век во тајност тестирале хемиско и биолошко оружје на американска територија, се наведува во најновиот извештај од Пентагон.

 

Нафта од француски танкер загади 500 квадратни километри
[09.10.2002] Нафтата што се излеа во неделата од францускиот супертанкер „Лимбур“, по експлозијата покрај брегот на Јемен, загади 500 квадратни километри од морската шир, се наведува во официјалниот извештај што денеска е објавен во Јемен.

 

Буш предупреди Израел да не повредува цивили
[09.10.2002] Американскиот претседател Џорџ Буш изрази длабоко загриженост поради израелскиот напад во појасот Газа, во кој се убиени 15 Палестинци, повикувајќи ја израелската војска да избегнува повредување на цивили во извршувањето на своето право на самоодбрана, изјави портпаролот на Белата Куќа, Ари Флечер.

 

САД се залага за членство на Турција во ЕУ
[10.10.2002] САД побараа од ЕУ што побрзо да ги започне преговорите со Турција за членство во Унијата, коментирајќи го одбивањето на Европската комисија да утврди дата за почеток на преговорите за приклучување на Анкара во Унијата.

 

Пет повредени во експлозија на бомбаш самоубиец во Израел
[10.10.2002] Пет лица беа повредени денеска во централниот дел на Израел, а полицијата претпоставува дека експлозијата ја предизвикал бомбаш самоубиец.

 

Граѓаните на Венецуела бараат оставка од Чавез
[11.10.2002] Повеќе од милион граѓани на Венецуела денеска излегоа на улиците на главниот град Каракас барајќи оставка од претседателот Хуго Чавез.

 

„Хамас“ денеска ја презеде одговорноста за вчерашниот напад
[11.10.2002] Вооруженото крило на палестинското радикално исламско движење „Хамас“ денеска ја презеде одговорноста за вчерашниот самоубиствен бомбашки напад во Тел Авив, во кој беше убиена една Израелка.

 

Буш доби овластување за воена акција против Ирак
[11.10.2002] Доцна синоќа американскиот сенат со 77 гласа „за“ и 23 „против“ ја донесе резолуцијата со која Буш доби овластување да употреби воена сила против Ирак. „Господине претседател, со ова ви даваме голема доверба“, му порача на Буш еден пратеник, републиканец.

 

Џими Картер добитник на Нобеловата награда за мир
[11.10.2002] Поранешниот американски претседател Џими Картер денес ја доби Нобеловата награда за мир. Престижната награда на Картер му се доделува за повеќе-децениската работа на изнаоѓање на мирни решенија во меѓународните судири, за унапредување на демократијата, правата на човекот и економскиот и општестевниот развој.

 

7 лица загинаа во експлозија на бомба близу Хелсинки
[12.10.2002] 7 лица загинаа, а најмалку 50 се ранети синоќа во експлозијата на бомба поставена во приземјето на еден трговски центар кој се наоѓа во предградието Mирмеки, кое се наоѓа 12 километри северно од Хелсинки.

 

Американски авиони бомбардираа цивилни цели
[12.10.2002] Американски и британски авиони денеска бомбардираа цивилни цели во јужен Ирак, соопштува  ирачката армија. Непријателските авиони бомбардирале цивилни објекти во провинцијата Зи Кар, а потоа се повлекоа во своите бази во Кувајт, бидејќи биле изложени на истрели од ракетни батерии на ирачката противвоздушна одбрана, се вели во соопштението.

 

САД бираат модел за преодна власт во Ирак
[12.10.2002] САД разгледуваат повеќе модели на евентуалната преодна власт по окончувањето на воената кција против режимот на Садам Хусеин
изјави американскиот државен секретар Колин Пауел.

 

Десета по ред жртва на мистериозниот снајперист
[12.10.2002] Во Вашингтон уште една, дестета по ред жртва на мистериозниот снајперист. Вчера на една бензинска пумпа во Фредериксбург е застрелан неименуван маж кој е во критична состојба.

 

Кувајтските државјани признале дека се приврзаници на Бин Ладен
[12.10.2002] Кувајтските државјани кои беа уапсени неделава по нападот врз американските маринци, признаа дека се следбеници на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

 

Хуманитарна катастрофа на Брегот на слоновата коска
[13.10.2002] Обединетите Нации предупредија дека во Брегот на слоновата коска се заканува хуманитарна катастрофа и побараа преземање итна акција за нејзино спречување и за помош на расселените лица по избувнувањето на бунтот.

 

Терористички напад во Бали
[13.10.2002] Бомбите кои синоќа експлодираа на традиционално мирното туристичко место, индонезискиот остров Бали, убија најмалку 182 лица, а повеќе од 300 се ранети, повеќето странци, соопштија локални полициски и болнички извори. Меѓу загинатите има најмногу Австралијци, Британци, Германци и Швеѓани.

 

Папата предлага заедничка институција на католичката и православната црква
[13.10.2002] Поглаварот на Католичката црква, Папата Јован Павле Втори, предложи Римската католичка црква и Православната црква да основаат заедничка институција која би се обидела да ги подобри меѓусебните односи и би помогнала во заздравувањето на илјадагодишниот верски раскол, јавија агенциите.

 

Арафат составува нова влада
[13.10.2002] Палестинскиот лидер Јасер Арафат започна со составувањето на новата влада и таа треба да биде претставена за десетина дена, соопшти палестински преставник.

 

Седум загинати од подметната бомба во Хелсинки
[13.10.2002] Човекот кој ја поставил бомбата во трговскиот центар во предградие на финскиот главен град Хелсинки е една од седумте жртви во експлозијата во која повредени беа уште 80 лица.

 

Американскиот народ обединет против Ирак
[13.10.2002] „Американскиот народ е обединет во потребата да му се спротивстави на Ирак и да го натера да се разоружа“, изјави американскиот претседател Џорџ Буш во радио обраќањето до нацијата.

 

Пратениците му се заколнаа на верност на Садам Хусеин
[14.10.2002] Пратениците во ирачкиот парламент синоќа се заколнаа на „апсолутна верност“ на претседателот Садам Хусеин. Според најавите, утре во Ирак ќе биде спроведен референдум со кој мандатот на Хусеин ќе биде продолжен за уште седум години.

 

Еден од загинатите можен атентатор во Хелсинки
[14.10.2002] Полицијата која го истражува бомбашкиот напад во Финска пронајде материјал за изработка на бомба во куќата на едно сомнително лице, студент по хемија, кој е меѓу седуммината загинати во експлозијата, соопштено е во Хелсинки.

 

Убиен активист на Фатах
[14.10.2002] Активист на Фатах, движење на палестинскиот лидер Јасер Арафат, убиен е синоќа во Витлеем во експлозија која му се припишува на Израел, јавија западните агенции, повикувајќи се на палестински безбедносни извори.

 

Индонезија прифати странска помош во потрагата по напаѓачите
[14.10.2002] Индонезија е подготвена да прифати странска помош во потрага по сторителите на бомбашките напади на островот Бали, во кој во саботата загинаа најмалку 187 луѓе, а над 300 беа повредени. Властите се уште никого не обвинија за нападите.

 

Нова жртва на мистериозниот снајперист од Вашингтон
[15.10.2002] Нова, 11-та жртва, и веќе нема дилеми, Вашингтон и околината се во страшна паника. Буквално секој од неколку милионите жители може да биде следната жртва на серискиот убиец - снајперист, кој до сега за 12 дена уби девет и рани две лица, на шест различни локации во главниот град на Америка и неговата околина. 

 

Претседателски референдум во Ирак
[15.10.2002] Ирачаните денеска почнаа да гласаат на претседателскиот референдум на кој, како што се очекува, претседателот на Ирак Садам Хусеин ќе добие нов седумгодишен мандат. Владата ги повика избирачите да излезат на референдум за да ја покажат големата поддршка на Хусеин во време на американските закани со воена акција.

 

Полицијата трага по бомбашот во Бали
[15.10.2002] Индонезиската полиција е во потрага по човекот за кој се верува дека е клучен осомничен за бомбашкиот напад на островот Бали. Претставник на полицијата соопшти дека се истражуваат неколку траги во случајот Бали, вклучувајќи можни врски меѓу локалните групи и странски терористички мрежи.

 

Еден од челниците на Абу Сајаф се предава
[16.10.2002] Еден од челниците на бунтовничката филипинска група Абу Сајаф, која се поврзува со Ал Каеда изјавил денеска дека е подготвен да им се предаде на филипинските власти.

 

Први докази за нападот во Бали
[16.10.2002] Индонезиската полиција уапси поранешен офицер на военото воздухопловство, кој признал дека ја изработил бомбата употребена во терористичкиот напад на Бали во саботата во кој загинаа над 180 лица, јавија денеска американските гласила.

 

Серискиот убиец ќе го лови и армијата на САД
[16.10.2002] Армијата на САД со извиднички авиони ќе се приклучи во потрагата по таинствениот стрелец кој во околината на Вашингтон од почетокот на овој месец усмрти девет лица, а две рани потешко.

 

Советот за безбедност расправа за Ирак
[16.10.2002] Преговорите меѓу петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации за политиката спрема Ирак се уште се одвиваат, а дипломатски извори соопштија дека во оптек се две предлог резолуции за враќање на меѓународните инспектори за контрола на оружјето за масовно уништување во таа земја.

 

Неизбежна ерупција на вулканот на островот Монсерат
[16.10.2002] Врвот на вулканот што доминира на карипскиот остров Монсерат секој ден расте и ерупцијата е речиси неизбежна, соопштија официјални претставници.

 

Израел се повлече од Хеброн
[16.10.2002] Израелската армија делумно се повлече од палестинските автономни сектори во Хеброн, на југот на Западниот Брег, потврди шефот на израелската дипломатија, Шимон Перес.

 

Експлозијата на францускиот танкер терористички чин
[17.10.2002] Јеменското министерство за внатрешни работи соопшти дека експлозијата која минатата недела го уништи францускиот супер танкер во Аденскиот Залив беше терористички чин, јавија локалните гласила.

 

Северна Кореjа развива нуклеарна програма
[17.10.2002] Северна Кореjа призна дека развива тајна нуклеарна програма со која директно се крши антинуклеарната спогодба постигната за време на администрацијата на Клинтон, тврдат американски дипломатски извори.

 

Полицијата испитува четири лица за нападот во Бали
[17.10.2002] Индонезиската полиција испитува четири лица осомничени за поврзаност со нападот на Бали, во кој изминатиот викенд загинаа над 180 лица, но засега никој не е уапсен, соопштија официјални претставници.

 

САД ќе го извести Израел за можниот напад врз Ирак
[17.10.2002] САД најмалку два дена претходно ќе ги извести Израел за можниот напад врз Ирак за да може да се подготви за евентуален ирачки ракетен одговор, соопшти висок израелски официјален претставник.

 

Експлозии во Филипини
[17.10.2002] Најмалку пет лица се убиени, а 144 ранети во експлозиите во шопинг центар во филипинсииот христијански град Замбонга. Ниедна група не ја презеде одговорноста, но влстите се сомневаат дека се дело на екстремистите што се борат за исламска држава во јужниот дел на католичката држава.

 

Атентат врз руски гувернер
[18.10.2002] Гувернерот на богатиот руски регион Магадан, Валентин Тсветков убиен е денеска од огнено оружје во центарот на Москва, соопшти руската полиција.

 

Голема можност од терористички напади
[18.10.2002] „Можноста од нови напади во југоисточна Азија е многу голема“, оцени денеска австралискиот премиер Џон Хауард на Бали, каде минатата сабота во терористички напад загинаа 180 лица, од кои 119 Австралијанци.

 

Сведокот за снајперистот од Вашингтон лажел
[18.10.2002] Потрагата по снајперистот што уби девет и рани две лица во околината на главниот град на САД, Вашингтон, се враќа на почеток. Неколку дена се залудно потрошени, бидејќи сведокот што даде опис на убиецот, оружјето, дури и комбето од кое пукал, всушност не видел ништо, туку ги измислил сите овие информации.

 

Примирје на Брегот на слоновата коска
[18.10.2002] Примирјето меѓу спротивставените страни во Брегот на слоновата коска стапи во сили денеска по полноќното обраќање на претседателот на државата Лорен Гбаго. Тој во обраќањето до нацијата изрази поддршка на потпишаното примирје и најави започнување на процес за национално помирување.

 

Буш: „Тајната програма на Северна Кореја проблематична“
[18.10.2002] Американскиот претседател Џорџ Буш како проблематично го оцени постоењето на тајна програма за развивање на нуклеарно оружје во Северна Кореја, но додаде дека во тоа не гледа никаква паралела со Ирак, соопшти Белата Куќа.

 

САД се откажуваат од експлицитна употреба на сила врз Ирак
[18.10.2002] САД се согласија да се откажат од експлицитната одредба за употреба на сила во резолуцијата за Ирак и навестија дека многу бргу во Обединетите Нации ќе достават нова резолуција за Ирак со компромисните решенија. Со ова се отвора вратата за надминување на застојот во работата на Советот за безбедност.

 

Уапсен важен припадник на Абу Сајаф
[19.10.2002] Важен припадник на исламистичката групација Абу Сајаф на Филипините, која стана позната по грабнувањата и убиствата, е уапсен во Манила, јавуваат западните агенции, повикувајќи се на официјални извори.

 

Индонезија усвои декрет за борба против тероризмот
[19.10.2002] Индонезиската влада усвои вонреден декрет за борба против тероризмот кој е фокусиран на приведувањето на одговорните за минатонеделниот напад на Бали во кој загинаа речиси 200 лица.

 

Повредени четворица израелски војници
[19.10.2002] Четворица израелски војници беа повредени ноќеска за време на операцијата на Западниот Брег во која беа уапсени осуммина Палестинци кои се наоѓаат на израелската црна листа терористи, соопшти денеска портпаролот на израелската армија.

 

Референдум во Ирска за Спогодбата од Ница
[19.10.2002] Во Ирска изутрината беа отворени избирачките места за референдумско изјаснување на Ирците за Спогодбата од Ница, со која се регулира прашањето за проширување на Европската Унија.

 

САД нудат компромисно решение за Ирак
[19.10.2002] САД нудат компромисно решение за Ирак во Обединетите Нации. Последниот предлог ја нема одредбата за автоматска употреба на сила, доколку Багдад не се разоружи и не соработува.

 

Едно лице загина, шест се повредени во експлозија во Москва
[19.10.2002] Едно лице загина, а шестмина беа повредени во експлозија на автомобил, наспроти ресторан за брза храна „Мек Доналдс“ во југозападниот дел на Москва, што се случи изутрината, јави руската агенција Интерфакс, повикувајќи се на полициски извори.

 

Анан загрижен од нуклеарната програма на Северна Кореја
[19.10.2002] Генералниот скретар на Обединетите Нации, Кофи Анан изрази загриженост поради извештаите од Вашингтон за развој на нуклеарна програма од страна на Северна Кореја.

 

Ден на жалост во знак на сеќавање на жртвите во Бали
[20.10.2002] Австралија денеска го одбележува денот на жалоста во спомен на жртвите на бомбашките напади на Бали, во кои минатата недела загинаа повеќе од 180 странски туристи, повеќето Австралијци.

 

Шефовите на дипломатиите ќе расправаат за проширување на ЕУ
[20.10.2002] Министрите за надворешни работи на Европската Унија утре во Луксембург го започнуваат дводневниот состанок на кој главна тема ќе биде проширувањето на Унијата со 10 земји од Средна и Источна Европа, под услов ирскиот референдум да има позитивен исход во однос на прифаќањето на Спогодбата од Ница.

 

Кореите почнаа нова рунда преговори на ниво на влади
[20.10.2002] Северна и Јужна Кореја денеска започнаа први преговори на ниво на влади откако САД објавија дека Северна Кореја развива нуклеарно оружје.

 

Ирците ја поддржаа Спогодбата од Ница
[20.10.2002] Повеќето Ирци ја поддржале Спогодбата од Ница со која се регулира проширувањето на Европската Унија на исток, велат првите резултати од шест окрузи.

 

14 повредени во експлозија на Филипини
[20.10.2002] Најмалку 14 цивили се повредени во експлозија на бомба што денеска одекна во катедрала во јужниот филипински град Замбоанга, одделечен 875 километри од престолнината Манила, соопштија официјални извори.

 

Инциденти со доселениците во Израел
[20.10.2002] Триесет лица се повредени при престрелка меѓу радикалните еврејски доселеници и израелските безбедносни сили во западен Јордан, а јужно од Наблус се судриле стотици доселеници и полицајци, кога бил направен обид за евакуација заради уривање на бесправно изградена доселеничка населба.

 

Серискиот убиец од Вашингтон не престанува
[20.10.2002] Еден 37-годишен маж беше повреден со еден истрел синоќа на паркинг пред ресторан во Ешланд, во сојузната американска држава Вирџинија, околу 120 километри јужно од Вашингтон, а инцидентот наликува на досегашните 11 злосторства на вашингтонскиот сериски убиец.

 

САД треба да предложат нова резолуција за Ирак
[21.10.2002] „САД се очекува неделава да предложат нова резолуција за Ирак со која се зајакнува мандатот на инспекторите на ОН за разоружување“, изјави синоќа американскиот државен секретар Колин Пауел.

 

Убиени две лица во вооружен напад во Мелбурн
[21.10.2002] Едно лице вооружано со неколку пушки денеска во универзитет во Мелбурн отворило оган и застрелало две и повредило осум други лица, соопштува полицијата. Убиецот, кој е на 30-годишна возраст е од азиско потекло, бил совладан од група студенти откако отворил оган во училница на универзитетот Монаш, кој се наоѓа во југоисточниот дел од Мелбурн, а подоцна бил и уапсен од полицијата.

 

Шефовите на дипломатиите расправаат за проширување на ЕУ
[21.10.2002] Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска во Луксембург го започнуваат дводневниот состанок на кој главна тема ќе биде проширувањето на Унијата со 10 земји од Средна и Источна Европа.

 

Израелската армија ја напушти дивата населба Хават
[21.10.2002] Израелската војска доцна синоќа ја напушти дивата населба Хават Гилад на Западниот Брег, каде претходно 50-тина лица беа повредени во судири меѓу војниците и доселениците кои се противат на уривањето на населбата и кои решиле да не ја напуштаат.

 

Уапсени две лица во истрагата против снајперистот
[21.10.2002] Дали е на повидок пресврт во случајот со 12-те сериски убиства во околината на главниот град на САД, Вашингтон. Полицијата ги уапси првите две лица во истрагата против мистериозниот снајперист, кој по последното убиство, завчера, оставил нова порака со телефонски број.

 

САД ќе ја преоценат спогодбата со Северна Кореја
[21.10.2002] „САД ќе ја преоценат судбината на билатералниот договор за нуклеарна енергија потпишан 1994-та година со Северна Кореја“, изјави денеска во Токио помошникот на американскиот државен секретар за источноазиски и пацифички работи, Џејмс Кели.

 

Нова 13 жртва на мистериозниот снајперист
[22.10.2002] Нова 13-та жртва на мистериозниот снајперист. Вашингтон и Америка се во шок. Последната жртва е 40 годишен возач на автобус, застрелан со еден куршум додека стоел на првата скала на предната врата од автобусот.

 

Четиринаесет жртви во терористички напад во Израел
[22.10.2002] Најмалку 14 лица загинаа, а околу 50 беа ранети во вчерашниот палестински бомбашки напад во Тел Авив. Инцидентот се случил кога експлодирал автомобил паркиран до патнички автобус.

 

Судење на атентаторот на студентите во Мелбурн
[22.10.2002] Во судот во Мелбурн денеска треба да се појави 36-годишниот маж обинет дека убил две, а се обидел да убие повеќе лица кога вчера отвори оган врз студентите во универзитетскиот комплекс во Мелбурн.

 

Нобеловците за мир велат „не“ за употреба на оружјето
[22.10.2002] Поранешните добитници на Нобеловата награда за мир, што во Рим му се приклучија на Михаил Горбачов, Лех Валенса и Ригоберте Менчу, ја прифатија финалната резолуција со која велат „не“ за употребата на оружје во решавањето на проблеми меѓу земјите.

 

САД ги јакне своите сили во Персискиот Залив
[22.10.2002] Американската војска од Европа за Кувајт префрла дваесет јуришни хеликоптери од типот „Апачи“, за да ги зајакне своите сили во Персискиот Залив, соопшти официјален американски претставник.

 

Пјонгјанг се заканува со остра против-акција
[22.10.2002] Северна Кореја, изложена на голем притисок да ја отфрли својата тајна програма за развој на нуклеарното оружје, ги предупреди денеска САД дека ќе превземе остра против-акција, доколку Вашингтон не се согласи на разговори по ова прашање.

 

Американската влада ќе ослободи затвореници од Гвантанамо
[23.10.2002] „Американската влада има намера да ослободи помал број затвореници од кубанската база Гвантанамо, кои повеќе не се сметаат за терористи“, изјави синоќа американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд.

 

Северна и Јужна Кореја ќе се обидат да најдат мирно решение
[23.10.2002] Северна и Јужна Кореjа ќе се обидат да најдат мирно решение за кризата што ескалираше откако Пјонгјанг призна дека има темелна програма за развој на нуклеарно оружје, се наведува во заедничката изјава издадена на крајот од разговорите на ниво на министри во Пјонгјанг.

 

Бомбардирани цивилни цели во Ирак
[23.10.2002] Американски и британски авиони вчера бомбардираа цивилни цели на северот од Ирак, објави портпаролот на ирачката армија, не прецизирајќи дали во нападите имало жртви.

 

Снајперистот бара десет милиони долари за да престане да убива
[23.10.2002] Вашингтонскиот сериски убиец ја предупреди американската јавност дека ќе продолжи да убива, доколку во рок од 48 часа не му бидат исплатени десет милиони долари.

 

Тројца осомничени за бомбашкиот напад на Бали
[23.10.2002] Тројца Индонезијци се можни осомничени за бомбашките напади на Бали од 12-ти октомври во кои загинаа речиси 200 луѓе, изјави денеска функционер на полицијата на Бали, додавајќи дека за нив се изработени и фото-роботи.

 

19 жртви во подготовки за хинду фестивал во Индија
[23.10.2002] Деветенаесет лица загинаа, а дваесетина се повредени во две експлозии во период од само неколку часови што се случија на југот од Индија, при подготовките за хинду фестивалот на светлината, „Дивали“, што ќе се одржи наредниот месец.

 

Последни консултации за резолуцијата за Ирак
[24.10.2002] Последните консултации на членките на советот на безбедност за американската предлог-резолуција за Ирак ќе продолжат утре, било соопштено синоќа во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк по седницата на 15-те земји членки на Советот.

 

Заложничка драма во московски театар
[24.10.2002] Седумстотини посетители и вработени во театарот „Дубровка“ во Москва цели 24 часа се заложници на четириесетина вооружени чеченски бунтовници, кои имаат само едно барање - прекин на војната и повлекување на руската војска од Чеченија во рок од седум дена.

 

Двајца уапсени за сериските убиства во САД
[24.10.2002] Американската полиција во рамките на акцијата за пронаоѓање на мистериозниот снајперист во близината на Мидлтаун во Мериленд денеска уапси повеќе лица, јави мрежата CNN. Според извори во антитерористичките единици уапсени се двајца мажи, кои полицијата ги бараше во врска со овој случај.

 

Холандија го поддржа проширувањето на ЕУ
[24.10.2002] Холандскиот парламент го поддржа ставот на владата за проширувањето на ЕУ во 2004-та со десет нови членки. Одлуката е донесена на маратонската парламентарна седница завршена ноќеска.

 

Филипинската полиција спречи нов бомбашки напад
[24.10.2002] Филипинските сили за безбедност пронајдоа бомба скриена во автомобил во градот Замбоанга, на југот од земјата, каде при бомбашки напад на муслиманските екстремисти во неделата беа повредени 14 лица.

 

Загина полицаец во експлозија на бомба во Богота
[25.10.2002] Еден полицаец загина, а уште тринаесет лица беа повредени синоќа во експлозија на бомба, за која се смета дека на полициско комби во прометна улица во центарот на Богота ја фрлил левичарски бунтовник, објави тамошната полиција.

 

Заврши тринеделната голгота на Америка
[25.10.2002] Џон Ален Мухамад (41) и Џон Ли Малво (17), осомничени за серијата снајперски убиства што изминатите 21 ден го тресеа Вашингтон, се појавија на суд и им е изречен притвор без право на кауција.

 

Израелските сили утринава влегоа во Џенин
[25.10.2002] Израелските војници, во придружба на десетици тенкови, рано изутрината навлегоа во градот Џенин на Западниот Брег во знак на одмазда за самоубиствениот напад на автомобил-бомба во кој на почетокот од неделава загинаа четиринаесет Израелци.

 

Чеченците ќе започнат со убивање на заложниците
[25.10.2002] Чеченските сепаратисти се заканија дека од утре ќе започнат со убивањето на заложниците, доколку не биде исполнето нивното барање за повлекување на руската војска од Чеченија. Киднаперите сега поставуваат нов рок. Наместо една недела, тие бараат повлекувањето на руската војска да започне во рок од три дена.

 

Тероризам со меѓународен благослов
[25.10.2002] „Тероризмот што денес се случува во Москва не започна во септември лани со нападите врз цели во Америка, туку многу порано во Босна, Албанија и на Косово“, оцени поранешниот специјален известувач за човекови права на Обединетите Нации и некогашен шеф на чешката дипломатија Јиржи Динстбир.

 

ЕУ се проширува за десет нови членки
[25.10.2002] Шефовите на земјите членки на Европската Унија на денешниот самит во Брисел ќе ги поддржат препораките на Европската комисија во членство на Унијата во 2004-та година да стапат десет нови земји, произлегува од предлог заклучоците на средбата, кои ги подготви данското претседателство на ЕУ.

 

Русија не гледа опасност во Северна Кореjа
[26.10.2002] Рускиот премиер Михаил Касјанов не гледа докази дека Северна Кореjа претставува опасност, и покрај нејзиното признание дека поседува таен програм за развој на нуклеарно оружје.

 

Уапсени шест Палестинци во Џенин
[26.10.2002] Шест палестинци се уапсени за време на упадот на израелска војска во градот и бегалскиот логор Џенин, во операција што започна во петокот, соопштија денеска воени извори.

 

Резолуцијата за Ирак ќе се гласа идната недела
[26.10.2002] САД побараа од Советот за безбедност на Обединетите Нации идната недела да ја изгласа резолуцијата за Ирак, независно од противењето на Русија и на Франција, соопшти американскиот заменик амбасадор во Светската организација, Џејмс Канингем.

 

Судир на два американски ловци „Ф-16“
[26.10.2002] Два американски авиони ловци од типот „Ф-16“ се судриле над пустината Јута, соопшти американското воено воздухопловство.

 

Заврши заложничката драма во Москва
[26.10.2002] Заложничката драма во Москва заврши рано изутрината, откако специјалните сили на полицијата и армијата во акција убија 34 чеченски терористи, вклучувајќи го и нивниот водач Мовсар Барајев, а останатите се уапсени. Вкупно 67 заложници ги загубија животите, а 750 се спасени.

 

Јапонската полиција уапси припадник на десничарска група
[26.10.2002] Јапонската полиција денеска уапси припадник на една десничарска група кој во петокот со нож уби еден опозиционен политичар. Ова е прв напад врз пратеник по повеќе од 10 години, јави новинската агенција „Кјодо“.

 

Во понеделник обвинение за вашингтонските убијци
[27.10.2002] Окружното обвинителство на американската сојузна држава Вирџинија во понеделник ќе покрене обвинение против вашингтонските убијци, најави окружниот обвинител Вилијам Нили.

 

Вкупно 118 жртви на заложничката криза во Москва
[27.10.2002] Вкупно 118 заложници на чеченските терористи загинале при акцијата за нивно ослободување која започна во саботата наутро во московскиот театар, објави денеска руското министерство за здравство.

 

Тројца убиени при експлозија на Западниот Брег
[27.10.2002] Три лица се убиени, а триесет се повредени во експлозија на една бензиска пумпа во влезот на еврејската населба Ариел во Западниот Брег, соопшти претставник на локалната болница.

 

Војници на ЕЦОМОГ на Брегот на слоновата коска
[27.10.2002] Околу 2.000 војници на организацијата на западноафриканските земји ЕЦОМОГ ќе бидат испратени да го надгледуваат примирјето во Брегот на слоновата коска, соопштија денеска официјални извори.

 

И момчето Малво под обвинение за убиствата во САД
[28.10.2002] Обвинителите во Вирџинија велат дека имат докази според кои најмалку едно од убиствата го извршило 17 годишното момче соучесник во серијата убиства со снајпер, кои се случија неодамна во Америка, пишува денешен „Њујорк Тајмс“.

 

Австралија цел на Ал Каeда
[28.10.2002] Најбараниот светски терорист Осама бин Ладен ја предупреди Австралија дека е цел на неговата организација Ал Каеда. На снимката која ја емитуваше BBC тој ја издвои Австралија како непријател на исламот поради давање помош на Источен Тимор при стекнувањето на независност од Индонезија.

 

Убиен американски дипломат во Јордан
[28.10.2002] Еден американски дипломат од американска амбасада во Јордан е убиен денеска во Аман. Лоренс Фоли е застрелан пред неговиот дом од засега непознат напаѓач.

 

Русите одбиваат да објават детали за мистериозниот гас
[28.10.2002] Руските официјални претставници и натаму одбиваат да објават какви било детали за мистериозниот гас што беше користен за окончување на заложничката криза, токму во моменти кога се поставува прашањето дали токму гасот е причината што се изгубени толкав број животи во спасувачката акција.

 

Актуелниот претседавач со ЕУ го поздрави проширувањето
[28.10.2002] Десетте земји, кои очекуваат членство во Европската Унија во првиот круг на проширувањето, може да се радуваат, бидејќи со договорот за финансирање се отвора патот за окончување на преговорите за нивно членство во ЕУ до 2004-та година.

 

Најмалку 31 жртва од невремето во Европа
[28.10.2002] Бројот на жртвите од невремето кое викендов ја зафати северна Европа изутрината се искачи на 31, меѓу кои има и три деца. Десет од нив настрадаа во Германија, каде ветрот во одредени делови дуваше со 194 километри на час. Останатите жртви се регистрирани во Британија, Белгија,Франција, Холандија и Швајцарија.

 

Студент уби три лица во САД
[29.10.2002] Еден студент на училиштето за болничари уби синоќа на Универзитетот Аризона во Тускон тројца луѓе, вклучувајќи две професорки, по што изврши самоубиство, потврдија официјални претставници на полицијата.

 

Насилството годишно коси 1.6 милиони животи
[29.10.2002] Насилството во различни форми секоја година зема 1,6 милиони животи, а повеќе од половина од смртните случаи се резултат од самоубиство.

 

Морската сол го блокираше Ла Манш
[29.10.2002] Повеќе од илјада патници кои ги користат услугите на железничкиот сообраќај меѓу Франција и Англија вчера го прекинаа своето патување. Како причина за запирањето на возовите, француската државна железница ја посочи морската сол.

 

Буш ги обвинува терористите, а не владата за смртта на заложниците
[29.10.2002] Американскиот претседател Џорџ Буш ги обвини терористите, а не руската влада за смртта на 122 лица кои загинаа од последиците на специјалниот гас, што го употребија руските специјални сили за неутрализирање на групата чеченски терористи во московскиот театар за да ја окончаат заложничката криза, соопшти синоќа Белата Куќа.

 

Најмалку 54 жртви во пожар во Виетнам
[29.10.2002] Најмалку 54 луѓе загинаа, а многумина се сметаат за исчезнати во големиот пожар што избувна денеска во бизнис центарот во Хо Ши Мин во Виетнам. Спасувачките екипи досега пронашле 48 тела. Дел од луѓето кои биле заробени во шесткатната зграда скокале низ прозорците само за да се спасат.

 

Во Австралија Муслиманките живеат во страв
[29.10.2002] „По терористичкиот напад на Бали, за кој беа обвинети исламските екстремисти, Муслиманките во Австралија живеат во страв“, изјави денеска Маха Кајем-Абдо, претседателка на здружението што ги поврзува Муслиманките во таа земја.

 

САД ослободи четири затвореници од Гвантанамо
[29.10.2002] Американската војска ослободи синоќа четири лица за кои постоеше сомневање дека се терористи, а кои беа затворени во базата Гвантанамо на Куба, соопшти Пентагон.

 

Уапсен потпретседателот на илегалната чеченска влада
[30.10.2002] Данската полиција за време на „Светски чеченски конгрес“, кој се одржа во Копенхаген, на барање на руската влада, го уапси потпретседателот на илегалната чеченска влада Ахмед Закајев. 

 

Вонредна ситуација на Сицилија поради Етна
[30.10.2002] Италијанската влада прогласи вонредна состојба на Сицилија, по досега најголемата ерупција на вулканот Етна, предизвикана од силни земјотреси. Над илјада луѓе останаа без покрив на главата, а уништени се над стотина куќи.

 

Убиени две девојчиња и една жена во напад на Палестинец
[30.10.2002] Две девојчиња и една жена се убиени ноќеска во напад на Палестинец во еврејска населба на Западниот Брег. Најновите насилства се случуваат само еден ден по изгласувањето на новата палестинска влада на Арафат, која вчера доби поддршка и од парламентот.

 

Исламските милитанти подготвени за напади во Источен Тимор
[30.10.2002] Португалија предупреди на завера на исламските милитанти подготвени да подметнуваат бомби во американски, австралиски и португалски објекти во Источен Тимор, објави денеска едно австралиско радио.

 

САД го губат трпението околу резолуцијата за Ирак
[30.10.2002] САД го предупредуваат Советот за безбедност на Обединетите Нации дека го губат трпението, по нивната оценка дека резолуцијата за Ирак нема да биде изгласана ниту оваа недела.

 

ИРА ја прекина соработката со комисијата за разоружување
[31.10.2002] Ирската републиканска армија соопшти дека ја прекинува соработката со меѓународната комисија која го надгледува разоружувањето, објави денеска лондонскиот весник „Индипендент“.

 

Ал Каеда ќе изврши уште поразорни напади
[31.10.2002] Австралиската разузнавачка служба денеска соопшти дека мрежата Ал Каеда ќе изведе уште терористички напади, најверојатно поразорни од нападите врз САД во септември 2001-вата година и атентатот на Бали од 12-ти октомври годинава.

 

Гасот на руската акција опиумски наркотик
[31.10.2002] Мистериозниот гас употребен во акцијата на спасување на заложниците од московскиот театар е базиран на опиумски наркотик „фентанил“, соопшти вчера рускиот министер за здравство Јуриј Шевченко, со што се прекина молчењето на Кремљ за оваа тема.

 

Силен земјотрес ја погоди Италија
[31.10.2002] Педесет деца, од кои многу се повередени, останаа заглавени во едно училиште кое се сруши од денешниот земјотрес во Италија.

 

Шарон преговара со екстремната десница
[31.10.2002] Само неколку часови по распаѓањето на најголемата владина коалиција во Израел, премиерот Ариел Шарон од партијата Ликуд, веќе стапи во контакт со екстремно десниот сојуз кој би можел да му обезбеди ново мнозинство во парламентот.

 

ОБСЕ ќе ги следи изборите во САД
[31.10.2002] Вашингтон, за прв пат во историјата, дозволи набљудувачи на ОБСЕ да ги следат изборите во Америка, објави денеска лондонскиот весник „Индипендент“.

 

Напредок околу резолуцијата за Ирак
[31.10.2002] САД објавија дека има напредок во преговорите за изгласување на нова резолуција за Ирак. Без да сооопшти понатамошни детали, висок американски претставник изјавил дека ставовите меѓу петте вето членки во Советот за безбедност на Обединетите нации се доближуваат.


Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk