1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Груевски и Николиќ за добрососедски односи

Западот ги притиска Македонија и Србија поради азилантите

Пeкинг го цензурира извештајот за премиерот

Bivssi italijanski premijer je u drugom sudskom sluccaju koji ga joss
cceka optuzzen da je plachao seksualne usluge jednoj maloletenici
marokanskog porekla, kao i da je zloupotrebio sluzzbeni polozzaj kako
bi ona bila oslobodjena posle hapssenja zbog kradje.

Берлускони не сака во затвор

Прекинот на огнот во Сирија се крши

Европарламентарците ја откажаа посетата на Иран

  • Центар на верата

    На аџилак во Мека

    Центар на верата

    Мека е целта на сите муслимани во светот. На фотографијата е Каба, која муслиманите ја почитуваат како „Божја куќа“. Објектот во форма на коцка се наоѓа во средишниот простор на големата џамија во Мека. Обичајот налага верниците седум пати да минат околу Каба.

  • Пророк

    На аџилак во Мека

    Пророк

    Втемелувачот на исламот, пророкот Мухамед е роден во Мека. На оваа слика на уметникот Рашид Ал Дина од 14. век, Мухамед ги прима претставниците на арапските племиња пред Каба. Тој со себе го носи и црниот свет камен кој денес е вграден во источниот агол на Каба.

  • Опасен пат

    На аџилак во Мека

    Опасен пат

    Порано аџиите доаѓаа на камили. Долгиот пат кон светиот град беше полн со опасности. Голем број аџии не успеваа да го преживеат долгиот пат кон Мека.

  • Пристигнување со авион

    На аџилак во Мека

    Пристигнување со авион

    Денес, мнозинството аџии во Саудиска Арабија доаѓа со авион. Од аеродромот во Џеда до Мека остануваат уште 80 километри пат.

  • Град од шатори

    На аџилак во Мека

    Град од шатори

    Мина е долина во близина на Мека. Тука секоја година за време на аџилакот се поставуваат илјадници шатори во кои се сместени аџиите. Сместувањето и исхраната на аџиите од целиот свет претставуваат огромна логистичка задача.

  • Рид за простување на гревовите

    На аџилак во Мека

    Рид за простување на гревовите

    На почетокот на аџилакот, верниците одат на светиот рид Арефат, оддалечен околу 25 километри од Мека. Тука пророкот Мухамед, според преданието, ја одржал својата последна проповед. На овој рид аџиите се молат за простување на гревовите.

  • Каменување на ѓаволот

    На аџилак во Мека

    Каменување на ѓаволот

    Во текот на аџилакот во неколку наврати се врши симболично каменување на ѓаволот. И во Мека и во Мина верниците фрлаат по седум каменчиња врз ѕидот кој го симболизира ѓаволот. Порано се фрлаше врз столбовите, но често се случуваше да бидат погодени верниците од другата страна, па во меѓувреме се изградени ѕидови.

  • Жртва за сиромашните

    На аџилак во Мека

    Жртва за сиромашните

    Еден од поважните аспекти на аџилакот е и празникот на жртвувањето- Курбан Бајрам. Тој потсетува на библиската приказна за Аврам (Ибрахим) кој е подготвен на Бојжја заповед да го жртвува својот син Исак (Исмаил). Како и во стариот завет, така и денес наместо човек се жртвува овен или некое друго животно. Месото од жртвуваните животни им се дели на сиромашните.

  • Вода за Хагара

    На аџилак во Мека

    Вода за Хагара

    Еден друг ритуал исто така влече корени од Стариот завет. Верниците седум пати минуваат низ големата џамија и со тоа потсетуваат на слугинката на Ибрахим (Аврам) робинката Хагара која во потрага по вода за својот син Исмаил (Исак) седум пати го минала патот меѓу ридовите Сафа и Мерва пред Бог да и го покаже изворот.

  • Заедништво

    На аџилак во Мека

    Заедништво

    Повеќе од 2,5 милиони муслимани од целиот свет во 2011. ја посетија Мека. Околу 20 илјади доктори и медицински персонал се грижи за нивното здравје, а повеќе од 100 илјади полицајци и војници за безбедноста на верниците.


    Автор: Ракел Гесат/Борис Георгиевски | Редактор: Жана Ацеска

Гастарбајтери – работници со ниско образование? На тоа клише му спротивставуваме ТВ-портрети на мигранти од Централна и Југоисточна Европа со завидни кариери и успешно интегрирани во Германија.

Проектот содржи и теми за потенцијалите на мигрантите, профитот за Германија од нив, јазикот како клуч за успехот, потоа фото-галерија со сервисни прилози и конкретни информации за регулативата и за надлежните служби.

ТВ магазин - Европанорама