1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

  • Ѕвезда која паѓа

    Мерилин Монро - незаборавен мит

    Ѕвезда која паѓа

    Јуни 1962. Неколку недели пред нејзината смрт, на 5. август, 36-годишната Мерилин Монро во Лос Анџелес имаше тридневен фото-шутинг. Американскиот фотограф Берт Штерн е моден фотограф. Неговите фотографии под наслов „The Last Sitting" сега се изложени во Падерборн (Северна Рајна Вестфалија). 50 години по нејзината смрт, Германија преку голем број изложби се потсетува на холивудската ѕвезда.

  • Кан 2012

    Мерилин Монро - незаборавен мит

    Кан 2012

    Во мај 2012 година, во служба на дивата се стави и меѓународниот филмски фестивал во Кан: таа ги красеше официјалниот плакат на фестивалот и фасадата на фестивалската палата. 50 години по смртта Мерилин е една од најзначајните фигури на меѓународното кино, отелотворение на грација, таинственост и заводливост, образложи организаторот на фестивалот.

  • Икона од Холивуд

    Мерилин Монро - незаборавен мит

    Икона од Холивуд

    Мерилин Монро отелотвори тип на жена, кој до денес илјадници пати се копира. И поп ѕвездите како Кристина Агилера, Лејди Гага или Мадона влегоа во улогата на русокосата секс-бомба.

  • Несакано дете

    Мерилин Монро - незаборавен мит

    Несакано дете

    Мерилин Монро беше родена на 1. јуни 1926 година во Лос Анџелес. Крстена била со името Норма Џин Бејкер. Била вонбрачно дете. Мајка и’ неможела да се грижи за неа. Израснала во различни семејства, се’ додека на 16 години не се омажила принудно со еден сосед. Четири години подоцна се развеле со меѓусебна согласност.

  • Pin-up-Girl

    Мерилин Монро - незаборавен мит

    Pin-up-Girl

    За да заработи сопствени пари Норма Џин работела во фабрика за оружје. Таму ја забележал армискиот фотограф. Тој ја ангажирал младата жена како модел за насловната страница на американскиот армиски магазин „Yank“. Веднаш потоа кај американските војници стана омилена Pin-up-Girl.

  • Почеток на кариерата

    Мерилин Монро - незаборавен мит

    Почеток на кариерата

    Во 1945 година Норма Џин станува позната како фотомодел, надвор од регионалните рамки. Наскоро добива сопствена агентка, која ја советува, да го смени типот на природна убавина. На почетокот е бринета со дива кадрава коса, а потоа блондинка со рамна коса. Носела и протеза, која и‘ ги исправлаи забите – и го менува името! Оттогаш веќе беше Мерилин Монро.

  • Интересна и неодоливо атрактивна

    Мерилин Монро - незаборавен мит

    Интересна и неодоливо атрактивна

    Сексепил со голем талент за комедија: Тоа го покажа Мерлин Монро во филмот „Како да се улови милионер“ (1953) со Лорен Бекол и Бети Грејбл. Како кратковидата Пола, која постојано се потчукнува на регалите и ѕидовите, а притоа оставајќи добар впечаток, таа е толку заводлива, што дури и го симна рангот на Бети Грејбл како најпосакувана Pin-up-Girl девојка.

  • Омилен накит

    Мерилин Монро - незаборавен мит

    Омилен накит

    Мерилин Монро сними незаборавни песни. Покрај „I wanna be loved by you" од филмот „Некои тоа го сакаат жешко“, песната „Diamonds are a girl´s best friends“ стана химна за љубителите на скапоцени камења и е меѓу најпознатите песни на русокосата дива.

  • Среќен роденден, господине Претседателе

    Мерилин Монро - незаборавен мит

    Среќен роденден, господине Претседателе

    Дали Мерилин Монро и тогашниот претседател на САД Џон Ф.Кенеди имале љубовна врска, не е докажано, но гласините опстанаа до денес. Оваа фотографија, на која таа е меѓу Џон Ф. (десно) и Роберт Кенеди, е направена кусо по настапот во Madison Square Garden, каде Мерилин Монро му го честиташе преку микрофонот роденденот на Претседателот.

  • Упс, ветер...

    Мерилин Монро - незаборавен мит

    Упс, ветер...

    Оваа сцена од филмот „Проклетата седма година“ (1955) ќе ја чинеше Мерилин Монро речиси развод од вториот сопруг, безбол играчот Џо Димаџо. Иако се смири по неговиот љубоморен напад за време на снимањето на филмот, бракот траеше само девет месеци.

  • Среќата не траеше долго

    Мерилин Монро - незаборавен мит

    Среќата не траеше долго

    Мерилин Монро се мажеше трипати. Ниту еден од браковите не траеше особено долго. Најсреќен беше третиот, со драматургот Артур Милер. Меѓутоа и тој не траеше долго: караници при снимањата, три спонтани абортуси. Тој веќе не можеше да го издржи нејзиното конзумирање таблети, а Мерилин Монро откри дека тој со неа е само од сожалување.

  • Проблеми со личноста

    Мерилин Монро - незаборавен мит

    Проблеми со личноста

    Иако „ММ“ и самата придонесе за имиџот како секс-симбол, постојано се сметаше и за сериозна актерка. Противречности кои се одразија врз личноста на Мерилин Монро. Одеше на психолошките третмани и конечно стана зависна од таблети. Почина на 36 години, на 5. август 1962 година. (Фотографијата е од крајот на 1961).


    Автор: З.Винш /А. Трајковска | Редактор: Е.М.Фиданоска