Сакате да отворите киоск, но не сте сигурни што сé Ве очекува? Или, пак, сте купиле половен автомобил со голем број дефекти? Со вакви и други секојдневни ситуации ќе бидете конфронтирани во стопанскиот радиоговорен курс „Marktplatz“.Тој ќе ви даде увид во стопанскиот германски јазик и ќе ви помогне да се снајдете во многубројни ситуации. Говорниот курс одговара на нивото Б2 според европскиот стандард и е наменет за слушатели со добро познавање на германскиот јазик.