1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Спорт

  • Светската младост

    Историски олимписки моменти

    Светската младост

    Тоа треба да биде пријателско натпреварување и можност за нациите да се разберат меѓусебно: во 1896 година францускиот спортски функционер Пјер де Кубертен ги иницираше првите модерни Олимписки игри во Атина. 295 машки спортисти од 13 држави се одзваа на неговиот повик. Четири години подоцна учествуваа и 17 жени.

  • Чудни дисциплини

    Историски олимписки моменти

    Чудни дисциплини

    Паралелно со класичните олимписки дисциплини, атлетика, гимнастика и пливање, се појавија и некои „чудни“. На Игрите во Сент Луис во 1904. имаше и нишање, качување по јаже и влечење. Влечењето јаже, како на фотографијава од Игрите во Стокхолм во 1912. беше дел од игрите се до 1920 година.

  • Олимписко пријателство

    Историски олимписки моменти

    Олимписко пријателство

    Џеси Овенс импресионираше на Игрите во 1936. во Берлин. Хитлер сакаше да ги искористи игрите за да го прикаже германскиот Рајх како мирољубив, но и да ја демонстрира супериорноста на ариевска раса. Овенс победи во спринт и во скок во далечина и тоа со помош на неговиот германски ривал Луц Лонг (десно) со кого подоцна стана близок пријател.

  • Чешката локомотива

    Историски олимписки моменти

    Чешката локомотива

    Игрите во Хелсинки во 1952. му припаднаа на Емил Затопек. Чешкиот атлетичар победи на трките на 5 и на 10 илјади метри. Својот последен медал го освои кога во последен момент одлучи да учествува на маратонот... и победи. Тој никогаш претходно не ја трчал таа трка. Неговата логика за успехот беше едноставна: „Птиците летаат, рибите пливаат, луѓето трчаат“.

  • Скокот на векот

    Историски олимписки моменти

    Скокот на векот

    Со скок од 7,65 метри скокачот во далечина Боб Бимон едвај се пласираше за Олимпијадата во 1968. во Мексико Сити. Потоа победи на натпреварувањето со скок од 8,90 метри, уривајќи го светскиот рекорд за повеќе од половина метар. Скокот беше предолг дури и за тогашното електронско мерење. Рекордот остана во следните 23 години, се до скокот од 8,95 метри на Мајк Пауел во 1991-ва година.

  • Најлошиот ден

    Историски олимписки моменти

    Најлошиот ден

    Игрите во 1972. во Минхен требаше да бидат настан за радост. Палестински терористи убија двајца израелски атлетичари и земаа уште 9 како заложници. Неуспешен обид за нивно спасување на аеродромот заврши со смрт на сите заложници, на еден полицаец и на петмината терористи.

  • Тешки времиња

    Историски олимписки моменти

    Тешки времиња

    По Советската инвазија на Авганистан, американскиот претседател Џими Картер побара Олимпијадата во 1980. од Москва да се префрли во друга земја, или САД ќе бојкотираат. На крајот дојде до бојкот, и 64 други држави им се придружија на САД, вклучувајќи ја и Западна Германија.

  • Последниот бојкот

    Историски олимписки моменти

    Последниот бојкот

    Четири години подоцна во Лос Анџелес, Советите вратија со бојкот, останувајќи дома заедно со уште 13 други држави, вклучително и Источна Германија. Тоа беше последниот голем бојкот на Олимписките игри. Игрите ќе се паметат и по четирите златни медали кои ги освоија гимнастичарката Екатерина Сабо и атлетичарот Карл Луис.

  • Стероидната победа

    Историски олимписки моменти

    Стероидната победа

    Бен Џонсон победи на спринтот на 100 метри со неверојатно 9,79 секунди на Игрите во 1988 во Сеул- за нов светски рекорд. Два дена подоцна, траги од стероиди беа пронајдени во неговата урина. Тој призна дека користел стероиди и на Светското првенство во 1987 година. Двете златни медали му беа одземени.

  • Белиот Кениец

    Историски олимписки моменти

    Белиот Кениец

    На Игрите во 1992. во Барселона, германскиот атлетичар Дитер Бауман беше опкружен со четворица африкански тркачи, без шанси да ги претекне. Но, со малку среќа, тој успеа да излезе пред атлетичарите од Кенија, Етиопија и Мароко на патот кон златниот медал во трката на 5 илјади метри.

  • Најголемиот на сите времиња

    Историски олимписки моменти

    Најголемиот на сите времиња

    Игрите во 1996. во Атланта донесоа многу емоции на церемонијата на отворањето. Поранешниот олимписки првак и боксерска легенда Мохамед Али го запали олимпискиот оган. Неколку дена подоцна во Олимпискиот парк бомба го шокираше светот. Двајца луѓе загинаа, а 111 беа повредени.

  • Златен рекорд

    Историски олимписки моменти

    Златен рекорд

    Мајкл Фелпс постави рекорд за историјата пред четири години. Во Пекинг во 2008-ма американскиот пливач освои неверојатни осум златни медали во осум различни пливачки натпреварувања.


    Автор: Андреас Стен-Цимонс / Борис Георгиевски | Редактор: Александар Методијев

  • Конечно титула

    Незаборавни фудбалски моменти

    Конечно титула

    Оле! 44 години откако стана европски првак (1964) Шпанија мораше да чека на новата титула. Во 2008 во Австрија и Швајцарија во финалето против Германија, Шпанија конечно повторно ја освои титулата. Две години подоцна шпанската репрезентација триумфираше и на СП во Јужноафриканската република.

  • Легендарниот германски тим

    Незаборавни фудбалски моменти

    Легендарниот германски тим

    Многу експерти сметаат дека победниците на ЕП во 1972 година се најдобрата германска репрезентација на сите времиња. Бекенбауер, Нецер, Милер и другите во финалето во Брисел ја победија Русија со 3:0.

  • Над голот

    Незаборавни фудбалски моменти

    Над голот

    Во 1976 на ЕП во поранешна Југолавија повторно Германците пишуваа историја. При изведувањето пенали во последниот натпревар против поранешната Чехословачка, Ули Хенес (на сликата десно) шутираше над голот. Антонин Паненка го надигра Сеп Мајер, ЧССР стана европски првак.

  • Победнички гол

    Незаборавни фудбалски моменти

    Победнички гол

    Повторно во финале: Третпат во серија Германија во 1980 година се пласираше во финалето на ЕП. Во Италија имаше повеќе среќа отколку четири години претходно. Кратко пред последниот свиреж Хорст Хрубеш (трет од десно) со глава го постигна победничкиот гол за 2 спрема 1 против Белгија.

  • Гала на Платини

    Незаборавни фудбалски моменти

    Гала на Платини

    На Европското првенство во 1984 во Франција Мишел Платини стана суперѕвезда на турнирот. Девет од 14 голови на Французите ги постигна Платини, играч од средниот ред – до денес рекорд на ЕП. Триколорите го освоија и пехарот победувајќи ја Шпанија во финалето со 2 спрема 0.

  • Победа на портокаловите

    Незаборавни фудбалски моменти

    Победа на портокаловите

    14 години по загубеното финале на СП во 1974 година против Германија во Минхен, Холандија триумфираше на истото место. Со 2:0 Гулит (вториот од десно) и останатите репрезентативци ја совладаа Русија во финалето на ЕП во 1988 година.

  • „Дански динамит“

    Незаборавни фудбалски моменти

    „Дански динамит“

    Данските репрезентативци веќе беа на одмор, кога во 1992 беа повикани на учество на ЕП во Шведска. На Југославија, која се квалификуваше за првенството и беше забрането учеството поради балканскиот конфликт. „Данскиот динамит“ се запали: победа со 2:0 во финалето против Германија.

  • „Златен гол“

    Незаборавни фудбалски моменти

    „Златен гол“

    Оливер Бирхов влезе во аналите со голот постигнат во финалето на ЕП во 1996 – со првиот „златен гол“ во историјата на европските првенства. Голот за 2:1 во продолжението против Чешка стави крај на натпреварот. Германија по третпат стана европски првак.

  • Трагично збогување на Матеус

    Незаборавни фудбалски моменти

    Трагично збогување на Матеус

    На ЕП во 2000 во Холандија и Белгија бранителот на титулата се бламираше. По поразот од 0:3 во групната фаза против Португалија, Германија го заврши турнирот - недостојно збогување за Лотар Матеус по одиграни 150 натпревари во националниот дрес. Титулата ја освои Франција.

  • Крал Ото од Грција

    Незаборавни фудбалски моменти

    Крал Ото од Грција

    Ото Рехагел (третиот од лево), кој ја тренираше Грција во 2004 година ја приреди најголемата сензација во историјата на европсктие првенства: со 1:0 во финалето аутсајдерот Грција го совлада домаќинот Португалија.


    Автор: Александра Трајковска | Редактор: Борис Георгиевски