1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Запознајте ја Германија преку луѓето кои живеат овде - oд сточар до заболекар, од млад до стар!

Луѓе што живеат од Кил до Кимското езеро раскажуваат за нивниот живот, работата, нивните соништа. Репортерите кои потекнуваат од сите делови на светот, со поглед одблизу се обидуваат да ги „оживеат“ овие Германци - преку збор, слика и тон. Со поглед однадвор, тие го откриваат посебното во секојдневното и даваат можност да се ѕирне во германското работно секојдневие, приватниот живот, германската душа...

  • Типично германски...

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Типично германски...

    што е тоа? Во Лицата на Германија не раскажуваат репортери Германци за тоа како ја гледаат Германија. Не, во Лицата на Германија репортери од цел свет ги претставуваат Германците и нивното живеење! Своите лични впечатоци, она што најмногу им останало во сеќавање или анегдотите за време на средбите, ги опишуваат овде...

  • Карла Фернандес

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Карла Фернандес

    Карла Фернандес од Ангола: „Јакоб Милер ми покажа дека во Германија се‘ уште многу се цени љубовта кон природата. Тој води живот во перфектна усогласеност со природата. И во индустриска земја, во 21 век - човекот и природата припаѓаат еден на друг.“

  • Ојген Тајзе

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Ојген Тајзе

    од Украина е воодушевен од Дорис Берендс: „Кога госпоѓа Берендс по завршување на смената отиде уште во домашна посета, јас си дремнав на каучот. Околу 20 часот се разделивме, а нејзиниот работен ден не беше се‘ уште завршен.“

  • Јорданка Јорданова

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Јорданка Јорданова

    замина за Баварија на средба со мечувалката Ане Зауер: „Има и места во кои нема пекарница, како селото Рајнхард-Заксен. Освен тоа - нема мрежа за мобилен телефон, но затоа има хотел со 4 ѕвезди!“

  • Габриел Боруд

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Габриел Боруд

    Aмериканецот Габриел Боруд го посетил и малиот бар што го има Роде. „Повеќето гости пиеја шампањско. На секое отворање ново шише, келнерката ја насочуваше тапата кон цимбалот, инструмент кој висеше на таванот. Кога ќе погодеше, се слушаше силно - краш!“

  • Јулија Сијаткова

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Јулија Сијаткова

    За Русинката Јулија Сијаткова средбата со поштарката Розвита Зештерхен беше средба со жолтата боја. „Жолти поштарски комбиња, жолти пакети, чанти и јакни на поштарите. Дури и рачниот часовник на мојата протагонистка беше жолт.“

  • Хозе Оспина-Валенсија

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Хозе Оспина-Валенсија

    од Колумбија како поранешен спасувач во случај на катастрофи, веќе имал видено човечки трупови, но сепак, за него било шок кога во куќата на погребникот Фриц Рот одеднаш се нашол пред мртовец. „Наредните ноќи одвај заспивав.“

  • Ангелина Вербица

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Ангелина Вербица

    од Албанија се сретна со инженерот Маркус Рајсенвебер во баварската провинција. Тој е човек што создава, што се надева на среќата на вештоста и способноста.

  • Вјачеслав Јурин

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Вјачеслав Јурин

    од Русија би сакал да има учителка како Уте Вебер. Тој одушевено раскажува за учителката од Есен. „Таа е отворена, жедна за знаење и полна со енергија. И постојано е во потрага по нови теми и идеи. Наставата со нејзе не е здодевна.“

  • Ане Ле Туз-Шмиц

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Ане Ле Туз-Шмиц

    од Франција се сретна со контролорот во Станица за технички преглед Андреас Шершел: „Научив дека контролата и проценката бараат не само прецизност, туку и психологија. Зашто, Германците и нивните автомобили се во ’љубовна врска’.“

  • Шабнам Нуријан

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Шабнам Нуријан

    од Иран, во Гетинген го запозна не само хаусмајсторот Бернд Јармеркер, туку и самиот град. „Со часови одев со училишниот хаусмајстор наваму-натаму. Бернд Јармеркер моето службено патување го претвори во наставно патување. За секој агол знае по некоја анегдота и приказна.“

  • Зоран Арбутина

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Зоран Арбутина

    Кога тргнал за Бремерхафен, Хрватот ја портретира Корнелија фон Холен, инспектор за криминал. „Таа е жена која се бори против криминалците со глава, а не со оружје. Таа не е фигура од насловна страна, туку жена која најмногу си го сака семејството.“

  • Анастазија Бутско

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Анастазија Бутско

    од Русија се сретна со Елен Гернер. Иако има многу таленти, 54-годишната Гернер не може да најде работа. Но, за работно место, како што вели, би отишла дури до крајот на светот.

  • Карлос Албукерке

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Карлос Албукерке

    од Бразил смета дека е практично тоа што Хајко Јансен вози такси само ноќе. Тој се сретнал со Хајко вечерта пред да ја прави репортажата. „Го слушав со истата одушевеност со која тој ми ја раскажуваше својата приказна. Ги запознав и неговите пријатели, неговата девојка, станот. Запознав нов пријател.“

  • Белма Фазлагиќ

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Белма Фазлагиќ

    од Босна и Херцеговина пред средбата со Сузан Јусуфи не можела ни да си претстави како човек може да чисти со толкава радост. „Да се работи како чистачка не носи социјален престиж, но оваа жена зрачи со огромна животна храброст и оптимизам. Ме трогна и нејзината скромност!“

  • Михаил Бушуев

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Михаил Бушуев

    од Русија вели дека ова досега му било најинтересно службено патување. „Бев фасциниран од професионалноста на Бундесверот. Падобранецот Лукач ми делуваше скромно, но полн со самодоверба. Неговите искуства во Авганистан и загубата на двајца пријатели видливо го болат.“

  • Благородна Григорова

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Благородна Григорова

    од Бугарија ја портретираше градоначалничката Дитлинд Тиман: „Секојдневието на градоначалничката може да биде многу напорно. За да издржи, госпоѓа Тиман развила посебна стратегија - на пример, за ручек јаде главно салата. Таа не може да се олади ако ручекот се јаде подоцна од планираното.“

  • Роман Гончаренко

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Роман Гончаренко

    На Украинецот воопшто не му било до смеење кога адвокатката Петра Хајнике му рекла: „Нашето канцелариско куче Оскар не сака мажи, а мажи со брада, пак, воопшто!“ За среќа предупредувањето се покажало како претерано, зашто кучето прво сосема го игнорирало.

  • Ева Уси

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Ева Уси

    од Мексико имаше задача да портретира информатичар од Баварија. Го најде Жан-Аренд Клингел, експерт за индустриска шпионажа. „Оваа средба ми ги покажа опасните страни на ’сајберспејсот’.“

  • Фархад Салманиан

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Фархад Салманиан

    од Иран на средбата со Јулија Гладе гледа како на сцена од прирачник со совети со наслов: „Како да го организирам мојот ден ефективно“: „Јулија Гладе беше секаде во полн елемент - во Институтот за медиуми, во библиотеката, во операта. И звучи убедувачки кога вели: ’Не сакам да и‘ припаѓам на т.н. генерација практиканти!’“

  • Али Алмаклафи

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Али Алмаклафи

    од Јемен вели дека работата на фризерката Марион Есер го потсетила на прецизноста на хирурзите. „Ме фасцинираше ангажманот на Марион Есер во професијата, но и тоа што ги воспитува двете ќерки во духот на семејната традиција и што им пренесува вредности на кои се‘ помалку се внимава.“

  • Дебарати Гуха

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Дебарати Гуха

    од Калкута има посебен спомен од средбата со Штефани Данцер - влакно од брадата на еден сибирски тигар: „Ја следев во чекор цел ден - од кафезите за птици до живеалиштата на камилите, од марабу-птиците до тигрите. Напладне со Штефани и нејзините колеги играв скат.“

  • Али Амџад

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Али Амџад

    од Пакистан живее со децении во Германија. Но, на Швапска Јура, во селото Грујбинген, не бил. Отиде првпат поради средбата со градежниот работник Јохен Верц. Али е изненаден од лошата сообраќајна поврзаност. „Потребен е сопствен автомобил, или мора да се плаќа скапо такси, зашто автобусите минуваат ретко.“

  • Ксиегонг Фишер

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Ксиегонг Фишер

    од Кина го посети Керман Мак во неговата авто-куќа. Тој собира возила кои би ги посакал секој музеј за техника: „Од ГДР-моторцикли, преку возило за транспорт на олдтајмери, до картинг-возила - тука има се‘. Се фотографирав на омилениот моторцикл на Мак, но да го возам не смеев!“

  • Олга Сошнитска

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Олга Сошнитска

    од Украина пие по едно кафе дневно, но гостољубивоста на вработените во депонијата во Хамбург оставила голем впечаток врз Украинката. „Цел ден бев честена великодушно со овој силен пијалок. На мажите таму, заедничкото кафе им е толку важно, што со тоа почнуваат наутро цел час пред да почне работното време.“

  • Мехмед Смајиќ

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Мехмед Смајиќ

    од Босна и Херцеговина има две деца и со тоа - сопствено искуство во воспитувањето. Средбата со воспитувачката Сабине Глинке му отворила нови видици: „За децата да станат возрасни, треба и да се однесуваме кон нив како кон возрасни - со почит!“

  • Луна Боливар

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Луна Боливар

    од Шпанија ја портретираше лекарката Дагмар Цилиг од Росток и веднаш добила предупредување: „’Може да се случи да видите мртовец’, ми рече Дагмар Цилиг, а притоа се знаевме само десетина минути. Присутна бев на три интервенции на спасувачите. Сите пациенти, колку што знам, ја преживеаја вечерта.“

  • Кејт Боуен

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Кејт Боуен

    од Калифорнија ја сретнала Мартина Кипхард во нејзината Агенција за маркетинг: „Имаше едноставни, речиси ладни конференциски простории со маси за стоење, токму како што човек си претставува вакви места. Кипхард во овој свет на реклами е успешна, но таа е чиста спротивност на ладнотија и површност - таа е срдечна и автентична.“

  • Сонила Санд

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Сонила Санд

    Да се портретира пекар е задача што Сонила Санд од Албанија веднаш ја прифати. „За наутро земичките и лебот да бидат навреме готови, пекарите почнуваат со работа среде ноќ. Тоа и за мене значеше - во пекарницата мора да се биде од еден часот по полноќ.“

  • Елизабета Милошевска Фиданоска

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Елизабета Милошевска Фиданоска

    од Македонија се сеќава со задоволство на прекрасните пејсажи што ги видела патувајќи со бродот на Фриц Штунц. „Морав да скокнам од бродот на ферибот. Прашав: ’Како да го сторам тоа? Можно ли е да паднам во вода?’ Екипажот се смееше и само ме прашаа: ’Знаете ли да пливате?’ Некако преживеав!“

  • Лидет Абебе

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Лидет Абебе

    од Етиопија во заболекарската ординација на Душан Барач веднаш се почувствувала пријатно. „На ѕидовите нема слики од заби, не мириса за средство за дезинфекција. Човек се чувствува по малку како дома. Во чекалницата има аквариум, ламба која дава топла, пријатна светлина.“

  • Марина Борисова

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Марина Борисова

    од Русија го портретира пензионерот Николас Нецхамер. Не многу комотна задача, зашто Нецхамер е планинар: „Првото планинарење со Нецхамер, за мене беше предизвик. Незаборавните видици и разговорите беа награда за камениот и стрмен пат по планините.“

  • Миао Тиан

    Лицата на Германија: Автори на прилозите

    Миао Тиан

    од Кина мина два дена со службеничката во Управата за јавни приходи Биргит Винтершајд и нејзиното момче. „Ја доживеав Биргит како исклучително отворен човек. Раскажуваше за своите искуства како самохрана мајка, за врската со нејзиното момче, за своите чувства. Таа е силна жена која суверено чекори во животот.“

Лицата на Германија