1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Sonderprojekt 
---
DW-Grafik: Peter Steinmetz

Германија - мојата приказна

Портрети на успешни доселеници

Патот до успехот во новата татковина

Јован Балов, македонски сликар во Берлин

Оливер Стаматоски, македонски автомобилски инженер

Нели Костадинова, новинарка од Бугарија со фирма за преводи

Касим Рашидовиќ од БиХ- од разнесувач на пица до адвокат

Иван Ѓикиќ, научник - номад од Хрватска

Димитар Гочев, бугарски режисер и актер

Ламбис Тасакос, грчкиот инженер им „дава очи на роботите“

Блерим Хетеми од Косово - директор за нега во католичка болница

Христос Јанопулос, роден во Грција, германски писател

 

Германија - мојата приказна

Речиси секој петти жител на Германија потекнува од странство. Сликата за мигрантите се‘ уште ја карактеризираат бројни клишеа - „вредниот трговец со овошје и зеленчук“, „љубезниот сопственик на ресторант“ или „чистачи со ниско ниво на образование“. Во реалноста, постојат цела низа успешни фирми основани од доселеници, како и бројни угледни научници и креативци, кои станале составен дел од новата татковина.

  • Ви помагаме со информации и совети

    Првите чекори во Германија

    Ви помагаме со информации и совети

    Сакате да студирате во Германија? Да работите како менаџер или лекар? Или како сезонски работник? Додека за членките на ЕУ патот до Германија стана полесен, останатите граѓани од југоисточна Европа се‘ уште наидуваат на бројни пречки. Ние ви објаснуваме кои се можностите за легално вработување во Германија и како да се пребродат почетните тешкотии.

  • Стручно образование

    Првите чекори во Германија

    Стручно образование

    Кој сака да работи во Германија, сеедно дали е инженер, ветеринар, аптекар или бравар, предност е ако ја даде на нострификација својата диплома или уверение за завршено образование.
    Од 1. април 2012. година сите кои студирале или се образувале надвор од Германија, имаат законско право нивната квалификација да биде проверена во рок од четири месеци. За подетално кликнете на „повеќе (+)“!


  • „Сина карта“

    Првите чекори во Германија

    „Сина карта“

    Во 2015. година во Германија ќе недостасуваат околу 1 милион стручњаци. За да се спротистават на овој тренд, властите ги снижија пречките за доселување на академци и стручна сила од странство. Лекари од Албанија, инженери од Македонија, ИТ-специјалисти од Србија, проектот „сина карта“ на стручњаците од регионот им ги отвора вратите на Германија. За подетално кликнете на „повеќе (+)“!


  • Научници и истражувачи

    Првите чекори во Германија

    Научници и истражувачи

    Од 2007. година континуирано расте бројот на странски научници на германските факултети, што меѓу другото, е заслуга и на реформираниот германски Закон за доселеници. Денес околу осум проценти од научниот кадар на германските факултети се странци.
    За подетално кликнете на „повеќе (+)“!


  • Студенти

    Првите чекори во Германија

    Студенти

    Германија станува се‘ поатрактивна за студентите од странство. Во 2011. година успешно ги завршиле студиите во Германија повеќе од 38 илјади странци, речиси двојно повеќе отколку во 2004. година, а четирипати повеќе во споредба со 1996. година. Секоја десетта диплома во Германија оди во рацете на странски студент. За подетално кликнете на „повеќе (+)“!



  • Сезонски работници

    Првите чекори во Германија

    Сезонски работници

    Тие берат овошје, шпаргли или грозје - околу 90 проценти од сезонските работници во Германија доаѓаат од централна и југоисточна Европа. Во 2011. година како сезонци беа ангажирани повеќе од 200 илјади Полјаци и Романци. Од двете земји доаѓа најголем број од сезонските работници во Германија. За подетално кликнете на „повеќе (+)“!


  • Негуватели

    Првите чекори во Германија

    Негуватели

    Околу два милиона луѓе во Германија се зависни од туѓа помош. Повеќе од две третини од нив живеат во сопствените домови, а за нив често се грижат негувателки од странство. Според проценките, околу сто илјади жени од источна Европа, најмногу од Полска, Романија и од Бугарија, се грижат за германските граѓани зависни од туѓа помош. За подетално кликнете на „повеќе (+)“!


  • Помош против искористување

    Првите чекори во Германија

    Помош против искористување

    Да се работи 15 часови дневно и да се добијат помалку од 50 евра? За многумина работници во Германија тоа е реалност, работат многу за малку пари, делумно под недостојни човечки услови. Што може да се преземе против искористување на работното место?
    За подетално кликнете на „повеќе (+)“!


    Автор: Марија Илчева/ Жана Ацеска | Редактор: Симе Недевски

Спонзор

Logo Auswärtiges Amt für Destination Europe
für das Projekt Destination Europe brauchen wir das Logo des Auswärtigen Amtes, das es uns freundlicherweise zur Verfügung gestellt hat.

Проектот го поддржа германското Министерство за надворешни работи